Скопје
26ᴼ /
26ᴼ
Американските танкер – авиони да можат да го користат софискиот аеродром во замена за безвизен режим за граѓаните на Бугарија. Ова е барањето што новиот бугарски премиер Румен Радев го упатил до американскиот претседател Доналд Трамп и до американскиот секретар за војна Пит Хегсет во текот на вчерашниот телефонски разговор. „Во мојот разговор со американскиот претседател, инсистирав да го покренам прашањето за укинување на американските визи ...
Владата се фали со пари кои ги добиваат сите кандидати на Балканот освен Србија, но не кажува колку пари загубивме. ЕУ ослободи само 65,7 милиони евра за Македонија а вкупната сума која требаше да се повлече само за периодот јуни 2025 – декември 2025 е 134 милиони евра, стои во соопштението на СДСМ што Канал 77 го објавува интегрално. Молчи Владата за клучното прашање колку пари загуби Македонија поради тоа што нема продолжување на европскиот ...
Дали се доволни 30 евра дневница за да се привлечат 3000 возачи на камиони, колку што недостасуваат во Хрватска? Дневницата е најмала во регионот и не променета од 2019 година. Во Босна и Херцеговина таа е 50 евра, во Словенија 80, а во Австрија 90 евра и според синдикатите, тоа е причината зошто камионџиите заминуваат на работа во соседните земји. Недостатокот на возачи е голем проблем во Хрватска, бидејќи камионскиот транспорт сочинува 72 ...
Во СДС ништо не се менува, Филипче е продолжение на Заев и на истата капитулантската матрица во СДС која со години ја понижува Мaкедонија и дава простор на официјална Софија да продолжи со негирањето на македонскиот јазик и историја, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ што Канал 77 го објавува интегрално. Филипче и СДС немаат против да бидеме „северномакедонци’’. За Филипче и СДС не е проблем да ја туркаат тезата дека Македонија мора да ...
Дипломатски извори брифираат дека министерот за надворешни работи на Албанија, Ферит Хоџа добил неколку поплаки од владејачката партија ВМРО ДПМНЕ и нејзиниот албански коалиционер, Вреди, против амбасадорот на Албанија во Скопје, Денион Мејдани. Како што јавува телевизијата Топ ченел од Тирана, се чини му пресудија јавните изнесените ставови на Мејдани, кој отворено се изјасни во поддршка на албанските студенти, вклучително и на вчерашниот ...
Владимир Путин и Си Џинпинг наскоро ќе ги завршат разговорите во Пекинг – но нивниот состанок завршува без детали за гасоводот за природен гас меѓу Русија и Кина. Претходно договорениот договор е во застој со години, но двете земји постигнаа „општо разбирање“ за гасоводот, изјави за новинарите помошник на Путин. Договорот доаѓа во време кога двајцата лидери се среќаваат во Пекинг и потпишуваат повеќе од 20 договори за трговија и технологија, ...
Вредноста на синдикалната минимална кошница за мај годинава изнесува 68.743 денари и споредена со вредноста од април кога изнесуваше 68.797 денари е намалена за 54 денари, соопшти денеска Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Со изнајмен стан од 60 квадрати синдикалната минимална кошница за мај изнесува 84.117 денари. За храна и пијалаци во мај биле потребни 25.475 денари, за образование 7.192, за облека и обувки 6.334 денари, за ...
Групата „Пристоен Капиштец“ покрена петиција револтирани од новиот Ценовник за паркирање во Општина Центар на ЈП Паркинзи на Општина Центар (ПОЦ). При тоа, како што реагираат, на граѓаните им се наметнуваат нов Ценовник и Правилник кои кратат права и поскапуваат услуги. Без анкета. Без расправа. Без образложение. Без наша согласност. Во прилот на петицијата изнесуваат и неколку податоци: „Неколку бројки за да ги имате пред себе додека ...
Основниот суд од Штип и судечкиот совет со кој претседаваше судијата Сашко Георгиев го осуди на казна затвор од пет ипол години затвор П.С. од Охрид за кривичното дело „Измама“ од чл. 247 ст. 4 в.в. со чл. 45 од Кривичниот законик. Измамникот е осуден за продолженото кривично дело, кое е сторено кон осум оштетени граѓани од Штип и Виница во периодот на јануари годинава, на начин што телефонски се јавувал на лица од постара возраст и им ...
– Јас секогаш поддржувам протести како демократско право, но мене лично ми пречи тоа што протестантите, кои се правници и кои се борат за право, токму тие го прекршуваат законот, како што се Законот за знамињата или Законот за државната химна, Уставот и така натаму. Навредите нема да ги коментирам затоа што тоа е домашно воспитување кое се стекнува во првите седум години од животот, нема да го коментирам насилниот инцидент, а нема да ги ...
Европската комисија соопшти дека денеска стави на располагање 49 милиони евра за Албанија, 44,2 милиони евра за Црна Гора и 65,7 милиони евра за Македонија во рамките на Програмата за реформи и раст. Ова следува по третото барање за исплата и позитивната оценка на Комисијата за реформските чекори спроведени во областите на деловната конкурентност и иновации во Албанија и Црна Гора, како и образованието и дигитализацијата во Македонија. Со ...
Асоцијацијата на спортcки обложувалници на Македонија (АСОМ) со отворено писмо им се обрати на пратениците, во кое бараат да не го поддржат новиот предлог закон за игрите на среќа и за забавните игри. АСОМ предупредува дека законот ќе остави на улица 10.000 луѓе. Во продоление содрината на писмото: „Откако на 14 мај, Предлог-законот за игрите на среќа и за забавните игри и официјално пристигна во Собранието, ви се обраќаме со ова отворено ...
Од 2500 до 5000 долари чини зафат што „произведува“совршени стомачни мускули. Ова е бројните реклами од здравствени установи од Турција, каде згоден лекар со совршено тело илустрира што може да се добие за тие пари. „Типичен ценовен опсег: 2.500 – 4.000 долари (само за стомак); 3.500 – 5.000 долари (стомак + рачки за раце). Времетраење на постапката: 1-3 часа. Анестезија: Општа анестезија.Престој во болница: Типично 1 ноќ. Препорачан престој ...
Светска банка објави регионален економски извештај за периодот 2024 – 2025 година, каде во миграциските трендови, пишува дека Македонија е единствената земја на листата, покрај Косово, која покажува мало подобрување, односно намалување на иселувањето. Според овие податоци, имало 5.900 заминувања во 2024 година за следната година да се намалат за 200 – 5.700 во 2025 година. Иако промената е мала, таа одразува еден вид стабилност во споредба со ...
О Боже, ѓубре, и тоа запалено!Ова го велат германски туристи, кои додека се возат ја снимаат депонијата Буково која со години е рак рана за околните градови. Оваа реакција на странските туристи, кои многу сакаме да ги има, е срам за сите власти и одговорни сите овие години, кои ништо не направија со ова депонија. @dailyexplorer365 WIE SCHLIMM das Müllproblem wirklich ist wissen wir erst durchs Reisen. 😩💔🌍 Unser erster Eindruck von Nord ...
Една од првите промени во начинот на пресметката на потрошената струја за домаќинствата на новиот претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ), Ацо Ристов, беше делумно или целосно укинување на блоковите. Воведени да им се даде можност на помалите потрошувачи помалку да плаќаат доколку помалку трошат, блоковите кои се во функција повеќе од две години сега се предмет на ...
Уапсен е малолетник од Тетово поради постоење на основано сомнение дека во изминатите две недели крадел донации по џамии. Полицијата го сомничи за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик – „тешка кражба“. -Имено, тој се сомничи дека во изминатите две недели извршил кражби во неколку џамии, а последен пат во џамија на улица „176“ во Тетово, каде што со употреба на сила ја разбил металната каса за донации и од неа одзел пари, ...
Шпионски скандал за кој наводно имало обиди да се забошоти го тресе Кабинетот на Претседателката Гордана Сиљановска Давкова. Дека се истражува, потврдува и Обвинителството. Случајот почнува со пријава до ОЈО ГОКК, по добиено известување на лани на 18-ти декември, доставено од Министерството за внатрешни работи – Сектор за компјутерски криминал. Пријавата се однесува на настан од 24-ти ноември 2025 година и постоење индиции за преземени ...
На граничниот премин Табановце е спречен обид за нелегален пренос на кеш пари во износ од половина милион евра, соопшти денеска директорот на Царинската управа, Бобан Николовски. Како што информира Николовски, парите се пронајдени во специјално конструиран бункер во минибус, спакувани во ќеси. Според директорот, чии се еврата ќе треба да утврдат другите надлежни институции, но извесно е дека ќе се влеат во државниот буџет и ќе се искористат ...
Синоќа кочанската гимназија „Љупчо Сантов“ го имаше своето традиционално матурско дефиле, на кое матурантите во училишната зграда го имаат последниот класен час, по кој излегуваат на црвен тепих пред зградата на гимназијата, од каде заминуваат на својата матурска прослава. Овогодинешната матурска прослава во Кочани доаѓа по едногодишна пауза, откако лани не се одржа заради ужасната трагедија во дискотеката Пулс, каде животот го загубија 63 ...
Фудбалската федерација на Македонија денес објави дека е покрената дисциплинска постапка против ФК Вардар поради недолично, потценувачко, дискриминирачко и деградирачко прославување од страна на фудбалерите. Како што е познато, вардарци шампионскиот трофеј го прославија во еден локал со недолични песни. ФФМ исто така изрече и неколку парични казни. ФК Пелистер се казнува со парична казна од 2.500 евра поради користење пиротехнички средства на ...
Ниту дождот не успеа целосно да ја изгаси депонијата во Радовиш, која веќе шести ден чади. И покрај напорите, огнот е изгаснат, но чадењето не престанува и во зависност од интензитетот на ветерот завршува во градското подрачје. Опозициските советници побараа прогласување на вонредна состојба. По состанокот на Кризниот штаб, општината Радовиш излезе со препораки, меѓудругото да се користат заштитни маски, да се избегнува непотребен престој на ...
Со презентација на електронски докази и документација од болничкиот систем „ХИС“, денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжи доказната постапка за предметот „Онкологија 2“, во кој поранешниот директор на Клиниката за онкологија Никола Васев и организацискиот директор Нехад Нухи се обвинети дека преку фиктивни набавки и злоупотреби со скапа терапија го оштетиле државниот буџет за речиси 36 милиони евра. Според обвинението, двајцата ...
Рускиот претседател, Владимир Путин, воочи дводневнате официјална посета на Кина, испрати порака до кинеските граѓани, изјавувајќи дека е „радосен што повторно го посетува Пекинг“ на покана на својот „долгогодишен пријател“, кинескиот претседател Шји Џјинпинг. Путин во видео-обраќањето нагласи дека односите меѓу Русија и Кина се на „неспоредливо високо ниво“, засновани врз взаемно разбирање, доверба и рамноправна соработка. Тој додаде дека ...
Кубанскиот претседател, Мигел Диас-Канел, ја нарече „неморална, незаконска и криминална“ американската политика, обвинувајќи ги Соединетите Американски Држави дека вршат притисок и заплашување врз трети земји кои сакаат да и продаваат гориво на Хавана. Диас-Канел изјави дека мерките претставуваат „нафтена блокада“ што сериозно ги ограничува испораките на енергенси кон островот и доведува до строги економски рестрикции. Според извештаите, Куба ...
Владата на Нов Зеланд до средината на 2029 година ќе отпушти речиси 14 отсто од вработените во државната администрација, како дел од стратегија за значајно намалување на трошоците, изјави денеска министерката за финансии, Никола Вилис. Вилис пред претставници на бизнис-заедницата во Оукленд рече дека Владата исто така ќе го намали буџетот на повеќето државни агенции во следните три години, ќе го намали бројот оддели во јавната администрација ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук-профил објави дека во Хрватска е усвоен закон со кој професионалните возачи ќе може да добиваат долгорочни визи. – Во Хрватска е усвоен законот со кој професионалните возачи ќе може да добиваат долгорочни визи. Тоа е чекор напред во решение на проблемот што произлезе со воведување на ЕЕС-системот во шенген-зоната. Овој закон многу ќе им помогне на македонските ...
Фолк фест „Валандово 2026“ ја доделува наградата за животно дело на Блага Петреска, доајен на македонската народна песна и едно од најзначајните женски вокални имиња во поновата историја на нашата музика. Блага Петреска е пејачка која со децении ја носи македонската песна со достоинство, препознатлив глас и искрена емоција. Нејзините изведби останаа блиски до публиката, а нејзиното име е врзано за песни што се пеат, се паметат и се ...
Во САД постои мал град кој управува со речиси целиот светски интернет. Тоа не е некоја метропола со облакодери и неонски светла, туку мирно и навидум сосема обично место за кое повеќето луѓе никогаш не слушнале.Речиси сè што денес постои онлајн поминува низ него.ТикТок видеа, Јутјуб содржини, онлајн плаќања, пораки, па дури и доцните нарачки на храна – сè прво се поврзува преку оваа точка пред да стигне до корисниците низ светот. Однадвор, ...
Повеќе видеа и фотографии со автобуси затанати на граничните премини со Косово и Албанија беа споделени на регионалните медиуми на албански јазик, со кои се тврди дека граничниот сообраќај попладнето е стопиран од македонска страна. Според информациите, се работи за технички проблем со системот, кој по застојот е повотрно воспоставен. Македонските власти ги известиле институциите на Косово дека ситуацијата е поврзана со дефект на системот за ...