Мајки кои се на породилно отсуство се жалат – сè уште не сме добиле пари за јуни, а наближува средината на август. На социјалните мрежи споделуваат пораки и искуства и дека не им кажуваат кога средствата ќе бидат префрлени на нивните сметки. Родилките порачуваат дека не бараат привилегии, туку почитување на законски загарантираното право. Во период кога треба да се посветат на грижата за новороденчињата, се соочуваат со неизвесност, се ...
Родилките порачуваат дека борбата со негативниот демографски тренд во земјава не може да се подобри само со декларативни стратегии и маркетинг кампањи, туку со реална и навремена поддршка на семејствата, кои наместо мирна грижа за децата, секој месец се соочуваат со принудна неизвесност Социјалните мрежи изминативе денови се преплавени со сведоштва и остри реакции на револтирани мајки кои алармираат за сериозно доцнење на исплатата на парите ...

