Скопје
18ᴼ /
18ᴼ
Раде Ристовски, член на поширокото обезбедување на премиерот, Христијан Мицкоски доби условна казна од една и пол година затвор откако призна пред судот дека ја истепал сопругата. Од Кривичен суд велат дека казната нема да се изврши ако обвинетиот во рок од три години не стори ново кривично дело. На Ристовски му се судеше за кривично дело телесна повреда, откако неговата сопруга на втори мај го пријави за семејно насилство и за закани, но и ...
Војната во Украина продолжува. Најмалку пет лица се повредени во напад со беспилотно летало врз Одеса. Оштетени се станбени згради во различни делови од градот, како и инфраструктура. Во текот на ноќта, напад беше извршен и во Харков, во кој беше повредена една жена. Зеленски одново истакна дека Русија подготвува голем напад и потенцираше дека е подготвен да се сретне со Путин. „Мислиме дека ќе имаме голем напад од руска страна со беспилотни ...
Регулаторната комисија за енергетика ги утврди новите највисоки малопродажни цени на горивата, кои ќе стапат во сила од полноќ. Според одлуката, цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 88 денари за литар, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 – 90 денари за литар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ БС ќе биде 85,5 денари за литар, додека екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава по 87,5 денари за литар. Од РКЕ информираат дека малопродажните цени на нафтените деривати ...
Министерот за спорт Борко Ристовски денеска се сретна со младите македонски борачи Абдулазиз Азизи и Лука Ананиев, освојувачи на бронзени медали на Европското првенство за борачи до 15 години што се одржа во Самоков, Бугарија. На средбата присуствуваа и нивните тренери, како и претседателот на Боречката федерација на Македонија, Дејан Богданов. Ристовски им го честиташе големиот успех на младите спортисти, кои се стипендисти на Министерството ...
Да се биде згрижувач не значи само да се отвори домот, туку и срцето за дете кое има потреба од семејство. Затоа се бараат нови подзаконски решенија и повеќе стимулации за да се зголеми бројот на згрижувачки семејства во земјава. Во моментов има 384 згрижувачки семејства во кои се сместени 664 лица. Но, покрај прашањето како да се најдат нови семејства, се отвора и друга дилема – што се случува со младите кога ќе наполнат 18 години и ќе го ...
Мајчинството не започнува со раѓањето, туку со поддршката што жената ја добива за време на бременоста и во првите години од родителството. Експертите предупредуваат дека на многу жени им недостигаат едукација за здрава бременост, советување и психолошка поддршка, особено на локално ниво. Иако системот препознава дека ваквите услуги се потребни, тие сè уште не се подеднакво достапни за сите. празнината се обидуваат да ја пополнат граѓанските ...
Мирот не се подразбира, а толеранцијата не се гради сама од себе. Во време на глобални кризи и конфликти, во Собранието се испрати порака дека токму овие вредности треба да бидат вградени во политиките за иднината. Пленарната сесија на Меѓународниот парламент за толеранција и мир обедини претставници од повеќе земји околу една порака – дијалогот е најсилната алатка против поделбите … Миле А. Ристески известува. Мирот не се подразбира, а ...
Додека возрасните зборуваат за политики и стратегии, децата имаат многу поедноставна порака – сакаат да растат без страв, насилство и несигурност. По повод Меѓународниот ден на детето, ученици од Скопје се собраа во паркот „Жена борец“ и порачаа дека безбедното и среќното детство не треба да се привилегија, туку право на секое дете. Нивната порака беше јасна – заштитата од насилство и грижата за детската благосостојба мора да бидат врвен ...
Во експлозија во зграда во североисточен Мјанмар, за која се вели дека складирала експлозиви што се користат за рударски операции, загинаа повеќе од 45 лица, околу 70 други лица се повредени. Областа на експлозијата се наоѓа околу три километри јужно од кинеската граница, е под контрола на Националноослободителната армија Та’анг, етничка вооружена група која се вклучи во спорадични борби против централната влада на Мјанмар. Кинеската државна ...
ГРК Охрид ја освои титулата во ЕХФ Европскиот куп за сезоната 2025/26, откако и во реваншот од финалето ја совлада унгарска Татабања со 31:25 пред преполната сала „Билјанини Извори“. Охриѓани до првиот европски трофеј во клупската историја стигнаа со две победи во финалната пресметка против Татабања, откако претходно славеа и на гостински терен со 29:28. Тимот предводен од тренерот Борис Ројевиќ одигра извонредна сезона и заслужено се искачи ...
Македонската фудбалска репрезентација вечерва ќе одигра уште еден пријателски дуел. Најдобрата селекција гостува кај Турција уште еден учесник на Светското првенство кое почнува на 11 јуни. По натпреварот во Сараево со Босна и Херцеговина (0:0), селекторот Гоце Седлоски ќе има прилика да испроба играчи на кои ќе смета за следниот циклус натпревари во Лигата на Нациите. На прес- конференцијата во пресрет на дуелот и за важноста на овој тип ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и ...
Скопје денеска и утре е домаќин на 9-от Форум за клима, енергетска транзиција и одржлив развој во Западен Балкан. Под мотото унапредување на климатската отпорност и енергетската транзиција, форумот ќе обедини носители на политики, меѓународни организации, финансиски институции, приватниот сектор и граѓанското општество со цел зајакнување на регионалната климатска соработка и отпорност. Настанот се организира во партнерство со делегацијата на ...
САД велат дека нападнале ирански воени цели во последните денови откако беспилотно летало беше соборено во меѓународни води. Во соопштението, на Централната команда се вели дека на удар биле радарски и командни и контролни места за дронови. Во Кувајт се огласија сирени за можен напад. Новите дејствија следуваат во екот на дебатата за крај на војната. Иранскиот министер за надворешни работи, изјави дека разговорите и размената на пораки меѓу ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб ...
САД и Иран сè се поблиску до договор, но шефот на Белата Куќа вели дека е подготвен да заземе побавен пристап кон преговорите и покрај загриженоста за економските влијанија на војната и високите цени на енергенсите. Според американскиот претседател, Иран се обврзал дека нема да развива нуклеарно оружје, што е и појдовна точка на спорот меѓу двете страни. Трамп предупреди дека доколку не се постигне договор, работите ќе се одвиваат поинаку. Ги ...
Даблин во подготовки – Ирска го презема ротирачкото претседателство со Советот на ЕУ на 1 јули 2026 година, со што ќе започне ново трио со Литванија и Грција и ќе ја преземе функцијата од Полска, Данска и Кипар. Во текот на шест месеци, Даблин ќе претседава со преговорите, ќе посредува во компромиси и ќе поставува агенди за прашања што се важни за граѓаните и бизнисот. Ова е шанса да се остави посебен ирски отпечаток во работната програма на ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и ...
„Идентитетот не се чува сам од себе. Јазикот не преживува сам по себе. Потребни се луѓе кои разбираат дека народ без култура е народ без меморија, а народ без меморија лесно може да ја изгуби и својата насока“ – порача премиерот Мицкоски на свечената академија „80 години од доселувањето на Македонците во Војводина“ која се одржа во Нови Сад. Александра Велинова е нашиот специјален известувач за овој настан. „Идентитетот не се чува сам од ...
35-годишник од радовишко кој е на издржување казна затвор од 15 месеци во Струмица го прими свидетелството за завршена прва година средно стручно образование. Тој во затворот во Струмица учеше и полагаше како вонреден ученик. Сака да биде автомеханичар. Целиот процес се реализираше под менторство на професори од ДСУ „Никола Карев“ кој е и регионален центар за средно стручно образование. Освен во Струмица работат и со осудени лица и во ...
Во драматична спасувачка операција во централен Лаос, спасувачите евакуираа едно лице, од петтемината локални жители заробени во пештера од поплавните води. Властите велат дека мажите влегле во пештерата пред повеќе од една недела, привлечени од можноста да најдат злато. Изобилните дождови предизвикаа ненадејни поплави во пештерскиот систем, отсекувајќи ги од излезот. Се верува дека уште две лица влегле во пештерата порано, независно од ...
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, ќе патува во Западен Балкан. Турнејата ја почнува в понеделник. Ќе се сретне со лидерите од регионот, а ќе биде копретседател на самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват, Црна Гора на 5-ти јуни. Кошта ќе разговара за можностите и предизвиците околу проширувањето, постепената интеграција, регионалната соработка, безбедноста и стабилноста. „Мојата втора турнеја низ Западен Балкан испраќа јасен сигнал: ...
44-ти марш за ангелите. Ќе се одржи во пробиштипското село Татавица. Членови на семејствата на загинатите и повредените во стравотниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“, ќе чекорат во чест на своите чеда. Маршот ќе започне во 19 часот и 5 минути од спортското игралиште, соопштија од здружението на граѓани „16 Март“. „Ќе чекориме за нашите 63 ангели, за оние чии гласови замолкнаа прерано, но, чие присуство засекогаш останува во нашите ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во источните делови повремено засилен северозападен ветер (над 40 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 14, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен. Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 30 степени. Во ...
Генералниот директор на Светската здравствена организација пристигна во Демократска Република Конго. Бројот на сомнителни заразени со ебола во земјата се приближува до 1.000, со најмалку 220 сомнителни смртни случаи. „Дојдов да дадам поддршка на високо ниво. Постојат многу предизвици, особено во ограничувањето на епидемијата. Едната е конфликтот, безбедносните предизвици и затоа побарав прекин на огнот. Другиот проблем е раселувањето. Луѓето ...
Македонската фудбалска репрезентација вечерва гостува кај Босна и Херцеговина во Сараево во првиот од двата контролни натпревари пред стартот на новиот циклус во Лигата на нации. Новиот селектор Гоце Седлоски најави дека шанса ќе добијат и неколкумина дебитанти, додека поради повреда ќе отсуствува капитенот Енис Барди. Капитенската лента ќе ја носи голманот Столе Димитриевски. Натпреварот ќе се игра од 20:30 часот на стадионот „Асим ...
Гевгелија доби современ и модерен трговски шопинг парк кој ќе даде дополнителен инпут на локалниот економски развој. Тој се протега на околу 20.000 метри квадратни каде се лоцирани 50-тина домашни и светски брендови. Целата инвестиција е 15 милиони евра која носи нови современи стандарди на пазарот. Со отворањето на новиот трговски парк, Гевгелија нема да биде само транзитна точка туку дестинација за домашни и странски посетители. Паралелно ...
Во и околу училиштата во Македонија, учениците и натаму почесто посегнуваат по брза и нутритивно послаба храна, наместо по свежи и здрави оброци. Нова национална проценка спроведена во поддршка на УНИЦЕФ. Од анкетираните, 60 проценти сметаат дека ограничувањето на нездравата храна би им помогнала да прават подобар избор. Наташа Јанчиќ-Менковски истражува на оваа тема. Во и околу училиштата во Македонија, учениците и натаму почесто ...
Нема отстапки за идентитетски прашања, ниту пак прифаќање на нови условувања од Бугарија, категоричен премиерот Мицкоски. Македонија бара цврсти гаранции кон евроинтегративниот пат. Што друго порача шефот на владата во однос на предлогот на германскиот канцелар Мерц за ЕУ-проширувањето и најавената посета на првиот човек на Европскиот совет, Кошта, на земјите од Западен Балкан? Известува Миле А. Ристески Нема отстапки за идентитетски ...