За ДПМНЕ, очигледно, негативен ревизорски извештај не е причина за политичка одговорност, туку препорака за унапредување. Додека Државниот завод за ревизија констатира сериозни финансиски и системски пропусти во работењето на Фондот за здравствено осигурување, поранешниот директор на Фондот, Сашо Клековски, денес е награден со раководење на едно од најважните институции, Министерството за здравство. Ревизијата покажува дека Фондот не ...

Пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, поднесе писмени пратенички прашања до министерот за здравство Сашо Клековски и министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски, барајќи одговори за доцнењето на исплатата на породилните надоместоци. Како што соопшти преку објава на социјслните мрежи, на денешната седница за пратенички прашања не добил можност да ги постави прашањата усно поради, како што наведува, „саботажа на ...

Економистот Марјан Димитриев ја критикуваше владината економска политика, оценувајќи дека фокусот е ставен на промоција на странски инвестиции, додека се занемаруваат проблемите со заминување на компании и затворање на погони. Тој посочи дека државните субвенции и даночните олеснувања за странски инвеститори не донеле доволен развој на домашната индустрија, повикувајќи на поголеми вложувања во македонските компании, производството и ...

Пишува Златко Тренчевски Додека секојдневно се претставуваат како заштитници на националните интереси и безбедноста на граѓаните, и оваа и претходната власт со години кумуваат на свесно и планско уривање на енергетската и безбедносната стабилност на државата. Стратешките нафтени резерви, кои по закон и европски стандарди мора да гарантираат опстанок на Македонија во услови на глобални кризи за период од 90 дена, денес се сведени на ...

Во држава во која граѓаните со мака заработуваат мизерна плата, Владата на ДПМНЕ создаде привилегирана политичка каста во која неработењето е најсигурниот пат до повисока функција. Арбен Фетаи, човекот кој со месеци не се појавуваше на работа, а редовно земаше плата од парите на граѓаните, денес е награден со дипломатски статус и нова државна титула. Од вицепремиер за добро владеење (функција што со него прерасна во најскапиот политички ...

Кина направи огромен чекор во обидот да ја намали зависноста од странската технологија за производство на полупроводници, откако започна масовно производство на сопствени машини за потопна длабоко-ултравиолетова (DUV) литографија – клучна опрема за изработка на напредни чипови. Производството го предводи малку познатата државна компанија „Shanghai Aishengna Electronic Technology Group“, која ги обедини тимовите од неколку кинески стартапи за ...

Ана Симонова реагираше на новите случаи на западнонилска треска, при што седум лица се хоспитализирани, а кај пациентите е дијагностицирано воспаление на мозокот и мозочните обвивки. Таа ја критикуваше реакцијата на институциите, оценувајќи дека апелите граѓаните да бидат внимателни не можат да ја заменат навремената превенција и системските мерки за заштита на јавното здравје. Симонова побара поголема одговорност од надлежните за справување ...

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, реагираше по најавеното заминување на странски инвеститор и отпуштањето на околу 100 квалификувани работници, оценувајќи дека моделот на привлекување странски директни инвестиции преку индустриските зони е неуспешен. Апасиев порача дека државата мора да има стратегија за искористување на стекнатото знаење на работниците и создавање домашни производствени капацитети. Неговиот Фејсбук статус во продолжение. ...

Левица обвини дека затворањето на фабриката на германската компанија БМЗ во ТИРЗ Бунарџик и преселувањето на производството во Полска е нов показател за неуспешните економски политики на Владата предводена од ДПМНЕ. Од партијата тврдат дека заминувањето на странските инвеститори, намалувањето на производните капацитети и губењето на работни места покажуваат отсуство на јасна стратегија за економски развој и стабилизација. Водечката ...

Архитектот Андреа Јанков жестоко реагираше на изјавите на градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, кој го бранеше ДУП Ј05 „Барутана“, оценувајќи дека намалената површина за градба не може да биде оправдување за урбанистички план што, според него, предвидува градење на локација каде што воопшто не треба да има нови објекти. Јанков го обвини Герасимовски за политичка реторика наместо стручни аргументи и го критикуваше ...

Откако Основниот суд во Струга му го вратил пасошот на Борче Марковски, обвинет во предмет за злоупотреби со тендерите во РЕК „Битола“, тој ја напуштил државата, тврдат од Левица. Од партијата оценуваат дека случајот отвора сериозни сомнежи за постапувањето на судските, обвинителските и полициските институции и бараат целосно расчистување на околностите под кои обвинетиот станал недостапен за органите на прогонот. Само неколку дена откако ...

ДПМНЕ, партијата што со најголема жестина ја претставуваше Мери Дика Георгиевска како симбол на компромитираното правосудство, денес со сопствени раце ја изгласа за чувар на Уставот. Со изборот на Мери Дика Георгиевска за уставна судијка, ДПМНЕ јавно ги погреба сопствените зборови, прес-конференции и сопствените обвинувања. Потешко политичко самопоништување одамна не е видено! Истата личност која и според реториката на ДПМНЕ беше дел од ...

Координаторката на советничката група на Левица во Град Скопје, Катерина Јовановска, преку објава на социјалните мрежи, жестоко го критикуваше предлог-законот за формирање Фондација за проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“, оценувајќи дека со него се отвора можност за заобиколување на Советот на Град Скопје и за нетранспарентно трошење на јавните средства. Таа тврди дека, по реакциите на пратениците на Левица, ...

Координаторката на советничката група на Левица во Град Скопје, Катерина Јовановска, преку објава на социјалните мрежи, жестоко го критикуваше предлог-законот за формирање Фондација за проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“, оценувајќи дека со него се отвора можност за заобиколување на Советот на Град Скопје и за нетранспарентно трошење на јавните средства. Таа тврди дека, по реакциите на пратениците на Левица, ...

Единицата за финансиски криминал при МВР поднесе кривични пријави против три лица осомничени за вмешаност во коруптивна шема поврзана со незаконско стекнување уверение за положен стручен испит по стоматологија. Во рамки на истрагата, при претреси кај двајца од пријавените лица биле пронајдени и одземени значителни парични средства во различни валути. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, 27-годишната А.Т. од Битола, ...

Пратениците на владејачкото мнозинство по втор пат го одбија предлогот на Левица за измени на Законот за виното, со кои ќе се укинеше законската можност откупувачите на винско грозје да ја намалуваат однапред утврдената откупна цена до 8% доколку исплатата ја извршат целосно и во законскиот рок. Откако претходно ДПМНЕ одби предлогот воопшто да биде ставен на дневен ред како итна точка, сега повторно не обезбеди мнозинство ниту за негово ...

Додека во Собранието од денес влегува во постапка Предлог-законот за проектот „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“, кој предвидува и основање на Фондација, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски веќе го назначи екс директорот на МРТ, Марјан Цветковски за директор на Фондација која правно сè уште не постои. Ова назначување го отвара наједноставното, најлогично, но и најсуштинско прашање: врз основа на кое законско овластување е извршено ...

Советникот од Левица во Советот на Општина Кисела Вода, Давид Бошковски, повика Државниот пазарен инспекторат да спроведува превентивни, а не само инспекции по пријава, оценувајќи дека високите проценти на утврдени прекршувања укажуваат на сериозен проблем со почитувањето на законите. Според него, доследното спроведување на законите би придонело за намалување на сивата економија, поголема наплата на даноци и придонеси и повеќе средства во ...

Пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, преку објава на социјалните мрежи, соопшти дека Предлог-законот за проектот „Скопје-Европска престолнина на културата 2028“ е повлечен од дневниот ред на собраниската седница, оценувајќи го тоа како „мала победа“. Тој ги повика културните работници и граѓаните да се мобилизираат и да извршат јавен притисок, со цел, како што наведува, Скопје да не ја пропушти можноста за културен развој и да се спротивстави ...

Иран во наредните недели се очекува да ја прими првата испорака од вкупно до 400 кинески рачни противвоздушни ракетни системи (МАНПАДС), во рамки на договор вреден меѓу 60 и 70 милиони долари, објави Ројтерс. Според информациите, договорот предвидува набавка на меѓу 300 и 400 преносливи противвоздушни ракетни системи, меѓу кои и кинеските модели ЌВ-12 и ФН-16. Станува збор за инфрацрвено наведувани ракети земја-воздух, наменети за соборување ...

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) реагира по најавата Собранието по скратена постапка да го разгледува и гласа Предлог-законот за проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“, оценувајќи дека законските решенија со кои се заобиколуваат системските закони претставуваат висок ризик од корупција. Предлог-законот, кој е на денешниот дневен ред во Собранието, предвидува Градот Скопје да формира посебна фондација ...

Пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил со жестоки критики за Предлог-законот за проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“, оценувајќи дека со него се создава паралелен систем за управување со културата, додека постојните културни институции остануваат на маргините. Според него, законското решение му дава широки овластувања на градоначалникот на Скопје, предвидува набавки надвор од Законот за јавни набавки и отвора можност за ...

Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, со жестока критика удри на Предлог-законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“, кој денеска е на дневен ред во Собранието. Таа напиша дека со законското решение се заобиколуваат правилата за јавни набавки и се отвора простор за неконтролирано трошење на над 20 милиони евра јавни средства преку посебна фондација. Мојсоска обвини дека со законот се концентрираат ...

Кураторката и програмска уредничка на „Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата“, Биљана Тануровска-Ќулавковски, упати отворено писмо до пратениците во Собранието со повик да не го поддржат Предлог-законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“. Таа предупредува дека предложеното законско решение овозможува формирање фондација чии набавки би биле изземени од Законот за јавни ...

Само еден ден откако Владата најави ново задолжување преку МЕПСО, М-НАВ и Лотарија, Мицкоски се пофали дека Македонија има повисок економски раст од просекот на Европската Унија. Ако економијата навистина бележи таков раст, тогаш зошто државата од месец во месец бара нови задолжувања, додека граѓаните плаќаат сè поскапа храна, повисоки сметки и живеат со сè понизок животен стандард, прашуваат од Левица. Ако економијата навистина е толку ...

Според законот, не може да се земе и гранција во имот (пет милиони евра) и да биде одземен пасошот. Или едното или другото, ни изјавија од судот во Струга. БИТОЛА – Основниот суд во Струга му го врати пасошот на обвинетиот бизнисмен Борче Марковски обвинет за злоупотреби со јавните набавки во РЕК „Битола“. Оваа информација за „Независен“ лично ја потврди претседателот на Основниот суд Струга, судијата Вулнет Винца. „Пасошот на обвинетиот ...

Само неколку дена откако Гостивар беше ставен пред ризик од хепатит А, жолтица и други заразни заболувања поради фекално загадената вода, ДПМНЕ објави соопштение во кое се пофали со „историски“ капитални инвестиции во водоснабдување, канализација и пречистителни станици. Во нивното соопштение нема ниту збор за тоа како држава што тврди дека инвестира стотици милиони евра во водната инфраструктура дозволи илјадници граѓани со недели да ...

Собранието на Црна Гора ги усвои измените на Законот за здравствено осигурување со кои жените со секундарна дисменореја и болни менструални циклуси имаат право на два дена платено отсуство месечно. Тоа право, како што пренесува „Вјести“, се однесува на жените кои имаат болни менструални циклуси предизвикани од органски причини, како што се ендометриоза, миоми, полипи и други гинеколошки заболувања. Инцијативата за измени во законот ја ...

Во 2022 година, Мицкоски тврдеше дека поскапувањето на парното е пљачка на граѓаните, дека е последица на лоповлук и дека семејствата ќе плаќаат и до 120 евра повеќе годишно. Денес, кога Мицкоски е премиер, за само осум месеци им приреди на скопјани две последователни поскапувања – 5,9% од декември 2025 година и нови 5,96% од август 2026 година, односно кумулативно зголемување од приближно 12,2%. Додека беше во опозиција, поскапувањето беше ...

Адвокатот Жаре Стеваноски соопшти дека до Државната комисија за спречување на корупцијата и до Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднел пријави против претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп и општински советник Христијан Тунески, како и против членови на Комисијата за финансирање и буџет и лица поврзани со две здруженија на граѓани. Според Стеваноски, пријавите се однесуваат на сомнежи за судир на интереси, ...

weather icon

Скопје

33ᴼ / 33ᴼ
4.01
19%
1010
weather icon

Белград

32ᴼ / 32ᴼ
6.82
39%
1012
weather icon

Загреб

37ᴼ / 37ᴼ
1.93
25%
1011
weather icon

Софија

30ᴼ / 30ᴼ
3.21
27%
1012
weather icon

Сараево

36ᴼ / 36ᴼ
5.95
25%
1010
weather icon

Љубљана

36ᴼ / 35ᴼ
0.89
31%
1013
weather icon

Атина

34ᴼ / 32ᴼ
4.47
35%
1010
weather icon

Тирана

34ᴼ / 34ᴼ
4.02
28%
1012
weather icon

Подгорица

34ᴼ / 34ᴼ
2.11
30%
1011
weather icon

Букурешт

35ᴼ / 34ᴼ
4.92
29%
1012
weather icon

Будимпешта

41ᴼ / 37ᴼ
2.68
21%
1011
weather icon

Истанбул

29ᴼ / 28ᴼ
5.88
100%
1011
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.5744

Currency

38.0006

Currency

65.9708

Currency

7.88813

Currency

0.65758

Currency

0.33763

Currency

0.52419

Currency

1.11911

Currency

0.55999

Платина

56135.20

Паладиум

43499.96

Сребро

1994.05

Иридиум

252383.36

Цинк

0.00

Калај

56.46

Злато

136962.18

Алуминиум

3.25

Кобалт

56.29

Бакар

13.51

Рутениум

53852.50

Родиум

274085.11