Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Советничката Милица Давчева од Левица на седницата за советнички прашања во Советот на Град Скопје, нагласи дека додека Ѓорѓиевски одолговлекува, тактизира и се премислува околу дивиот пешачки премин на Бит-пазар, граѓаните ја плаќаат цената на неговата неодлучност. Како доказ за тоа, таа ја посочи сообраќајната незгода од минатата недела, кога двајца пешаци беа повредени токму на овој проблематичен и небезбеден пешачки премин. Вие пред некое ...
На денешната собраниска седница на која се расправаше за Интерпелацијата на Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, претседателот и пратеник од Левица, проф. д-р Димитар Апасиев, се осврна на катастрофалната состојба во македонското земјоделство, нефункционалните системи за наводнување, уништувањето на сточниот фонд, увозната зависност од храна и политиките кои, наместо производителите, ги фаворизираат ...
Поранешната претседателка на Советот за македонски јазик, Симона Груевска, јавно ги отфрли тврдењата на министерот за култура и туризам дека нејзината неотповиклива оставка била поднесена од „лични причини“. Во објава на социјалните мрежи, таа обвини за институционална негрижа, игнорирање и политички притисоци, тврдејќи дека за една и пол година немала ниту една средба со министерот, дека активностите за одбележување на 80 години од ...
Здружението „Инженери на Република Македонија“ поднесе иницијатива до Уставниот суд со која бара оценка на уставноста и законитоста на член 32 од Правилата за снабдување со електрична енергија, донесени од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) во мај годинава. Според иницијативата, оспорениот член не е во согласност со член 185 став 2 од Законот за енергетика, како и со повеќе одредби од Уставот кои се однесуваат на владеењето на ...
Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, обвини дека директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Оливер Миланов, повеќе од една недела не ги објавува имињата на фирмите кои, според наодите на институциите, манипулирале со декларациите на млечните производи. Во видео-објава на социјалните мрежи, Мојсоска поставува прашање дали зад одложувањето стојат други интереси и го повикува министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски, да ...
Западот станува авторитарен, користејќи ги истите алатки за кои некогаш тврдеше дека се ексклузивен домен на неговите непријатели. Се разбира, ништо од ова не е случајност. Тоа е логичен потег на империја која со децении проектираше насилство надвор, додека ја одржуваше фикцијата за својата невиност дома. Западот не е спротивност на авторитарните режими што ги осудува. Западот е сè што ви кажуваше дека се овие „режими“. Западната јавност со ...
Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, побара од Собранието да ги тргне од дневен ред предложените измени на Законот за градење и Законот за урбанистичко планирање, кои се поврзуваат со изградбата на големи дата-центри во државата. Според него, јавноста не располага со доволно информации за проектите, нивните инвеститори, енергетските потреби и економските ефекти, поради што не смее да се носат законски решенија без широка јавна дебата. ...
Работниците во Југоисточна Европа и Балканот имаат најдолги работни недели на континентот, покажуваат најновите податоци анализирани од Euronews врз основа на статистики на Евростат. Меѓу земјите со најмногу работни часови неделно се наоѓа и Македонија, која е веднаш зад Грција. Според податоците за 2025 година, Грција има најдолга просечна работна недела во Европа со 39,6 часа, а веднаш зад неа е Македонија со 39,5 часа неделно. Следуваат ...
Од 1 јуни, хирурзите и анестезиолозите во Општата болница во Струга ги ограничија своите активности исклучиво на итни хируршки интервенции, додека сите планирани операции и неитни случаи се одложуваат до понатамошно известување. Според нив, ваквата одлука е резултат на долгогодишни нерешени проблеми поврзани со пресметката и исплатата на нивниот труд, како и поради отсуството на слух од надлежните институции за решавање на овие прашања. ...
Пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, обвини дека Министерството за енергетика не му доставило копија од Меморандумот за соработка во енергетиката што министерката Сања Божиновска го потпишала во Вашингтон во април годинава, и покрај тоа што документот бил побаран преку писмено пратеничко прашање. Според Исмаил, наместо увид во содржината на меморандумот, од Министерството добил одговор со, како што наведува, „нејасни формулации за можни ...
Синдикатот на УПОЗ жестоко реагираше на предлог-законите за судска служба и јавнообвинителска служба кои се доставени во Собранието, оценувајќи дека нивната содржина значително отстапува од решенијата што биле усогласувани повеќе од две години со претставниците на синдикатите. Од Синдикатот на УПОЗ велат дека законските текстови биле испратени во законодавниот дом без согласност на синдикатот и спротивно на верзиите кои биле заеднички ...
Советничката од Левица во Советот на Град Скопје, Евгенија Станкоска, жестоко реагираше на новиот начин на работа што го наметнува мнозинството предводено од ДПМНЕ. Наместо советничките прашања да бидат алатка за непосредна контрола на градоначалникот и градската администрација, ДПМНЕ воведува апсурден модел во кој сите прашања однапред се поставуваат, по што следува пауза од 20 минути за подготовка на однапред смислени одговори. Наместо ...
Советникот од Левица во Советот на Општина Тетово, Боби Илиевски, реагира на одлуката на Советот на Општина Тетово да одобри префрлање на 1.144.484 денари од општинскиот буџет за покривање на даночни обврски на Арабати Баба Теќе, оценувајќи дека станува збор за неодговорно трошење на јавни средства во услови на сериозни проблеми со кои се соочуваат граѓаните. Од партијата посочуваат дека додека жителите на Тетово се соочуваат со проблеми ...
Емил Јанчески во објава на социјалните мрежи ја анализираше марксистичката перспектива за преминот од капитализам кон социјализам, оценувајќи дека таквиот процес не може да се одвива мирно и автоматски. Според него, историското искуство покажува дека владејачките економски и политички елити не се откажуваат доброволно од својата моќ, туку пружаат отпор кон секое движење што ги доведува во прашање постојните односи на сопственост и ...
Соединетите американски држави (САД) создадоа вистински хаос уште пред да почне топката да се тркала по теренот. Тоа низ што минуваат играчите, навивачите, судиите, новинарите, фотографите е ненормално, срамно. Американската параноја доведе до невидена лудост пред почетокот на Првата светска војна. Она што се случува со фудбалската делегација и навивачите е навистина ужасно и многу тажно бидејќи ова е најсрамниот првпат досега. Фудбалерите ...
Политичката партија Левица реагира по сведоштвата на граѓани за наводна незаконска наплата за влез на локалитетот Куклица кај Кратово, оценувајќи дека еден од најпознатите природни феномени во Македонија со години е оставен на „самоволие, узурпација и институционална негрижа“. Од партијата посочуваат дека локалитетот, познат како „Камените кукли“, е заштитена природна реткост и значаен дел од македонското природно наследство, но и покрај ...
Поранешната претседателка на Советот за македонски јазик, Симона Груевска-Маџоска, јавно ги отфрли тврдењата на министерот за култура и туризам дека нејзината оставка била поднесена од лични причини. Во објава на социјалните мрежи, таа обвини за институционална негрижа кон македонскиот јазик, посочувајќи дека за време на нејзиниот мандат немала ниту една средба со министерот, а клучни законски обврски и стратешки документи биле одложувани ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, го презентираше двегодишниот отчет за работата на законодавниот дом, при што вниманието на јавноста го привлече фактот дека во официјалната публикација албанскиот јазик е наведен пред македонскиот, по примерот на неговиот претходник Талат Џафери. На презентацијата не присуствуваше ниту еден пратеник од опозицијата, иако Гаши изјави дека покана била упатена до сите парламентарни групи на последната ...
Политичката партија Левица ја обвини Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски дека се откажала од ветувањата дадени додека беше во опозиција во однос на договорот со „Бехтел и Енка“, и наместо негово репреговарање обезбедува нови задолжувања за финансирање на истиот проект. Од Левица потсетуваат дека ВМРО-ДПМНЕ во опозицискиот период договорот го претставувала како пример за криминал, нетранспарентност и штетно трошење на јавните ...
Став на Тања Мицков Во Македонија ништо не се менува побрзо од опозиционерските ставови кога ќе седнат во министерска фотелја. До вчера „системот“, таа топка што наизменично си ја подаваат едните на другите, беше виновен за сè. Денес, ете, виновни се актерите. До вчера културата беше столб на општеството. Денес, според новите сметководители на духот, е буџетски проблем. До вчера се бараа повеќе вложувања. Денес ќе броиме глави по ансамбли ...
Левица обвини дека премиерот Христијан Мицкоски ја довел јавноста во заблуда со тврдењето дека не стои зад евентуалното вработување на претседателот на Уставен суд на Република Северна Македонија, Дарко Костадиновски, на универзитетска професорска позиција. Од партијата тврдат дека, по неуспешниот обид за ангажман на Правен факултет „Јустинијан Први“ при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, сега се прават напори тој да биде избран за професор ...
Инженерот Дејан Димовски, преку објава на социјалните мрежи направи споредба меѓу финансиската состојба на државните и приватните компании во енергетскиот сектор, посочувајќи дека државните претпријатија се соочуваат со високи долгови, додека приватните компании бележат огромни добивки. Според Димовски, АД ЕСМ заклучно со 2025 година има обврски во висина од речиси 120 милиони евра, додека компанијата ЕСМ Дистрибуција на топлинска енергија ...
Политичката партија Левица вчера ја одржа својата 30-та редовна сесија на Централниот комитет, на која се дискутираше за актуелната општествено-политичка состојба, во услови кога ДПМНЕ има воведено комплетна десничарска, регресивна и деструктивна политика на централно и на локално ниво. Пред сè поизвесните предвремени парламентарни избори, Левица настапува како единствена опозициска парламентарна партија која има моќ и знаење да ги обедини ...
Претставничка на Левица, Евгенија Станкоска учествуваше на собир на европските левичарски партии посветен на борбата против економската нееднаквост и моќта на крупниот капитал Членката на Централниот комитет на Левица, Евгенија Станкоска, учествувала на меѓународниот настан „Tax the Rich“, кој се одржал во Милано во организација на Европската лева алијанса. Од партијата информираат дека Станкоска била дел од дебатите посветени на растечката ...
Политичката партија Левица ја повика Млекарница Ѓоргиеви да се изјасни дали ќе ја врати наградата за општествена одговорност што ѝ беше доделена од Општина Радовиш, по обвинувањата и сомнежите што деновиве се појавија во јавноста во врска со млечните производи на компанијата. Од Левица потсетуваат дека само пред неколку месеци компанијата била наградена како пример за општествено одговорно работење, а сега нејзиното име се споменува во ...
Став на Дејанчо Анастасов Колку и да звучат уверливо ветувањата за економски развој, нови работни места и долгорочни инвестиции, постои една вистина што никој не може да ја избегне – секој рудник има свој крај. Ниту едно наоѓалиште не е бесконечно, ниту пак постои рударска експлоатација што трае засекогаш. Рудата се исцрпува, профитот се префрла на друго место, машините си заминуваат, а зад нив остануваат последиците со кои со децении, а ...
Политичката партија Левица остро реагираше по повод нападот врз мировната мисија на Обединетите нации во Либан, при кој загина српскиот мировник Милован Јовановиќ, а беа повредени и други припадници на меѓународните сили. Од партијата оценуваат дека нападите врз персонал ангажиран под мандат на ОН претставуваат сериозен удар врз меѓународната безбедност и мировните напори на Блискиот Исток. Во реакцијата, Левица посочува дека во рамките на ...
Членот на Президиумот на Левица, Александар Симонов, преку објава на социјалните мрежи упати жестоки критики кон Владата, обвинувајќи ја дека економските и трудовите политики ги креира според интересите на работодавачите, а не според потребите на работниците. Според него, одбивањето на зголемување на минималната плата, зголемувањето на квотите за странски работници и најавите за ограничување на боледувањата се дел од поширок модел на ...
Продолжувањето на А-интегрираната еколошка дозвола за цементарницата ТИТАН Усје предизвика остри реакции од Левица, од каде обвинуваат дека институциите покажуваат толеранција кон корпорацијата, додека граѓаните и стручната јавност се соочуваат со кратки рокови и ограничен пристап до информациите. Од партијата велат дека јавноста има само 30 дена да ја анализира обемната документација која ќе влијае врз квалитетот на воздухот и здравјето на ...
Универзална сала во моментов е градилиште. Објект што не е довршен. Објект што нема технички прием. Објект што нема употребна дозвола. Објект што, формално-правно и функционално, сè уште не може да ја извршува својата основна дејност. И токму затоа, сосема логично се поставува прашањето: зошто во овој момент е толку итно да се избира директор? Не зборуваме за активна институција со богата програма, преполна сала и десетици вработени. ...