Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Србија денес се сеќава на атентатот врз поранешниот премиер Зоран Ѓинѓиќ, кој беше убиен пред 23 години во Белград. Тој беше застрелан од снајпер додека влегувал во зградата на Владата. По атентатот во Србија беше прогласена вонредна состојба, а полицијата ја започна големата акција „Сабја” против организираниот криминал. За убиството беа осудени повеќе лица, меѓу кои и Милорад Улемек – Легија. Сепак, и по повеќе од две децении, политичката ...
Во ТИРЗ Жабени – Битола е во тек изградбата на нов производствен објект на компанијата Brainchild, а изведбата на проектот ја реализира градежната компанија Стентон Градба, која е ангажирана на терен во спроведувањето на оваа значајна индустриска инвестиција. Станува збор за објект за лесна и незагадувачка индустрија, односно капацитет од текстилната индустрија, лоциран во КО Породин, во рамки на јужната индустриска зона Жабени. Локацијата ...
Преку платформата за итна регистрација, досега се регистрирале 40 црногорски морнари кои се наоѓаат во регионите на Ормутскиот теснец, Персискиот и Оманскиот Залив, објави тамошното Министерство за поморски работи, додавајќи дека нивната безбедност е апсолутен приоритет. Од црногорското министерство информираа дека се во постојан контакт со морнари и според информациите добиени од нив, повеќето се на бродови кои се усидрени во пристаништата, ...
Лидерите на земјите од групата Г7 ја разгледуваат можноста за обезбедување придружба на бродовите за да можат слободно да пловат низ Персискиот Залив. Ова доаѓа откако францускиот претседател Емануел Макрон разговарал со сите лидерите за да разговараат за војна и нејзиното влијание врз растечките цени на енергенсите. „Ќе се формира работна група која ќе ги разгледа можностите за придружба на бродовите, кога ќе бидат исполнети соодветните ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД ја уништиле иранската морнарица, системите за воздушна одбрана, радарите и военото раководство во нападите врз Иран. Тој додаде и дека преостанатите цели во Иран би можеле да бидат уништени од американската војска „во рок од еден час”. Трамп, исто така, рече дека не е загрижен за можни напади што би можеле да бидат извршени врз американска територија од страна на групи поврзани со Иран. ...
Иран и покрај тоа што скоро две недели е силно бомбардиран од САД и Израел не потклекнува. Вашингтон оЧекуваше да капитулира, но од Техеран дури имаат и услови за да се заврши војната. Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан синоќа истакна: „Единствениот начин да се заврши оваа војна, која ја почнаа ционистичкиот режим и САД, е да се признаат легитимните права на Иран, да се исплатат репарации и да се обезбедат цврсти меѓународни гаранции ...
Во серија напади во водите на Персиски Залив, вооружени бродови за кои се претпоставува дека се поврзани со Иран нападнале два танкери со гориво во ирачките води, при што избувнал пожар на пловилата и загинал еден член на екипажот. Нападите се случиле откако гранати погодиле три брода во регионот, соопштија пристанишни служби и компании за поморска безбедност. Овој инцидент претставува нова ескалација на конфликтот меѓу Иран и силите на САД и ...
Во Собрание на Република Северна Македонија денеска ќе се одржи комеморативна седница по повод годишнината од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој животот го загубија 63 лица, а околу 200 беа повредени. По повод годишнината од трагедијата, Влада на Република Северна Македонија на 14 март ќе организира меѓународна конференција под наслов „Институционални и клинички аспекти и решенија по пожарот во Кочани една година потоа“. ...
Амбасада на САД во Багдад издаде предупредување до американските државјани кои престојуваат во Ирак, посочувајќи дека постои зголемен ризик од киднапирања поради активности на вооружени групи поддржани од Иран. Според информациите, овие групи напаѓале хотели во кои престојуваат американски државјани. Од амбасадата им препорачаа на Американците во Ирак да бидат особено внимателни и да ги следат безбедносните препораки. Во предупредувањето се ...
Саудиска Арабија потпиша договор со Украина за набавка на украински ракети-пресретнувачи на дронови, објавија украинските медиуми. Покрај овој договор, двете земји водат разговори и за значително поголема соработка во областа на вооружувањето, која би можела да резултира со нов договор во блиска иднина. Украина во последниот период настојува да ги пласира своите поевтини воени решенија на меѓународниот пазар, особено технологијата поврзана со ...
Сончево и релативно топло време со мала локална облачност се очекува денеска во земјава. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, утринските температури ќе се движат во интервал од -4 до 3 степени, додека дневните ќе достигнат од 15 до 21 степен. Во Скопје времето ќе биде сончево и релативно топло со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до -1 ...
Одбележување на првата годишнина од трагедијата што се случи во дискотеката „Пулс”, која ќе трае три дена ќе започне на 14 март со богослужба во храмот „Св. великомаченик Георгиј” , а ќе продолжи на Градските гробишта ќе биде одржан опело за жртвите од трагичниот пожар. На 15 март се предвидени повеќе спортски и културни активности. Ќе се одржи рекреативна трка и велосипедска тура на релација Штип – Кочани во чест на загинатите 63 млади лица. ...
ЕУ пак испраќа двојни пораки за своето проширување – едни зборуваат за „забрзување”, други го кочат процесот. Од Брисел доаѓаат силни најави дека проширувањето е геополитичка потреба, но кога тоа треба да го покажат во стварноста имаат друга потреба – да ги условуваат земјите од Западен Балкан и да им даваат неизвесни датуми за пристапување. Еврокомесарите неодамна јавно тврдеа дека Унијата мора да се прошири, па дури и по нов, пофлексибилен ...
Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер загуби вечерва убедливо од Барселона на гостински терен со 47-27 во својот последен натпревар оваа сезона во Лигата на шампиони. Разликата во квалитетот беше очигледно на страната на Барселона која по почетното водство на Еурофарм Пелистер (2-1, 3-2), брзо ја презеде контролата на теренот и поведе со 11-6, а потоа и со 21-14, за на полувреме да има високи 24-15. Во второто полувреме предноста на ...
Трагичен настан ја потресе јавноста во Тетово утринава, откако во семејна куќа избувнал пожар, при што била пронајдена почината 70-годишна жена. Од СВР Тетово информираат дека околу 08:56 часот Територијалната противпожарна единица добила пријава за пожар во куќа на улицата „Вон Вардарска“. Огнот избувнал во дом во сопственост на 70-годишниот Ш.Д. од Тетово. Пожарникарите брзо интервенирале и успеале да го локализираат и изгаснат пожарот, но ...
Либанското шиитско движење Хезболах објави почеток на воена операција против Израел, откако од либанска територија беа лансирани голем број ракети кон северниот дел на земјата. Според достапните информации, повеќе од сто ракети биле испалени кон израелска територија, а експлозии се слушнале во неколку области на северот на државата, меѓу кои Горна Галилеја, Голанската Висорамнина, како и во градовите Кирјат Шмона и Хаифа. Израелскиот систем ...
Уставниот суд на денешната седница ги отфрли сите иницијативи со кои се оспоруваше уставноста на измените во Законот за прекршоци поврзани со системот „Безбеден град“. Судиите оценија дека законските измени не се спротивни на Уставот и ги отфрлија иницијативите поднесени од двете крила на Алијансата за Албанците, предводени од Зијадин Села и Арбен Таравари, како и од студентот Или Пачуку, со кои се бараше поништување на спорните одредби. ...
Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) соопшти дека ќе ослободи 400 милиони барели нафта од своите стратешки резерви, што претставува најголемо ослободување во историјата на организацијата. Одлуката ја објави извршниот директор на ИЕА, Фатих Бирол, во изјава објавена на официјалната веб-страница на агенцијата. Според Бирол, конфликтот на Блискиот Исток има силно влијание врз глобалните енергетски пазари, при што азиските земји се меѓу ...
Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека одржал средба со претставници на големите маркети во земјава, на која се разговарало за состојбата со цените на производите и можностите за нивно стабилизирање. Според Мицкоски, Владата внимателно ја следи ситуацијата на пазарот и нема да дозволи појава на профитерство на штета на граѓаните. Тој нагласи дека државата нема да интервенира во пазарот без оправдана причина, но нема ниту да остане пасивна ...
Македонската женска кошаркарска репрезентација го претрпе третиот пораз во четвртиот натпревар од квалификациите за Евробаскет 2027, откако на гостински терен убедливо беше поразена од Данска со 125-57. Македонските кошаркарки настапија во значително ослабен состав, без долгогодишниот капитен Анџелика Митрашиновиќ, која ја заврши професионалната кариера, како и без Ивана Кметовска и Матеа Николиќ. Во такви услови, избраничките на селекторот ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој престојува во работна посета на САД, соопшти дека се отворени нови можности за продлабочување на партнерството со Светска банка во насока на поддршка на клучни развојни проекти во Македонија. Во објава на социјалните мрежи, Николоски истакна дека на средбите на високо ниво со претставници на Светска банка во Вашингтон се разговарало за инвестиции во инфраструктурата, транспортот ...
Три театарски проекти со поддршка на домашните автори, реализација на „Еуродрам 2026“, театарска работилница на Мартин Кушеј и претстави од сопствен буџет, најавува скопскиот Театар Комедија за годинава. Од културната институција информираа дека добиле од Владата 5 милиона денари за реализација на 4 проекти од македонски автори. Од Театар Комедија велат дека доколку дозволат условите, ќе се создадат и неколку претстави од сопствени средства. ...
Левица вели дека градоначалникот Орце Ѓорѓиевски тендерот за зимско одржување на улиците во вредност од еден милион евра го доделил на фирмата, за чии сопственик порано ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференции го обвинуваше за сериозен криминал со спорните високатници кои требаше да се градат во населба Влае. „Како Орце Ѓорѓиевски сега дели милионски тендер на бизнисмен за кој неговата партија обвинуваше дека е дел од градежната мафија која сака да го ...
Владата на Мицкоски одбива да ја намали цената на горивата, иако на светските берзи цената на нафтата се намалува. Зошто граѓаните во Македонија плаќаат поскапо гориво кога цената се намалува? Дополнително, високите цени на горивата ќе ги покачат и цените во маркетите, се ќе поскапи,” стои во соопштението од СДСМ. Од опозициската партија реагираа дека сите земји во регионот вовеле мерки за ограничување на цените на бензините само владата на ...
СДСM е изгубен во сопствениот ПР и секојдневно ја губи довербата на граѓаните, а политичката криза во партијата дополнително се продлабочува со конфузијата во нивната комуникација со јавноста,” соопшти денеска ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата велат дека СДСМ и Филипче се обиделе да стекнат политички поен плус ширејќи лаги за наводни мигранти во Македонија, но биле демантирани од сите релевантни институции. „СДСМ нема стратегија ниту за партијата, ...
22 – то издание на Танц фест започнува во Скопје на 18 април, со настап на балетски ѕвезди од Париската опера. На отворањето ќе настапи и балерината Роксан Стојанов, француска уметница со македонско потекло, прогласена за Ѕвезда на Париската опера. Во рамки на фестивалот ќе се одржи и натпревар за наградата „Роксан Стојанов”, наменета за млади балетски уметници од 16 до 20 години. Победникот ќе добие седумдневен престој во Париз и можност за ...
Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески денеска сподели дека започнала реконструкцијата на јавните пешачки површини кај ТЦ „Три бисери“. Со овој проект ќе се уредат околу 4.000 квадратни метри јавен простор, на потегот покрај булевар „Јане Сандански“ – од зграда број 7 до зграда број 11. При тоа, како што посочи градоначалникот, старите и дотраени павер-елементи ќе се заменат со нови и современи, со што овој фреквентен дел од ...
Општина Кисела Вода, преку Секторот за месна самоуправа, ги започна теренските активности за средување на нараснатата трева низ сите урбани и месни заедници, известуваат од Оштината. „Во оваа акција, која ќе се одвива секојдневно во текот на целата сезона, ангажиран е тим од 20 обучени сезонски работници. Денеска екипите работат во 11 Октомври, населбата Кисела Вода и населбата Драчево, а веднаш потоа продолжуваат по утврден ред и во сите ...
Камион со кран удрил во семафор на булеварот „Александар Македонски” на влезот во Скопје. По ударот, семафорот се урнал врз моторциклистот кој се движел по булеварот. Повреденото лице било пренесено на лекарски преглед. Полицијата изврши увид и работи на утврдување на околностите за несреќата. Поврзани вести: МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Камион со кран удрил во семафор на булеварот „Александар Македонски” на влезот во Скопје. По ударот, ...
Тројца мажи од Скопје се уапсени откако нападнале 23-годишна велешанка и 26 – годишен скопјанец во нивниот дом, при што употребиле електрошокер и тврд предмет. Според информациите од полицијата, инцидентот се случил окако 26-годишен скопјанец дошол во домот на својата поранешна партнерка од Велес. Тој најпрво физички ја нападнал неа и нејзиниот сегашен партнер. Наскоро во нападот се вклучиле уште двајца мажи од Скопје, на возраст од 30 и 43 ...