Скопје
29ᴼ /
29ᴼ
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер во западните делови од западен, а долж Повардарието од југоисточен правец. Утринските температури ќе се движат од 7 до 16 степени, а дневните ќе достигнат од 28 до 35 степени. Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена ...
Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ повторно го повика на одговорност градоначалникот Валбон Лимани за кризата со водата во Гостивар. Велат на власт во локалната самоуправа се СДСМ, ДУИ и Арбен Таравари и затоа ако на овие политички субјекти им се важни граѓаните, како што потенцираа во ВМРО-ДПМНЕ, тогаш, секојдневно треба да бараат од првиот човек на Гостивар кој е нивни кадар да одговара, и да поднесе оставка. Сепак како што додаваат во ...
Епидемијата со стомачни заболувања во Гостивар се смирува – бројот на новорегистрирани случаи е преполовен. Институциите продолжуваат со испитувањата за да утврдат како дошло до појава на епидемијата и дали имало пропусти во системот за контрола на водата … Се прават епидемиолошките анализи за да се утврди кога почнале првите случаи и како се ширела заразата. Министерот за здравство не очекува појава на други заболувања, освен ако не се ...
Муцунски и Османи влегоа во јавен судир околу билатералните протоколи со Бугарија и преговарачката рамка со Европската унија. Османи тврди дека изјавата на актуелниот министер потврдува оти протоколите не се дел од преговарачката рамка. Муцунски возврати дека Османи ги извртува фактите и дека токму тој ја довел државата во сегашната позиција. Иако двајцата се согласуваат дека вториот протокол формално не е дел од рамката, спорот е околу ...
Украинскиот претседател предупредува дека Русија подготвила и ќе изврши нов масовен напад, па оттука Украина мора превентивно да одговори преку акции на фронтот, напади со долг дострел, санкции, дипломатија и соработка со партнерите. Зеленски додаде и дека се подготвува за претстојната средба со Трамп и неговиот тим. „Од разузнавачки извори и од нашите партнери знаеме дека русите подготвиле ракети за нов масовен напад врз Украина. ...
Белата пена што се појави на реката Лепенец, кај нејзиното влевање во Вардар, предизвика итна реакција на надлежните институции. По пријава за непозната материја, инспектори од Министерството за животна средина и Град Скопје излегоа на терен. ЈП „Водовод и канализација“ зеде примероци од водата за анализа. Надлежните институции соопштија дека по завршувањето на испитувањата ќе биде утврдено за каква материја станува збор и дали има загадување ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, поизразен во источните делови и долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена ...
Бројот на повредени во рускиот напад со пет авиобомби врз Запорожје се зголеми на 25. Зеленски тврди дека Кремљ подготвува нови напади врз Украина, како и дополнителна мобилизација во Русија и ширење на војната. Украинскиот претседател изјави дека Русија ќе ги блокира коридорите за жито, додавајќи дека вчера ниту еден брод не можел да влезе во украинските пристаништа. Бројот на повредени во рускиот напад со пет авиобомби врз Запорожје се ...
Утрово околу 03:30 часот во ОВР Кочани било пријавено дека на регионалниот пат Грдовци-Зрновци, 24-годишниот Д.Н. од с. Градец, виничко, управувајќи патничко возило „опел“ со винички регистарски ознаки, изгубил контрола и со возилото излетал од коловозот, информираат од МВР. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот С.С.(28) од с. Јакимово, виничко, додека со телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот Д.А.(28) од с. ...
Зулфиќар Зејнула лидерот на Демократската партија на Турците, е нов министер без ресор. Со ова заврши реконструкцијата на владиниот кабинет. Изборот на Зејнула беше одвоен од преостанатите новоизбрани членови за да се почитува правилото на реконструкција на најмалку една третина од владиниот кабинет. Миле А. Ристески е во Собранието. Зулфиќар Зејнула лидерот на Демократската партија на Турците, е нов министер без ресор. Со ова заврши ...
Квартетот тромбони „Макбрас“ годинава ќе ја претставува Република Македонија на 55. издание на International Trombone Festival (ITF), кое ќе се одржи во Рига, Латвија од 29 јули до 1 август. International Trombone Festival претставува најголемиот, најреномираниот и најпочитуваниот светски фестивал посветен на тромбонот, на кој секоја година настапуваат врвни солисти, ансамбли, професори и уметници од сите континенти. Фестивалот се одржува од ...
Камерен концерт на Алтус НЗ Ансамбл насловен „Континуитет“ ќе се одржи утре во рамки на Скопско лето во Салон 19’19 (Културно информативен центар) во 20:30 часот, соопшти Дирекцијата за култура и уметност на Скопје. Во Ансамблот учествуваат: Гонца Богоромова Краповски – сопран, Елена Стојческа – флејта, Игор Иванов – кларинет, Мартин Димитров – виолина, Александар Лаовски – виола, Паскал Краповски – виолончело, Маријана Николовска – пијано, ...
Високите температури, престојот покрај вода и активностите на отворено носат зголемен ризик од повреди и здравствени проблеми, но со неколку едноставни мерки летните несреќи може да се спречат. Летото е период на одмори, капење, прошетки во природа и дружење на отворено, но токму во овие месеци се зголемува бројот на случаи поврзани со давење, топлотна исцрпеност, каснување од крлежи и повреди при користење скара. Здравствените и ...
Вардар со 3:2 беше поразен од Рига во Скопје и сега го очекува тешка задача на реваншот да ја надомести негативата од еден гол и да избори пласман во третото квалификациско коло од Конференциската лига. Ништо ново за Вардар на европската сцена. И на вториот домашен натпревар во квалификациите за натпреварувањата на УЕФА, актуелниот македонски шампион повторно доживеа пораз. Во првиот натпревар од второто квалификациско коло во Конференциската ...
Егнатија одигра 3:3 против словенечки Цеље во првиот натпревар од второто квалификациско коло во Лигата на шампионите. На стадионот „Арена Егнатија“, домаќините одлично го отворија натпреварот и поведоа уште во 7. минута, кога по ударот на Битри, топката заврши во мрежата по несреќна интервенција на Даниел. Словенечкиот тим успеа да израмни непосредно пред крајот на првото полувреме преку Квесиќ. Во второто полувреме Цеље поведе со голот на ...
Во водените спортови беа поставени два нови светски рекорди во слободно нуркање, додека олимписката шампионка Ана Марсела Куња постави нов јужноамерикански рекорд во препливување на Ла Манш. Алексеј Молчанов постави нов светски рекорд според Меѓународната асоцијација за развој на слободното нуркање, достигнувајќи длабочина од 129 метри во дисциплината нуркање со постојана тежина и две пераи, на натпреварот Азиски куп во слободно нуркање 2026, ...
Во петок, со натпреварот меѓу Тиквеш и Арсими во Кавадарци, ќе започне 35. издание на домашното фудбалско првенство. Во новата сезона ќе настапуваат Вардар, Шкендија, Струга, Силекс, Тиквеш, Арсими, Башкими, повратниците во елитата Брегалница и Скопје, како и Шкендија Арачиново, која е единствениот дебитант во најсилната домашна лига. Шампионската титула ја брани Вардар, а според засилувањата и активностите во преодниот рок, меѓу главните ...
Германската фудбалска федерација нема да плати ниту едно евро за ангажманот на Јирген Клоп, иако тој имаше важечки договор со компанијата „Ред Бул“, каде што ја извршуваше функцијата глобален директор за фудбал. Сепак, како знак на благодарност кон австриската компанија, која се согласи спогодбено да го раскине договорот со Клоп, раководството на Германската фудбалска федерација ќе донира еден милион евра на фондацијата „Wings for Life“ ...
Пијано дуото Денис Расел Дејвис и Маки Намекава вечерва ќе настапи на традиционалната Австриска вечер на фестивалот „Охридско лето“ која се одржува со поддршка на Австриската амбасада во земјава. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот. Денис Расел Дејвис и Маки Намекава прв пат концертно соработуваат во 2003 година. По нивниот одличен настап на Фестивалот „Арс Електроника“ во Линц, двајцата одлучуваат да ...
Околу 20 илјади луѓе се евакуирани од градовите и одморалиштата по должината на францускиот атлантски брег, поради пожари. Локалните власти соопштија дека пожарот во шума југозападно од Бордо, се проширил на повеќе од 31 квадратен километар, нема пријавени повредени. Повеќе од 10.000 луѓе, вклучувајќи туристи кои престојуваа во кампови, беа преместени на безбедно преку ноќ, заедно со повеќе од 1.000 жители кои живеат во станбени области по ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ ...
Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (над 15 l/m2). Локално ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер (над 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени. Во Скопје, променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од ...
Невреме кое зафати повеќе градови во државата сериозно ја погоди и електродистрибутивната инфраструктура, како на среден така и на низок напон. Санирани се 90 насто од дефектите, но делови од градот Скопје сè уште се без струја. Поради оштетувања и неколку стотици паднати столбови, без напон беа 2.308 трафостаници на електродистрибуција. Оттаму соопштуваат дека во моментов на територија на цела држава, без напојување се сè уште 300 ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од североисточен правец, поизразен долж Повардарието и во источните делови. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. ...
Повредата беше потврдена по лекарските прегледи во болница, каде што веднаш беше пренесен по несреќата. Закрепнувањето се очекува да трае околу месец и половина. Тоа практично значи дека сезоната за Липовиц е завршена, бидејќи шансите да оствари добар резултат на Светското првенство во Монтреал, кое ќе се одржи од 20 до 27 септември, се минимални. Еден ден пред Липовиц, и Данецот Јонас Вингегор, кој минатата година го освои второто место на ...
Гостивар живее во услови на прогласена кризна состојба поради состојбата со водоводната мрежа која беше контаминирана со фекалии. Централната власт се реши на ваков чекор за да може поефикасно да менаџира со ситуацијата, бидејќи Општината сама не може да се справи. Ова значи дека улогата на координатор во системот му припаѓа на управувачкиот комитет, кој е владино тело. Но, како жителите на градот се снаоѓаат изминативе денови?… Од Гостивар ...
Ниту североистокот на Македонија не беше поштеден од невремето, штети имаше и во Куманово, а во транзитниот центар Табановце настрадаа и привремени објекти за сместување мигранти. Каква е сега ситуацијата во Куманово, до каде е санирањето на последиците од невремето. Од терен во известува Елена Георгиевска. Ниту североистокот на Македонија не беше поштеден од невремето, штети имаше и во Куманово, а во транзитниот центар Табановце настрадаа ...
Францускиот парламент усвои закон со кој ќе се забрани користење на социјални мрежи за лица помлади од 15 години, почнувајќи од јануари 2027 година. Со ова, Франција станува првата европска земја што ќе им го ограничи пристапот на младите до овие платформи, додека ширум светот расте загриженоста за штетните ефекти од дигиталната содржина врз децата. Францускиот претседател Емануел Макрон го поздрави усвојувањето на законот. Францускиот ...
Според податоците што ги објави Народната банка, вкупните депозити во јуни изнесуваат безмалку 11 милијарди евра и споредено со истиот месец лани се зголемени за скоро 10%. Расте и задолжувањето. Вкупните кредити во банките и штедилниците за една година се зголемиле за 13,1% и сега нивниот вкупен износ надминува 9,6 милијарди евра. Податоците покажуваат дека граѓаните и фирмите се речиси еднакво задолжени. Населението најмногу подигнува ...
Американскиот претседател Трамп изјави дека Соединетите Американски Држави „воопшто не завршиле“ со Иран и предупреди дека следна цел може да биде тајниот подземен нуклеарен комплекс познат како „Пикакс маунтин“. „Веројатно наскоро ќе ја нападнеме таа зона. И тоа многу силно. И тие ништо не можат да направат по тоа прашање. Ако сега си заминеме, на Иран ќе му требаат од 20 до 25 години за да го обнови. Но ние воопшто не сме завршиле“, рече ...