Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Едно од решенијата за нов клинички центар во Скопје е Градската општа болница „8 Септември“ поради тоа што има цврста градба која ги задоволува сите услови кои мора да ги задоволува една институција, инфраструктурата се поврзува со два булевари и трет момент кој е многу битен е слободниот простор за градење на нова инфраструктура, изјави денеска министерот за здравство Азир Алиу по средбата со новинарите. Посочи дека дефинитивно треба нов ...
Американскиот претседател Доналд Трамп во својата божиќна честитка изјави дека „многу гадови“ во Соединетите Американски Држави го сакале финансиерот и осуден сексуален престапник Џефри Епстин, за потоа, кога Епстин беше обвинет за педофилија, „лажно да тврдат дека немаат никаква врска со него“. – Среќен Божиќ на сите, вклучително и на многуте гадови кои го сакаа Џефри Епстин, му даваа купишта пари, одеа на неговиот остров, присуствуваа на ...
Папата Лав XIV во својата божиќна порака „До градот и светот“ (Urbi et Orbi) порача дека Црквата му го доверува европскиот континент на Исус Христос, Принцот на мирот, и дека посебно се моли да „замолкне татнежот на оружјето“ во Украина, како и Киев и Москва да најдат храброст за искрен дијалог. – Целиот европски континент му го доверуваме на Принцот на мирот, молејќи го да продолжи во него да инспирира дух на заедништво и соработка, верен на ...
Настинките, грипот и ковид-19 имаат слични симптоми, но постојат важни разлики што можат да ви помогнат да ги разликувате. Со опаѓањето на температурите, вирусите полесно се шират, а престојот во затворен простор дополнително го зголемува ризикот од инфекција. Сепак, според д-р Рупа Пармар, матичен лекар и медицински директор на клиниката за здравство Мидленд, постојат јасни знаци според кои можат да се разликуваат трите болести, пренесува ...
Лишени од слобода возачи во Свети Николе и Битола, управувале возила под дејство на алкохол, информираат од МВР и објавуваат детали: -На 26.12.2025 во 01:45 часот во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од слобода Б.М.(52) од с.Горобинци, светиниколско. При сообраќајна контрола на ул.„Крсте Мисирков“ во Свети Николе е сопрено патничко возило „фолксваген голф“ со светиниколски регистарски ознаки, кое го управувал и ...
Управниот одбор на Фондот на ПИОМ донесе одлука за зголемување на посмртнината од 35.000 на 40.000 денари. Оваа промена е проследена со раст на месечната задршка за солидарниот фонд на 150 денари, со цел одржување на финансиската стабилност на системот за социјална поддршка на пензионерите. Оваа мерка, иницирана од Регистрираната организација за Солидарен фонд, предвидува исплата на 40.000 денари наместо досегашните 35.000 денари, а одлуката ...
Полицицискиот билтен на СВР Штип последните неколку месеци зачести со информации за случаи со повредени работници кои биле донесени во болница. Само последната недела се регистрирани два вакви случаи, кога работници се повредиле додека ја извршувале својата редовна работа. Последниот случај е од синоќа во 22:30 часот, кога во Полициската станица Делчево, од Итна медицинска помош е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен ...
Собраниската комисија за надворешна политика и надворешна трговија денеска едногласно го прифати предлогот на закон за ратификација на Договорот помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Бугарија во врска со подготовката, изградбата и оперативноста на меѓуграничниот железнички тунел и го достави предложеното законско решение на усвојување на Собранието. Според Крум Ефремов, директор во Министерството за надворешни ...
Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) и Управата за јавни приходи (УЈП) извршија контроли кај приватни здравствени установи, матични гинеколози при што утврдиле дека кај 26 од 49 немало никакви неправилности. Клучните наоди покажале дека неуредност, (збирно утврдени неправилности од ФЗО и/или УЈП), имало кај 23, само од ФЗО кај 3, само од УЈП кај 11 и од двете институции, кај 9 установи. Генералниот директор на Фондот, Сашо Клековски на ...
Заклучно со 30 ноември годинава во државниот буџет по основ на даноци и придонеси се собрани 3,97 милијарди евра што е повеќе за 268 милиони евра во однос на истиот период лани, рече денеска директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Елена Петрова. Како што информира Петрова, има пораст на приходите од даноци за 6,5 отсто и пораст кај придонесите за 8,7 проценти во однос на истиот период минатата година. -Трендови на пораст во однос на ...
преполна со граѓаните, кои физички го блокираа сообраќајот во близина на цементарницата Усје во знак на протест од загадувањето на градот. Нивното главно барање е дислокација на цементарницита, која како што сметаат граѓаните е главен виновник за труењето, испуштањето на канцерогените супстанци во воздухот и загубата на илјадници животи. „Од Усје треба да сопрат со горење на увезен отпад, да почнат користат гас и други енергенси. Понатаму да ...
Железници на Северна Македонија како општествено одговорна компанија, информира дека за првпат оваа година се вклучува во празничните случувања во пресрет на новогодишните празници, со воведување на специјално украсен новогодишен воз. -Празничната магија на шините продолжува! Ве известуваме дека до 30 декември, секој ден на железничката станица во Скопје, Ве очекуваат новогодишни претстави, по чие завршување новогодишниот воз тргнува на ...
Емоции, љубов, песна и солзи. Таков беше јубилејниот концерт на Миле Кузмановски, кој се одржа вчера вечерта во НОБ, а со кој прослави 35 години кариера и 54.роденден. Миле отпеа голем број негови песни создавани низ годините, а која од која хит, што ја предизвика публиката после секој настап, но и додека пееше да го наградува со аплауз, а во некои од песните да прави и ѕвездено небо. Но, покрај него вечерта беше и неговото семејство, кои му ...
Никој не беше видовит дека земјоделците во Грција ќе штрајкуваат со денови токму сега. АД ЕСМ, кое е под Влада и Министерството за енергетика нема надлежности врз него, си ги има спроведено набавките по планот на набавки, но сме одговорни и воведуваме криза од седум дена, рече министерката Сања Божиновска во одговор на пратеничко прашање за воведената кризна состојба во снабдување со електрична енергија поради недостиг на енергеснси. ...
Успешно ја завршуваме 2025 година, земајќи ги предвид промените и целите кои сакавме да ги постигнеме и дека во 2026 година зголемувањето на буџетот ќе биде 2,5 проценти. Идната 2026 ќе биде година на стабилизација и на довршување на тоа што беше започнато 2025 година, истакна денеска на средба со новинарите генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. Буџетот за 2026 година, посочи тој, ќе донесе можност за ...
Токму кога ДУИ беше во владата и прв потпретседател беше Артан Груби беше дадено мислење и препорака за бришење на алатката Балансер, а одлуката на Уставен суд јас не ја коментирам зашто одлуки на Уставниот суд не се коментираат, изјави премиерот Христијан Мицкоски на тврдењето на пратеничката од ДУИ Рина Ајдари. На седница за пратенички прашања таа кажа дека оваа Влада ја укинала алатката за правична застапеност и оти речиси две години, како ...
Семејствата на младите кои загинаа во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ на 16 март годинава континуирано го креваат гласот за објаснување на околностите што довеле до смртта на нивните деца, барајќи ново, специјализирано вештачење за токсични гасови, особено за можноста од труење со водороден цијанид. На последното рочиште во судскиот процес за предметот „Кочани“, родителите повторно истакнаа сомнеж дека официјалните обдукциски наоди, ...
На фрекфентна улица во населбата Сењак во Штип, малку пред главната раскрсница, синоќа некој се обидел да отвори банкомат. Единствено што успеал е да ја оштети едната страна на банкоматот, но не и да си замине со „новогодишното пакетче“. Банкоматот останал неотворен. Инцидентот го потврдија од СВР Штип. Во полицијата било пријавено во 22:17 часот, а пријавата е заведена како „оштетување на туѓи предмети“. Интересно е што настанот се случува ...
Анализата на сопственичката структура на корисниците на финансиска поддршка од Фондот за иновации (ФИТР),покажа дека исти физички лица се јавуваат како управители и/или сопственици во повеќе правни лица кои добиле средства од ФИТР, често во ист или сличен временски период. Со анализата на портфолиото на финансираните проекти од ФИТР, утврдено е дека овие лица преку различни фирми аплицираат и добиваат средства за различни проекти, што создава ...
Секоја година, со приближувањето на Божик, повторно се отвора старото прашање: кога навистина е роден Исус Христос и зошто празникот се слави на различни датуми – 25 декември и 7 јануари. Ист празник, а два датума – еден се слави во старата година, а друг во новата. Римокатоличките верници и дел од православните христијани, кои се водат според Грегоријанскиот календар денеска го одбележуваат Божик, а по две недели и останатиот дел од ...
Без долготрајни екстремни периоди, но со епизодни студени бранови ќе биде оваа зима, покажуваат најновите сезонски климатски очекувања за државава. Средната зимска температура ќе биде над повеќегодишниот просек за околу +1°C. Студени бранови со температури околу или под нормалните се очекуваат кон крајот на декември до средината на јануари, како и кон крајот на февруари, но без сигнали за долготрајни или екстремни зимски студови. Климатскиот ...
Според шведски епидемиолози и токсиколози од Универзитетот во Лунд, лицата со тетоважи на телото имаат зголемен ризик од добивање рак на кожата, особено меланом. Истражувањето опфатило речиси 3.000 лица со дијагностициран меланом и околу 8.500 здрави испитаници. Според резултатите, 22 отсто од лицата со меланом биле тетовирани, наспроти 20 проценти без ни една тетоважа. По добиените резултати истражувачите утврдиле дека најголем ризик од ова ...
Во судницата во Идризово при Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. На денешното рочиште се предвидени воведни зборови на одбраната на Александар Нацев, што според Обвинителството дејствувал како неформален, односно реален сопственик на агенцијата за обезбедување „Рубикон“, фирмата задолжена за обезбедувањето на клубот како и одбраната на обвинетите правни лица „ММММ КАФЕ“ ДООЕЛ ...
Преку Фондацијата „Адријан Живков“ вчера беа обезбедени и распределени 500 новогодишни пакетчиња за децата од Општина Чешиново-Облешево, кои беа доставени во основните училишта и градинките во повеќе населени места. Хуманитарната акција беше реализирана на датумот кога Адријан Живков ќе го одбележеше својот роденден, а неговите пријатели решија токму на овој начин да му оддадат почит. Подароците беа поделени во основните училишта „Страшо ...
Со брза размена на информации и соработка со бугарските служби, спречен нелегален транспорт на оружје од Турција во Македонија, информираат од МВР -На 24.12.2025, со брза размена на информации преку SELEC Центарот со Бугарската генерална дирекција за борба против организираниот криминал и Царинската агенција на Бугарија, Единицата за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал при Одделот за криминалистичка ...
Лишени од слобода возачи во Куманово и Прилеп затоа што управувале возила под дејство на алкохол, возачот во Куманово предизвикал и сообраќајна незгода, информираат од МВР Ова се пијаните возачи: -На 24.12.2025 во 15:45 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Д.М.(37) од с.Клечовце, кумановско. Претходно, тој на ул.„Доне Божинов“ во Куманово, со патничко возило „пежо“ со кумановски регистарски ознаки, кое ...
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан во божиќното интервју за унгарскиот весник „Маџар Немзет“ истакна дека а не може да се исклучи можноста 2025 година да биде последната година на мир за Европа. – Се навикнавме на мир. Последната голема европска војна заврши во 1945 година и оттогаш поминаа 80 година. Во Европа тоа е исклучително ретка состојба, посочи Орбан. Тој се осврна и на Самитот на ЕУ во Брисел, посочувајќи оти Европа во моментот се ...
Собранието денеска во рамки на 75. пленарна седница ги избра Мухамет Хоџа за министер за животна средина и Беким Сали за министер за евроинтеграции. Веднаш по изборот Хоџа и Сали дадоа свечени изјави пред пратениците. Претседателот на Владата Христијан Мицкоски пред Собранието ги образложи предлозите Мухамет Хоџа да биде министер за животна средина и Беким Сали за министер за евроинтеграции. – Денес пред вас го ставам предлогот за избор на ...
Почна асфалтирањето на кракот Плуждино од обиколницата, која ги поврзува штипските населби Железничка, Пребег и Мерите со викенд населбата Плуждино и со регионалниот пат кон Радовиш и Струмица. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција рече дека деновиве овој потег ќе биде асфалтиран, а се поставуваат и тротоарски површини. -Во завршна фаза е и тендерската постапка за изработка и поставување на нов мост на ...
Македонија има потреба од своите луѓе – и од оние што останале, и од оние што заминале, но никогаш не ја изгубиле врската со татковината. Премиерот Христијан Мицкоски на Форумот на повратници, кој денеска се одржа во Владата, упати силна порака до македонската дијаспора: знаењето, искуството и енергијата стекнати во странство се добредојдени дома. Обраќајќи се пред луѓе кои, како што рече, ја познаваат Македонија и одвнатре и однадвор, ...