На денешното рочиште од судењето за пожарот во дискотеката Пулс, присутен како јавност е и амбасадорот на Република Словенија, Грегор Прескер. Со изведување на материјални докази од Обвинителство, денеска во судницата во „Идризово“ продолжи судењето за пожарот. Пред Судот беа презентирани докази за објектот, неговата сопственост и движење на имот – целокупната фактичка, правна и сопственичка историја на објектот каде се наоѓала дискотеката ...

На 1 септември на градскиот плоштад во Скопје по повод 35 години независност ќе биде одржан концерт на кој ќе настапи еден од најголемите оперски пејачи на сите времиња, шпанскиот тенор Хозе Карерас, како и Македонија олл стар – Каролина Гочева, Влатко Стефановски, Калиопи, Наум Петрески, Сузана Спасовска и Игор и Ана Дурловски. Ова е втор настан во рамки на одбележувањето на 35 години независност по настапот на Давид Гета и Монолит шоу на 8 ...

Плоштадот во Валандово беше полн со љубители на македонската музика. Песни, новосоздадени и испеани низ годините од 39те истанија н Фолк фест „Валандово“. Блага Петреска, Мишко Крстевски, Марјан Коцев, Катерина Брезева, Елена Велевска и Кико Божинов не потсетија на многу од фестивалските хитови кои оставија белег низ годините. Некои наградени, некои не освоиле ниту една награда, но оставиле толку голем белег, што ги натера валандовчани да не ...

Социјалните мрежи се исто толку штетни за децата како и пушењето, предупредуваат водечките британски лекари, повикувајќи ги пратениците да се справат со ефектите од времето минато пред екрани врз децата и младите. Академијата на кралските колеџи на лекари подробно го објасни влијанието на социјалните мрежи врз децата во поднесувањето до владината консултација за заштита на децата на интернет што завршува во вторник. Според телото што ...

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до ОЈО Битола поднесе кривична пријава против И.Д. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,злоупотреба на службената положба и овластување”, предвидено и казниво по член 353 став 1 од КЗ. -И.Д., на работно место „помлад полицаец” во ПС Битола на 25.03.2026 околу 17:00 часот, во период кога не бил работно ангажиран, отишол во просториите на ...

Граѓаните со возачка дозвола од „Б“ категорија за автомобил, од денеска имаат право да управуваат мотоцикли со автоматски менувач од категоријата „А1“ со зафатнина на моторот од 125 м3 и чија сила на моторот не е поголема од 11 KW, откако стапија во сила измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Законските измени беа подготвени и поднесени од пратеничичката група на Движење ЗНАМ со поддршка на пратениците од мнозинството, ...

Јавноста е повторно разбранувана по најновото Мислење донесено од страна на Советот за етика во медиумите, со кое што ги осуди објавите на профили на социјалните мрежи со наводни токсиколошки анализи од загинатите во дискотеката Пулс, при што се прикажани имиња на починати и наводни концентрации на разни супстанци пронајдени при обдукциите. Во своето Мислење, СЕММ посочува дека објавената „…содржина е длабоко спротивна на елементарните ...

Американскиот трговски претставник, Џејмисон Гриер, синоќа изјави дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп планира воведување нови царини за партнерите од договорот за слободна трговија меѓу САД, Мексико и Канада (УСМКА). Гриер наведе дека Вашингтон има сериозни нерешени прашања во трговските односи со Канада и оти е неопходно воведување царини поради големиот трговски дефицит. „Ќе мора да воведеме царини додека го имаме овој ...

Во рамките на концертна програма на годинешниот S.O.S. Festival 2026, сцената на „Античкиот театар„ во Охрид ќе ги отвори вратите за една од најголемите македонски рок групи, АРЕА која на 31. јули (петок) ќе го одржи својот голем летен концерт во живо, под отворено небо. Ружица, Ивица и екипата од бендот уште еднаш ќе ги отворат своите „Врати на имагинација“ за нивната многубројна публика и ќе ги изведат најпознатите хитови од својот богат ...

Џајковски, Северина, Иви Адаму се само дел од музичките ѕвезди кои ќе настапат на отворањето на Мега Шопинг Парк во Гевгелија, а кое ќе трае четири дена. Утре вечер (четврток) е првата вечер, а ќе ја отвори Тамара Тодевска. Концертот на Тамара е закажан за 20.30 часот, а ќе трае до 22 часот. По неа ќе настапи грчката ѕвезда Иви Адаму, а нејзиниот концерт ќе трае до полноќ. Вториот ден прославата ќе започне во 11 часот со програми за деца. Во ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура, како што информира Управата за хидрометеоролошки работи ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 29 до 34 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Во ...

Лишени од слобода двајца криумчари на мигранти од Косово, поднесена им е кривична пријава и определена мерка притвор од 30 дена. -На 26.05.2026 во 06:30 часот на наплатна станица Демир Капија на автопатот Гевгелија-Неготино, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово ги лишија од слобода А.Г.(42) и Г.Г.(39), двајцата од Косово. Претходно, полициските службеници запреле возило „фолксваген траснспортер“ со косовски ...

СВР Тетово информира за тетовски демнач и двајца семејни насилници. Против нив се поднесени кривични. Ова се насилниците. -На 26.05.2026 во 20:35 часот во тетовско село, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода М.М.(55) од селото, постапувајќи по претходна пријава дека следел и вознемирувал малолетничка од друго тетовско село. По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по ...

Цели две години МВР со Панче Тошковски не презема никакви дејствија за криминалот со фирмата за надзор над проектот со „Бехтел и Енка“, иако во јавноста беа објавени сериозни сомнежи за милионски злоупотреби и енормни хонорари. Според информациите од обвинителството, предметот практично тапка во место поради непостапување на МВР во предистрага која трае две години, за која обвинителството пратило и ургенции до МВР, се вели во соопштението од ...

Вишото јавно обвинителство во Белград попладнево соопшти дека Институтот за судска медицина „Милован Миловановиќ“ доставил извештај за идентификација на остатоците пронајдени во буре во Инѓија, при што е утврдено дека станува збор за Александар Нешовиќ, чие исчезнување е пријавено на 13 мај. ДНК анализата утврдила дека станува збор за А. Н, чие исчезнување е пријавено на 13 мај 2026 година, соопштија од Обвинителството. Останките беа ...

Возило во кое се превезувале возач и сопатник попладнево излетало од улицата „Панче Караѓозов“ во Штип, по што заврши превртено во двор од една од куќите. Според очевидци возачот на автомобилот се обидел да избегне и да не удри во жена која сакала да ја премине улицата, по што нагло свртел и изгубил контрола над возилото. Автомобилот излетал од коловозот и завршил превртен на кров во дворот од куќата. Возачот и совозачот по несреќата биле ...

Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) информира дека согласно со оперативните измени во функционирањето на системот за наплата почнувајќи од 15 јуни на наплатните станици (патарините) лентите означени за MTAG ќе бидат наменети исклучиво за користење од страна на корсници со електронски тагови. Со таа измена, соопшти денеска ЈПДП, вршењето на наплата со MCard на тие ленти се укинува. Корисниците кои користат MCard ќе ја реализираат ...

Десет прекршувања на грчкиот воздушен простор, од турски воени авиони биле регистрирани во текот на вчерашниот ден во областа на североисточниот и југоисточниот дел на Егејското море, а сите биле пресретнати согласно меѓународните правила, јави дописничката на МИА од Атина. Во грчкиот воздушен простор биле забележани вкупно четири турски авиони, односно една формација составена од два Ф-16, кои биле вооружени и два поединечни авиони ЦН-235. ...

Речиси половина од вработените (46,7 отсто) се незадоволни од платата за која 49,7 проценти сметаат дека покрива само основни потреби или дури и помалку, а само 11,4 отсто сметаат дека се добро и фер платени – покажуваат резултатите за Грција од истражувањето спроведено од глобалната платформа Wherewework во пет земји – Бугарија, Романија, Унгарија, Молдавија и Грција – во однос на состојбата на вработените и пазарот на труд – јави ...

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) од полноќ се зголемуваат за 0,50 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува. Малопродажната цена на се зголемува За 0,330 денари поскапува Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе чини 51,144 денари. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ...

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната прес-конференција во Собранието предупреди дека новото задолжување на Владата од 260 милиони евра ќе чини многу поскапо земјаќи ја предвид високата камата, при што само за камати државата ќе плати 58 и 64 милиони евра. Битиќи посочи дека цената за ваквото скапо задолжување ќе ја платат граѓаните уште пред да се почувствува каков било економски ефект. – Според актуелниот шестмесечен ЕУРИБОР од ...

На 25.05.2026 во 13:43 часот во СВР Штип од Казнено-поправната установа Затвор Штип е пријавено дека истиот ден, по претходна расправија, осуденикот К.А. од Гостивар физички нападнал едно вработено лице. За настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 25.05.2026 во 13:43 часот во СВР Штип од Казнено-поправната установа Затвор Штип е пријавено дека истиот ден, по претходна ...

На 25.05.2026 во 21:23 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Штип-Делчево, во близина на место викано „Компосара“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од А.С.(48) од Виница и мопед без регистарски ознаки, управуван од А.Ѓ.(42) од Кочани. Од здобиените повреди во несреќата, А.Ѓ. починал додека бил пренесуван кон болницата во Кочани, а лекар констатирал смрт. ...

Сликата станува се почеста на скопските булевари и крстосници: деца, често на возраст од 6 до 14 години, возат електрични тротинети, понекогаш и по две-три на еден, движејќи се низ густ сообраќај, пешачки премини и тротоари. Родителите им ги купуваат „за забава“, но стручните лица и полицијата предупредуваат дека станува збор за растечка безбедносна закана. Во последните месеци и години, инцидентите со малолетници на електрични тротинети се ...

Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА) денеска на редовна седница формира комисија за решавање на материјалната состојба на новоформираните епархии. На седницата за нов член во постојаниот (работен) состав на Синодот е избран митрополитот Струмички г. Наум, а негов заменик митрополитот Европски г. Пимен. – Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква – ...

Американскиот државен секретар, Марко Рубио, изјави дека Ормуската Теснина „мора да остане отворена на еден или друг начин“, по новите американски напади врз ирански цели во јужниот дел на земјата. Тој истакна дека слободното поминување низ стратешкиот морски проток е клучно за глобалната безбедност. Рубио од Џајпур посочи дека разговорите со Иран напредуваат, но дека усогласувањето на текстот на евентуален договор може да потрае уште неколку ...

Американската војска повторно изврши напади врз цели поврзани со Иран, во услови на зголемени тензии на Блискиот Исток. Според американски медиуми и извори блиски до Пентагон, нападите биле насочени кон позиции на проирански вооружени групи, за кои Вашингтон тврди дека претставуваат закана за американските сили и сојузниците во регионот. Нападите доаѓаат по серија инциденти и меѓусебни обвинувања меѓу САД и Иран, а аналитичарите ...

Валандово на 26. и 27. мај повторно ќе биде центар на македонската народна песна. Фолк фест „Валандово 2026“ го носи своето 39-то издание, со две фестивалски вечери посветени на традицијата, новите композиции, сценската емоција и песните што со децении го градат музичкиот идентитет на Македонија. Овогодинешното издание се најавува како едно од најдобрите во поновата историја на фестивалот, според продукциската поставеност, техничките ...

„Серенада за Прилеп“ е емотивна музичка посвета за Прилеп од Витаминка, која по повод својот значаен јубилеј 70 години постоење, му подари на градот музичка посвета каква што заслужува, топла, достоинствена и искрена. Блага Петреска, Дац и Александар Митевски и Витаминка за градот под Марковите Кули создадоа, емотивна музичка посвета за Прилеп, градот на чаршијата, тутунот, корзото, каменот и Марковите Кули. Песната носи топла приказна за ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва во интервју за 360 Степени на МРТ 1 најави нов развој на настаните во врска со предметот „Мазут“. -И вие и јавноста за многу брзо ќе дознае зошто ова сум го кажал – рече министерот, не изнесувајќи повеќе податоци. Станува збор за истражната постапка која траеше повеќе од една година, сè до моментот кога пред две недели надлежната обвинителка Катерина Коларевиќ одлучи да ја затвори поради ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
0.45
56%
1024
weather icon

Белград

22ᴼ / 22ᴼ
2.68
70%
1023
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
0.33
70%
1024
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
0.49
50%
1024
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
1.21
57%
1023
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 17ᴼ
0.41
98%
1025
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
3.13
46%
1020
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
0.46
44%
1022
weather icon

Подгорица

29ᴼ / 29ᴼ
0.83
47%
1023
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 23ᴼ
0.89
60%
1023
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 24ᴼ
0.89
64%
1023
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
3.55
70%
1022
Currency

61.6417

Currency

53.73

Currency

71.1705

Currency

37.656

Currency

37.9349

Currency

66.6901

Currency

7.93737

Currency

0.73546

Currency

0.33309

Currency

0.52564

Currency

1.15679

Currency

0.56962

Паладиум

39866.93

Бакар

12.73

Платина

53498.84

Рутениум

48965.59

Кобалт

45.39

Родиум

257205.97

Калај

53.45

Алуминиум

3.40

Сребро

2087.39

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09

Злато

133769.08