Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Унгарскиот премиер Петер Маѓар изјави дека забрзаното членство на Украина во Европската Унија „би било неправедно“ кон земјите од Западен Балкан и дека унгарската влада не е единствената што не се согласува со отворањето на други кластери. Петер Маѓар нагласи, пред состанокот на Европскиот совет во Брисел, дека динамиката на проширувањето на ЕУ била особено дискутирана во разговорите со европските претставници. Тој додаде дека во разговорите ...
Израелската армија соопшти дека во текот на ноќта погодила голем број мети во јужен Либан, додека Хезболах наведе дека води интензивни борби во регионот. Либанската Национална новинска агенција (ННА) јави дека во израелските воздушни напади загинале најмалку 18 луѓе, а повеќе од 30 се повредени. Израелската војска денеска напаѓа цели и во долината Бека. Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху изјави дека израелската армија ќе остане во Либан ...
Јавното обвинителство бара притвор за осум и мерки за претпазливост за четири лица уапсени вчера во рамките на истражната постапка против 18 физички и осум правни лица за проневера на над 180 милиони денари во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Сите 12 лица, меѓу кои и поранешниот претседател ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски, кои вчера се уапсени, се веќе изведени пред судија на претходна постапка пред Основниот кривичен суд во Скопје, каде што ...
Во однос на најавената реконструкција на Владата, процесот се одвива преку разговори со коалициските партнери. Денес и утре се предвидени средби со политичките партии ЗНАМ и ВРЕДИ.Со оглед на тоа што разговорите се во рана фаза и станува збор за чувствителен процес кој бара сериозен и одговорен пристап, во овој момент не би навлегувале во дополнителни детали. Штом бидат постигнати конкретни договори и дефинирани решенија, јавноста ќе биде ...
Во претстојната учебна година да не се примаат првачиња, ниту да има паралелки од шестто одделение. Вишокот наставници ќе се распредели таму каде има потреба. Ова е дел од содржината на измените на Статутот на ООУ „Гоце Делчев“ од Штип што денеска беше усвоено со гласовите на советниците на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата. Советниците од СДСМ и Левица гласаа против. На седницата не присуствуваше градоначалникот Иван Јорданов, а предлог одлуката ја ...
Три жени од 23, 40 и 49 години од Делчево, Штип и Кочани биле физички нападнати од своите сопрузи. Сите троца сопрузи се уапсени од страна на полицијата по пријавата. Првиот случај е од Кочани, од синоќа, а во 22:30 часот, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода Ф.Р.(40) од Кочани, постапувајќи по претходна пријава од неговата 40-годишна сопруга дека околу 21:00 часот во семејниот дом физички ја нападнал при што употребил тврд ...
Бројките потврдуваат – близу 17.000 повеќе вработени лица и намалена невработеност, пишува во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ – интегрален текст од прес-конференција на пратеникот Бојан Стојаноски, што Канал 77 го пренесува интегрално. Официјалните податоци за пазарот на трудот потврдуваат дека економските политики на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ даваат конкретни и мерливи резултати. Во првото тримесечје од 2026 година во Македонија ...
Донесен е документ од Советот на општината Штип, со кој повторно се тргнува во постапка за продажба на мнозинскиот пакет на АД Брегалница 2008 од страна на општината Штип, која е моментален целосен сопственик на истоимениот фудбалски клуб. Ќе се понудат 128 акции на клубот во износ од 1172 евра по акции или вкупно 150,000 евра во денарска противредност пресметана во средниот курс на Народна банка на денот на реализација наци. На седницата на ...
Нема да се одржат преговорите меѓу САД и Иран што беа предвидени за денеска во швајцарското планинско одморалиште, соопшти швајцарското Министерство за надворешни работи. Соопштението уследи откако портпарол на Белата куќа изјави дека американскиот потпретседател Џеј Ди Венс ја одложил средбата со претставниците на иранскиот преговарачки тим. На средбата требаше да се разговара за спроведувањето на меморандумот што Вашингтон и Техеран ...
Првиот женски судиски тим од Соединетите Американски Држави испиша историја на Светското првенство за мажи. Натпреварот Чешка – Јужна Африка имаше судиски тим за историјата. Судијката од САД, Тори Пенсо, и нејзиниот тим станаа вториот женски судиски тим што судел на Светско првенство во фудбал за мажи и првиот женски тим составен од судии од САД. Тори Пенсо (главна судијка) со помошничките Брук Мајо и Кетрин Несбит, одлично си ја завршија ...
Израелската армија во текот на ноќта гаѓала цели низ јужен Либан, додека движењето Хезболах соопшти дека води интензивни борби во регионот, што е нова ескалација на конфликтот кој е закана по мировниот договор меѓу САД и Иран. Според либанските медиуми, во израелските напади загинале најмалку 16 лица. Израелската војска потврди дека операциите се во тек, без да даде дополнителни детали за жртвите. Продолжувањето на борбите во Либан може да го ...
СДСМ реагираше со соопштение на најавената реконструкција на Владата: „Организирната криминална група ВМРО и ЗНАМ, тендер коалиција, ќе одржат средба за реконструкција на Владата. Нова козметичка операција на тендер коалицијата која веќе две години ја држи Македонија во економски и политички колапс. Наместо вистински реформи и одговорност, добиваме само шминка на Владата и мачкање очи на народот. ЗНАМ, партија која практично престана да ...
Додека СДС и ДУИ оставаа кризи, долгови и блокади, ВМРО-ДПМНЕ донесе стабилност, развој и конкретни резултати кои денес ги чувствуваат граѓаните, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ што Канал 77 го пренесува интегрално. За две години ВМРО-ДПМНЕ покажа што значи одговорно и посветено владеење базирано на резултати. Со историски рекордни 1,255 милијарди евра инвестиции и најсилниот инвестициски циклус во поновата историја, Македонија ...
Овластени службени лица од Управата за финансиска полиција во соработка со Министерството за внатрешни работи (МВР), по наредби на судија на претходна постапка и под раководство на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), денеска извршија претреси на домови, деловни простории и лица на повеќе локации во Скопје. Како што соопштија од Управата за финансиска полиција, акцијата е резултат на ...
Полициски службеници синоќа привеле српски државјанин кој со „порше“ возел 188 километри на час на автопатот Куманово – Скопје, кај клучката „Рафинерија“. Приведен е Б.С.(30) од Република Србија бидејќи возел со недозволена брзина. – При контрола во патниот сообраќај, извршена со радар, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „порше“ со српски регистарски ознаки, управувано од Б.С. (30). По извршеното мерење било констатирано ...
Секој пат кога ќе го исклучите моторот додека климатизацијата е вклучена, создавате услови за бактерии и мувла во внатрешноста на струјното коло – решението е едноставно и бесплатно. Летото значи едно нешто за повеќето возачи: штом ќе ја отворат вратата од автомобилот, нивната рака речиси автоматски оди до копчето за климатизација. И не без причина, бидејќи по часовите поминати под жешкото сонце, кабината се претвора во мала рерна. Но, постои ...
Во неколку региони на Централна Азија, претпочитањето синови сè уште длабоко влијае врз семејните одлуки, што резултира со значителни разлики во стапките на наталитет кај момчињата и девојчињата. Експертите предупредуваат дека овој феномен не се однесува само на човековите права и родовата еднаквост, туку и на демографската иднина на цели општества. Во Узбекистан се раѓаат околу 107 момчиња на секои 100 девојчиња, додека во Таџикистан ...
Нов случај предизвикува голема загриженост во Соединетите Американски Држави, повторно ставајќи ги во преден план опасностите од онлајн предизвиците, бидејќи 15-годишно девојче од Оклахома е хоспитализирано со мозочна смрт откако учествувало во опасен предизвик што кружи на социјалните медиуми. Малолетничката Лија Пресон наводно учествувала во таканаречениот „Предизвик Бенадрил“, опасен онлајн тренд што ги охрабрува учесниците да консумираат ...
Украинскиот министер за одбрана, Михајло Федоров, изјави дека Киев има зацртано цел преку напади со беспилотни летала врз руските линии за снабдување целосно да го изолира анектираниот полуостров Крим. „Изгледа дека наскоро Крим ќе се претвори во остров“, рече Федоров во интервју за јутјуб-каналот „Пресинг“. Според него, нападите врз транспортните и логистичките правци отвориле „прозорец на можности“ за Украина. „За Русите започнува пекол со ...
По серијата трагични инциденти во кои жртви или тешко повредени беа деца од 12 и 13 години министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави законски измени. Базирани на препораките на експерти, Тошковски вели дека се планира заострување на казнената политика, но и зголемување на старосната граница за управување со електрични тротинети. Измените се очекува да бидат внесени во Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата. -Ќе одиме со ...
Местото на овој народ, на граѓаните на нашата Македонија, е таму, на масата во Брисел со нив, како полноправна членка на Европската Унија – порача вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на одбележувањето на 36. роденден на партијата во Струмица, но нагласи дека нема да се прифатат отстапки поврзани со националниот идентитет. – Местото на овој народ, на граѓаните на нашата Македонија, е таму, на масата во Брисел како ...
Не постои простор за отстапување од основните принципи на европската регулатива, посочи портпаролката на Министерството за надворешни работи на Грција Лана Зохиу на денешниот редовен брифинг со новинарите, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина во однос на ЕЕС системот и евентуалното исклучување на државјани на одредени трети земји од европската регулатива што предвидува биометриска регистрација. Зохиу објасни дека ...
Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, денеска од седиштето на НАТО во Брисел изјави дека на состанокот на Северноатлантскиот совет со колегите министри разговарале за клучните предизвици во наредниот период, со посебен акцент на одбранбените буџети и постигнувањето на целта од 3,5 проценти од БДП. – Главната тема беше буџетот и колку ќе се издвојуваат средства во наредните 10 години. Ова претставува основа за самитот што следи во Анкара – ...
Фудбалската федерација на Македонија се огласи по денешната акција во која беше приведен поранешниот претседател Илчо Ѓорѓиоски, а од Куќата на фудбалот открија дека утврдената штета во периодот од 2015 до 2019 година надминува 2,5 милиони евра. Во соопштението, ФФМ посочува дека случајот бил пријавен до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција уште во 2019 година, по што била спроведена истрага од Управата за ...
Уставниот суд на вчерашната седница ја укина Одлуката за промена на имињата на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти во Општина Тетово, бр. 07-766/4 од 24.04.2007 година („Службен гласник на Општина Тетово“ бр. 25/2007 од 26.04.2007 година). Одлуката е донесена со мнозинство гласови. Ова е краткото образложение на одлуката, со тоа што одлучувањето доаѓа 19 години од промената на имињата, кога плоштадот во Тетово од ...
Претседателите на САД и Иран, Доналд Трамп и Масуд Пезешкијан, го потпишаа Меморандумот за прекин на војната на Блискиот Исток, со кој Исламската Република се согласи да го разреди својот збогатен ураниум во замена за значително олеснување на економските санкции. Трамп го потпиша Меморандумот за разбирање за време на свечена вечера во дворецот Версај, по завршувањето на самитот на Групата Г-7, во присуство на францускиот претседател Емануел ...
Меморандумот за разбирање меѓу САД и Иран содржи 14 точки, кои треба да послужат како основа за постигнување конечен мировен договор во рок од 60 дена: Првата точка предвидува итен и траен прекин на сите воени операции меѓу САД, Иран и нивните сојузници на сите фронтови, вклучително и во Либан. Во документот се наведува дека ниту една страна нема да презема воени дејствија ниту да упатува закани кон другата, а ќе бидат почитувани ...
Советот на Европската Унија додаде 34 поединци и 47 субјекти на својата листа на санкции на 15 јуни – вклучувајќи 10 поединци и еден субјект обвинет за „ширење дезинформации насочени кон оправдување, промовирање или легитимирање на агресивната војна на Русија против Украина“. Во пракса, ова значи дека нивните средства ќе бидат замрзнати, додека на граѓаните и компаниите од ЕУ ќе им биде забрането да им обезбедуваат средства или финансиски ...
Вишиот суд во Белград ја изрече втората првостепена пресуда за Владимир и Миљана Кецмановиќ, родители на момчето кое на 3 мај 2023 година во Основното училиште „Владислав Рибникар“ уби девет свои врсници и училишниот чувар, а рани уште шест лица. Главниот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград, Ненад Стефановиќ, во завршниот збор предложи судот да им изрече максимални затворски казни. За Владимир Кецмановиќ беше предложена ...
Мојата визија е Македонија да стане држава на можности, а не на изговори. Држава во која институциите работат за граѓаните, правдата важи за сите, а успехот се мери според знаењето, трудот и резултатите, држава која не чека подобри времиња, туку сама ги создава. земја која се движи напред со самодоверба, со јасна насока и со вера во сопствените можности, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски на собирот во Струмица ...