Белград
12ᴼ /
12ᴼ
По повеќе од четири децении пред камера, една од најголемите филмски ѕвезди на нашето време, Том Круз, конечно ја доби својата прва награда „Оскар“. На 16-тата свечена церемонија на почесните Оскари (Governors Awards) во Холивуд, тој беше одликуван за „неговата непоколеблива посветеност на филмската заедница, поддршката на театарското искуство и неговиот неспоредлив опус“. Иако три пати досега бил номиниран за најдобра актерска изведба, Ова е ...
Во Собранието почна интервјуирањето на 10-те кандидати кои ги исполнуваат условите за нов претседател на Комисијата за спречување на корупцијата. Денеска пред членовите на Комисијата за селекција своите приоритети ќе ги претстават петмина кандидати, а утре преостанатите пет. Постапката беше стопирана поради локалните избори, а Собранието врши повторен избор на прв човек на Антикорупциска по оставката на Татјана Димитровска, која е осомничена за ...
Поради интензивни врнежи од дожд во делови од Западна Македонија, особено во Полошкиот регион и Општина Тетово, забележани се проблеми со апсорпцијата на атмосферските и фекалните канализации во урбаните делови на градот. Ова доведе до задржување и создавање водени површини под подвозниците и надвозниците. Апелираме на зголемена внимателност при движење низ улиците и избегнување на сообраќајот кон наведените делови од патната инфраструктура. ...
Венецуелскиот претседател Николас Мадуро обвини дека зголеменото американско воено присуство и напади врз бродови се обид да се собори од власт. Тој му одговори на Трамп дека е отворен за дијалог, но не и за „бомбардирање и насилство“, откако американскиот лидер изјави дека воената опција останува на маса, но и дека е подготвен за разговори со Каракас. „Оваа земја е во мир и ќе продолжи да биде. А, секој што сака да разговара со Венецуела од ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Интензитетот на сообраќај ...
Студентите ги добиваат ветените 250 евра, односно 15.300 денари, за купување електронски уреди, како лаптоп, таблет или персонален компјутер. Во известувањето утрово, владината прес-служба објаснува дека оваа мерка опфаќа дека сите студенти до 29 години, кои имаат запишано семестар во академската 2025/2026 година на додипломски студии на државните или приватните универзитети, ќе добијат по 15.300 денари за набавка на електронски помагала, во ...
Филмот „Утре наутро“ во режија на Јани Бојаџи премиерно ќе биде прикажан на 19 ноември во Синеплекс. Сценариото и режија се на Јани Бојаџи, продуцент: Јани Бојаџи, извршен продуцент: Дејан Милошевски, директор на фотографија: Дарио Секуловски, монтажер: Давид Дулев, продукциски дизајнер: Јани Бојаџи, сценограф: Гоце Попов, костимограф: Зорка Тодорова, шминкер: Ирена Сенокозлиовска, композитор: Јани Бојаџи. „Утре наутро“ е политичка драма во кој ...
Прилепскиот тутунски комбинат на 34 пунктови, денеска почнува со откуп на тутунот од годинашнава реколта. Тутунарите ќе ги исплаќа два пати неделно. Ќе ги преземе договорените околу 2.300 тони тутун. Министерот за земјоделство Трипуновски вели дека сите откупни компании обезбедиле средства за исплата и очекува откупувачите да ги нивелираат цените по класи. Сите компании кога се склучуваа договорите имаат цени од 414 до 420 денари за килограм ...
Македонската фудбалска репрезентација вечерва од 20:45 часот гостува кај Велс во Кардиф, во последниот натпревар од квалификациите за Светското првенство 2026. Избраниците на селекторот Благоја Милевски ќе се обидат да го задржат непоразениот низ и да обезбедат место во баражот. Постојат и теоретски шанси за директен пласман – доколку Лихтенштајн приреди сензација и ја победи Белгија, а Македонија триумфира во Кардиф. Велс мора да победи за да ...
ОН реагираа на инцидентот во Јужен Либан, каде израелски сили отворија оган кон мировници на УНИФИЛ за време на најавена патрола, при што истрелите паднале на околу 5 метри од нив. Мисијата оцени дека инцидентот ја загрозува регионалната стабилност во регионот. „Секој напад врз мировниците е неприфатлив. Тој ја става во опасност стабилноста што Либан и Израел се обврзаа да ја обноват и ги спречува мировниците да ја вршат својата работа за ...
Во собраниската Комисија за финансирање и буџет треба да почне расправата за Предлог-буџетот за 2026 година, во второ читање на која ќе се разгледуваат поднесените над 200 амандмани. На општата расправа која заврши вчера, пратениците од владејачкото мнозинство истакнаа дека предложениот буџет е реален и развоен и се очекува економски раст и силна реализација на проектите и приходите. Опозициските пратеници, пак, сметаат дека буџетот е нереален, ...
СДСМ за денеска најави поднесување до Собранието предлог за надзорна расправа и формирање анкетна комисија за испитување на трагедијата во „Пулс“. Одлуката е донесена во координација на пратеничката група и раководството на партијата, објави претседателот на СДСМ Венко Филипче на својот фејсбук-профил. Пратениците на СДСМ и коалицијата ги поддржуваат барањата на семејствата на загинатите и повредените во Кочани и ќе поднесат предлог до ...
Зеленски ја продолжува европската турнеја во Шпанија по договорот со Франција за испорака на борбени авиони „Рафал“, системи за воздушна одбрана и ракети. Русија продолжува со напади, Украина возвраќа во Доњецк. Оштетени се две термоелектрани. Во истовреме, ЕУ предлага грант од 90 милијарди евра за Киев, но Унгарија се спротивставува.Московските медиуми објавија дека група атентатори ангажирани од украинските разузнавачки служби, се обиделе да ...
Советот за безбедност на ОН го одобри американскиот мировен план за Газа, кој предвидува распоредување Меѓународни сили кои во координација со Израел, Египет и палестинската полиција, ќе ги обезбедуваат границите, ќе ја демилитаризираат Газа и ќе ги заштитат цивилите. Истовремено, израелските сили ќе се повлечат, освен околу безбедносниот појас. Мисијата ќе биде коалиција предводена од земји со муслиманско мнозинство и ќе функционира под ...
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m2 за 24 часа), локално со услови за невреме со засилен ветер (над 60 km/h) и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Температурите ќе се движат во интервал од 6 до 18 степени. Минималните ќе се спуштаат до 6, а максималните ќе достигнуваат и до 18 степени. Во Скопје, облачно со повремени ...
Во Македонија моментално ги реализираме најкрупните капитални проекти во изградба на патната и железничката инфраструктура на главните транспортни Коридори 8 и 10. Имаме визија преку развој на инфраструктурата да придонесеме за регионален развој, за економска стабилизација и брз и сигурен транспорт кон Централна и Југоисточна Европа, истакна вицепремиерот Николоски на панел-дискусијата на економскиот форум во Виена. Презентирајќи ги капиталните ...
На 19 ноември (среда) со почеток во 20 часот, во Камерната сала на Филхармонија, ќе се одржи солистички концерт на пијанистката Дуња Иванова, на кој публиката ќе има можност ексклузивно да го слушне циклусот „10 Пурпурни Ноктурна за пијано“ од истакнатиот македонски композитор Давор Јордановски. Овој концерт претставува прва македонска целосна изведба на циклусот во живо, по неговото студиско издание, и е значаен настан за современата македонска ...
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска бил опериран во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Во неговата објава на неговиот Фејсбук профил, Тошковски информира дека се чувствува добро, иако не открива за каква операција станува збор. „Бев подложен на успешна хируршка интервенција и се чувствувам стабилно. Во моментов сум под надзор на лекарите, по што следува краток период на опоравување. Ве уверувам дека Министерството за ...
Владата е отворена за дијалог, но додека социјалните партнери не се договорат, ќе важи постојната формула за пресметување на минималната плата. Од ССМ остануваат на ставот дека платите мора да растат веднаш, а не во март в година, оти инфлацијата си го прави своето. Стопанството пак, вели дека се прави се за платите да растат, а не само да бегаат работниците во странство, но бизнисмените предупредуваат да не се претерува со барањата зашто веќе ...
Оние кои фрлале ѓубре во контејнерите во ноќните часови во главниот град без оглед дали станува збор за физички или правни лица ќе мора да ја променат навиката. Почна да важи одлуката на Град Скопје за временско ограничување на фрлањето ѓубре, за да се стави ред на одлагањето отпад. Па така, физичките лица кои нема да ја почитуваат одлуката ќе бидат казнети со 50 евра, а правните од 1.300 до 1.800 евра. Граѓаните со кои поразговаравме ја ...
Студентите да се пријават на јавниот повик за доделување ваучери од 15.300 денари за набавка на електронски уреди. Премиерот Христијан Мицкоски ги повика да аплицираат на повикот, кој ќе биде отворен до 20-ти декември. За реализација на оваа мерка, чекавме да завршат изборите, за да не биде протолкувана како неетичка, вели Мицкоски. Студентите задоволни од владината мерка. Едногласно најавија дека ќе аплицираат на повикот. Право на аплицирање ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, го потпиша актот за одржување повторени избори за градоначалници во општините Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Центар Жупа. Повторените избори се закажани за 11-ти јануари следната година. Во овие четири општини на првиот круг од локалните избори не беше постигнат потребниот цензус од една третина излезност на граѓаните. Во пишаниот допис, собранискиот спикер упати повик до граѓаните на овие ...
Шеснаесет години добиваме извештаи и препораки за почеток на преговорите, но тапкаме во место. Пред бугарското вето беше ветото од Франција за новата методологија, оти ЕУ има двојни стандарди за проширувањето со кандидатите, порачаа од седницата на Националниот совет за евроинтеграции и Комисијата за европски прашања. Евроамбасадорот како најслаба оценка го посочи судството. За да има напредок во следниот извештај мора да се да обезбедат ...
Скопје повторно урива рекордни по аерозагадување. Како се намалува температурата, така и скопјани се повеќе дишат загаден воздух, а мерните станици веќе да го покажуваат тоа. Миризба се чувствува особено во вечерните часови, се жалат граѓаните. Сликата се повторува секоја година, вели екологистот Кирил Ристовски. Според него потребен е заеднички ангажман на сите чинители во општеството. Ристовски додава дека има повеќе фактори што го загадуваат ...
Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар по литар, а цената на дизелот се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,23 отсто. Новата малопродажна цена на Еуросупер БС - 95 е 75,5 денари за литар, Еуросупер БС - 98 ќе се продава за 77,5, а ...
Под влијание на серија влажни воздушни бранови до крајот на седмицата следува период на променливо облачно и релативно топло време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, локално со услови во форма на невреме со засилен ветер (над 60 km/h) и ретки грмежи. Во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m2). Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Времето утре ќе биде претежно ...
Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено за кривично дело – Убиство согласно член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик. Осомничениот 74-годишник, при вршење семејно насилство, лишил од живот жена со која биле во блиски лични односи, така што со тврд предмет и задал повеќе удари во главата, кршејќи и го черепот. Потоа, со остар предмет пресекол делови од телото и ги ...
На земјите од Западен Балкан им е потребна силна економска соработка, повеќе инвестиции, поголема трговска размена, повеќе бизниси и тоа е нешто што ќе придонесе кон поголема демократија, просперитет, владеење на правото и заедничка соработка меѓу нас. Никој не веруваше дека во 21 век на европска почва ќе има војна, наместо да зборуваме за економија, зборуваме за војна. Ова е аларм за сите нас, истакна вицепремиерот Александар Николоски во ...
По вчерашните натпревари во квалификациите, пласман на Светско фудбалско првенство 2026 во Канада, Мексико и САД изборија Португалија и Норвешка. Тие се 31-от и 32-учесник на Мундијалот 2026. Во Европа, квалификациската рунда, вклучувајќи го и плејофот, трае од март 2025 година до март 2026 година. Пласман на СП 2026 досега изборија: Канада, Мексико, САД, Јапонија, Нов Зеланд, Иран, Аргентина, Узбекистан, Јужна Кореја, Јордан, Австралија, ...
Водата во Скопје е безбедна за пиење, покажува најновиот неделен извештај на ЈП „Водовод и канализација. Секторот за санитарна контрола во периодот од 10.11.2025 до 14.11.2025 зема 201 примероци за физичко-хемиска и 201 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 47 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, ...