Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Тоа што некој е поканет да гостува на национална телевизија, во емисија за анализа и коментирање на тековните социо-политички настани, и тоа во ударен термин, па меѓу другите глупости што со години наназад ги пласира во јавноста, сега заговара и надзор на мажот врз жената, не е само прашање на личните ставови на гостинот. Тоа би рекол е повеќе прашање на уредничката политика, кадровските критериуми и одговорноста на оние што раководат со ...
Кина сè поактивно ја проширува својата глобална улога, промовирајќи мултиполарен светски поредок и економска соработка со земјите во развој. Какво е значењето на кинеската стратегија за Балканот, какви можности отвора за Македонија и дали Пекинг може да стане нов центар на глобална стабилност? На овие прашања во интервју за Антропол одговара Дарко Тодоровски, истражувач и докторант на Руската претседателска академија за национална економија ...
Автор: Н.Е. Џианг Сјаоjан, амбасадор на НР Кина во Република Македонија Откако пред една година ја презедов функцијата амбасадор во Северна Македонија, ги запознав сите делови на оваа прекрасна земја. Остварив официјални посети на речиси 30 општини, со наша помош повеќе од 200 претставници од сите општествени сектори учествуваа во различни програми за обука во Кина. Од Скопје, градот на културата, Битола, градот на конзулите, па до малото ...
Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, оцени дека американскиот бизнисмен Илон Маск задоцнил со признанието дека било грешка да ѝ се помага на Украина преку сателитскиот комуникациски систем „Старлинк“. Медведев на Телеграм наведе дека Маск дури сега признал дека погрешил кога ѝ овозможил на Украина да го користи „Старлинк“ за воени цели, пренесува Спутник. „Да, Маск со задоцнување го сфати тоа и призна ...
Жителите на Лозово се загрижени и револтирани, бидејќи како што самите велат „со багери им ја раструаат винаријата“. Тие велат дека „жално е тоа што се случува во нивната општина“, а за винаријата велат дека некогаш била сериозен произведувач на квалитетно вино, ама сега ѝ е дојден крајот. Граѓаните велат и дека голем дел од нив работеле своевремено во винаријата и дека „децата си ги подигнале со работата“. Погледнете го прилогот на ...
Министре Ерѓан Демир, денеска порачуваш дека Ромите треба да бараат поддршка од Ромите, Но, токму твојата вчерашна реакција покажа зошто ромските граѓани понекогаш бараат поддршка надвор од своите политички претставници, порача активистката за промоција на човекови права, Ана Глас. „Во случајот поврзан со ЕВН, вчера со голема сигурност излезе со јавна објава во која тврдеше дека фотографиите се лажни и дека станува збор за обид за создавање ...
Иран ќе одговори на секој нов напад од страна на Соединетите Американски Држави и Израел со ракетни удари чиј дострел би можел да ја опфати и Европа, изјави пратеникот во иранскиот парламент Хосеинали Хаџи Делегани, предупредувајќи дека новата воена ескалација би можела да предизвика нагло зголемување на светските цени на нафтата. „Во случај на какви било деструктивни дејствија или започнување напад од страна на Соединетите Американски Држави ...
На 7 и 8 ноември (грегоријански календар), се случил еден од најбитните настани во светска историја, а тоа е избувнувањето на Октомвриска револуција (позната и како Болшевичка револуција), што е втората и воедно клучна фаза на Руската револуција од 1917 година. Првата фаза на Руската револуција започнала со Февруарската револуција неколку месеци претходно и била воспоставена преодна влада на чело со либералот Александар Керенски. Револуцијата ...
На 6 ноември 2026 година, со почеток во 19 часот, во галеријата M.Y Gallery во Гуанџоу, Кина, ќе се одржи културен настан посветен на проектот „Обични и необични приказни“ на ликовната уметница и графичка дизајнерка Христина Зафировска. Настанот ќе опфати изложба на илустрации, презентација на книга и видео, обединувајќи ги ликовната уметност, книжевноста и современите визуелни медиуми. Ѓорѓи Крстевски е македонски писател и преведувач, автор ...
Со виртуозни басистички делови, спој на македонската традиција и моќен рок-звук, младиот македонски музичар Иван Кукиќ и бендот „Sound Therapy“ одржаа спектакуларен двочасовен концерт насловен „Začarani krug“ во „МТС Дворана“ (Домот на синдикатите) во Белград. Пред публика која ги обедини различните генерации, Кукиќ уште еднаш докажа зошто рок-легендите го сметаат за еден од најталентираните музичари на овие простори од поранешна Југославија. ...
Одолговлекувањето и повикувањето на правен вакуум не го решаваат прашањето за рудникот Иловица-Штука, туку ја продолжуваат неизвесноста и оставаат простор за потенцијални милионски отштетни побарувања на товар на државниот буџет, посочува Мики Крстев, член на Централниот Комитет на Политичката партија Левица. Тој реагира дека изјавите на Мицкоски за отсуство на рокови и обврска за донесување анекс на концесискиот договор не претставуваат ...
Долгот на македонските домаќинства по основа на станбени кредити достигна две милијарди евра, што претставува зголемување од 16,6 проценти за една година и 35 проценти во последните две години, предупредува пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ. Тој посочува дека станбените кредити учествуваат со 40 проценти во вкупната задолженост на домаќинствата, оценувајќи дека ваквиот тренд дополнително го ограничува финансискиот капацитет на семејствата ...
Мицкоски, „како инженер“, ни соопшти дека дата-центрите биле „новата нафта“ и дека Македонија морала меѓу првите да го јава бранот. Проблемот е што држава не се води со фрази од технолошки конференции. Особено не држава која сè уште нема обезбедено ниту енергетска самостојност, стабилна инфраструктура и гаранции дека нејзините природни ресурси нема да станат евтина суровина за туѓ приватен профит. Кога една економски ослабена и корумпирана ...
Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, преку објава на социјалните мрежи, упати низа критики за состојбите во државата, посочувајќи на намалениот број паралелки во основното и средното образование, најавеното затворање на 26 училишта, состојбите во јавното здравство и високите долгови на институциите. Притоа, таа иронично оцени дека додека државата, според неа, „пука по сите шавови“, премиерот Христијан Мицкоски се фали со користењето на ...
Вчера, струмичките земјоделци повторно протестираа поради ниската откупната цена на пиперката ајварка. Ова е вака затоа што изминативе триесетина години властите упорно одбиваат да интервенираат на пазарот. Доколку власта конечно не ја искористи политичката моќ за да го заузда пазарот, на крај ќе се доведеме во ситуација воопшто да нема земјоделци, а Македонија да нема домашно производство на земјоделски производи. Вчера, струмичките ...
Откако неколкупати ѝ укажавме на Весна Јаневска дека студентскиот оброк останал закован на 140 денари од 2023 година, министерката реши да оди чекор подалеку и сега соопшти дека не планира ни да го зголеми, бидејќи, замислете, „студентите не се пожалиле“. Ова веќе го оценуваме како кулминација на дрскоста. Министерката од нас беше јавно предупредена дека постои законска обврска за усогласување, пред носењето на буџетот, а таа сега се однесува ...
Интерву со маратонката Росана Гошева – единствената Македонка учесничка на Охридскиот пливачки маратон Росана, за почеток како започна вашата приказна со пливањето? Кога првпат се појави љубовта кон овој спорт и што ве натера од рекреативното пливање да преминете кон маратонското пливање? Љубовта кон пливањето се појави меѓу првите натпревари. Впрочем, јас никогаш не сум се занимавала со рекреативно пливање. Почнав да тренирам на шест ...
Откако Левица ја обзнани иницијативата за дата-центар во Панчарево и ја отвори темата што локалната власт очигледно сакаше да ја истурка без каква било дебата, денес точката беше повлечена од дневниот ред на Советот на Општина Пехчево. Притисокот вроди со плод! Градоначалникот Александар Китански беше видно вознемирен што Левица, иако нема советник во Пехчево, дознала што се подготвува и ја алармирала јавноста, па наместо аргументи понуди ...
Владата знае дека овчите и козјите сипаници се шират, дека цели стада се уништуваат и знае дека сточарите остануваат без егзистенција, но наместо веднаш да набави вакцини со буџетски средства, чека само најавена донација Турција и дополнителна помош од ЕУ. Нема прецизен датум ни кога вакцините воопшто ќе пристигнат. И откако ќе пристигнат, нема веднаш да почне вакцинација – дозите прво ќе треба да бидат проверени за безбедност, квалитет и ...
Најмалку 35.000 луѓе починале како последица на четирите последователни рекордни топлотни бранови што ја погодија Европа во текот на летото, покажуваат досега нецелосните податоци од повеќе од половина од европските земји. Експертите предупредуваат дека конечниот биланс би можел да биде значително поголем, бидејќи сè уште не се обработени податоците за август. Само во Германија, Франција и Шпанија се регистрирани повеќе од 25.000 дополнителни ...
Владата на ДПМНЕ повторно ќе ги остави граѓаните со најмизерни плати во Европа сами да се справуваат со последиците од неспособноста на власта. Нов ценовен бран на храната се приближува кон Македонија, а државата повторно нема стратегија како да го заштити стандардот на граѓаните. Светските цени на храната повторно растат, а првите удари кај нас може да се почувствуваат уште во октомври и ноември, додека посериозниот удар врз лебот, млечните ...
Премиерот Христијан Мицкоски во ексклузивно интервју за „Брајтбарт њуз“ отворено ја истакна силната поддршка за американскиот претседател Доналд Трамп и неговата администрација, притоа изразувајќи надеж дека за време на претстојното Генерално собрание на Обединетите нации ќе има можност да се сретне со него, во Белата куќа или на друга локација во Соединетите Американски Држави. Мицкоски изјави дека би бил „многу заинтересиран“ за официјална ...
Управниот суд ја уважи тужбата на пратеникот и лидер на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев, против Државната комисија за спречување на корупцијата и го задолжи тужениот орган во рок од 15 дена да донесе нов управен акт во согласност со пресудата. Апасиев случајот го оцени како уште една „мала победа“ во правните битки против, како што вели, „закржлавените институции“, најавувајќи и нова кривична пријава доколку ДКСК не ја спроведе судската ...
Од полноќ дизелот ќе чини 101,5 денари за литар и тоа е највисока цена во овој кризен циклус. Од 28 февруари, кога започнаа американско-израелските напади врз Иран, кај нас цената порасна од 71 на 101,5 денари – 43% за помалку од шест месеци! Резервоар од 50 литри кој тогаш чинеше 3.550 денари, сега чини 5.075 денари, односно 1.525 денари повеќе. Светската криза го објаснува берзанскиот удар, но не ја оправдува пасивноста на Владата – ...
Левица дава целосна поддршка на струмичките земјоделци кои повторно излегуваат на улица за да го одбранат својот труд и својата егзистенција. Пред неполни две недели Серафимовски им продаде приказна за „договор“ со откупувачите, а договорените цени не издржаа ни четири дена. Токму како што предупредивме, без законски регулирана минимална откупна цена и без механизам со кој државата ќе го обврзе откупувачот, договорот се покажа како обична ...
Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Тимчо Муцунски, деновиве претстојува во посета на неговиот колега, инаку осомничен воен злосторник Гидеон Саар, кој е познат по ставовите дека нема да дозволи постоење на палестинска држава, кој сесрдно се залага за анексија на Западниот Брег, за илегална воена окупација на територии во Сирија и Либан итн. Тој е и еден од главните осомничени за организираното грабнување, затворање и ...
Утре Советот на Општина Пехчево ќе гласа за иницијатива за изградба на дата-центар на пет парцели во Панчарево. За ваков објект, кој потенцијално може да биде огромен потрошувач на електрична енергија и вода, јавноста не знае речиси ништо: нема објавен инвеститор, нема податок за потрошувачката на струја, нема податок за потрошувачката на вода, нема информација за потребната инфраструктура, нема анализа за економската корист, нема јавна ...
Венко Филипче очигледно се истрчал и се препознал во повикот на Левица за мобилизација на сите сили и граѓани кои сакаат општество поинакво од она што денес го нудат ДПМНЕ и сите политички сили кои досега владееле, изјави за „Локално“ Димитар Апасиев, претседател на политичката партија Левица. Тој ова го изхјави по денешната изјава на претседателот на СДСМ Венко Филипче дека ќе ја примат Левица во таканаречениот Фронотот за вистината, ако ...
Квалитетот на воздухот во Скопје денеска е значително влошен, а мирис на чад се чувствува во повеќе делови од градот. Според платформата IQAir, индексот на квалитетот на воздухот (AQI) достигна 155, што го става скопскиот воздух во категоријата „нездрав“, додека чадот од активните пожари во околината дополнително ја влошува состојбата. Причината за зголеменото присуство на чадот во воздухот се активните пожари во близина на Скопје, од каде ...
И покрај ветувањата на ДПМНЕ дека паушалното фактурирање на електричната енергија ќе стане минато, граѓаните и во 2026 година можат да добијат сметки пресметани врз основа на проценета, наместо реално измерена потрошувачка. Од Левица обвинуваат дека новата регулатива го задржува моделот, додека ЕВН и натаму нема доволно силни обврски за редовно отчитување на броилата. Граѓаните во Македонија добиваат сметки за електрична енергија секој ...