Скопје
18ᴼ /
18ᴼ
Во Скопје денеска беше отворен Центарот за дневен престој за лица со попреченост над 14 години, со цел да обезбеди сигурна, инклузивна и поддржувачка средина за корисниците и нивните семејства. Центарот, кој е отворен во просториите на Младинскиот културен центар (МКЦ), беше посетен и отворен во присуство на министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски и градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Во Центарот ...
Втор смртен случај на пациент со западнонилска треска во земјава. Денеска во попладневните часови на Клиниката за инфективни болести почина 72-годишен пациент кај кого лабораториски бил потврден вирусот. Како што соопшти директорот на клиниката, д-р Фадил Цана, пациентот од почеток бил со тешка симптоматологија и изразена невролошка состојба. Покрај сите преземени мерки и континуирано следење, неговата здравствена состојба се влошила. Во ...
Аеродромите во Скопје и Охрид бележат историски раст на авиосообраќајот, изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски по работната посета на М-НАВ. Според него, растот е резултат на новата политика за привлекување и субвенционирање директни авиолинии. Во изминатата година и половина, од двата аеродрома се воведени 28 нови авиодестинации. Во првите шест месеци од годинава, двата аеродрома заедно бележат раст на ...
По речиси еден месец, гостиварци повторно добија вода безбедна за пиење. Главниот штаб за управување со кризи соопшти дека последните добиени резултати потврдиле дека водата од гостиварскиот водовод е микробиолошки и бактериолошки исправна. Со тоа, како што информираат надлежните, се исполнети условите водата повторно да се користи за пиење. На граѓаните им се препорачува пред да ја користат водата за пиење, добро да ги остават да истечат ...
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) предупреди дека попладнево постојат услови за невреме со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и појава на град. Услови за невреме има во поголем дел од земјата со исклучок на Скопје, Куманово, Крива Паланка, Тетово, Гостивар. Максималните температури ќе бидат во интервал од 28 до 34 степени. Во Скопје ќе се задржи сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен ...
Сликата од пожарот што избувна во Сивири, Халкидики, е подобрена. Според информациите од противпожарната служба, нема активен фронт, но има многу жаришта. Во областа дејствуваат над 200 пожарникари на копно и од воздух. Пламените јазици што вчера го зафатија регионот на првиот крак предизвикаа голема мобилизација во Сивири и Фурка, во момент кога областа е со зголемен туристички сообраќај. Евакуацијата беше отежната поради тоа што регионот ...
Единицата за насилен криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка против С.Ј.(34), И.Ј. и С.Ј., сите од село Буковиќ, поради сомнение за сторено кривично дело „насилство“. Според МВР, на 12 август во село Копаница, скопско, првопријавениот со тврд предмет го нападнал 25-годишниот Х.Р. од село Арнакија. Останатите двајца пријавени, исто така со тврди предмети, го оштетиле неговото возило. Полициски службеници го лишиле од ...
Гостиварци во очекување на веста дека водата од водоводот е безбедна за пиење. Последните анализи покажале значително подобрување на микробиолошките параметри. Денеска АХВ официјално треба да соопшти дали ќе ја укине забраната. Но, надлежните апелираат да не се брза со нејзиното консумирање додека не се добие зелено светло од институциите. Закажана прес-конференција на Кризниот штаб во 14 часот во Гостивар. Гостиварци во очекување на веста ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и ...
Денеска низ Македонија ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, а попладне во повеќе делови од земјата се очекува локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме. Според прогнозата, на одделни места се можни засилен ветер и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринските температури ќе се движат од 11 до 20 степени, додека максималните дневни ќе бидат меѓу ...
Доцна синоќа опасноста за куќите во Лознани и во Новоселани е надмината по тешката битка на пожарникарите со огнот. Има и повредено лице. Се гасеше на 40-сетина места. Командантот на битолските пожарникари се сомнева дека повеќето жаришта во регионот биле намерно предизвикани. Утрово се активни 6 пожари, три се под контрола. Доцна синоќа опасноста за куќите во Лознани и во Новоселани е надмината по тешката битка на пожарникарите со огнот. ...
Охридскиот рамковен договор е дел од поновата историја и од политичката и институционалната реалност на државата, порача премиерот Христијан Мицкоски по повод 25 години од неговото потпишување. Во објава на Фејсбук, Мицкоски вели дека договорот различно се доживува и толкува меѓу граѓаните, но дека историјата не треба да се приспособува на дневната политика. Според премиерот, од минатото треба да се извлекуваат поуки и да се гради држава во ...
Соживот а не поделби и омраза ваква порака по повод 25 годишнината од Охридскиот рамковен договор упати претседателот на СДСМ. Според Филипче токму најголемата сила на нашата држава е во тоа што е заеднички дом на Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци и сите други наши граѓани. Различностите се дел од нашето општество и наша обврска е да ги негуваме како вредност, а не да ги користиме за политички поделби. Охридскиот рамковен ...
Соживотот и значењето на Охридскиот рамковен договор беа во фокусот на денешната посета на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на Струга. Од градот кој со децении важи за пример за заедничко живеење на различни етнички и верски заедници, претседателката порача дека вистинското значење на договорот се гледа во реалниот живот. На средбата со градоначалникот Ќура се разговараше и за предизвиците поврзани со заштитата на Охридскиот Регион ...
Додека Европа се соочува со нов топлотен бран и серија пожари, огнената стихија продолжува да пустоши низ Балканот. Во Црна Гора, пожарот кај Херцег нови се приближи до куќите, а дел од жителите се евакуирани. Во гаснењето учествуваат авион и хеликоптер, со помош и од Босна и Херцеговина. Пожари беснеат и во Албанија, Србија и Грција, додека во Романија ниското ниво на Дунав доведе до исклучување на вториот реактор во нуклеарната централа ...
Охридскиот рамковен договор не треба да се гледа само како историски документ, туку како жив механизам на уставниот поредок и како политичка насока за институциите на земјата. Научивме дека стабилноста не е случајност, таа се гради преку компромиси, почитување на договорите, довербата и почитување на различностите – истакна во својот говор во Владата, првиот вицепремиер Беким Сали. Вицепремиерот Александар Николоски пак истакна дека пред ...
Последните резултати од анализата на водата во Гостивар покажуваат дека таа е физички, хемиски и биолошки исправна, информираат од Кризниот штаб. Сепак, за потврда треба да поминат 22 часа од последните резултати, колку што трае периодот на инкубацијата. Официјалните резултати ќе бидат објавени утре, од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство. Забраната за пиење на водата во Гостивар беше донесена на 17 јули, а два дена подоцна беше ...
Како што информира МВР, на 11 август во 21:30 часот полициски службеници од ОВР Кичево дале знак за запирање на патничко возило „пежо“, управувано од 43-годишниот И.Б., а сопатник бил 29-годишниот А.Л., двајцата од Кичево. При запирањето, лицата од прозорецот на возилото фрлиле пакување со бела прашкаста материја, кое било пронајдено и одземено. Дополнително било утврдено дека возачот го управувал возилото иако имал активна забрана за ...
Во јуни годинава се издадени 296 одобренија за градење, што е за 39 отсто повеќе во однос на истиот месец лани. Предвидената вредност на објектите изнесува над 6,3 милијарди денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Од вкупниот број одобренија, 200 се однесуваат на објекти од високоградба, 26 на нискоградба, а 70 на реконструкција. Најмногу одобренија, 70, се издадени во Полошкиот регион. Во однос на инвеститорите, ...
Повторното отворање на Ормутскиот теснец станува сè поитно, откако Меѓународната агенција за енергија предупреди дека глобалните резерви на нафта се намалуваат со брзо темпо. Сообраќајот низ водниот пат останува на минимум, и покрај тврдењата на Трамп дека теснецот е отворен и под контрола на САД. Во меѓувреме, Иран испраќа пораки дека конфликтот со САД би можел да продолжи сè додека Трамп не ја напушти функцијата. Од Пакистан, пак, велат ...
По лажните тврдења на социјалните мрежи дека во водата од скопскиот Водовод има ешерихија коли, неколкумина повикани во МВР на информативен разговор. Од таму соопштуваат сè уште во тек се истражни дејствија. Надлежните уверуваат дека водата од скопскиот Водовод е безбедна за пиење, но дезинформациите си го направија своето, предизвикаа паника и страв кај граѓаните. Известува Анита Димитријевска-Велковска По лажните тврдења на социјалните ...
Регистрирани нови заболени од западнонилска треска, рекоа за МТВ од Центарот јавно здравје - Скопје. Надлежните со засилена акција на терен откако здравствените власти прогласија епидемија во пет скопски општини. Апел да се почитуваат мерките за лична заштита. Продолжува прскањето против комарци од земја. Наташа Јанчиќ-Менковски ги има деталите. Регистрирани нови заболени од западнонилска треска, рекоа за МТВ од Центарот јавно здравје - ...
Рамковниот договор е жив механизам за стабилност и европска иднина – во Владата свечена седница за одбележувањето на 25-годишнината од Охридскиот договор. Вицепремиерите Сали и Николоски во своите обраќања потенцираа дека овој историски договор остави силна трага во развојот на државата. Известува Миле А. Ристески Рамковниот договор е жив механизам за стабилност и европска иднина – во Владата свечена седница за одбележувањето на ...
Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ пристигна во Истанбул за да потпише договор со Бешикташ, кој го ангажираше како слободен агент по истекот на договорот со Јувентус. Очекувано, навивачите на „црните орли“ му приредија спектакуларен пречек на српскиот напаѓач на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул. По излегувањето од терминалот, Влаховиќ застана пред новинарите и на турски јазик порача: „Сакаме да бидеме шампиони.“ Потоа фудбалерот на турски јазик ...
Со изведба на претставата „Кармен“ на НУ Драмски театар Скопје утре, на 14 август, во Неготино се отвора Театарскиот фестивал „Бранко Ѓорчев“. Ова е трет фестивал што се одржува во чест на истакнатиот македонски актер Бранко Ѓорчев. Фестивалот се одржува во салата на Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“. Претставите започнуваат во 20 часот, а влезот за публиката е слободен. Публиката во Неготино од 14 до 23 август ќе има можност да проследи пет ...
Секторот за компјутерски криминал при МВР презема мерки за откривање на лицата кои ширеле невистинити информации за наводно загадена вода во Скопје. Од МВР велат дека профилите се утврдуваат, а лицата се повикуваат на информативен разговор. По завршувањето на истражните дејствија, јавноста ќе биде информирана за натамошните чекори. Наводите за присуство на ешерихија коли во скопскиот водовод вчера масовно се ширеа на социјалните мрежи. ...
Познатиот американски кошаркар Расел Вестбрук одлучи да ја заврши кариерата и ја објави својата одлука преку социјалните мрежи. Вестбрук имаше долга и успешна кариера која траеше во НБА од 2008 до 2026 година, а на најголемата светска сцена пристигна од престижниот универзитет UCLA. Вестбрук ја започна својата кариера во редовите на Оклахома Сити Тандер, а остана со нив дури и откако Кевин Дукент замина во тогаш најсилниот тим во лигата – ...
Се стеснува прозорецот за преживување по катастрофалниот земјотрес во Колумбија. Истекуваат критичните 72 часа за спасување на лица затрупани под урнатините, додека бројот на жртви и исчезнати продолжува да расте. Илјадници се повредени, а штетите огромни. Колумбиската влада најави привремени мерки за олеснување на последиците од катастрофата. „За жал, 265 лица загинаа. 3.494 луѓе се повредени, а бројот на исчезнати лица алармантно се зголеми ...
Аргентинската легенда Лионел Меси го одигра првиот натпревар по смртта на неговиот татко Хорхе. Ѕвездата на Интер Мајами учествуваше на натпреварот од третото коло од групната фаза на Купот на лигите против мексикански Леон, кој заврши со пораз од 2-3. 39-годишниот Меси се врати во составот на својот тим и за првпат настапи по семејната трагедија. Тој патуваше 14 часа од својата татковина до Мајами, но и покрај тоа беше во составот за ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе престојува во работна посета на Струга, каде ќе се сретне со градоначалникот Менди Ќура. Во рамки на посетата, Сиљановска-Давкова ќе ја посети и Спомен-куќата на „Браќа Миладиновци“, како и Канцеларијата на националната установа „Струшки вечери на поезијата“. Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе престојува во работна посета на Струга, каде ќе се сретне со градоначалникот ...