Пратеникот од Амар Мециновиќ најави дека Левица пристапи кон амандманска блокада на Предлог-изборниот законик доколку актуелниот текст не биде повлечен и не се предложи ново решение зад кое ќе стои поширок политички консензус. Во изјава за ТВ Алсат, Мециновиќ оцени дека изборните правила се темелот на демократскиот процес и дека тие не смеат да бидат донесени еднострано од власта. „Граѓаните треба да знаат дека правилата на игра ги одредува ...

Советникот на Левица во Општина Аеродром, Михајло Димовски, ја обвини локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Митески дека не ги исполнила предизборните ветувања за изградба на нови паркинг места, оценувајќи дека состојбата со паркирањето во општината останува непроменета. Според Димовски, и покрај ветувањата за изградба на илјадници нови паркинг места, жителите на населбата Ново Лисиче и понатаму секојдневно трошат по ...

Додека Кина гради фарми без луѓе, со роботи кои опрашуваат цвеќиња и дронови кои дозираат вода до милиметар, македонското земјоделство сè уште во голема мера се потпира на рачен труд и искуство пренесено низ генерации. Во округот Веили, Шинџианг, неуправувана фарма за памук на 200 хектари интегрира воздушни и наземни роботи, интернет на нештата и АИ системи за 75 проценти автоматизација, со принос од околу 7,9 тони по хектар, далеку над ...

Левица обвини дека, покрај случаите со нелегална сеча на Лопушник и Јабланица, масовно уништување на шумите се случува и во резерватот „Јасен“, оценувајќи дека надлежните институции не преземаат мерки, а раководството на ЈП „Македонски шуми“ молчи. Партијата посочува дека во јавноста се појавиле снимки од емисијата „КОД“, на кои, како што наведува, се гледаат купишта исечени дрвја подготвени за транспорт, опустошени делови од шумата и ...

Уставниот суд на 8 јули ќе ја разгледува иницијативата на политичката партија Левица, со која се оспоруваат повеќе одредби од Изборниот законик што се однесуваат на платеното политичко рекламирање во медиумите. Информацијата ја потврдија од Уставниот суд, откако вчера за „Антропол“ беше посочено дека предметот е веќе во постапка и дека дополнително ќе биде соопштено кога ќе се најде на дневен ред. Според писмениот одговор од Судот, ...

Пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, кој беше дел од работната група за подготовка на новиот Изборен законик во Министерството за правда, преку објава на социјалните мрежи изнесе серија забелешки за начинот на кој се одвивал процесот на подготовка на законските измени. Тој напиша дека јавноста се доведува во заблуда со тврдењата дека постоел широк политички консензус, наведувајќи дека во конечниот текст се нашле решенија за кои никогаш не било ...

Координаторот на пратеничката група на Левица, Борислав Крмов, на денешната пленарна седница реагираше на начинот на кој се носи Изборен законик, обвинувајќи дека јавноста е доведена во заблуда со тврдењата дека за текстот бил постигнат широк политички консензус. Крмов истакна дека седницата е свикана спротивно на Деловникот на Собранието, кој предвидува пратениците да ги добијат материјалите најмалку десет работни дена пред расправата, но ...

Дел од јавноста бара одговор зошто Скопје не покренува иницијатива за помош кон Венецуела по разорниот земјотрес што се случи пред неколку дена. Дипломираниот металуршки инженер, Златко Тренчевски потсетува на трагедијата што го снајде македонскиот главен град во 1963 година кога бевме во слична ситуација. Не треба да заборавиме за светската солидарност, за државите кои му подадоа рака на Скопје и за тоа како целиот свет помогна нашиот град ...

На Скопско лето, денеска (30 јуни) со почеток од 20:30 часот, во семејна куќа на ул. Атинска во Скопје, ќе се отвори изложбата „Поместени граници“ на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ). Кураторка е Гордана Велков, која создава концепт насочен кон индивидуалните мемории, предлагајќи изложбен простор во семејна куќа во населбата Тафталиџе. Концептот „Разбудени сеќавања“ овозможува поместување на границите во ликовниот израз ...

Неодамна завршија најновите археолошки истражувања на локалитетот Велушка Тумба кај селото Породин во Пелагонија, при што беа откриени исклучително значајни наоди што отвораат нови сознанија за животот на првите земјоделски заедници на овие простори пред околу 8000 години. Истражувањата се реализираат во соработка меѓу Н.У. „Завод и музеј“ – Битола и Центарот за истражување на предисторијата, со учество на Германскиот археолошки институт и ...

Би сакал да дадам свое мислење околу забраната за движење во шума како една од законските мерки за спречување на шумските пожари. Како планинар повеќе од 50 годони, како научен истражувач повеќе од 35 години, како човек вљубеник во планината, како судски вештак од областа на шумарството и еколошкиот имжинеринг, изработувач на голе број трудови , студии, проекти поврзани со шумарството, екологијата и заштитата на животната средини. Сметам дека ...

На денешната седница на Собранието, пратеникот Амар Мециновиќ образложи зошто Левица нема да го поддржи Предлог-законот за игрите на среќа, каде пратениците интервенираа со 13 амандмани: „Јавноста мора да знае дека амандманите кои беа прифатени, тој кои се гласаа со консензус се амандманите кои Левица им ги гласаше на ВМРО-ДПМНЕ, а власта од тринаесет амандмани на Левица не прифати ниеден. Јас до ден денес не знам зошто некој би имал против ...

Собранието денеска го усвои владиниот Предлог-закон за игрите на среќа, при што беа одбиени сите амандмани поднесени од пратеничката група на Левица. Во расправата, пратеникот на Левица Реџеп Исмаил оцени дека самиот назив на законот – „Закон за игрите на среќа“ – претставува еуфемизам со кој се прикрива комерцијализацијата на, како што рече, „порок што предизвикува разорни социјални последици“. „Минатата година прометот во објектите за ...

Постапката по иницијативата што ја поднесе Левица за оценување на уставноста на член 76-д од Изборниот законик, кој се однесува на финансирањето на платеното политичко рекламирање, веќе е започната, потврдила портпаролката на Уставниот суд во разговор со „Антропол“. Според информациите што ги добивме од Уставниот суд ни беше посочено дека, според електронскиот систем, предметот е во постапка, но дека за попрецизни информации е потребна ...

Репрезентативецот на Алжир, Ријад Марез, се најде во фокусот на јавноста по драматичниот и контроверзен натпревар против Австрија, кој заврши со 3-3 и на двете селекции им донесе пласман во осминафиналето. Најголемата драма се случи во финишот од мечот. Марез во 93. минута постигна гол за водство на Алжир од 3-2, резултат кој ја оставаше Австрија пред елиминација. Сепак, само три минути подоцна австриската селекција стигна до израмнување, а ...

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против 51-годишен маж, кој е осомничен за убиство на својата 48-годишна сопруга, прикривање на нејзиното тело и лажно пријавување дека исчезнала. Според Обвинителството, злосторството се случило на 25 јуни во атарот на селото Летевци. Осомничениот вечерта ја зел сопругата од нејзиното работно место и со автомобил ја однел на тешко пристапен терен, каде што физички ја нападнал. Во ...

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, на денешната прес-конференција порача дека не е постигнат консензус за предложените измени на Изборниот законик. „Во ниту еден момент не се постигна консензус за ваков Изборен законик“, истакна Апасиев, додавајќи дека останале пет клучни прашања кои не биле затворени по работните состаноци: условите за независните кандидати по одлуката на Уставниот суд, електронското гласање на дијаспората, ...

29 јуни 2026 | Антропол На 3 јануари 2026 година, американските специјални сили влегоа во Каракас и го киднапираа венецуелскиот претседател Николас Мадуро. Официјалното оправдување беше „борба против нарко-трафикантите”. Но Трамп не го криеше вистинскиот мотив: Венецуела поседува 17 отсто од вкупните светски нафтени резерви — 300 милијарди барели. Уште на 6 јануари, САД почнаа да ја продаваат венецуелската нафта на глобалниот пазар, а сите ...

Во насока на справување со најавените високи температури, Сојузот на синдикатите на Македонија бара од работодавачите да ги почитуваат марките за безбедност и здравје при работа , да го намалат и исклучат работењето на отворено за работниците во најтоплите делови од денот , како и да ги обезбедат сите средства и мерки за заштита на животот и здравјето на работниците во овие услови. Потребно е да се почитуваат мерките на заштита и ...

Спомен-плочата на Гаврило Принцип, поставена во Сараево во спомен на Видовденскиот атентат од 1914 година, станала симболичен воен трофеј на нацистичка Германија. Кога трупите на Вермахтот во април 1941 година го окупирале Сараево, една од нивните први акции била отстранувањето на ова обележје од ѕидот кај Латинскиот мост. За Адолф Хитлер, тоа парче камен не било само локален споменик, туку симбол на почетокот на Првата светска војна и на ...

Кина го објави својот 15. петгодишен план за изградба на нов енергетски систем, со кој земјата поставува високи цели за зголемување на производството на електрична енергија од обновливи и нови енергетски извори. Според планот, до 2030 година вкупниот инсталиран капацитет за производство на електрична енергија во Кина треба да достигне 5,4 милијарди киловати. Од оваа бројка, повеќе од 50 отсто се очекува да доаѓаат од нови извори на ...

Универзитетот за пријателство меѓу народите „Патрис Лумумба“ е основан на 5 февруари 1960 година во Москва како еден од клучните проекти на Советскиот Сојуз за поддршка на антиколонијалните движења ширум светот. Веќе следната година, универзитетот го добива името на брутално убиениот лидер и херој на независноста на Конго, Патрис Лумумба, што претставувало јасен политички сигнал за поддршка на новоформираните држави од Глобалниот Југ. Иако по ...

Капитенот на иранската фудбалска репрезентација, Мехди Тареми, упати жестоки критики кон ФИФА и американските власти по ремито 1-1 против Египет на Светското првенство, оценувајќи дека неговата селекција е третирана неправедно и дека организаторите би сакале Иран да биде елиминиран од турнирот. По натпреварот во Сиетл, Тареми повторно го нарече шампионатот „катастрофално Светско првенство“, алудирајќи на проблемите со визите, ограничувањата ...

Неколку еколошки организации од Југоисточниот регион и од други делови на Македонија упатија заедничко барање до Владата, повикувајќи ја да донесе конечна одлука за поништување на концесиите за рудникот Иловица-Штука. Тие оценуваат дека проектот претставува сериозна закана за животната средина, здравјето на граѓаните и иднината на регионот, а најавуваат и поширок граѓански отпор доколку нивното барање не биде прифатено. Во заедничката ...

Крум Велков, преку објава на социјалните мрежи, остро реагираше на одлуката на Владата за враќање на концесиите за рудникот Иловица-Штука, оценувајќи дека таа е „суштински нелегитимна“ и „коруптивна“. Во објава на Фејсбук тој наведе повеќе причини за ваквиот став, меѓу кои се противењето на локалните самоуправи и граѓаните на Југоисточниот регион, обвинувања за влијание на рударското лоби и критики кон судските институции и Владата. Велков ...

Пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, преку објава на социјалните мрежи, жестоко го критикуваше Предлог-ребалансот на Буџетот, оценувајќи дека наместо развојни политики, документот предвидува нови задолжувања, зголемени тековни расходи и средства кои, според него, се насочени кон политичко преживување на Владата. Тој тврди дека најголемиот дел од дополнителните средства се пренаменуваат за локални инфраструктурни проекти, кои ги оцени како ...

Под раководство на копретседателите Арбјан Мазнику и Лучиано Бочи, Посебната парламентарна комисија за административно-територијална реформа одржа јавна расправа во Корча, во рамките на процесот на јавни консултации за административно-територијалната реорганизација на Република Албанија. Претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција Васил Стерјовски учествувајќи на јавната расправа за албанската ...

Синиот устав (шпан. Constitución Azul) претставува важечки Устав на Боливарската Република Венецуела, усвоен на народен референдум во декември 1999 година. Со дури 350 членови, ова е еден од најдолгите и најпрогресивните уставни документи во светот. Својот препознатлив прекар го добил по книшка со карактеристични сини корици, која поранешниот претседател Уго Чавез постојано ја носел со себе, претворајќи ја во моќно политичко оружје и симбол ...

По катастрофалните земјотреси што во среда навечер го погодија северниот дел на Венецуела, повеќе од 50.000 лица се водат како исчезнати, додека спасувачките екипи се тркаат со времето во обид да пронајдат преживеани. Според најновите податоци од веб-страница за онлајн пријавување на исчезнати лица, вкупно 57.704 лица се пријавени како исчезнати, 7.591 се пронајдени, а 50.113 сè уште се водат како недостапни. Платформата им овозможува на ...

Левица реагира дека предложениот ребаланс на Буџетот не претставува поттик за нови инвестиции, туку, како што оценуваат од партијата, создава услови за предизборно трошење на јавни средства. Според Левица, Владата тврди дека со ребалансот ќе се овозможат повеќе инвестиции, но распределбата на средствата, како што велат, покажува поинаква слика. Од партијата посочуваат дека значителен дел од средствата се пренасочуваат кон општините, што ...

weather icon

Скопје

33ᴼ / 33ᴼ
4.01
19%
1010
weather icon

Белград

32ᴼ / 32ᴼ
6.82
39%
1012
weather icon

Загреб

37ᴼ / 37ᴼ
1.93
25%
1011
weather icon

Софија

30ᴼ / 30ᴼ
3.21
27%
1012
weather icon

Сараево

36ᴼ / 36ᴼ
5.95
25%
1010
weather icon

Љубљана

36ᴼ / 35ᴼ
0.89
31%
1013
weather icon

Атина

34ᴼ / 32ᴼ
4.47
35%
1010
weather icon

Тирана

34ᴼ / 34ᴼ
4.02
28%
1012
weather icon

Подгорица

34ᴼ / 34ᴼ
2.11
30%
1011
weather icon

Букурешт

35ᴼ / 34ᴼ
4.92
29%
1012
weather icon

Будимпешта

41ᴼ / 37ᴼ
2.68
21%
1011
weather icon

Истанбул

29ᴼ / 28ᴼ
5.88
100%
1011
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.5744

Currency

38.0006

Currency

65.9708

Currency

7.88813

Currency

0.65758

Currency

0.33763

Currency

0.52419

Currency

1.11911

Currency

0.55999

Калај

56.46

Иридиум

252383.36

Бакар

13.51

Алуминиум

3.25

Кобалт

56.29

Родиум

274085.11

Паладиум

43499.96

Злато

136962.18

Рутениум

53852.50

Платина

56135.20

Сребро

1994.05

Цинк

0.00