Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Легендарниот шпански фудбалер, Серхио Рамос, е на чекор до историски подвиг. По завршувањето на неговата богата активна кариера, дефанзивецот се враќа во својот матичен клуб, Севилја, но овојпат во сосема поинаква улога – како негов ко-сопственик и главен инвеститор. По повеќемесечни интензивни преговори со мнозинските акционери на „Санчез Пижуан“, групацијата „Five Eleven Capital“, предводена токму од Рамос, конечно постигна целосен договор ...
Неофицијално, трофејниот хрватски ракометен стручњак, Лино Червар (75), ќе има нов клуб во својата тренерска кариера, односно од следната сезона ќе седне на клупата на РК Еурофарм Пелистер. Со овој потег, битолскиот клуб се обидува што поскоро да се врати на врвот на македонскиот ракомет. По сезона во која сменија тројца тренери и останаа без шампионска титула, Еурофарм Пелистер се одлучи за докажано решение. Червар веќе е во детални ...
Иран го испрати својот одговор на предлозите на САД за прекинување на војната преку медијатори во Пакистан, јавуваат иранските државни медиуми. Иако деталите од одговорот не се објавени, се верува дека американските предлози се фокусирани на меморандум од 14 точки кој би можел да отвори пат за преговори околу нуклеарните амбиции на Техеран. Според извештаите на американските медиуми, документот предвидува суспензија на збогатувањето нуклеарно ...
THE LIFE AND WORK OF THE DONOR ATANAS BLIZNAKOV IN THE MONOGRAPHS BY SLAVE KATIN On that occasion, Atanas Bliznakov gave a short account of the history of the Macedonian Orthodox Church and its role in the national, political and cultural life of the Macedonian people and, among other things, he said: “My dear Macedonian brothers and sisters, the Macedonian people have struggled for centuries for their national freedom and their own church, ...
Екс министерот за земјоделство Љупчо Николовски е под сомнение за незаконска распределба на повеќе од 800.000 евра за поддршка на мали винарии. Според пријавата, станува бор за повик распишан во 2023 година преку кој биле исплатени над 50 милиони денари. Според пријавата, средствата биле исплаќани без законска основа и без надлежност за таква исплата. По наредба на Јавен обвинител во изминатите денови во полицијата покрај Николовски биле ...
Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција упати остри критики кон лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека има исти позиции со официјална Бугарија во однос на уставните измени и евроинтегративниот процес. Манасиевски тврдеше дека Филипче е „најгласен“ во поддршката за внесување на Бугарите во Уставот и оцени дека со тоа се отвораат прашања поврзани со идентитетот, јазикот, културата и историјата. Во ...
Премиерот Христијан Мицкоски рече дека со шок и неверување вчера ја примил веста за одлуката на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) да ја запре постапката за предметот во врска со набавките на мазут за ТЕЦ „Неготино“, во кој, меѓу другите, беше опфатен и поранешниот директор на АД „Електрани на Македонија“, Васко Кочачевски. „Јас вчера со неверување ја слушнав таа вест и бев шокиран од тоа што ...
ВМРО-ДПМНЕ денеска преку прес-конференција на членот на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, обвини дека претседателот на СДСМ, Венко Филипче, води политика што е спротивна на македонските национални интереси. Членот на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, изјави дека Филипче „чекори по патот на Заев“ и е подготвен за нови отстапки во однос на Македонија и македонскиот народ. „За Филипче и СДС нема никаков проблем да бидеме ...
Има забрзување на процесот на реформите споредено со Извештајот од минатата година и искрено се надевам дека годинашниов извештај ќе може да покаже дека е направен напредок и дека ќе има резултати, изјави евроамбасадорот Михалис Рокас при денешната посета на Крушево, одговарајќи на новинароско прашање за тоа каков е извештајот за Македонија за напредокот во реформите. Според Рокас, во тек е подготовката на Извештајот кој треба да се ...
Бугарскиот амбасадор Жељазко Радуков денеска бил повикан во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, каде му бил упатен устен демарш поради употребата на терминот „северномакедонски“ од страна на шефицата на бугарската дипломатија, Велислава Петрова-Чамова. -Денеска, во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија беше повикан вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Бугарија во Република Македонија, ...
Премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето на Самитот 2026, организиран од „Македонија 2025“ порача дека евроинтеграциите остануваат стратешка цел, но дека е клучен начинот на кој се стигнува до нив. Порача дека владата ја избира потешката, но поисправна патека во процесот на евроинтеграциите, со цел државата да напредува преку испорака на резултати, а не преку компромиси што може да создадат идни проблеми. „Како влада цениме дека покус пат ...
Основното јавно обвинителство за гонење на организираниот криминал и корупцијата (ОЈО ГОКК) од 200 собрани докази не најде ниту еден според кој, согласно Законот за кривична постапка (ЗКП), може да очекува осудителна пресуда доколку поднесеше обвинение. Ова денеска на брифинг со новинарите го кажа обвинителката Катерина Коларевиќ која ја водеше истрагата за набавките на мазут за ТЕЦ „Неготино“ во периодот на енергетската криза од 2021 до 2023 ...
Заловување на мистериозно животно во скопската населба Козле предизвика големо внимание во јавноста, откако се појавија сомнежи дали станува збор за волк или куче. Животното во моментов се наоѓа во карантин во Зоолошката градина во Скопје, додека надлежните институции вршат проверки. „Не станува збор за волк, туку за чипирано куче“ Од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) информираат дека официјални ветеринари на АХВ во текот на денот ќе ...
По екстремните поединечни случаи, кои деновиве ја брануваат јавноста, како избодениот деветтоодделенец од скопската населба Ченто, кој се бори за живот, откако поранешен ученик го избоде во училиштето, министерката за образование Весна Јаневска вели дека ќе побара со закон да се овозможи казна за родителот чие дете врши насилство во училиште. Таа по втор пат појаснува дека агресијата на децата не произлегува од училиштето, туку од дома, а тие ...
THE LIFE AND WORK OF THE DONOR ATANAS BLIZNAKOV IN THE MONOGRAPHS BY SLAVE KATIN The wish of Atanas and Slavka Bliznakov to come to the liberated part of Macedonia and to live there forever came true in 1976. After voluminous correspondence and arrangements with the Matica, Rector’s Office of the University “Ss. Cyril and Methodius” and with other institutions and individuals, they arrived in Skopje where they were given a warm and friendly ...
Јаник Синер продолжи со импресивните настапи на Мастерс турнирот во Рим, откако без поголеми проблеми избори пласман во осминафиналето. Најдобриот светски тенисер во моментов беше доминантен против Алексеј Попирин, кого го совлада со 2-0 во сетови (6-2, 6-0) во меч кој траеше само еден час и седум минути. Од самиот старт Синер целосно ја контролираше играта, не дозволувајќи му на австралискиот тенисер ниту во еден момент да се врати во ...
Екипата на Работнички Волеј ја освои шампионската титула во женската одбојка, откако во решавачкиот петти натпревар во Струмица го совлада Наковски Волеј со 1-3 во сетови и стигна до 18-тиот трофеј во клупската историја. Скопскиот тим одигра одличен натпревар во салата „Димитар Влахов“ и со 25-16, 20-25, 25-27 и 23-25 заслужено славеше на гостински терен. Најефикасна кај шампионките беше Тамара Стојанова со 20 поени, Милевска додаде 18, а ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не ја исклучува можноста за испраќање американска делегација во Москва на разговори за војната во Украина. – Би го направил тоа ако мислам дека ќе помогне. Многу би сакал да видам крај на оваа војна, одговори Трамп на прашање на новинарите пред Белата куќа дали е подготвен да испрати преговарачи во Москва да разговараат за можно решение на конфликтот во Украина. Тој не даде детали за можниот ...
Багерите повторно го “меркаат Кожуф,” а активистите се враќаат на барикадите. Еколошката војна за реката Дошница, една од последните недопрени планински води во земјава, влегува во нова, неизвесна фаза. Иако минатата година механизацијата беше повлечена по силниот притисок на јавноста и поддршката од Грета Тунберг, активистите велат дека концесионерот сега се враќа со нова дозвола за градба на мала хидроцентрала. Алармираат и дека овојпат се ...
THE LIFE AND WORK OF THE DONOR ATANAS BLIZNAKOV IN THE MONOGRAPHS BY SLAVE KATIN In July 1968, on the occasion of the 65th anniversary of the Ilinden Uprising, Atanas and Slavka Bliznakov came to Macedonia for the second time. They came to take part in the great Ilinden festive celebrations. Then, being guests of the Matica, Atanas and Slavka were members of the Delegation of the Emigrants. They visited Bitola, Prilep, Ohrid, and Prespa, but ...
Во завршницата на сезоната во Првата македонска фудбалска лига, битката за опстанок практично доби епилог, откако Македонија Ѓорче Петров и Работнички ги загубија шансите да останат во елитата и заедно со Шкупи се селат во второлигашка конкуренција. Македонија ЃП на домашен терен беше убедливо поразена од Тиквеш со 1-4. Гостите од Кавадарци уште во првото полувреме направија солидна разлика, со погодоци на Окере и Сила, а во вториот дел ја ...
Фудбалерите на Барселона се старо-новите шампиони на Шпанија. Каталонскиот тим на најдобар можен начин стигна до новата титула. Во популарното „Ел Класико“ одиграно на „Камп Ноу“, Барселона го совлада лутиот ривал Реал Мадрид со 2-0. Целата работа домашните фудбалери ја зарпија уште во првото полувреме. Уште во деветтата минута, Маркус Рашфорд со ефектен гол од слободен удар донесе водство на Барса. Не чекаа долго навивачите на Барселона на ...
Русија и Украина денеска се обвинија меѓусебно за кршење на дводневното примирје што Москва го прогласи за да го покрие прославувањето на победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија. Руското Министерство за одбрана соопшти дека 264 украински беспилотни летала биле соборени во раните утрински часови во петокот, додека градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, рече дека главниот град бил цел на нападот, а официјални лица изјавија ...
15 годишниот ученик од основното училиште „22 ноември“ во Општина Гази Баба кој вчера беше прободен со нож е хоспитализиран и се наоѓа во критична состојба. Од Ургентниот центар информираат дека на детето вчера му била направена операција бидејќи имало оштетување на црниот дроб и долната шуплива вена во пределот на стомакот Напаѓачот кој е на иста возраст со повреденото дете, по пријавата за инцидентот веднаш бил уапсен а предметот со кој го ...
Владата го утврди новиот усогласен текст на Предлог-законот за игрите на среќа и забавните игри, кој ќе биде испратен до Собранието, најавувајќи, како што се наведува, „нова, посериозна и поодлучна фаза“ во борбата против нелегалното коцкање и неговото влијание врз младите. Како што истакна портпаролката, Венера Азизи, фокусот на законот е ставен на заштита на децата, младите и семејствата, преку значително построги правила за рекламирање и ...
Седум години партијата на етничките Македонци во Грција Виножито чека на одговор од вселенскиот патријарх Вартоломеј на нивното писмо во кое се бара да се воведат богослужби на македонски јазик во дел од црквите во северниот дел на Грција. Писмото било испратено уште на 6 март 2019 година. Македонците од Грција бараат во дел од црквите во северна Грција богослужбите да се одржуваат на современ македонски јазик. За писмото денеска на својот ...
Денешната одлука на собраниската комисија со која Катерина Зајковска е предложена за нов член на Антикорупциска комисија претставува скандалозен обид за континуитет на истите структури кои ја компромитираа Антикорупциската комисија, велат од Левица. Одтаму наведуваат дека претходно објавиле, како што велат, сериозни сомнежи дека токму Катерина Зајковска, како вработена во секторот за финансирање на политички партии во ДКСК, била дел од ...
Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски реагираше на изјавата на неговата бугарска колешка Весислава Петрова Чамова, посочувајќи дека меѓу нив немало официјална билатерална средба, туку само кратка размена на зборови на маргините на настан. „Во однос на изјавата на мојата нова бугарска колешка, Весислава Петрова Чамова, би сакал да појаснам дека денес немавме официјална билатерална средба. Имавме кратка размена на зборови на маргините ...
Македонската дијаспора не е само емоционална врска со татковината, ниту само спомен на семејни корени и иселенички приказни. Таа е човечки, интелектуален, економски и културен капитал без кој Македонија тешко може да размислува за посилен развој, модернизација и поголема конкурентност. Таква беше главната порака од обраќањето на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на приемот во пресрет на дводневниот, традиционален Самит на „Македонија ...
THE LIFE AND WORK OF THE DONOR ATANAS BLIZNAKOV IN THE MONOGRAPHS BY SLAVE KATIN The second monographic work “Atanas Bliznakov”, published by the Rectorate of the University “St. Cyril and Methodius”, Skopje, 2017, 320, (in Macedonian and English) is dedicated to the largest donor in the Macedonian diaspora, Atanas Bliznakov born in the village of D’mbeni, Kostur region, and living in Gary, Indiana, in the United States of America. With the ...