Две лица се повредени откако утрово било пукано во патничко возило во Арачиново. Од МВР информираат дека случајот бил пријавен околу 5:45 часот во СВР Скопје, откако на улицата „18“ биле слушнати истрели од огнено оружје. Според информациите од МВР, истрелите биле испукани од возило „шкода“, во кое биле 34-годишниот И.И. и 42-годишниот Ш.И. Двајцата се здобиле со повреди и биле пренесени во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во ...

Општина Босилово ја отпочна постапката за изградба на мост на реката Струмица, во атарот на село Секирник, кој претставува единствен премин до стотици хектари обработливо земјиште. Постоечкиот е небезбеден, а во меѓувреме општината за земјоделците направи времено патно решение за да ги извршуваат земјоделските работи. Земјоделците бараат изградба на нов мост. Користењето на други патишта до своите ниви за нив значи дополнително време и ...

Не е познат бројот на лица со аутизам во Македонија, сè уште не постои централен и ажуриран регистар заради што институциите немаат прецизна слика колку лица и семејства се засегнати со оваа состојба. Она што е видливо е дека бројот на децата со аутизам е во пораст. Придонесот на оваа фондација е во опремување на сензорна соба во Центарот за аутизам во Штип, каде еден дефектолог и еден логопед работат со десеттина лица. Центарот има потреба ...

46-годишен државјанин на Полска е лишен од слобода на граничниот премин „Табановце“, откако системот „Безбеден град“ регистрирал дека возел со 164 километри на час на делница каде максимално дозволената брзина е 80 км/ч. На 22 август околу 17:53 часот, на излез од државата, полициски службеници извршиле проверка на возило „форд“ со полски национални ознаки, управувано од М.Ј. (46) од Полска. При проверката било утврдено дека тој е евидентиран ...

Рускиот претседател Владимир Путин најави нов одговор на украинските удари врз руската економска инфраструктура, со порака дека Москва ќе ги напаѓа „најчувствителните сектори“ во Украина. Најавата доаѓа по новиот бран украински напади со беспилотни летала врз руски рафинерии, индустриски капацитети и логистички центри. Во меѓувреме, продолжуваат и руските масовни напади врз Украина. Најмалку седум лица загинаа вчера, само еден ден по рускиот ...

Најмалку 37 лица се повредени во земјотрес со интензитет од 5,9 степени што рано утринава го потресе подрачјето околу Токио. Нема информации за значителна материјална штета, но се регистрирани нарушувања во железничкиот сообраќај. Јапонската метеоролошка служба предупреди на зголемен ризик од одрони поради обилните врнежи во погоденото подрачје. Властите предупредуваат и на можност за силни последователни потреси во наредните денови. ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, но интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е зголемен, информираат од АМСМ. На граничниот премин Табановце се чека околу 40 минути за влез и излез од државата, додека на ГП Богородица времето на чекање за излез изнесува околу 30 минути. На останатите гранични премини нема подолги задржувања. Автомото сојузот на Македонија апелира на внимателно управување ...

Министерството за финансии донесе правилник со кој се воведуваат конкретни услови за проверка на репутацијата, интегритетот и потеклото на средствата на лицата и компаниите кои бараат лиценца за казино, обложувалница, автомат клуб или томбола. При поднесувањето на барањето ќе се проверува дали на лицата им биле изречени забрани за вршење професија или за приредување игри на среќа, како и други санкции и околности што можат да влијаат врз ...

Според податоците на Министерството за внатрешни работи, во периодот од 2 февруари до 20 август 2026 година, системот евидентирал вкупно 310.865 прекршоци. Од нив, 301.835 се однесуваат на пречекорување на дозволената брзина. Значителен број прекршоци се регистрирани и кај возила со странски регистарски ознаки. Од почетокот на функционирањето на системот досега се евидентирани 180.378 прекршоци, а само во периодот од 19 до 20 август се ...

До крајот на годината ќе се инсталираат нови озонатори во станицата за преработка на водата во Струмица, за што Советот на Општина Струмица донесе ребаланс на Буџетот. Околу половина милион евра се планира да бидат потрошени во обнова на опремата во филтер станицата, кажа градоначалникот Петар Јанков. Струмичани со поделени мислења. Едни велат дека водата во градскиот водовод е квалитетна, други не, а трети дека постојано се шират лажни ...

САД и Иран не успеаја да постигнат мировен договор. Вашингтон се обидува финансиски да го притисне Техеран, ограничувајќи го пристапот до Ормускиот теснец, клучен воден пат за извозот на нафта од земјата. Трамп изјави дека го смета теснецот за „американска територија“ и посочи дека Иран бара договор со САД, додека конфликтот продолжува. За Техеран пак, најавената американска економска војна, би претставувала прекршување на меѓународното ...

САД и Канада не постигнаа трговски договор, со кој би се укинале царините од 50 проценти што Вашингтон ги воведува за одредени канадски производи. Администрацијата на Трамп соопшти дека царините кои се однесуваат на стока во вредност од околу 20 милијарди долари, стапуваат во сила денеска. Карни пак, објави дека Канада ќе воведе еквивалентни царини „долар за долар“ за американскиот увоз. „Бидејќи САД воведуваат царини од 50%, ние ќе ги ...

На граничните премини Табановце и Богородица има зголемено време на чекање, информираат од АМСМ. На Табановце за влез и излез, а на Богородица за излез од државата, се чека од 40 минути до еден час. Според информациите од Автомото сојузот на Македонија, на останатите гранични премини нема подолги задржувања. Зголемен е и интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини. АМСМ апелира до возачите да ја прилагодат брзината, ...

Во изминатото деноноќие во земјава се регистрирани 27 пожари на отворен простор. Девет се активни, два се под контрола, а 16 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. Активни пожари има во Студеничани, Македонски Брод, Кичево, Липково, Крушево, Врапчиште, Желино, Тетово и Прилеп. Најголем дел од пожарите се регистрирани во близина на населени места и во планински и шумски предели. Под контрола се пожарите на депонијата во Делчево ...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне претежно во планинските региони ќе има услови за пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 35 до 41 степен Целзиусов. Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ...

Во текот на изминатото деноноќие, полициските службеници лишиле од слобода 11 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со возило“. Од нив, осум управувале без возачка дозвола, при што еден бил малолетник. Двајца возачи биле под дејство на алкохол, а еден од нив предизвикал и сообраќајна незгода. Еден возач, пак, управувал возило и покрај активна забрана за управување. По целосното документирање на случаите ќе бидат поднесени ...

Во јули годишен раст од 8,8% на депозитите и 13,3% на кредитната активност. Растот на вкупните депозити во поголем дел е резултат на зголемените депозити на секторот „домаќинства“, при позитивен придонес и на депозитите на корпоративниот сектор. На годишна основа, вкупните кредити забележаа зголемување од 13,3%. Според намената, најголем раст кај кредитите на физичките лица е забележан кај станбените и потрошувачките кредити. Во јули годишен ...

Шеснаесет пливачи од осум држави утре ќе се натпреваруваат на 39. Охридски пливачки маратон, на традиционалната 25-километарска патека „Климе Савин“ од Свети Наум до Охрид. На маратонот ќе настапат пливачи од Македонија, Србија, Турција, Канада, Италија, Шпанија, Португалија и Аргентина. Во машка конкуренција ќе има 11 натпреварувачи, а во женска пет. Стартот е на Свети Наум, а целта на Охридското пристаниште, по традиционалната патека долга ...

Четворицата музичари, композитори и долгогодишни пријатели ќе понудат концерт во кој композициите се само почетна точка, а импровизацијата го креира конечниот музички израз. Според Џијан Емин, нотниот запис е само „мапа“, додека вистинската авантура започнува кога музичарите ќе одлучат да отстапат од неа. „Не се плашиме од грешката, повеќе се плашиме од совршено отсвирена музика во која ништо не се случило“, вели Емин. Георги Шарески, пак, ...

Анализите на водата од водоводот на Демир Капија, земени во понеделникот од страна на Центарот за јавно здравје Велес, како и анализата доставена во Институтот за јавно здравје, покажуваат дека водата е исправна за пиење. Сепак, забраната за пиење издадена од АХВ сè уште е во сила, до добивањето на третата анализа и официјалното укинување на забраната од страна на надлежната институција. Анализите на водата од водоводот на Демир Капија, ...

Епидемијата со западнонилска треска се движи во нагорна линија. Вирусната инфекција е потврдена кај уште четири лица од Центар, Студеничани и Кисела Вода, со тоа бројот на случаи се искачи на 42. На Инфективната клиника хоспитализирани се 22-ца, од нив петмина во потешка состојба. Најголем дел од заболените се постари од 60 години, еден случај е на 25-годишна возраст, засега нема заразени деца. Здравствените власти почнаа да им испраќаат СМС ...

Од изутринава МВР воведе плаќање преку интернет на казните за прекршоци за странските државјани. Патниците коишто направиле прекршок се издвојуваат на посебен шалтер, испраќаат скенирани документи и податоци и добиваат линк за праќање онлајн со платежна картичка. За премин на границата, странските државјани коишто направиле сообраќаен прекршок регистриран од системот „Безбеден град“ покажуваат само потврда за платена казна на полициските ...

Карлос Алкараз ќе настапи на УС Опен без претходно одигран натпревар поради повеќемесечната пауза, а во Њујорк ќе ја брани титулата освоена минатата година. „Се гледаме во Њујорк“, објави шпанскиот тенисер, потврдувајќи го настапот на последниот Гренд слем турнир сезонава. Алкараз последен пат настапи во Барселона, каде поради повреда го прекина турнирот. Поради проблемите со повредата ги пропушти и Ролан Гарос, Вимблдон, како и турнирите во ...

Масовни протести во Тунис поради недостигот на вода и електрична енергија, влошен од екстремните горештини. Демонстрантите бараат подобри основни услуги, пониски трошоци за живот и поголеми слободи, а дел од нив побараа оставка од претседателот Каис Саид. „Ја бранам мојата земја бидејќи гледам дека оди кон бездна. Земјата удри во ѕид: нема вода ни електрична енергија“, изјави Јусеф Хлели, демонстрант. Температурите во делови од земјата ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и ...

Украинскиот претседател Зеленски побара дополнителни ракети „Патриот“ по последните руски напади. Тој нагласи дека Украина е подготвена да плати за оружјето, но дека се потребни политички одлуки, пред сè од САД. „Ни требаат ракети за „Патриот“, а само нашите партнери можат да ги обезбедат. Не зборуваме за подароци. Украина е подготвена да купи оружје. Она што е важно е да се донесат одлуки, пред сè во САД“, изјави украинскиот претседател, ...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 35 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до ...

Над 100 луѓе загинаа при уривање на импровизиран рудник за злато во Централноафриканската Република, во близина на границата со Камерун. Се стравува дека бројот на жртви ќе расте додека дел од повредените се во критична состојба, а спасувачите продолжуваат со потрагата по преживеани и исчезнати под урнатините. Нелегалното рударство и ниските безбедносни стандарди се честа причина за вакви трагедии во Африка. Над 100 луѓе загинаа при уривање ...

Агенцијата за храна и ветеринарство нема надлежност да ги објави лабораториските резултати од водата - тоа може да го направи само ЈП „Комуналец“ - Гостивар, како барател на анализите. АХВ, преку државниот инспектор за храна, зела мостри од водата од седум места во градот, во присуство на стручни лица од Институтот за јавно здравје и Водовод. Испитувањата биле правени во овие две акредитирани лаборатории. „АХВ не поседува сопствена ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
0.0
72%
1018
weather icon

Белград

15ᴼ / 13ᴼ
1.03
51%
1019
weather icon

Загреб

17ᴼ / 12ᴼ
1.03
78%
1020
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
3.09
68%
1020
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
2.31
55%
1018
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 11ᴼ
1.03
94%
1021
weather icon

Атина

30ᴼ / 27ᴼ
6.17
49%
1013
weather icon

Тирана

24ᴼ / 21ᴼ
1.54
72%
1016
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
0.51
64%
1016
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
5.14
55%
1019
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 15ᴼ
1.34
58%
1020
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 22ᴼ
5.66
97%
1017
Currency

61.5217

Currency

52.6372

Currency

71.756

Currency

37.7251

Currency

38.2135

Currency

65.7353

Currency

7.83146

Currency

0.63666

Currency

0.33112

Currency

0.5247

Currency

1.09564

Currency

0.55002

Злато

147970.60

Кобалт

56.29

Цинк

0.00

Бакар

13.22

Иридиум

252383.36

Калај

56.16

Паладиум

42792.64

Алуминиум

3.25

Родиум

282926.57

Рутениум

53852.50

Сребро

2217.98

Платина

60346.95