Тридневна жалост во Шпанија по судирот на два воза во кој загинаа 41 лице, а десетици се повредени. Продолжуваат напорите за извлекување на телата на три лица заробени во еден од вагоните. Според првичните извештаи, спој на шините е можна причина за железничката несреќа. Техничарите идентификуваа дека дефектот постои веќе некое време. Во моментот на несреќата во возовите имало 500 патници. Ова е една од најлошите железнички несреќи во Европа ...

Земјотрес со магнитуда од 4,0 степени според Рихтеровата скала се случи рано утрово во грчкиот регион Лаконија, јавуваат грчките медиуми. Земјотресот се случил во 08:38 часот по локално време, 320 км југозападно од Атина, пренесува Катимерини. Според податоците од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, епицентарот на земјотресот се наоѓал во морското подрачје 117 км југозападно од Геролименас во Лаконија. Досега нема ...

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) повторно ја зголеми својата прогноза за раст на глобалната економија во 2026-та година. Треба да порасне на 3,3 проценти годинава. Во октомври, беше предвиден раст од 3,1 процент. ММФ очекува стабилен раст во 2027 година, со стапка од 3,2 проценти. Според главниот економист на Фондот, може да се каже дека светската економија заздравува од трговските и царинските нарушувања од 2025 година и постигнува подобри ...

Судбината на Гренланд – тест за сојузништвата. Арктичката територија со денови е тема број еден поради напорите на претседателот Трамп за американска контрола. Шефот на Белата куќа вели дека не очекува премногу отпор кон неговиот план и ќе разговара за Гренланд на Светскиот економски форум во Давос. „Не мислам дека ќе пружат премногу отпор. Мораме да го имаме. Тие не можат да го заштитат. Данска, тие се прекрасни луѓе, и знам дека лидерите се ...

НБА лигата официјално ги објави кошаркарите кои ќе бидат стартери на претстојниот Ол-стар натпревар, што ќе се одржи на 15 февруари во Инглвуд, Калифорнија, на домашниот терен на Лос Анџелес Клиперс. Во стартната петорка на Источната конференција се Јанис Адетокумбо (Милвоки), Џејлен Браун (Бостон), Џејлен Брансон (Њујорк), Кејд Канингем (Детроит) и Тајрис Макси (Филаделфија). Западот ќе го предводат Лука Дончиќ (ЛА Лејкерс), Стивен Кари ...

Овој четврток, со почеток во 20 часот, оркестарот на Македонската филхармонија ќе одржи концерт насловен „Јинг-Јанг“, на кој како солисти ќе настапат виолинистот Теди Папаврами и пијанистката Маки Окада. Концертот ќе се одржи под диригентската палка на Олси Кинами, а на програмата се увертирата од операта „Крадливата страчка“ од Росини, Концертот за виолина и оркестар бр. 1 од Паганини и Концертот за пијано и оркестар бр. 1 од Шопен. ...

Македонската ракометна репрезентација вечерва од 18 часот го игра последниот меч од Б-групата на ЕХФ Еуро 2026 против селекцијата на Романија. Македонците со победа ќе ги зачуваат шансите за пласман во втората фаза. Потребен е триумф со што поголема гол-разлика, а исто таков епилог ќе треба да има на средбата меѓу Данска и Португалија. Во пресрет на средбите од третото коло во Б-групата, Данска е прва со четири бода, Португалија е втора со ...

Украинците да останат внимателни, Русија е подготвена да изврши масовен удар, предупреди украинскиот претседател. Зеленски рече дека има нов пристап кон употребата на воздушната одбрана од страна на воздухопловните сили, поточно во однос на мобилните противпожарни групи, беспилотните летала-пресретнувачи и другите средства за воздушна одбрана со краток дострел. „Во наредните денови, мора да останеме исклучително внимателни. Русија се подготви ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, информира АМСМ. Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за ...

Откупот на тутунот од ланската реколта е при крај, иако може да се откупува до 28-ми февруари. Откупувачите од производителите откупија преку 25 илјади тони по 419 денари за килограм. Од Сојузот на земјоделските здруженија нагласуваат дека тутунарите не треба да стравуваат, дека ќе се откупи целиот род и дека има отворено пунктови. Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски ќе посети откупни пунктови за ...

Шефот на Белата Куќа вели дека не очекува премногу отпор кон неговиот план за Гренланд. „Не мислам дека ќе пружат премногу отпор. Мораме да го имаме. Тие не можат да го заштитат. Данска, тие се прекрасни луѓе, и знам дека лидерите се многу добри луѓе, но тие дури и не одат таму … и знаете, бидејќи бродот отишол таму пред 500 години, а потоа заминал, тоа не ви дава право на сопственост“, изјави американскиот претседател Трамп. Ситуацијата со ...

Претпладне претежно сончево, попладне облачноста ќе се зголеми, а кон крајот на денот и во текот на ноќта се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Утринската температура ќе биде – 6, а дневната 6 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од источен правец. Претпладне претежно сончево, попладне облачноста ќе се зголеми, а кон ...

Од денеска почнува тестирањето на поставените уреди за „Безбеден град“. Граѓаните сметаат дека со поригорозни мерки ќе се постигне ефект во сообраќајната култура. Власта бара поддршка за измените на Законот за прекршоци што неделава е на гласање во Собрание, последен од сетот за целосно да профункционира системот „Безбеден град“ од 1-ви февруари. Опозициската СДСМ се сомнева во можна злоупотреба на големата база на податоци на граѓаните, ...

Од денеска почна второто полугодие. Учениците се вратија во училишните клупи. И покрај растечките бројки на заболени од грип, надлежните донесоа одлука, наставата да се одвива редовно, а пикот на грипот го очекуваат при крај на месецот. Министерката за образование апелираше до родителите, учениците да бидат редовни во училиште и што поретко да изостануваат, освен во случаите кога покажуваат симптоми на грип. Во вториот дел од учебната година ...

Вчера во село Старо Балдовци, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Џ.А.(25) од село Нова Маала, струмичко. Тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за доиздржување затворска казна во траење од 10 месеци за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик. Лицето е спроведено во Казнено – ...

Учениците се враќаат во клупите. Утре почнува второто полугодие – и покрај растечките бројки на заболени од грип, надлежните донесоа одлука, наставата да се одвива редовно. Од Министерството за образование и наука со апел до родителите, учениците да бидат редовни во училиште и што поретко да изостануваат, освен во случаите кога покажуваат симптоми на грип.Во вториот дел од учебната година ќе продолжи процесот на воведување едносменска ...

Јануари убав, празничен, со многу обичаи. Ама и со најмногу трошоци. Повеќе од 40.000 денари ги чинеше граѓаните да празнуваат. И без да користат аранжмани или гостувања. А, на месецот рано му е крајот. Празнувањето е плодот на нашите желби. Сега е најбитен фокусот на целите што сме ги зацртале. Но, чекор по чекор, препорачуваат психолозите. Јануари останува нашиот испит во соочувањата со годината која штотуку започна. Елизабета Митреска ...

Заменик – министерот за образование, Лулзим Алиу поднел неотповиклива оставка од функцијата. За ова веќе го известил премиерот Мицкоски, кому му рекол дека одлуката е лична, бидејќи во овој период сметал дека е најсоодветно да го продолжи својот придонес во академското поле, научно – истражувачката работа и посветеноста кон семејството. Алиу, кој е кадар на „Алтернатива“, партија што е дел од „Вреди“ се заблагодари за укажаната доверба и за ...

На 18.01.2026 во 16:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода А.Р.(26) од Куманово,. Тој се сомничи дека во изминатиот период од седум патнички моторни возила во Куманово одзел повеќе предмети. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, соопштија од МВР. На 18.01.2026 во 16:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода ...

Утре ќе се врши тестирање и калибрирање на „Безбеден град“. Дел од улиците ќе бидат затворени. Се прават последните подготовки пред системот од 1 февруари да профункционира со казни. Неделава Собранието треба да го донесе законот за прекршоци. Власта бара поддршка за решението. Александра Велинова известува. Утре ќе се врши тестирање и калибрирање на „Безбеден град“. Дел од улиците ќе бидат затворени. Се прават последните подготовки пред ...

Православните верници во Македонија празнуваа. Денеска е Богојавление – Водици, ден кога според верувањата, Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан. Празникот се нарекува уште и Водици поради големиот водосвет што го извршува црквата на овој ден. Централната манифестација беше во Скопје. Марија Котовска известува. Православните верници во Македонија празнуваа. Денеска е Богојавление – Водици, ден кога според верувањата, ...

Најстудено изутринава е на Попова Шапка, каде во 7 часот се измерени-12 степени, по што следуваат со-10 Берово, -9 Крива Паланка, -8 Ѓуриште, -7 Скопје-Петровец, Куманово и Маврови Анови, -6 Крушево и Виница. Во Велес, Пожаране и Тополчани, Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) регистрира – 5 степени Скопје-Зајчев Рид, Прилеп и Штип, – 4, Претор, – 3, Струмица, Охрид, Кавадарци, Тетово и Битола – 2, Демир Капија-1, а во Гевгелија 1 ...

Претседателот на Собранието Африм Гаши упати честитка по повод празникот Богојавление – Водици во која истакнува дека овој празник ја носи пораката на духовно прочистување и надеж, потсетувајќи нè на значењето на заедништвото и посветеноста во градењето на напредна и праведна држава. – Во име на Собранието на Република Северна Македонија и во мое лично име, Ви упатувам честитки по повод празникот Водици. Овој празник ја носи пораката на ...

Најмалку 15 загинаа, а илјадници се принудени на евакуација поради шумските пожари што беснеат низ Чиле. Властите прогласија вонредна состојба во два округа. „Бевме заробени во пожарот. Поминавме ужасно, сè тргна наопаку. Тоа беше нешто што се случи одеднаш“, Алдо Бариентос, локален жител на Чиле. Досега се изгорени над 8.500 хектари шума и уништени стотици домови. Пожарите се шират поради силни ветрови и екстремни температури, достигнувајќи ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните ...

Најмалку 39 лице загинаа, а десетици се повредени во железничка несреќа во јужна Шпанија, кога два брзи воза се судрија кај градот Адамуз, близу Кордоба. Возот што патувал од Малага кон Мадрид излетал од шините и удрил во соседна пруга, при што се судрил со втор воз. Околу 25 лица се во тешка состојба, а железничкиот сообраќај меѓу Мадрид и Андалузија е прекинат. Шпанските власти започнаа истрага, а кралот и премиерот изразија сочувство. ...

Русија ги засилува нападите врз енергетската инфраструктура, оставајќи ги Киев и Харков во критична состојба. Зеленски соопшти дека Украина обезбедува странска помош и работи на обнова на системот, додавајќи дека САД се целосно информирани за нападите. Оцени дека постапките на Москва покажуваат отсуство на искрен интерес за дипломатија и најави зголемен меѓународен притисок врз Русија. „Доколку Русите беа навистина сериозни во врска со ...

Денеска православните верници го чествуваат големиот христијански празник Богојавление, Водици. На овој ден, според христијанското предание, Свети Јован го крстил Исус Христос во реката Јордан. Празникот се нарекува уште и Водици поради големиот водосвет што го извршува црквата на овој ден. Централната богослужба е во „Рождество на Пресвета Богородица во Скопје, со која ќе чиноначалствува поглаварот на Македонската православна црква-Охридска ...

Системот „Безбеден град“ на први февруари официјално ќе биде пуштен во функција, владата вели дека досегашната примена на камерите го менува однесувањето на возачите, снима над три илјади прекршоци дневно, но и го намалува бројот на истите. Прашан за поддршката од опозицијата околу законските измени, според премиерот клучен е хуманиот аспект. Најавува во следните три до шест месеци одредени усогласувања и во делот на заштита на личните ...

Откупот на тутунот од ланската реколта е при крај иако законски може да се откупува до 28-ми февруари. Од производителите, откупувачите купија над 25 илјади тони по 419 денари за килограм. Од Сојузот на земјоделските здруженија нагласуваат дека тутунарите не треба да стравуваат, бидејќи целиот род ќе биде откупен. Откупот на тутунот од ланската реколта е при крај иако законски може да се откупува до 28-ми февруари. Од производителите, ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
76%
998
weather icon

Белград

11ᴼ / 10ᴼ
9.26
61%
997
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
2.57
92%
996
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
7.2
87%
1000
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.79
100%
1002
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
97%
996
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
4.47
87%
1001
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
4.12
58%
997
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
3.6
71%
999
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 6ᴼ
5.81
96%
1001
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
7.2
87%
998
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
5.14
66%
1005
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Алуминиум

3.09

Рутениум

45750.51

Иридиум

221848.72

Платина

83354.78

Злато

157561.16

Родиум

339994.14

Калај

48.78

Кобалт

64.04

Сребро

2733.78

Бакар

12.12

Паладиум

55781.55

Цинк

3.29