Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
По големиот метеж и километарските колони на Табановце во средата, од вчера на граничниот премин се активирани осум посебни пунктови за наплата на сообраќајните казни на странските возачи. Станува збор за прекршоци регистрирани преку системот „Сејф сити“, а возачите кои имаат неплатена казна не можат да ја напуштат државата додека не ја подмират. Според информациите од терен, постапката за проверка и наплата трае околу 15 минути по возач, а ...
Случајот со млечните производи што деновиве го привлече вниманието на јавноста во Косово станува поширок, откако контролите покажаа дека зад повеќе различни брендови стои ист оператор и ист производствен објект. Токму затоа, за правилно да се разбере што се случува, важно е да се направи разлика меѓу компанијата Abrazen, млекарницата Vita и производите што на пазарот се продаваат под различни трговски марки. Косовските институции во рамките ...
И власта и опозицијата велат дека се подготвени за избори, но дали и кога Македонија ќе оди на предвремено гласање засега останува неизвесно. Премиерот Христијан Мицкоски вели дека на граѓаните во моментов им се поважни реформите и континуитетот на владините политики, но доколку опозицијата побара предвремени избори, власта ќе го прифати предизвикот. Од СДСМ, пак, велат дека нема да бидат алиби на Владата и најавуваат мастер-план со кој ќе ...
Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша меморандум со кој се предвидува големо зголемување на бројот на комерцијални вселенски лансирања од САД. Целта на Белата куќа е до 2030 година да се овозможат најмалку 1.000 лансирања и враќања на летала од вселената годишно, наспроти 178 минатата година. Американските владини агенции треба да соработуваат со приватните компании за развој на инфраструктурата, побрзо издавање дозволи и ...
Бугарската нуклеарна електрана „Козлодуј“ ќе ја намали моќноста на еден од своите реактори поради историски ниското ниво на Дунав предизвикано од долготрајната суша. Ова е првпат во 52-годишната историја на електраната екстремните временски услови да доведат до намалување на производството. Бугарското Министерство за енергетика соопшти дека денеска превентивно ќе биде намалена моќноста на петтиот блок за околу 120 мегавати, од неговиот ...
Предвремените парламентарни избори во Србија ќе се одржат на 18 или на 25 октомври, најави српскиот претседател Александар Вучиќ. Точниот датум, според него, ќе биде познат во следните неколку дена, со што практично почнува одбројувањето до изборната кампања. Вучиќ претходно најави дека изборите ќе бидат распишани наскоро и дека кампањата ќе трае меѓу 45 и 60 дена. Изборите првично требаше да се одржат дури во 2027 година, но политичката ...
Американскиот носач на авиони „УСС Абрахам Линколн“ го започна враќањето кон САД по продолжената мисија на Блискиот Исток и учеството во американските операции за време на војната со Иран. Неговите задачи во регионот ги презема „УСС Џорџ Вашингтон“, кој на 19 август пристигна во зоната на Централната команда на американската армија. „Абрахам Линколн“ исплови од Сан Диего во ноември минатата година, а неговата мисија подоцна беше продолжена ...
Денеска времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринските температури ќе се движат од 10 до 19 степени, додека дневните ќе достигнат од 35 до 40 степени Целзиусови. Во Скопје ќе преовладува сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а температурата ќе се движи од минимални 18 до ...
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција го затвори предметот за јавни набавки за градењето на 19 модуларни болници во државата кој беше отворен на 10 септември 2021 година по допрен глас, откако се случи трагичниот настан во ковид-центарот во Тетово. Тогаш Обвинителството посочи дека ќе ја провери документацијата за набавката и изградбата на сите болници. Денеска на брифинг со новинарите обвинителката Верица ...
Изградба на систем кој е отпорен на влијанија и кој гарантира законско и наменско трошење на средствата на сите даночни обврзници треба да овозможи идната соработка меѓу Министерството за финансии и Државниот завод за ревизија преку заеднички активности дефинирани во меморандум, што денеска го потпишаа ресорната министерка Гордана Димитриска Кочоска и главниот државен ревизор Максим Ацевски. Двете институции се обврзуваат на побрз трансфер на ...
Косовските институции во изминатите две недели спроведуваат засилени контроли на млечните производи на тамошниот пазар, откако лабораториски анализи покажале неправилности кај повеќе производи на еден производител, вклучително и присуство на растителни масти, палмино масло, млеко во прав и скроб кои не биле соодветно наведени на декларациите. Случајот привлече поголемо внимание откако Агенцијата за храна и ветеринарство на Косово презеде ...
Во Скопје денеска започна Амбасадорскиот совет со учество на шефовите на македонските дипломатско-конзуларни претставништва во странство на кој присуствуваат и премиерот Христијан Мицкоски, шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски и чешкиот министер за надворешни работи, Петр Мацинка, -Ние изразивме три клучни приоритети, Прво е заштитата на македонските национални интереси. Второ е користењето на потенцијалот на нашите дипломатско-конзуларни ...
Граѓаните не бараат избори, туку реформи. Доколку опозицијата мисли дека се потребни предвремени избори, ќе одговориме на тоа барање позитивно и се разбира дека ќе ги победеме, изјави денеска претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во одоговор на новинарско прашање. -Граѓаните не сакаат избори. Граѓаните сакаат реформи и континуитет на процесите кои што ги води оваа Влада. Затоа ја направив онаа споредба на почеток “три спрема еден“ на ...
Изутринава во земјава има пет активни пожари и тоа во Мариово (село Чаниште, крак кон Црна Река и крак кон село Орле, во општините Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила. Пожарот во депонијата во Општина Делчево е ставен под контрола. а изгаснати се 31 пожар. Центарот за управување со кризи информира дека во изминатото деноноќие до 07:30 часот, регистрирани се вкупно 37 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, еден е под ...
За првпат денеска, во Чаир се отвори бесплатна школа за пливање за деца од 7 до 12 години во кое 950 деца од општината ќе може да научат да пливаат во затворениот спортски базен во Топанско Поле. -Пливачкото училиште нема да заврши со летото. Ќе го направиме трајно. До 1 септември, децата ќе продолжат да учат бесплатно со професионални инструктори. Со почетокот на новата учебна година, пливањето ќе продолжи како дел од часовите по физичко ...
Големи гужви и повеќечасовно чекање ги пречекале патниците на граничниот премин Табановце, на патот од Северна Македонија кон Србија. Граѓани на Србија синоќа ги информирале медиумите дека на преминот се создала огромна колона возила, која според нивни проценки била долга повеќе од 15 километри. Сообраќајот, како што велат, се одвивал исклучително бавно, а дел од возачите и патниците со часови чекале да ја поминат границата. Според ...
Американската војска воспоставила поморски коридор низ Ормускиот Теснец, преку кој и покрај војната со Иран секојдневно се извезуваат милиони барели нафта од Персискиот Залив. Операцијата трае веќе неколку недели, а секоја ноќ по јужната рута покрај Оман организирано минуваат меѓу 15 и 20 танкери, со околу 10 милиони барели нафта дневно. Американски борбени авиони го обезбедуваат коридорот од можни напади со дронови и ракети, додека во ...
Јавниот долг на САД достигна рекордни 40 билиони долари, објави американското Министерство за финансии. Само во последните пет месеци долгот е зголемен за уште еден билион долари, а буџетскиот дефицит во првите десет месеци од фискалната година достигна 1,8 билиони. Дополнителен проблем се високите каматни стапки, поради кои трошоците за камати на долгот годинава првпат би можеле да надминат еден билион долари. Економистите предупредуваат ...
Против членови на Управниот одбор на М-НАВ се поднесени повеќе кривични пријави до Обвинителството за организиран криминал и корупција, поврзани со краткорочната позајмица од седум милиони евра за ЈП „Државни патишта“. Според наводите во пријавите, Управниот одбор првично не ја одобрил позајмицата, но само еден ден подоцна донел спротивна одлука, откако, како што се тврди, добил задолжување од Владата. Во пријавите се наведува и дека ...
Најмалку пет лица загинаа, а 23 се повредени во текот на ноќта во руски балистички ракетен напад врз Киев, соопшти градоначалникот на украинската престолнина, Виталиј Кличко. Според градските власти, нападите предизвикале штети на повеќе од 12 локации низ Киев. Оштетени се станбени згради, медицинска установа и образовен објект, додека на неколку места избувнале пожари. Пожарите зафатиле магацински објекти, а спасувачките и противпожарните ...
Македонија ја очекува период на сончево и многу топло време, со мала до умерена локална облачност, а температурите во делови од земјата ќе надминат 40 степени Целзиусови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој долж Повардарието повремено ќе биде со засилен интензитет. Во Скопје времето ќе биде претежно сончево и многу топло, со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец. Промена на временските услови се ...
Грчкото Министерство за одбрана ја разгледува можноста повторно да ѝ помогне на Бугарија во зајакнувањето на воздушната и балистичката ракетна одбрана со распоредување на системи „Патриот“, доколку за тоа биде поднесено официјално барање и добие одобрување од Советот за национална безбедност на грчката Влада (KYSEA), јавува АНА-МПА, повикувајќи се на извори од Министерството. Според БТА, по неодамнешните закани од Иран кон европските земји, ...
Цената на златото денеска забележа благ раст на азиските берзи, враќајќи дел од загубите по вчерашниот пад од речиси два проценти. Спот цената на благородниот метал се искачи на околу 4.342 долари за унца, поддржана од намалувањето на приносите на американските државни обврзници. Во фокусот на инвеститорите сега е записникот од јулскиот состанок на Федералните резерви на САД, на кој каматната стапка остана непроменета во опсег од 3,50 до 3,75 ...
Повеќе од 20.000 луѓе во текот на понеделникот ја преминале границата меѓу Русија и Грузија, при што на граничниот премин Верхни Ларс се формирале километарски колони, јавуваат локалните медиуми. Причина за зголемениот метеж се гласините за можна мобилизација по парламентарните избори во Русија, закажани за септември. Според Руската Федерална царинска служба, на преминот Верхни Ларс е регистриран рекорден број патници. На 15 и 16 август ...
Поголемиот број возила што денеска се појавија на Граничниот премин Табановце е резултат на почетокот на примената на новиот механизам за постапување со странски возила за кои системот „Безбеден град“ евидентирал сообраќајни прекршоци, соопшти Министерството за внатрешни работи. Од денеска, при излез од државата преку Табановце, се постапува со возачи на возила со странски регистарски таблички кај кои системот претходно регистрирал сообраќаен ...
Македонија и Косово продолжуваат со активности за продлабочување на инфраструктурната и економската соработка, со посебен акцент на реализацијата на неколку капитални проекти што треба значително да ја подобрат поврзаноста меѓу двете земји. За ова денеска разговараа заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, и министерот за инфраструктура и транспорт на Косово, Димал Баша. На средбата, на која ...
Според последните податоци на Институтот за јавно здравје во земјава се регистрирани вкупно 38 случаи на западнонилска треска, од кои 36 се потврдени, а два се веројатни. Сите случаи се во скопскиот регион, а само еден е од Велес. Досега се регистрирани четири смртни случаи со невроинвазивна форма на болеста. Станува збор за машки лица на возраст од 62 до 83 години од Скопје, кои биле хоспитализирани во Клиниката за инфективни болети во ...
Нов бран поскапувања на храната се очекува во следниот период, а најголем удар може да почувствуваат граѓаните кај основните производи што секојдневно ги купуваат – лебот, тестенините, овошјето, зеленчукот и млечните производи. Според најновата анализа на „Оксфорд економикс“, глобалните цени на храната се очекува да пораснат за 11,8 отсто во текот на годинава, а трендот на раст да продолжи и во 2027 година, кога се прогнозира дополнително ...
Почна првиот уписен рок на студенти во прва година на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) во Штип за академската 2026/2027 година. Уписот трае до 21 август, а кандидатите имаат можност да изберат една од 47 акредитирани студиски програми на 12 факултети и три академии. За новата академска година на УГД се предвидени вкупно 3.341 слободно место. Од нив, 1.629 се наменети за редовни студенти, додека останатите места се за вонредни студенти и ...
ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против вработен во банка во Гевгелија, кој од сметки на двајца корисници присвоил околу 5 милиони денари и над 63 илјади евра – соопшти Министерството за внатрешни работи. Според полицијата 52-годишниот гевгеличанец е осомничен за кривично дело „проневера во службата“ и во периодот од 07.11.2025 до 03.03.2026 како стручен соработник во експозитура на банка во Гевгелија, во 13 наврати присвоил 4.920.000 ...