Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на целата држава, полициски службеници лишиле од слобода 17 лица додека со едно лице е извршен службен разговор, поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Десет лица управувале возило без положен возачки испит. Станува збор за Е.С.(34), Р.Ш.(18), Б.К.(19), кој управувал мотоцикл, Б.А.(49) и П.И.(29), сите од Скопје, А.А.(37) од ...
Рускиот претседател Владимир Путин потврди дека ќе присуствува на мировните преговори меѓу Русија и Украина во Абу Даби. Кремљ не ја коментираше изјавата на американскиот претседател Трамп за можен договор меѓу Киев и Москва. „Како што знаете, следната недела, во вторник, во Обединетите Арапски Емирати треба да започнат трилатерални разговори за украинското прашање. Тие постојано ни помагаат во изнаоѓањето решение за украинската криза и ...
Три радиодифузери низ Европа добија безбедносни закани поставени бомби на повеќе летови оваа недела. Во Ирска, седиштето на националниот радиодифузер во Даблин беше евакуирано поради закана за бомба, а преносите во живо беа заменети со претходно снимени програми. Британскиот радиодифузер SKYсоопшти дека и тој добил „безбедносна закана“. И Нова ТВ, приватен радиодифузер во Бугарија добил е-пошта со закана за бомба, а испраќачот тврдел дека ...
По разговорите во Брисел меѓу ЕУ, НАТО, САД и Украина и неколку европски земји, ЕУ и НАТО повторија дека претстои уште многу работа пред да се постигне праведен и траен мир во Украина, иако ја поздравија најновата иницијатива за средба на највисоко ниво на двете страни. „Секој договор треба и да се спроведе, а за негово спроведување е потребна вклученост на Европа. Во однос на ваков договор се поставува како прашање што ќе биде со санкциите, ...
Ракометната федерација на Македонија денеска официјално го претстави Дмитро Хориха како нов член на машката сениорска репрезентација. На прес-конференцијата присуствуваа претседателот на РФМ, Александар Стефанов, и селекторот Кирил Лазаров. Стефанов очекува Хориха да придонесе за квалитетот на националниот тим и за подобри резултати во иднина. „Добиваме ракометар што ќе даде тежина и голем придонес. Тој е во зенитот на својата кариера и се ...
Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска во Министерството за спорт го пречека младиот каратист Марко Џорлев и лично му го честиташе историскиот успех – златниот медал на Светското првенство за кадети, јуниори и постари јуниори (У21), кое се одржа во полскиот град Бјелско-Бјала. Џорлев го освои златото во категоријата до 63 килограми, во дисциплината борби, совладувајќи го во финалето Унгарецот Адам Баги со 4:1. Со овој триумф, тој стана ...
Лука Дончиќ одигра блескав натпревар со 52 поени, 10 асистенции и осум скока во победата на Лос Анџелес лејкерс над Јута џез со 132:123 на гостински терен. Словенечкиот кошаркар испиша и клупска историја, станувајќи најбрзиот играч на Лејкерс кој стигнал до 3.000 поени, за што му беа потребни само 95 натпревари. Најдобриот стрелец на Лејкерс го предводеше тимот до пресврт откако Јута имаше предност од 18 поени во втората четвртина. Дончиќ ...
Фудбалската елита вечерва се собира во Лондон, каде што за првпат во историјата ќе биде доделена „Златната топка“ надвор од Париз, во годината кога престижното признание одбележува 70 години постоење. Англичанецот Хари Кејн, шпанскиот суперталент Ламин Јамал и француската ѕвезда Килијан Мбапе се меѓу главните кандидати за најголемото индивидуално признание во светскиот фудбал. Свеченоста ќе се одржи во театарот „Лондон Паладиум“, а изборот на ...
Напаѓачот на Баерн Минхен е прогласен за најдобар фудбалер во светот, откако минатата сезона постигна 73 гола на 65 натпревари за клубот и англиската репрезентација. Хари Кејн е првиот англиски фудбалер по Мајкл Овен во 2001 година што ја освоил „Златната топка“. Триесет и тригодишниот напаѓач на Баерн Минхен е петтиот Англичанец кој го добил престижното признание. Кејн минатата сезона постигна 61 гол на 51 натпревар за Баерн, што е клупски ...
Никола Јокиќ продолжува да ги поместува границите во НБА-лигата. Српскиот центар забележа 21 поен, 13 скока и 10 асистенции за својот јубилеен, 200. трипл-дабл во регуларниот дел од сезоната, предводејќи го Денвер Нагетс до победа од 104:91 против Њу Орлеанс Пеликанс. Џамал Мареј со 23 поени беше најефикасен во победничкиот состав, додека Арон Гордон придонесе со 15 поени и 11 скока. Кристијан Браун исто така постигна 15 поени, а Тревон ...
Светската фудбалска федерација (ФИФА) остварила приходи од пет милијарди долари од продажбата на билети за Светското првенство во 2026 година, објави британскиот весник „Тајмс“, повикувајќи се на свои извори во организацијата. Според објавените информации, оваа сума е повеќе од петпати поголема од официјалните приходи што ФИФА ги оствари од продажбата на билети за Светското првенство во 2022 година во Катар, кои изнесуваа 929 милиони долари. ...
Андреа Кими Антонели е новиот светски шампион во Формула 1. Возачот на Мерцедес ја обезбеди титулата во сезоната 2026 по третото место на Големата награда на Мексико, станувајќи најмладиот шампион во историјата на Формула 1. Трката во Мексико Сити ја освои Холанѓанецот Макс Верстапен од Ред Бул, додека второто место му припадна на Луис Хамилтон од Ферари, кој заврши со заостанување од 0,799 секунди. Антонели ја мина целта 4,006 секунди зад ...
Германскиот тенисер Александар Зверев е новиот лидер на АТП-листата, објавена денеска на официјалната интернет-страница на организацијата. За 28-годишниот Германец ова е првпат во кариерата да се најде на врвот на светскиот тенис. Зверев го презеде првото место од Италијанецот Јаник Синер, кој беше лидер од април годинава. Најновото рангирање го носи Германецот на првата позиција со 9.550 поени, додека Синер има 9.450. Минатата недела Зверев ...
Македонската ракометна репрезентација вечерва во Скопје го игра првиот натпревар од квалификациите за Европското првенство во 2028 година. Противник на „црвено-жолтите“ е селекцијата на Луксембург. Капитенот Филип Кузмановски очекува победа на домашен терен, но и позитивен резултат на гостувањето кај Грција во второто коло. Тој истакнува дека репрезентацијата има континуитет на настапи на големите натпреварувања и дека новата генерација ...
Маск ги изнесе своите ставови за вештачката интелигенција во интервју со американскиот писател Волтер Ајзаксон. Тој смета дека во иднина парите ќе го изгубат своето значење. „Не мислам дека дури ни таканаречените богати луѓе ќе можат да ја контролираат вештачката интелигенција. Мислам дека таа сама ќе се контролира“, изјави Маск. Според него, луѓето ќе пронајдат начини да бидат среќни преку различни хобија и активности, дури и ако повеќе не ...
Американскиот актер, режисер и продуцент Ноа Вајл е избран за најсекси маж на светот за 2026 година, објави магазинот „Пипл“. Вајл, кој има 55 години, изјавил дека не можел да поверува кога ја добил веста и дека воопшто не очекувал вакво признание. „Мислев дека станува збор за некаква шега. Ниту во милион години не би помислил дека ваква чест ќе ми биде укажана мене“, изјавил актерот, додавајќи со доза на хумор дека признанието веројатно ќе ...
Британскиот актер Сер Патрик Стјуарт почина на 86-годишна возраст во својот дом во Лос Анџелес, соопшти неговото семејство преку официјалниот профил на актерот на Инстаграм. Стјуарт починал на 28 октомври, опкружен со најблиските, по кратка и тешка борба со Алцхајмеровата болест и деменцијата со Левиеви тела. „Со голема тага објавуваме дека Сер Патрик Стјуарт почина во својот дом во Лос Анџелес, под грижливата нега на неговата сопруга Сани“, ...
Виолинистот, композитор и филмски автор Глигор Кондовски вечерва во КСП „Центар-Јадро“ во Скопје ќе го претстави визуелно-акустичниот перформанс „Звучна илустрација“. Настанот започнува во 19:30 часот, а програмата е составена од седум целини: „Интродукција“, „Одек во просторот“, „Звучен пејзаж“, „Прекршување“, „Видлив звук“, „Звучен судир“ и „После звукот“. Кондовски е роден во 1980 година. Дипломирал виолина на Факултетот за музичка ...
Разновидноста на јапонската кинематографија ќе биде претставена преку шест филмски остварувања на Неделата на јапонски филм, која од 4 до 10 ноември ќе се одржува во Кинотеката во Скопје. Програмата ќе биде отворена на 4 ноември со филмот „Чекор“ во режија на Кен Иизука, семејна драма за татко кој по смртта на сопругата сам ја одгледува својата ќерка. На 5 ноември следува трилерот „Маскирано одделение“ на Хисаши Кимура, за лекар кој се ...
Чиа семето е една од најхранливите намирници што лесно може да се вклучи во секојдневната исхрана. Иако е мало по големина, богато е со растителни влакна, омега-3 масни киселини, протеини, калциум, магнезиум и антиоксиданси. Неговата редовна умерена консумација може да придонесе за подобро варење, здравјето на срцето и подолго чувство на ситост. Благодарение на високата содржина на влакна, чиа семето ја поддржува работата на цревата, а во ...
Националниот џез оркестар денеска во Народниот театар во Сараево ќе одржи концерт „Macedonian Dreams“, под диригентство на Владимир Николов, со кој ќе го отвори 30. издание на џез-фестивалот Jazz Fest Sarajevo. Програмата „Macedonian Dreams“, која беше претставена и пред публиката во Будимпешта, Прага, Виена и Брисел, е уникатен музички спој на традиционалната македонска музика, народните мелодии и ритми, авторските композиции и современиот ...
Камерниот оркестар „Профундис“ од Скопје и оркестарот „Камерата“ од Нови Сад ќе одржат заеднички концерт на 19 ноември во Македонската филхармонија. Двата ансамбли ќе настапат како еден голем музички состав, под диригентската палка на маестра Ѓурѓица Дашиќ, основач и диригент на „Профундис“. Соработката ќе ги обедини искуствата и уметничките капацитети на музичарите од двата оркестра, со цел создавање заедничка музичка целина и поинакво ...
На 5 и 6 ноември, Македонската филхармонија ќе биде домаќин на два распродадени концерта на Дарко Рундек, „Хаустор“ и Екипа. Со поддршка на ЕКОТИП како главен спонзор, овие музички вечери носат порака што го надминува концертното доживување: „За бистрите извори!“ Партнерството претставува природна средба на уметноста и технологијата, обединети околу заеднички вредности – почит кон природата, слобода на изразувањето и свесност за влијанието ...
Општина Карпош вечерва продолжува со одбележувањето на 50-годишниот јубилеј од своето основање со музичка забава на која ќе настапат Кирил Џајковски и DJ collective – Sempre. Настанот ќе започне во 21 часот и ќе се одржи на отворено, пред платото на Спортскиот центар „Борис Трајковски“. Посетителите ќе имаат можност да уживаат во препознатливиот електронски звук, ритам и енергија на еден од најпознатите македонски музички автори. Од Општина ...
За над 24 проценти се зголемува цената на водата во Прилеп, а месечните сметки на граѓаните ќе бидат повисоки за над 29 проценти. Ова е предлогот на прилепски „Водовод“, а последниот збор треба да го имаат градските власти. Предложеното зголемување е пониско од просечната цена што ја бара Регулаторната комисија за новиот тригодишен период. Од претпријатието велат дека зголемувањето е услов за негово непречено функционирање. Граѓаните со свој ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи од минус 1 степен до 7 степени, а дневната од 8 до 18 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и ...
Според Центарот за управување со кризи на територијата на Македонија во изминатово деноноќие регистрирани се 19 пожари. Од нив 5 се активни, 3 се под контрола и 11 се изгаснати. Високите температури и натаму ја зголемуваат опасноста од пожари на отворен простор. Бројот на интервенции и натаму висок. На одредени локации е постигнат значителен напредок. Според директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов повеќето пожари ...
Во Собранието ќе се одржат седници на повеќе собраниски комисии, на кои ќе се разгледуваат прашања од различни области. Седница ќе одржи Комисијата за одбрана и безбедност, а ќе заседава и Законодавно-правната комисија. На дневен ред е и седница на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, како и на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците. Комисијата за прашања на изборите и именувањата има закажано и дополнителна ...