Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
„Ер трактор“ на грчката Противпожарна служба вчера паднал во морето додека црпел вода во близина на Астакос, соопштија локалните власти. Пилотот, кој бил единствениот човек во леталото, бил спасен и, според информациите, се наоѓа во добра здравствена состојба. Инцидентот се случил во морскиот простор југоисточно од пристанишниот град Астакос. Пилотот првично бил извлечен од приватен чамец, по што бил преземен од патролно пловило на грчката ...
Претседателот на иранскиот парламент, Мохамад-Багер Галибаф се исмаева на високите американски функционери Скот Бесент и Пит Хегсет, откако американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе го засили притисокот врз Иран. Во објава на социјалната мрежа „X”, Галибаф оцени дека американските претставници не се способни да се справат со ситуацијата, порачувајќи да престанат да очекуваат чудесно решение од нивниот „кловновски“ тим. ...
Советникот од Левица во Советот на Општина Прилеп, Жаре Стеваноски, предупредува дека состојбата во погодените подрачја се влошува и дека се исполнети сите критериуми за прогласување елементарна непогода. Тој повика итно да се свика вонредна седница на Советот и заеднички да се донесе одлука за прогласување на елементарна непогода, оценувајќи дека еднократната парична помош нема да биде доволна за обесштетување на погодените жители. Неговиот ...
Заменик-координаторот на Секторот за политичка економија на Левица, Игор Ѓуровски, во својот фејсбук статус ја критикува функцијата „национален координатор“, посочувајќи дека во државата има осум лица на овие позиции, кои, според него, земаат плата од околу 2.000 евра, додека јавноста нема јасна претстава за нивните конкретни обврски. Како пример го наведува поранешниот министер за култура Зоран Љутков, кој неодамна беше именуван за ...
Владата на Србија денеска предложи зголемување на минималната плата од 1 јануари 2027 година за 9,2 отсто, со што минималецот кај нашиот сосед би пораснал од околу 550 на 600 евра, објави српскиот министер за финансии Синиша Мали. Додека Белград чекори кон 600 евра минимална плата, Владата на ДПМНЕ годинава го зголеми македонскиот минималец на само околу 26.000 денари (околу 420 евра), одбивајќи го континуираното барање на Сојузот на ...
Глобалните цени на храната би можеле значително да пораснат во текот на 2026 година, при што најголем притисок се очекува врз цената на пченицата, што може да доведе и до поскапување на лебот, тестенините и други прехранбени производи. Според проценките на британската фирма за економски анализи Oxford Economics, глобалните цени на храната годинава ќе се зголемат за 11,8 проценти, а во 2027 година се очекува дополнителен раст од 4,8 проценти. ...
Стратешките нафтени резерви на Соединетите Американски Држави се намалија на само 300 милиони барели, најниско ниво во последните 40 години, при што стручњаци предупредуваат дека понатамошното празнење на подземните солени пештери во кои се складира нафтата би можело да ги оштети самите резервоари кои се под ризик од колабирање. Ситуацијата дополнително се влошува со планот на американската администрација да пласира дополнителни 172 милиони ...
Колумна на Емил Јанчески по повод 18 Август, Денот на Армијата на Република Македонија Армијата полни триесет и четири години, а датумот што го носи е осумдесет и три години постар од неа. На 18 август 1943 година, на Славеј Планина, се формирал баталјонот „Мирче Ацев“, првата организирана воена формација на македонската народноослободителна војска, и токму затоа тој ден стана роденден на АРМ. Луѓето што тргнале од таа планина немале сојуз, ...
На Универзитетската клиника за инфективни болести денеска почина уште еден пациент кај кого претходно лабораториски беше потврдена невроинвазивна форма на западнонилска треска, со што бројот на починати од оваа болест во земјава се искачи на четворица. Според директорот на Клиниката, Фадил Цана, моментално се хоспитализирани 20 пациенти, од кои 18 се лабораториски потврдени случаи, а на интензивна нега се наоѓаат петмина пациенти со потешка ...
Приносот на американските 30-годишни државни обврзници во понеделникот достигна највисоко ниво во речиси две децении, откако скокна на 5,31%, што дополнително ги зголемува стравувањата на инвеститорите за одржливоста на растечкиот државен долг на САД. Ова е највисоко ниво од јуни 2007 година, а аналитичарите предупредуваат дека приносите би можеле дополнително да пораснат поради комбинацијата на масовно издавање долгорочни обврзници, ...
Јапонскиот јен веќе ja избриша половина од добивката постигната преку заедничката интервенција на американското и јапонското Министерство за финансии, а трговците внимателно ги следат следните потези на властите. Јенот во понеделникот ослабна за 1%, завршувајќи ја сесијата на ниво од 159,29 за долар, што претставуваше најслаб перформанс меѓу валутите на Групата на 10 најразвиени економии, а аналитичарите сега главниот фокус го ставаат на ...
Левица денеска реагираше со обвинување дека Владата на ДПМНЕ спроведува „селективна социјална политика”, покачувајќи ги пензиите заради изборна исплатливост, додека истовремено три години свесно го игнорира законското право на студентите на усогласен субвенциониран оброк. Од партијата истакнуваат дека Владата и Министерството за образование останале тивки по вчерашните обвинувања дека студентите се оштетени за околу 6,5 милиони евра, а ...
Рејтингот на американскиот претседател Доналд Трамп падна на најнизок процент откако е на власт, покажува новата анкета на Ројтерс/Ипсос, спроведена во четиридневен период што заврши во понеделник. Само 33 отсто од испитаниците изјавиле дека го одобруваат неговото работење во Белата куќа, додека дури 80 отсто од Американците очекуваат американското воено вмешување во Иран да продолжи подолг временски период. Според анкетата, 64 отсто од ...
Светските пазари се соочуваат со драстично намалување на количините на дизел гориво, предизвикано од затворањето на Теснецот Хормуз, воениот конфликт меѓу САД и Иран, како и рускиот извозен ембарго на дизел, што доведе до рекордно високи цени и стравувања од сериозна криза во снабдувањето пред зимскиот период. Експерти предупредуваат дека ситуацијата е „најсериозната дизел криза” во последните децении, а последиците веќе се чувствуваат и во ...
По повод јубилејот на АРМ, се присеќаме на нејзината историја – создавањето, потешкотиите и раниот развој. Неодминливи се славните денови и херојството прикажано во Конфликтот од 2001 при што, во содејство со специјалните единици на МВР, до израз дојдоа нејзиниот суштински белег и намена, а тоа е способноста за сочувување на територијалниот интегритет на Република Македонија. 25 години подоцна, на 34-годишнината од основањето, наместо ...
Руската амбасада во Лондон денеска обвини дека Обединетото Кралство намерно ја ескалира украинската криза, дејствувајќи како соучесник во она што Москва го нарекува терористички напади на Киев, откако британски весник откри дека украинските сили користеле дронови произведени во Британија за далекусежни удари длабоко во руска територија. Во остро соопштение, руската дипломатија предупреди дека Лондон неизбежно ќе сноси последици и ќе „ја ...
Адвокатот и советник од Левица во Советот на Општина Прилеп, Жаре Стеваноски, преку објава на социјалните мрежи сподели информации дека поднел повеќе пријави по обидот за сечење на заштитен јавор во дворот на ООУ „Кочо Рацин“ во Прилеп. Пријавите се однесуваат на постапувањето на полициски службеници, условите за безбедност при работа, како и на околностите под кои во недела рано наутро бил направен обидот за сечење на дрвото. Неговиот статус ...
На 25-годишнината од Охридскиот рамковен договор, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова отиде во Струга и од таму пропагираше флоскули за соживот, обединување и почитување на различностите. Убави зборови, само што правната држава не се мери според пригодните говори на функционерите, туку според тоа дали Уставот и законите важат и таму каде што на власта политички не ѝ одговара да ги види. Самата претседателка во својата објава го пофали ...
Седумнаесет месеци по трагедијата во Кочани, државата успеа да произведе нешто речиси подеднакво морбидно како сопствениот институционален распад што доведе до неа – парламентарна комисија која постои на хартија, а осум месеци нема членови, седница, расправа и никаков резултат. Родителите коишто со право бараат одговори, Собранието им сервира некакви флоскули за усогласувања, а ДПМНЕ, кое ја предложи и изгласа оваа конструкција, денес не може ...
Иран упати ултиматум до Соединетите Американски Држави, барајќи враќање кон сериозна дипломатија и целосно укинување на американската поморска блокада, во спротивно закани со проширување на конфликтот, пренесе Ројтерс. Рокот, кој според извештаите изнесува најмногу неколку недели, до Вашингтон бил пренесен преку посредниците, Пакистан и Катар, при што висок ирански званичник изјави дека Техеран одлучил да премине од одбранбена кон целосно ...
Пентагон разгледува развој на нова генерација мобилни радари за противвоздушна одбрана инспирирани од руските системи С-300 и С-400, откако американските сили претрпеа значителни загуби во војната против Иран, објави специјализираното военото списание Military Watch. Новите радари на системите THAAD веројатно ќе добијат функција на мобилна сензорска платформа слична на онаа вградена во руските системи уште од самиот почеток. Според извештај ...
Меморандумот за разбирање помеѓу Иран и Соединетите Американски Држави, чиј 60-дневен рок истече синоќа, дополнително ги заоструви веќе затегнатите односи меѓу двете земји. Иранското Министерство за надворешни работи соопшти дека САД не ги исполниле своите обврски предвидени во меморандумот, поради што прашањето за рокот е ирелевантно, додека нагласи дека иранските вооружени сили се подготвени. Истовремено, американскиот претседател Доналд ...
Опозициската партија Левица реагираше на препораките на Меѓународниот монетарен фонд за реформи во пензискиот систем, кои вклучуваат подигнување на старосната граница за пензионирање, повисоки придонеси и промена на начинот на усогласување на пензиите. Од Левица истакнуваат дека вистинската причина за пензискиот дефицит не е возраста на пензионирање, туку континуираниот пад на бројот на осигуреници поради иселувањето на работоспособното ...
Движењето за социјална правда Ленка објави детален преглед на новите задолжувања на централната влада, гаранциите и кредитните линии склучени во текот на 2025 година, вклучувајќи заеми од Светска банка, ЕБОР, ЕУ, домашни комерцијални банки и странски кредитори. Според податоците, преземени од Извештајот на Министерството за финансии за јавно задолжување, само годинашните нови заеми и гаранции изнесуваат стотици милиони евра, наменети за ...
Локалниот огранок на Левица во Кисела Вода реагираше на изјавите на министерката за образование за наводен „прилив” на првачиња во општината, наведувајќи дека официјалните податоци од самата Општина, добиени преку мерката „Ранче за секое прваче”, покажуваат спротивна тенденција – пад на бројот на новите првачиња од дури 15% во последните три години. Од Левица порачуваат дека вистинскиот проблем е демографското празнење на целата држава, а не ...
Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан упати остро предупредување до Соединетите Американски Држави, истакнувајќи дека недостатокот на притисок врз Израел би можел да ги наведе Турција, Катар и Египет заеднички да преземат радикални чекори во врска со спроведувањето на мировниот план за Газа. Фидан нагласи дека палестинската страна, и покрај големите жртви, ги исполнила своите обврски, додека Израел, според неговите зборови, во ...
Црвена Младина денеска обвини дека студентите во изминатите три години противзаконски биле оштетени за околу 6,5 милиони евра, поради неприменување на Законот за субвенциониран студентски оброк, кој предвидува годишно усогласување на износот со стапката на инфлација. Според организацијата, секој студент месечно е скратен за 650 денари кои му следуваат по закон, а пратениците од Левица најавуваат итна законска измена за да се коригира ...
Членот на Президиумот на Левица, Александар Симонов, преку објава на социјалните мрежи, жестоко ја критикуваше политиката на задолжување на државата, оценувајќи дека јавниот долг станува товар за работничката класа и идните генерации. Во својата објава, тој презентира дел од задолжувањата и издадените државни гаранции во 2025 година, посочувајќи дека државата, наместо да создава производствени капацитети и додадена вредност, се задолжува за ...
Мицкоски гордо зборува за некакви стратегии и механизми со кои Владата наводно спречила сушно сценарио и обезбедила вода во Тиквешката акумулација. Реалноста кај Возарци е до тој степен апсурдна што буквално може да се нарече политичка сатира – водата во езерото се задржува затоа што не смее да се испушта низ Црна Река и дополнително да ги натопува и еродира веќе поткопаните фундаменти на мостовите. Она што премиерот енергетичар го рекламира ...
Став на Мери Георгиевска Ниту една власт нема право сама да слави 35 години постоење на државотворноста на Независна Република Македонија. Прво, затоа што тие 35 години не црпат од сегашната власт, а сегашната власт црпи од тие 35 години независност. Што требаше да направи моменталната власт за да биде прославата заедничка, и да припаѓа на сите граѓани кои живеат и творат и копаат рудници во Македонија? 1.Требаше 3 месеци предвреме да направи ...