Премиерот Христијан Мицкоски присуствуваше на пуштање во употреба на реконструираното Одделение за трауматологија во ЈЗУ Универзитетска Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски” – Скопје. Најавувајќи ја реконструкцијата тој рече: -Од 1965 година наваму шајка не е закована, полека но сигурно почнуваме да ги реализираме приоритетите. За жал не можеме преку ноќ она што со децении било уништувано да го испрвиме, но еден по еден ги решаваме. ...

Министерот за здравство Сашо Клековски денес беше прашан дали се очекува нов бран на пациенти откако ќе биде поминат периодот на инкубации. Тој рече: -Значи јас би замолил да нема слободни јавачи на епидемијава, бидејќи гледаме и доктори кои не се епидемиолози или инфектолози. Даваат различни совети, различни мислења. А знам дека вакви состојби се популарни за кликови и за собирање лајкови, меѓутоа би замолил да граѓаните ги следат а ...

На Автоматската метеоролошка станица во Штип, во 17:00 часот, е регистриран оркан со максимален удар на ветер од 134 km/h со правец запад-северозапад (WNW). Максимално измерени вредности на ветерот историски во Македонија, бил 150 km/h. Во Скопје орканот бил за нијанса послаб. Како што соопшти УХМР, во Скопската котлина, на Автоматската метеоролошка станица Скопје, во 16:10 часот е регистриран оркан со максимален удар од 130 km/h со правец ...

Хрватот Филип Михалиќ (27), познат во јавноста и како „Корона детето“ од скандалот со измама со лажни тестови за Ковид, по кратко боледувае починал во Доминиканската Република , дознава неофицијално 24 часа од извор близок до семејството. Иако Министерството за надворешни и европски работи наведува дека сè уште чекаат официјална потврда за смртта и дека надлежните судови во Вараждин немаат официјални информации. Медиумите дознаваат дека ...

Во затворот во Штип се степале затвореници едниот од нив е пренесен во болница. -На 21.07.2026 во 22:52 часот во СВР Штип, од Казнено – поправната установа Затвор Штип било пријавено дека околу 20:00 часот во установата, по претходна расправија, осуденикот К.О.(30) од Скопје физички нападнал друг осуденик А.Р.(34) од струмичко, нанесувајќи му повреди, констатирани во Клиничка болница Штип. Се работи на расчистување на случајот, информираат од ...

Францускиот парламент усвои закон со кој од јануари 2027 година ќе биде забранет пристапот до социјалните мрежи за лица помлади од 15 години. Со тоа Франција станува првата европска земја што воведува целосна забрана за користење на тие платформи за деца, а сите корисници ќе мора да ја потврдат својата возраст. Одлуката е донесена поради зголемената загриженост за влијанието на социјалните мрежи врз менталното здравје на децата, во период ...

Едно од најретките породувања некогаш регистрирани во светот се случи во Австралија, каде што 34-годишна жена роди идентични четворки, кои беа зачнати природно, по бременост што лекарите ја опишаа како екстремно ризична. Според Би-Би-Си, Џенитар На’амоана родила со царски рез на 14 јули, по 28 недели и четири дена бременост, четири девојчиња, кои потекнуваат од една оплодена јајце клетка која се разделила на четири ембриони. Тие се ...

На граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје е запленет накит „Сваровски” во вредност од 333 илјади денари, откако царинските службеници го открија при детална контрола на патничка на влез во државата. -Станува збор за македонска државјанка која пристигнала со лет од Загреб, при што на влез во државата со намера да избегне плаќање увозни давачки, се упатила на зелениот наместо на црвениот канал. Патничката е селектирана за контрола од ...

Најмногу дожд во изминатите 24 часа до 8 часот утрово е измерен во Штип, каде наврнале 18 литри на квадратен метар, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Според измерените количини на дожд на дождомерните места на УХМР, во Куманово се наврнати 14 литри на квадратен метар, во Скопје-Петровец 11, во Струмица 10, а во Скопје-Зајчев Рид осум литри на квадратен метар. Во Берово се измерени седум литри на квадратен метар, по четири ...

Американскиот претседател, Доналд Трамп, смета дека претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, би бил соодветен кандидат за иден генерален секретар на Обединетите нации, објави американскиот весник „Њујорк пост“ повикувајќи се на извори блиски до Трамп. Според нујоршкиот весник, Трамп високо го оценил начинот на кој Инфантино го организирал Светското фудбалско првенство во САД, Канада и Мексико, а по завршувањето ...

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека полициските службеници се присутни на терен и постапуваат по сите пријави поврзани со последиците од невремето, во координација со останатите надлежни институции. Се преземаат мерки за обезбедување на безбедноста на граѓаните, расчистување на последиците и непречено одвивање на сообраќајот и другите јавни функции. -Невремето предизвика најголеми последици на подрачјето на СВР ...

По краткотрајното силно невреме проследено со ветер и интензивен дожд што го зафати Штип пред 18 часот, без покрив остана Клиничката болница во Штип. Делови од лимениот покрив завршија во дворот на болницата, при што, според очевидците, оштетија две возила. Но, по невремето делови од Ортопедското одделние и Интензивна нега се под вода. Дел од пацинетите во поплавените соби се евакуирани, а како што објасни д-р Билјана Ефтимова, доколку има ...

Девет повредени лица во невремето во Скопје се примени во Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) во Скопје, изјави за МИА директорот на Клиниката, проф. д-р Игор Мерџаноски. Од нив две се со потешки повреди – една жена со повреда на глава е на Неврохирургија, а друга е со скршена рака, додаде д-р Мерџаноски за МИА. Девет повредени лица во ...

Во Црна Гора има големо невреме кое во моментов се движи кон Македонија, информира вечерва Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Но, по Црна Гора невремето продолжи преку Албанија и Косово, по што се очекува да продолжи кон Македонија Невреме со пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на суградица зафати повеќе делови од државава попладне по 17 часот, предизвикувајќи штети во Скопје, Куманово, Штип, Кочани, Виница, Струмичко,. Во ...

Во невремето проследено со пороен дожд и силен ветер што го зафати Скопје попладне во 17 часот е предизвикана материјална штета, на улиците има паднати покриви и дрвја врз автомобили, паднати семафори. Дел од улиците се блокирани за сообраќај. Невреме во тој период го зафати и Куманово, каде исто така има паднати дрвја и бандери, а откорнати се и покривни конструкции на неколку локации. Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски објави дека ...

Патник почина на лет на „Лауда Европа“ на аеродромот „Фрањо Туѓман“ во понеделник, непосредно пред полетувањето. И покрај обидите да се реанимира, патникот не можел да се спаси, а откако неговото тело било извадено од авионот, летот продолжил. Според информациите објавени од Index, на патникот му се слошило додека авионот таксирал, односно се движел по површината на аеродромот кон пистата. Екипажот во кабината веднаш почнал да му пружа помош, ...

По 30 дена затворски притвор добија тројцата осомничени Артан Асани, Леон Уредини и Вадедин Дервиши од Гостивар, кои се на високи раководни функции во комуналното претпријатие во Гостивар. Оваа мерка им ја определи судијата на претходна постапка во Основниот суд во Гостивар, Ќирко Михајлоски на тројцата осомничени кои се товарат дека се виновни за епидемијата со труење во општина Гостивар, предизвикана од водата за пиење и за нелегално ...

Владата денеска донесе одлука за прогласување кризна состојба во општина Гостивар во рок од 30 дена. Одлуката е донесена на денешната 195. седница, на предлог на Управувачкиот комитет, во состав: министерот за одбрана – Владо Мисајловски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија – Тимчо Муцунски, министерот за внатрешни работи – Панче Тошковски, министерот за здравство – Сашо Клековски, министерот за транспорт – Александар ...

Дваесет и деветгодишната Кристијан Фејт Медисон, мајка на малолетен син, изврши самоубиство по постојана комуникација со „Чет-ГПТ“, поврзана со религијата. Таа во јуни, минатата година си го одзема животот фрлајќи се пред автомобил во утринските часови. Тужбата против компанијата „Опен-АИ“ е поднесена минатата година во јуни, од страна на нејзините родители. Во неа се наведува дека ВИ ги поддржувала нејзините религиозни заблуди, со што ја ...

За трите лица вработени на одговорни функции во ЈП „Комуналец“ осомничени за загадување на водата во гостиварскиот водовод ќе се бара притвор, а во зависност од новите докази, истрагата ќе се прошири. Ова беше кажано на денешниот двочасовниот брифинг во Основното јавно обвинителство во Гостивар. Пред судијата на претходна постапка, Ќирко Михајлоски осомничените од 12 часот даваат искази, по што ќе биде познато дали бидат определни мерки за ...

По вчерашното кратко, но интензивно невреме, проследено со силен ветер, без струја речиси 19 часа се кочанските села Соколарци, Спанчево, Жиганци, Подлог, Нивичани и уште неколку други. Поради тоа што нема струја, жителите во овој жежок дека се и без вода за пиење, бидејќи селските водоводи главно работат на струја. Според жителите, сијалиците светнале синоќа околу 22 часот, но околу полноќ повторно останале без струја и од тогаш досега ...

МВР информира за необична несреќа во Скопје. -На 20.07.2026 во 20:25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Карпош паднало дрво и со тешка телесна повреда се здобила К.М.(86) од Скопје, по што била пренесена во Јавна здравствена установа „Св.Наум Охридски” за укажување на лекарска помош. Исто така, граѓанин пријавил дека, додека ја барал чантата на повредената, пронашол експлозивна направа, која подоцна била подигната од ...

Вчера попладне во Кочани се случила сообраќајка, во која загинал велосипедист. -На 20.07.2026 околу 15:30 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на локалниот пат Кочани – Брана Гратче се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода” со кочански регистарски ознаки, управувано од И.Б.(51) од Кочани и велосипед управуван од Д.Ѓ.(65) од Кочани. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал велосипедистот, а лекар од Итната ...

На лице место починал 65-годишен велосипедист од Кочани, откако се судрил со возило. Настанот се вчера попладне околу 15:30 часот, на локалниот пат Кочани – Брана Гратче. Се работи за планински пат, кој води до браната и често се користи од страна на рекреативците и граѓаните. МВР соопшти дека во ОВР Кочани е пријавена несреќата што се случила помеѓу патничко возило „шкода” со кочански регистарски ознаки, управувано од И.Б.(51) од Кочани и ...

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска беше во посета на Гостивар, од каде што порача дека во време кога институциите потфрлаат, СДСМ е меѓу граѓаните за да им помогне на оние на кои помошта сега им е најпотребна. Во изјавата за медиуми, Филипче нагласи дека она што денес се случува во Гостивар е последица на неодговорното управување на власта и на целосниот институционален хаос. „Очигледно е дека со оваа власт на Христијан ...

Зинедин Зидан стана нов селектор на француската репрезентација, објави инсајдер Фабрицио Романо. Според Романо, 54-годишниот фудбалски стручњак веќе потпишал долгорочен договор. Усен договор бил постигнат уште во ноември и никогаш не бил доведен во прашање, и покрај интересот за него од неколку клубови. Дидие Дешан беше на чело на француската репрезентација од 2012 година. Тој ја напушти функцијата по натпреварот за третото место против ...

Асани избра да се освежи со пакувана вода, не таа вода од водоводот за која тврдеше дека е исправна, а заболените заболеле од храна и од „вруќините“. Заедно со Асани пред судија на претходна постапка се изведени и двајца колеги на Асани. Тројца беа уапсени вчера попладне, откако Обвинителството ги доби резултатите од водата од водоводот, кои покажаа 50 пати повеќе од дозволеното присуство на фекални бактерии. Се испитуван нивната одговорност ...

Во Општата болница во Гостивар во изминатото деноноќие биле прегледани вкупно 198 пациенти, а еден пациент поради здравствената состојба бил упатен на лекување на Инфективната клиника во Скопје, информира директорот на Општата болница во Гостивар Емри Бајрами. Според Бајрами, на Инфективното одделение биле прегледани 111 пациенти, на Одделението за педијатрија 75, а во Ургентниот центар 12 пациенти. Бајрами изјави дека нема промени во ...

Дивиот приклучок поставен на гостиварскиот водоснабдителен систем не се наоѓал во заштитните санитарни зони, туку на околу 800 до 900 метри од последната точка опфатена со дозволата што ја имал Комуналец – Гостивар. За овој приклучок што е предмет на истрагата за загадувањето на водата во Гостивар, не е доставено барање до Министерството за животна средина и прострона планирање (МЖСПП). -Овој див приклучок воопшто не е во рамки на дозволата, ...

Државниот завод за ревизија (ДЗР) утврдил повеќе слабости и неправилности во работењето на Агенцијата за задолжителни нафтени резерви при ревизијата на финансиските извештаи за 2024 година и ревизијата на усогласеноста со законската регулатива. Во ревизорскиот извештај се наведува дека е изразено мислење без резерва во однос на реалноста и објективноста на финансиските извештаи, но мислење со резерва за усогласеноста со законите, ...

weather icon

Скопје

30ᴼ / 30ᴼ
1.94
29%
1016
weather icon

Белград

34ᴼ / 32ᴼ
3.13
40%
1015
weather icon

Загреб

33ᴼ / 33ᴼ
0.7
33%
1013
weather icon

Софија

29ᴼ / 29ᴼ
2.58
34%
1017
weather icon

Сараево

33ᴼ / 33ᴼ
1.4
24%
1017
weather icon

Љубљана

31ᴼ / 28ᴼ
0.45
62%
1016
weather icon

Атина

33ᴼ / 31ᴼ
5.36
37%
1012
weather icon

Тирана

34ᴼ / 34ᴼ
1.49
17%
1014
weather icon

Подгорица

31ᴼ / 31ᴼ
1.13
22%
1015
weather icon

Букурешт

32ᴼ / 30ᴼ
3.58
40%
1016
weather icon

Будимпешта

36ᴼ / 33ᴼ
1.79
30%
1016
weather icon

Истанбул

30ᴼ / 30ᴼ
4.35
41%
1014
Currency

61.4762

Currency

53.3754

Currency

71.7836

Currency

37.5886

Currency

37.9845

Currency

66.0092

Currency

7.91023

Currency

0.6626

Currency

0.33852

Currency

0.52491

Currency

1.12347

Currency

0.56179

Злато

133030.14

Сребро

1954.91

Иридиум

252383.36

Алуминиум

3.23

Бакар

13.37

Родиум

269262.50

Платина

56295.96

Калај

55.95

Паладиум

43242.75

Рутениум

53852.50

Кобалт

56.29

Цинк

0.00