Скопје
32ᴼ /
32ᴼ
Со повеќе активности, библиотеката „Григор Прличев“ од Охрид го одбележа раѓањето на поетот Ванчо Николески, роден на 10 јуни 1912 година во селото Црвена Вода. По тој повод, библиотекарите Бети Лазоска-Симоноска, Коста Трифуноски и Милчо Јованоски одржаа средба со учениците од ООУ „Ванчо Николески“ во охридското село Лескоец, на кои им презентираа интересни факти поврзани со животот и делото на патронот на нивното училиште. – Во годината ...
Познатиот кинески уролошки хирург д-р Гу Ди, од Првата придружна болница при Медицинскиот универзитет во Гуангџоу, неодамна престојуваше во Македонија, каде што ги пренесе своите искуства и напредните техники од областа на роботската хирургија. Со оваа посета, на пациентите во земјава им се доближуваат најсовремените медицински достигнувања и методи на лекување, кои се применуваат во реномирани здравствени установи ширум светот. Воедно, ...
Изложбата на слики посветени на големиот македонски уметник Петар Мазев (1927. Кавадарци – 1993. Скопје), од приватната колекција на Игор Станковиќ, насловена „Сага за творечките немири“ отворена е на 12. јуни во Белград во Галеријата на МТС Дворана. Изложбата е отворена во рамките на одбележувањето на 30 години македонско-српски дипломатски односи, а изложбата, која вклучува 10 уметнички дела може да се види до 12 јули. Изложбата е ...
Фестивалот на француски филм започнува утревечер во Скопје, носејќи четири бесплатни проекции и можност публиката одблиску да се сретне со француски режисери и актери. Годинашното издание е посветено на Корзика, а програмата ќе се одржува во киното „Синеплекс“ и во Кинотеката. Отворањето е закажано за 17 јуни во 19 часот со проекцијата на филмот „Кралство“ во режија на Жилиен Колона. По прикажувањето, посетителите ќе имаат можност да ...
Присуството на премиерот Христијан Мицкоски на свеченото отворање на приватен старечки дом е симболично признание за еден длабок неуспех на државата: грижата за старите лица, како една од основните социјални функции, целосно е препуштено на приватниот капитал и неговиот интерес за профит. Додека цела Влада сече ленти на отворање на приватни бизниси, државните капацитети на оваа јавна услуга се целосно девастирани. Во цела држава постојат само ...
Присуството на премиерот Христијан Мицкоски на свеченото отворање на ПРИВАТЕН старечки дом е симболично признание за еден длабок неуспех на државата: грижата за старите лица, како една од основните социјални функции, целосно е препуштено на приватниот капитал и неговиот интерес за профит, реагираат од Левица. Додека цела Влада сече ленти на отворање на приватни бизниси, државните капацитети на оваа јавна услуга се целосно девастирани. Во ...
Директорката на Националното разузнавање на САД, Тулси Габард, објави нови декласифицирани информации според кои американската влада со години финансирала повеќе од 120 биолаборатории во над 30 држави ширум светот. Меѓу нив се и лаборатории во Украина, за кои постоела загриженост дека би можеле да бидат изложени на ризик поради воените дејствија во земјата. Од Канцеларијата на директорот на Националното разузнавање соопштија дека ...
Во град кој секое лето се претвора во бетонска печка, каде температурите редовно надминуваат 40 степени, аква паркот во Скопје веќе три години постои само како ветување. Она што требаше да биде едно од ретките места за рекреација и разладување на граѓаните, стана симбол на неспособноста институциите да реализираат проект кој одамна е изграден и треба да биде во функција. Особено иритира фактот што директорот, Данијел Апостоловски, со години ...
Членот на Централниот комитет на Левица, м-р Круме Богевски, оствари значајна средба со радикалниот кинески функционер Џоу Чианг во Палатата на народот (кинеското Собрание) во Пекинг. На средбата се отворија клучни прашања за кршење на економската зависност на Македонија преку продлабочување на трговската размена со НР Кина, искористување на кинеските капацитети за крупни инфраструктурни проекти на локално ниво, како и за интензивирање на ...
Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, на денешната прес-конференција алармираше за сериозниот проблем со недостигот на лекот ‘фактор 8’, неопходен за лицата со хемофилија. „Повеќе од една година лицата со хемофилија живеат во вистинска голгота поради недостигот на лекот ‘фактор 8’. Уште од мај минатата година, кога беше раскинат тендерот за овој лек, пациентите постојано добиваат ограничени количини, далеку под нивните реални потреби“, ...
Околу 15 тони млеко дневно остануваат неоткупени во Делчевско, откако млекарниците „Осогово Милк“ и „Малеш“ престанале да го преземаат производството од локалните сточари. Земјоделците велат дека не ги знаат причините за ваквата одлука, која сериозно ја загрозува нивната егзистенција. Сточарите бараат Владата итно да интервенира и да понуди решение во рок од 48 часа. Тие предупредуваат дека, доколку не се преземат конкретни мерки, ќе ...
Мултимедијалната изложба „Ткаени приказни – трансценденција на времето“, проект на ЈНУ Институтот за фолклор „Марко Цепенков“, финансиран од страна на Министрството за култура и туризам ќе биде отворена денеска во изложбениот простор на „Младинскиот културен центар“ – Скопје во 20 часот. Со посочениот проект, се наведува во соопштението на Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ – Скопје, сакаме да ја запознаеме пошироката јавност со ...
Јоаким Јовановски го понесе признанието најдобар боксер на шестото издание на Меморијалниот меѓународен турнир „Мирослав Петровиќ“ што овој викенд се одржа во Куманово. Јовановски од Боксерскиот клуб (БК) „Куманово – 84′ ја освои наградата во силна конкуренција со учество на боксери од 15 земји, кои имаа свои натпреварувачи во три возрасни категории. Од шестмината македонски боксери кои се пласираа во финалето, Јовановски го освои златниот ...
Институтот за експоненцијални технологии СЕФИДАНИС од Охрид пријатно изненади со печатено издание на футуристичкиот роман “Oхридски преданија од иднината”, сочинет од 15 раскази креирани од вештачка интелигенција (ВИ). Книгава на некој начин е континуитет од проектот “Охридски преданија од инднината” со којшто Анис Сефиданис настапи во серијата настани организирани од познатото “Форт кафе” покрај Самоиловата тврдина во Охрид во 2022 година, ...
Националниот парк „Галичица“ на 21 јуни 2026 година (недела) ги кани заинтересираните да поминат незаборавен ден исполнет во природа, со рекреација и со автентичните вкусови од Преспа и од Охрид. Станува збор за настанот „Тур де Галичица 2026“, кој ќе се одржи на Липова Ливада, во рамките на НП „Галичица“. – Посетителите ќе имаат можност да уживаат и во саем на локални производи, каде што ќе бидат претставени традиционални и домашни производи ...
Во Домот на кулурата во Ресен, поранешен Сарај на Нијази-бег, поставена е изложба фотографии од Али Фети-Окјар (1881-1943) кој во два наврата бил премиер на Турција, претседател на турскиот парламент, министер за внатрешни работи и за правда, турски амбасадор во Франција, Велика Британија и балканските држави, пратеник во Парламентот во пет мандати. Тој бил роден во Прилеп, а го нарекувале Македонецот, што говори за неговата љубов кон родната ...
Во атмосфера исполнета со емоции, спортски дух и другарство, се одржа првиот меморијален баскет турнир посветен на прерано починатиот Кирил Слезенковски, а во организација на Црвена Младина, неговото семејството и другарите. Турнирот собра голем број негови блиски кои преку спортот му оддадоа почит на човекот кој зад себе остави неизбришлива трага во заедницата. Присутните се потсетија на ликот и делото на Кирил, кој беше препознатлив по ...
Со новиот правилник за снабдување со електрична енергија, РКЕ повторно отвора простор за незаконско фактурирање врз основа на претпоставена потрошувачка, односно паушални сметки, во случаи кога броилото не било отчитано, реагираат од Левица. Иако, Законот за енергетика е јасен, согласно член 185 став 2, фактура врз основа на претпоставена потрошувачка може да се издаде само „ако не е извршено мерење на потрошената електрична енергија“. Во ...
Пратеникот на Левица, Реџеп Исмаил, во своето обраќање на собраниската расправа по интерпелацијата на министерот за земјоделство Цветан Трипуновски, оцени дека причините за долгогодишната криза во македонското земјоделство треба да се бараат во самата структура на Министерството, кое, според него, е претворено во бирократски апарат наместо во институција што активно ги поддржува земјоделците. Анализирајќи ги организациската структура и ...
Собранието вчера ја избра Катерина Зајковска за нов член на Државната комисија за спречување на корупцијата, со што продолжува практиката на скандалозни кадровски екипирања на оваа институција, реагираат од Левица. Токму Катерина Зајковска, како вработена во одделот задолжен за контрола на финансирањето на политичките партии, учествуваше во прикривањето на фирмата „Буст ДООЕЛ“, поврзана со синовите на поранешната членка на ДКСК, Цвета ...
Мики Крстев преку објава на социјалните мрежи, предупредува дека Македонија се соочува со сериозна криза во земјоделството и постепено ја губи способноста самостојно да ги обезбеди основните прехранбени потреби на населението. Во својата објава, тој посочува дека обработливите површини се намалуваат, производството и откупот бележат пад, а бројот на говеда, овци и живина континуирано се намалува. Крстев смета дека наместо стратешки да ...
Собранието во вторникот ја констатираше оставката на вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи, со што формално заврши неговиот мандат во Владата по повеќемесечно отсуство од јавноста и од владините седници. Фетаи оставката ја поднесе на 1 јуни, наведувајќи дека функцијата ја напушта „со крената глава и чиста совест“. Неговото заминување доаѓа по период на политичка неизвесност, во кој не присуствуваше на владините седници, а премиерот ...
На собраниската расправа за интерпелацијата на министерот за земјоделие Цветан Трипуновски, пратеникот на Левица Борислав Крмов оцени дека по речиси две години мандат, Владата не само што не ги решила клучните проблеми во земјоделството, туку состојбата дополнително се влошила. Според Крмов, најголемиот проблем не се аферите, ниту блокираните европски фондови, туку фактот што Македонија постепено го губи сопственото производство на храна. ...
Првата бугарска комеморативна монета од две евра, која требаше да го одбележи влезот на Бугарија во еврозоната, е блокирана поради приговор од земја-членка на Европската Унија. Спорот се однесува на дизајнот на монетата посветена на кирилицата, а идентитетот на државата што го поднела приговорот засега не е познат. Според достапните информации, бугарските власти предложиле монета која ја нагласува кирилицата како „бугарска азбука“, со што ...
Текстот е превземен од порталот Фактор Во последно време многу се говори за дата центри, и се шпекулира за потребата и можните ризици од нивната изградба, па затоа најпрво стручно да објасниме што се дата центри, како се разликуваат од т.н. серверски фарми, што е потребно од природни ресурси за истите да функционираат и кои се најголемите грижи што ги прават спорни. „Доколку се изградат дата центри за обработка на податоци на државни ...
Српската Партија Радикална Левица (ПРЛ) соопшти дека по вчерашниот протест во поддршка на палестинскиот народ и против изградбата на фабрика за беспилотни летала на израелската компанија „Елбит“, биле приведени 13 активисти, меѓу кои и повеќе членови и функционери на партијата и на Работничка омладина. Од ПРЛ тврдат дека полицијата од самиот почеток на протестот се обидувала да предизвика инциденти, да ги заплашува учесниците и да спроведе ...
Пратеникот на Левица, Реџеп Исмаил, на вчерашната собраниска расправа за интерпелацијата на министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски, оцени дека македонското земјоделство се соочува со сериозен пад на производството и бројот на земјоделци, и покрај тоа што државата со години издвојува значителни средства за субвенции и поддршка на секторот. Во своето излагање, Исмаил го постави прашањето за ефикасноста на досегашните политики во ...
Во 2015 се произведувало од 316 до 390 милиони литри сурово млеко. Во 2026 паднато е на 220 милиони литри. Годинава се движи кон 100 милиони литри помалку. Млекарниците се пуштени слободно да манипулираат со цената. Производителите на млеко, фармерите не можат да си ги покријат ниту трошоците, па принудени се кравите да ги даваат на кланици и да ги продаваат. Слично е и со раноградинарските култури. Како лани, така и оваа година се ...
Силни експлозии се регистрирани на неколку стратешки локации долж еден од најчувствителните поморски премини во светот, Ормускиот теснец. Иранските државни медиуми јавуваат за инциденти на островот Кешм, во градот Бандар Абас и во округот Џаск, области кои имаат клучно воено и стратешко значење за иранската одбрана и поморска инфраструктура. Според истите извори, експлозиите се случиле во текот на ноќта, а трите локации се сметаат за дел од ...
На денешната собраниска седница на која се расправаше за Интерпелацијата на Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, претседателот и пратеник од Левица, проф. д-р Димитар Апасиев, се осврна на катастрофалната состојба во македонското земјоделство, нефункционалните системи за наводнување, уништувањето на сточниот фонд, увозната зависност од храна и политиките кои, наместо производителите, ги фаворизираат ...