Двата македонски аеродроми од јануари до јули опслужиле 2.414.892 патници, што е за 535.697 повеќе во споредба со истиот период минатата година, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. Во овој период биле реализирани 16.280 летови, односно 1.295 повеќе од 2025 година. Според партијата, рекордни резултати се забележани во јули, кога скопскиот аеродром опслужил 408.925 патници, што е раст од 29,5 проценти, а охридскиот 52.544 патници, или раст од 41,2 проценти. ...

Откако минатата недела градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски најави уривање на дивоградба, односно узурпација на јавен простор во Скопје Север, сопственикот во текот на викендот самиот ја вратил локацијата во првобитна состојба. Општинските инспектори утрово излегле на терен и констатирале дека узурпацијата е отстранета и дека државниот имот не е оштетен. Костовски порача дека не е важно дали надвладеал разумот или стравот од соочување ...

Водата за пиење во Скопје е безбедна и ги исполнува пропишаните стандарди, покажуваат најновите лабораториски анализи на ЈП „Водовод и канализација“. Во периодот од 17 до 21 август биле земени по 206 примероци за физичко-хемиска и за микробиолошка анализа. Примероците биле земени од вкупно 47 мерни места на територијата на главниот град. Од претпријатието информираат дека сите анализирани примероци ги исполнуваат пропишаните барања за ...

Копретседателката на Алтернатива за Германија, Алис Вајдел, изјави дека доколку АфД влезе во сојузната влада ќе бара Германија да излезе од еврозоната и од Шенгенскиот простор. Таа најави затворање на националните граници, построга миграциска политика, повеќе депортации и намалување на бројот на доделени државјанства. Вајдел оцени дека на Германија ѝ било подобро пред воведувањето на еврото и тврди дека заедничката европска валута ја ...

Силно невреме со обилни врнежи и силен ветер ја погоди Полска, а пожарникарите од полноќ интервенирале повеќе од 4.000 пати низ земјата. Најчесто се отстранувале паднати дрвја, се обезбедувале оштетени покриви и се испумпувала вода од поплавени улици, објекти и подруми. Околу 19.400 домаќинства останале без електрична енергија, а поради опасните временски услови превентивно биле евакуирани и 12 извиднички кампови. Поради силниот ветер ...

Кинотеката на Македонија во септември подготвува разновидна програма со македонски и балкански филмови, светски класици, неми филмови и посебни програмски целини. Месецот започнува со „Сведок“ на Митко Панов, драма која ги отвора темите за воените злосторства, вината, правдата и политичката меморија. На програмата се и американски класици со Хамфри Богарт, Френк Синатра и Џон Вејн. Посебен дел од септемвриската понуда ќе бидат „Деновите на ...

Необичен грабеж се случил во белградска населба, каде што засега непознат крадец провалил во приватна куќа и однел сеф со околу 400.000 евра во готово и голема количина златен накит. Сопственикот на 21 август се вратил во домот, ја затекнал вратата провалена и веднаш ја известил полицијата. Според првичните информации, се претпоставува дека грабежот бил добро испланиран и дека крадецот знаел дека сопственикот неколку дена нема да биде дома, ...

Во голем напад со беспилотни летала во текот на ноќта биле погодени повеќе локации во Русија, меѓу кои и логистички центри на интернет продавачот „Озон“. Во Краснодар, по пад на остатоци од дрон врз приватен центар за деца, загинале две деца, а повредени се уште девет лица, меѓу кои седум деца, соопшти гувернерот Венијамин Кондратјев. Остатоци од беспилотните летала паднале и врз станбени згради и објекти во изградба, а на повеќе места ...

Американскиот претседател Доналд Трамп ја обвини Канада дека сака да ги ужива придобивките како да е сојузна држава на САД, без формално да биде дел од земјата, во своите први јавни коментари откако пропаднаа преговорите за царините меѓу Вашингтон и Отава. „Тие, исто така, им наплаќаа на нашите одлични земјоделци, со години, огромни царини. Нема повеќе“, напиша Трамп на социјалните мрежи. Неговата изјава следува по одлуката на САД да воведат ...

Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно и топло, со сончеви периоди во текот на денот. Во попладневните часови на повеќе места се очекува локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално ќе има услови и за невреме проследено со силен ветер и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Попладне, во одделни делови од ...

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска во 10 часот треба да започне судскиот процес за случајот „Државна лотарија“, во кој обвинети се поранешниот прв вицепремиер Артан Груби и уште седум лица. Предметот ќе го води судијката Билјана Шуплиновска-Јовевски. Доколку рочиштето не биде одложено, постапката ќе започне со воведните зборови на јавниот обвинител, кој ќе ги образложи обвиненијата. Потоа обвинетите ќе се изјаснат дали се чувствуваат ...

По седум дена непрекината борба и огромни напори на сите екипи ангажирани на терен, пожарот во Мариово е целосно изгаснат, информира градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски. Проданоски упати благодарност до сите институции, пожарникари, војници, полицајци, доброволци, мештани и граѓани кои во изминатите денови беа директно вклучени во справувањето со огнената стихија. „Ова беше тешка и долга битка, во која на терен беа ангажирани ...

Случајот со млечните производи што деновиве е во фокусот на јавноста во Косово има допирна точка и со македонскиот пазар. Два од брендовите што се појавуваат во официјалните наоди на косовските институции, Land и My Cow, биле присутни во продажната и дистрибутивната понуда во Македонија. На веб-страницата на Kipper е наведено млеко Land со 3,2 проценти млечна маст во пакување од еден литар, заедно со повеќе други производи од истиот бренд. ...

Голем шумски пожар попладнево избувна во борова шума во атарот на селото Црник, Општина Пехчево, во близина на границата со Бугарија. Огнената стихија зафатила голема површина, а во гаснењето се вклучиле пожарникари, вработени во шумските претпријатија и доброволци. Градоначалникот на Пехчево, Александар Китански, информира дека во моментот кога била добиена пријавата за пожарот кај Црник, дел од расположливите сили од Пехчево и Берово веќе ...

Еурофарм Пелистер со победа го започна настапот во Регионалната ракометна лига, откако пред својата публика во Битола го совлада српскиот шампион Партизан со 35:31. Битолчани уште од самиот почеток го наметнаа своето темпо, а капитенот Филип Кузмановски беше незапирлив во нападот. Домашниот тим постепено ја градеше предноста и на полувреме замина со убедливи 20:13. Во вториот дел Еурофарм Пелистер во неколку наврати имаше и осум голови ...

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, соопшти дека пожарот во реонот на делчевското село Бигла е ставен под делумна контрола, но истовремено избувнал нов голем шумски пожар во општина Пехчево, во близина на границата со Бугарија. Во своето видео-обраќање Ангелов истакна дека денешната состојба со пожарите е исклучително сериозна, со повеќе од 20 пожари на отворен простор низ државата. „Пожарот што изби кај ...

Голем шумски пожар избувна денеска во близина на делчевското село Бигла, откако жител палел гуми во својот двор, но изгубил контрола врз огнот, кој се проширил кон блиската борова шума. Информацијата ја соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Според Ангелов, веднаш по пријавата биле ангажирани сите расположливи противпожарни сили од Делчево, а била побарана помош и од противпожарните единици од соседните ...

Четириесет и петгодишен жител на Гостивар доби кривична пријава поради сомнение дека сторил кривични дела „силување во обид“ и „телесна повреда“, соопшти Министерството за внатрешни работи. Од МВР информираат дека Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднела кривична пријава против И.Т. (45) од Гостивар. Според информациите, на 15 август во семејниот дом, осомничениот се обидел со сила да ја принуди својата 35-годишна ...

Вооружен разбојник ограбил спортска обложувалница на подрачјето на Бит-пазар во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи. Разбојништвото било пријавено ноќеска во 00:36 часот во СВР Скопје. Според пријавата, машко лице, заканувајќи се со пиштол, од вработената одзело пари од дневниот промет на обложувалницата, по што избегало од местото на настанот. Од МВР информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно ...

Рано утрово вистинска драма се одвивала над селото Бонче, каде што голем пожар со огромна брзина се движел по падината, загрозувајќи го селото. Огнените јазици достигнувале височина од три до четири метри, но благодарение на навремената реакција на доброволните пожарникари од Битола и Кочани, огнот бил спречен да се прошири кон куќите. На терен бил директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, кој им се заблагодари на ...

СДСМ побара јавно извинување од ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски по одлуката на Јавното обвинителство во предметот поврзан со модуларната болница во Тетово, оценувајќи дека со тоа се потврдило оти нема основа за обвинувањата што со години биле насочувани кон претседателот на партијата и поранешен министер за здравство, Венко Филипче. Од партијата велат дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски пет години воделе политичка кампања против Филипче, ...

Македонија добива 28 нови директни авиодестинации од двата меѓународни аеродроми во земјата – Скопје и Охрид, со што дополнително се проширува авиосообраќајната мрежа кон повеќе европски градови. Според соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, новите авиолинии треба да овозможат полесно патување за граѓаните, но и подобар пристап до земјата за странските туристи и деловните посетители. Од Меѓународниот аеродром Скопје се воведени директни летови до ...

Новиот шеф на иранскиот Врховен совет за национална безбедност, Мохсен Резаи, ги предупреди соседните земји да не се приклучуваат кон американските напори за економска изолација на Иран. Тој се закани дека Техеран би можел да ги нападне алтернативните рути за транспорт на нафта надвор од Персискиот Залив доколку земјите од регионот се вклучат во, како што го нарече, американскиот „економски рат“. Резаи порача дека Иран досега напаѓал ...

Рускиот претседател Владимир Путин најави нов одговор на украинските напади врз економската инфраструктура во Русија, порачавајќи дека Москва ќе ги гаѓа „најчувствителните сектори“ на украинската економија. Изјавата следува по новиот бран украински напади со беспилотни летала врз руски рафинерии, индустриски капацитети и логистички центри, додека паралелно продолжуваат и масовните руски воздушни напади врз украинска територија. Путин изјави ...

Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, не го криеше разочарувањето по поразот од Хал со 2:0 во првото коло од новата сезона во Премиер лигата. „Црвените ѓаволи“ одиграа блед натпревар, а новајлијата Хал заслужено стигна до историска победа, прва против Манчестер Јунајтед во Премиер лигата. Фернандеш истакна дека неговиот тим ги повторил истите грешки од минатата сезона, особено на гостинските натпревари. „Истата грешка што ја ...

Големиот пожар што вчера околу пладне се прошири кон Струмица и месноста Софилар е ставен под контрола, информира командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев. Под контрола е огнената линија на потегот од селата Водоча и Баница до Софилар, додека активно останува само едно тешко пристапно место кај Водоча. Во интервенцијата учествувале струмичките пожарникари, екипи од околните градови, како и еден „ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и ...

Земјотрес со магнитуда од 5,9 степени рано утрово го погоди источниот дел на Јапонија, а силно се почувствува и во Токио. Најмалку 37 лица се повредени, главно полесно, додека властите соопштија дека нема опасност од цунами. Според Јапонската метеоролошка агенција, епицентарот бил во јужниот дел на префектурата Ибараки, на длабочина од околу 70 километри. Американскиот геолошки институт (USGS) ја процени магнитудата на 5,8 степени. Најмногу ...

Вкупно 149 лица останаа заробени на вулканот Толбачик на рускиот полуостров Камчатка, откако силно невреме го уништи патот што води до туристичката маршрута. Според локалните власти, меѓу заглавените има 117 туристи, кои ќе бидат евакуирани со хеликоптери. Останатите 32 лица се возачи и засега ќе останат на местото. Планирано е туристите и нивните водичи со хеликоптери да бидат пренесени до селото Есо, од каде со автобуси ќе продолжат кон ...

Сончево и многу топло време ќе преовладува денеска, со мала до умерена локална облачност и максимални температури од 32 до 40 степени. Попладне на места ќе има услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално е можно и невреме со силен ветер и град. Во Скопје ќе биде сончево и топло со температура до 37 степени, а попладне во делови од котлината е можен краткотраен пороен дожд со грмежи. Според УХМР, во текот на новата седмица ...

Прилеп добива нова уметничка и урбана димензија преку поддршката на 18-тата Ликовна колонија „Марко Цепенков“ – Дрен, со посебен фокус на создавање монументални скулптури. Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека станува збор за значаен проект за градот, бидејќи по повеќе од четири децении во Прилеп повторно организирано се создаваат скулптури од ваков обем. „Прилеп го градиме со инфраструктура, а го оживуваме со ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
73%
1029
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
90%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
84%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
64%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1031
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
1.01
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Паладиум

32279.35

Рутениум

61086.42

Сребро

1670.34

Родиум

295786.87

Калај

46.54

Злато

130856.75

Бакар

12.58

Иридиум

315077.32

Кобалт

33.53

Цинк

3.76

Платина

49319.25

Алуминиум

3.07