Зголемено ниво на водата денеска има реката Вардар, особено кај Јегуновце и кај Демир Капија. Исто така, реката Треска кај Македонски Брод, Пчиња кај Катлановска Бања, Црна Река кај Новаци и Сатеска кај Ботун покажуваат пораст на нивото на водата, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Сепак, не сите реки бележат позитивен тренд. Реката Брегалница кај Берово и Црн Дрим кај Ложани покажуваат намалување на нивото под просекот за ноември. ...

Исплатата на средствата од мерката „МојДДВ“ за последниот квартал ќе биде реализирана најдоцна до крајот на ноември. Граѓаните кои редовно ги скенираат фискалните сметки преку апликацијата треба да ги добијат повратните износи директно на своите трансакциски сметки во наредните денови. Од Управата за јавни приходи нагласуваат дека обработката на податоците е во завршна фаза и дека најголем дел од барањата се веќе проверени. Исплатите ќе се вршат ...

Во четврток со почеток во 20 часот, Македонската филхармонија ќе го одржи својот роденденски концерт насловен „Звук што трае“ со кој ќе одбележи 81 година од формирањето. На програмата се суитата бр. 2 од балетот „Лабин и Дојрана“ од Трајко Прокопиев, Концерт за виолина и оркестар во де-мол од Арам Хачатуријан и Симфонијата бр.1 од Јоханес Брамс. Како солист ќе настапи Сергеј Хачатријан од Ерменија, еден од водечките виолинисти на денешната ...

Израел изврши напад врз Бејрут, тврдејќи дека бил убиен началникот на штабот на Хезболах, Хајтам Табтабаи. Загинаа пет лица, а 25 се повредени. Нетанјаху рече дека нападите се одговор на обидите на Хезболах да ги обнови воените капацитети и ја повика либанската влада да го спроведе разоружувањето. „Очекувам либанската влада да ја исполни својата обврска за разоружување на Хезболах, бидејќи само на овој начин секој граѓанин во Либан ќе може да ...

Водата за пиење во Скопје е безбедна, покажуваат добиените резултати од испитувањата, односно сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр. 183/18). Од ЈП „Водовод и канализација“ во Скопје утрово го објавија неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва ...

Со доаѓањето на студените денови, лекарите редовно препорачуваат почеста консумација на овошје богато со витамин Ц – портокали, грејпфрут, но особено мандарини. Иако многумина ги сакаат поради нивниот освежувачки вкус, малкумина знаат колку навистина здравствени придобивки нуди ова мало овошје. Мандарините се нискокалорични и вистинска нутритивна ризница. Во 100 грама имаат само 34 калории и околу 30 мг витамин Ц – речиси двојно повеќе од ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денес ќе ги врачи стипендиите „Борис Трајковски“ за академската 2025/2026 година на 20-те најистакнати студенти кои ќе го продолжат своето образование на Сити Колеџ, Европскиот кампус на Универзитетот „Јорк“, со седиште во Солун, Грција. Овие стипендии се плод на здружената акција и кооперација помеѓу Претседателот, Министерството за образование и наука, Фондацијата „Борис Трајковски“ и Сити Колеџ, ...

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да ја продолжи амандманската расправа за Предлог- буџетот за 2026 година. Од доставените околу 200 амандмани, дел се разгледани на четирите расправи што се одржаа по завршувањето на општиот претрес. Буџетот за 2026 година е реален, развоен и секоја ставка е многу внимателно проектирана. Растот е проектиран на 3,8 проценти, а буџетскиот дефицит на 3,5 отсто од БДП, што е согласно ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, информира АМСМ. Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, ќе дува слаб до умерен, наместа во западните делови повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди, ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени. ...

Кочанскиот суд се очекува да ја соопшти одлуката по жалбите на Обвинителството и осомничените инспектори од УЈП за определениот куќен притвор. Рокот од 48 часа истече вчера попладне, до кога судот требаше да реши дали ќе остане на првичната одлука за куќен притвор, дали ќе одреди затворски притвор како што бара обвинителството, или пак поблаги мерки како што бараат осомничените. Во акцијата на МВР и Обвинителството во четвртокот, поврзана со ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го одликува доктор Сашко Кедев со Орден „8 Септември“. Признание за неговиот храбар придонес во создавањето на независна Македонија, за исклучителни заслуги во медицината – како врвен интервентен кардиолог, но и за историскиот алпинистички подвиг. На доделувањето на орденот вечерва во Македонската филхармонија, Сиљановска порача дека академик Сашко Кедев е човек чијшто персонален и општествен интегритет ...

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Полов напад и силување од член 186 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, бидејќи постои основано сомнение дека тој на 19 ноември, со употреба на сила и спротивно на јасно изразената волја на една оштетена ја принудил на сексуален однос. Жртвата, со која претходно биле во подолга врска која таа ја прекинала, ја ...

Продолжува борбата на бизнис секторот во потрга по работници, трендот на недостиг од работна сила и одливот на кадар во Македонија продолжува. Во пелагониско преспанскиот регион, благодарение на новите инвестиции, има околу 8.000 правни субјекти, а со тоа се зголемува и потребата од работници, недостиг има во сите гранки. Дефицитот со работна сила се надополнува со работници од странство, за кои потребно е време и ресурси за да се подготват за ...

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуноски, да си даде оставка, побараа од СДСМ. Тврдат дека криел информации во врска со суспендирањето на средствата од ИПАРД програмата. Според нив, ресорниот министер бегал од одговорност и од вистината за овој случај, кој како што велат, не е административна формалност, туку сериозен удар врз илјадници земјоделци и компании. Ништо не се крие во постапката за суспензијата на ...

Со 440 илјади евра од европските фондови и 220 илјади од општинскиот буџет, во населбата „Света Недела“ во Штип се изградија типските куќи главно за семејствата на кои пред 14 години им изгореа домовите. Семејството Асанови е едно од нив, велат дека овде условите за живот се многу подобри од претходно, но им недостига покуќнина. Станарите очекуваат да се доуреди просторот околу бараките, да имаат контејнери, улично осветлување и училиштен превоз ...

Во поплавените подрачја граѓаните може да имаат симптоми на треска, стомачни проблеми и кожни инфекции, тоа се знаци на болести поврзани со контаминираната вода. Епидемиолозите велат поради надојдените води да се внимава на појава глодари и глувци кои засолниште и храна ќе бараат во објектите. Од Институтот за јавно здравје апелираат да се следат препораките од надлежните. „Надлежните редовно ја следат состојбата на терен, се во контакт со ...

За граѓаните незабележливо, за онлајн платформите пресметано, а за македонското производство можност за напредок. Ваков е впечатокот од измените во Законот за ДДВ со оданочување на пратките на порачките од онлајн платформите од 18 проценти. Според граѓаните ќе има порачки, ама и добро ќе се размисли. и домашните производители може да понудат квалитет, па дури и пониски цени. Надлежните уверуваат – целта е зајакнување на домашната економија, ...

Состојбата со обилните врнежи низ државата е стабилизирана. Во Ресен, Битола и Демир Хисар повеќе нема излевање на реките, а нивото на водата е значително намалено и во опаѓање. Одронот на патот Битола – Кичево кај с. Железнец е целосно расчистен. Во Охрид, по навлегувањето вода во подруми и дворови, сите надлежни служби интервенираа и каналите се расчистуваат; водостоите се во благо опаѓање. Во Скопје, Штип, Велес, Неготино, Кавадарци, Свети ...

Од утрово од 06:40 часот сообраќајот на магистралниот пат А2 Крива Паланка – ГП Деве Баир е нормализиран, соопшти АМСМ. Претходно, од 05:05 часот сообраќајот на магистралниот пат А2 Крива Паланка – Деве Баир беше во прекин поради одрон. АМСМ додава дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози и потсетува дека од 15 ноември почна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе го одликува Сашко Кедев со орден „8 Септември“. Одликувањето се доделува за неговиот храбар придонес во создавањето на независна Македонија, како и за активното учество во развојот на демократските процеси. Кедев се одликува и за исклучителни заслуги во медицината – како врвен интервентен кардиолог со илјадници извршени интервенции и иновативни техники признати на европско и светско ниво. ...

Сообраќајот на магистралниот пат А2 Крива Паланка – Деве Баир е прекинат од 5 часот поради одрон, информира Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ). На автопатот Скопје – Велес на неколку места се забележани помали одрони на патот, меѓутоа автопатот е прооден и „Македонија пат“ работи на санирање на истите. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од ...

Забранетите количини замрзнат компир, во присуство на инспектори за храна од Агенцијата, нештетно се уништени во петокот на депонијата Дрисла, врз основа на изречената мерка забрана за увоз и издаденото решение со наредба за нештетно уништување. Во рамки на вонреден инспекциски надзор кај оператор со храна од животинско потекло, АХВ заплени и нештетно уништи и 2.000 килограми небезбеден пилешки стек. Поради непочитување на процедурите на Добра ...

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, во југоисточните делови со услови за појава на грмежи. На повисоките планини на северозапад врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, во западните делови повремено засилен ветер од западен, а долж Повардарието од северозападен правец. Во Скопје, променливо облачно, во делови од котлината со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. ...

„Населението во поплавените подрачја да користи купечка вода во шишиња за пиење и готвење, ако користат водата од локалните водоводи и бунари да ја превриваат 10 минути пред употреба“ – препорачуваат од Институтот за јавно здравје. Храната што дошла во контакт со поплавена вода да се фрли, овошјето и зеленчукот пред употреба добро да се измијат и термички. Граѓаните треба да побараат лекарска помош ако имаат треска, стомачни проблеми и кожни ...

Различностите ја збогатуваат заедничката национална приказна, а одбележувајќи го денот на албанската азбука, оддаваме признание на напорите на генерации кои се бореле за образование, писменост и културен развој, но и на сите кои денес го продолжуваат тој пат. тој додаде дека амбицијата е младите Македонци, Албанци, и сите други заедници да ја гледаат својата иднина во силна и развиена држава, општество во кое секој јазик е мост, а не граница. ...

Законската обврска за исплата на регрес започна на 1-ви јули и ќе трае до 31-ви декември, до крајот на годинава. Над 600.000 вработени треба да го добијат популарното К-15. На околу 137.800 вработени им е исплатен регресот во просечен износ од 24.290 денари, а според податоците на УЈП, над 11.000 работодавци ја исполниле обврската заклучно со октомври. Минималната сума што треба да се инкасира на сметките на вработените треба да изнесува 18.141 ...

Седумдесет и петгодишната прилепчанка Благица Карапееска веќе четири години живее во својот втор дом. Вели, исполнето и со нега го поминува секојдневието во Домот за стари лица. Прилепскиот дом за стари е со полн капацитет од 150 места. Се бара место повеќе од целата земја. Услугите за лицата од третото доба се зголемуваат. Во новата година Прилеп ќе го добие Дневниот центар за активно стареење, а веќе ги нуди другите социјални услуги. Луѓето од ...

Над 140 деца се на листата за чекање за прием во детската градинка во Куманово. Капацитетите на „Ангел Шајче“ се максимално искористени. Од предвидените 1.550 запишани се 1.820 дечиња. Но на дневно ниво исполнети се до 80 отсто од капацитетите. Сите слободни простории во изминатиот период биле искористени за проширување. И покрај најавите сè уште не започната изградбата на нова градинка. Неодамна назначената директорка, ќе се обиде со ...

Излеани реки, поплавени домови и земјоделски површини, ова е билансот по повеќедневните обилни врнежи на територијата на Македонија. Од Центарот за управување со кризи информираат за повеќе интервенции и тоа во Ресен, Битола, Струмица, Демир Хисар, Прилеп, Охрид, Куманово, Крива Паланка и Кратово. Излевањето на реките може да предизвика заматување на водата за пиење, алармираат од Агенцијата за храна и ветеринарство, со апел граѓаните внимателно ...

weather icon

Белград

11ᴼ / 10ᴼ
7.2
74%
1009
weather icon

Загреб

5ᴼ / 3ᴼ
1.54
93%
1010
weather icon

Софија

9ᴼ / 6ᴼ
6.69
82%
1011
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
4.33
90%
1012
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
0.0
97%
1010
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
2.24
92%
998
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
82%
1003
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
100%
1005
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 11ᴼ
7.72
85%
1014
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
3.6
86%
1011
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
4.12
51%
1009
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
93%
1007
Currency

61.6317

Currency

52.9313

Currency

70.5054

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.5874

Кобалт

55.67

Злато

135322.28

Рутениум

29192.88

Алуминиум

2.89

Паладиум

45879.12

Бакар

10.76

Платина

53106.37

Никел

471972.96

Родиум

255598.44

Цинк

3.24

Сребро

1837.41

Калај

40.11