Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Во очајна состојба се киосците на дел од автобуските постојки низ градот. Иако и во минатото се алармираше дека на локациите каде што има киосци, истите за жал служат само за собирање смет, до денес, цели 8 години откако ТЕРА телевизија алармирала за овој проблем, ситуацијата не е променета. По пријава на граѓани денеска ја регистриравме состојбата на автобуската постојка кај новиот пазар во Нова Битола. Еве што затекнавме таму. Откорната ...
Сточари од здружението Пелагониско Поле денеска пред медиумите го искажаа својот револт за задоцнети субвенции. Оствариле средба со министерот за земјоделие во март годинава, но до денеска не им се исплатени парите од 2025 година. Претставници на здружението на сточари „Пелагониско Поле“ упатија јавна критика до министерствозо за земјоделство со информации дека не им биле доделени субвенциите ниту за млекото ниту тие по грло стока за ...
Денеска в Општина се одржа третата презентација на работата врз физибилити студијата за жичница односно гондола на Пелистер. Студијата е сеопфатна, но првиот впечаток е дека нема конкретни гаранции за оправданост на скапиот проект. Допрва градот треба да одлучува како, кога и дали ќе пристапи кон реализација на студијата. На презентацијата беше претставена завршната верзија на анализата реализирана од странски експерти од Франција, Андора и ...
5 мај се празнува како Ден на македонскиот јазик во чест на 5 мај 1945 година, кога Народната влада на Федерална Република Македонија ја усвои македонската азбука како официјално писмо. Овој чин ја означи кодификацијата на македонскиот литературен јазик, поставувајќи ја основата за неговиот современ развој. Генезата на македонскиот писмен јазик ја следиме уште од првите црковнословенски ракописи од X-XI век, кога се појавуваат првите типично ...
Носењето синтетички материјали е како да сме се намачкале со нафта и тоа го носиме на нас. Вака македонската модна дизајнерка и едукаторка за одржливост Ирина Тошева го илустрира проблемот со преголемото присуство на синтетички материјали од кои денес се произведува облеката. Со цел да понудат ниски цени на пазарот на облека производителите користат материјали кои не се погодни за човечкото тело. „Сигурна сум дека секој граѓанин почувствувал ...
Емо/пост-хардкор бендот Yöu оваа пролет оди на европска турнеја која опфаќа 13 концерти во осум земји во централна Европа и регионот. Турнејата започнува на 15. мај во Скопје со концерт во Буква, на кој ќе настапи и кочанскиот бенд Корка, по што следува интензивен концертен циклус од 11 настапи во 11 дена низ Словенија, Италија, Германија, Австрија, Чешка, Хрватска и Србија. Финалниот настап е закажан за 6 јуни во Битола, на главната бина на ...
По повод одбележувањето на 20 години постоење на Агенцијата за филм започнува серија на мастеркласови со врвни меѓународни професионалци, со цел унапредување на знаењето и вештините во помалку застапените, но клучни сегменти на филмската индустрија. Првиот мастерклас ќе се одржи во Скопје на 7 мај (четврток) со почеток во 11 часот во киното Cineplexx во Skopje City Mall. Гостин-предавач е Andy Kennedy од Англија, еден од водечките светски ...
Патот кој води кон манастирот во селото Крстоар, познат како дестинација за духовен мир и чист планински воздух, се претвори во непријатна глетка на човечката негрижа. Наместо природни убавини, посетителите таму се пречекани од купишта отпад и дива депонија. Оваа состојба отвора сериозни прашања за колективната свест. Додека честопати вината ја префрламе на државата и на нефункционалните системи, реалноста на терен покажува дека уништувањето ...
На Педагошкиот факултет денеска се одржа промоција на романот „Три Марии“ од авторката Оливера Ќорвезироска. Преводот го направија студенти од Македонски на Англиски јазик. Сите вклучени, фактот што студенти преведуваат романи од Македонски на Англиски го оценија како многу повеќе од обична академска вежба — тоа е културен чин со пошироко општествено значење. Седум студенти го направија преводот на романот „Три Марии“ заедно со својата ...
Полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи (ОВР) Крушево синоќа приведоа две лица поради предизвикување општа опасност со употреба на огнено оружје за време на семејна прослава во селото Пресил. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, настанот се случил на 03.05.2026 година. Околу 21:20 часот, на семејна веселба во споменатото село, пријавените започнале да пукаат од огнено оружје, со што го ...
Податоците за улицата СРУ 5 што Општина Битола ги стави на располагање на нашата телевизија отвораат редица прашања, почнувајќи од законитоста на одобрението за градба, па до исцртаните велосипедски патеки на коловозот. Улицата е предвидена со Деталниот урбанистички план за АРМ четврт 1, донесен во 2010 година. Основните проекти се изработени во 2012 и 2013 година, а одобрението за градба е издадено во 2014 година. Според законските правила, ...
4 Mај е ден на празнувања. Nо различни општества прославуваат различни празници – во Mакедонија се чествува ликот и делото на Гоце Делчев, на Балканот – ликот и делото наТтито, во САД се одбележува големината на филмската франшиза „Војна на ѕвездите“ преку реченицата „Силата да биде со тебе !“. На 4 мај, датум што на прв поглед изгледа како обичен ден во календарот, различни општества впишуваат сосема различни значења. Во Македонија, ...
403 лица од Битола добиле помош преку Мобилните тимови за бесплатна правна помош кои до 15 мај ќе продолжат да нудат правна поддршка во Скопје, Битола и Штип. Информативната иницијатива „Мобилни тимови за бесплатна правна помош“ се спроведува во просториите на Управата за водење на матичните книги од ноември 2025 година и ќе продолжи до 15 мај 2026 година. Таа има за цел да обезбеди директна помош за граѓаните и да го подобри пристапот до ...
УШТЕ ЕДЕН ОБИД ЗА ЗАТВОРАЊЕ НА ОБРАЗОВНА НАСОКА ВО БИТОЛА ОТВОРЕНО ПИСМО ДО МИНИСТЕРКАТА ЗА ОБРАЗОВАНИЕ ПРОФ ВЕСНА ЈАНЕВСКА До Министерот за Образование на Република Северна Македонија Почитувана Министерка Проф Др. Весна Јанева, Би сакале како родители на учениците од Државно Средно Музичко Училиште да се обратиме до Вас со желба најнапред да се заблагодариме што во Битола се отвори при Државното Средно Музичко Училиште насоката за ...
„Безбеден град“ носи промена, односно веќе има новитети при регистрацијата на возила. Министерството за внатрешни работи воведува нова процедура при регистрација на возилата, со цел да се намалат можните грешки при доставување известувања и санкции од системот „Безбеден град“. Сопствениците на возила, при регистрација во станиците за технички преглед или во управните служби, ќе треба да остават мобилен телефонски број и електронска адреса. ...
Влажните живеалишта на влекачите и водоземците во Преспа се особено ранливи на исушување – процес што сè поизразено го засега овој регион кој е од исклучително еколошко значење. Токму затоа, нивниот систематски мониторинг претставува клучна алатка за следење на состојбите во екосистемот и за навремено планирање и спроведување на соодветни мерки за заштита. Во насока на зајакнување на истражувачките капацитети на заштитените подрачја во ...
Полицијата во Битола работи на расветлување на насилство што се случило синоќа во дворот на едно од локалните основни училишта, во кое жртва е малолетно дете. Според информациите од Секторот за внатрешни работи (СВР) Битола, инцидентот бил пријавен доцна навечер, околу 22:30 часот. Пријавата ја поднел 39-годишен битолчанец, кој во полициската станица изјавил дека неговиот единаесетгодишен син бил цел на напад. Според исказот на родителот ...
На 29.04.2026 во 21:30 часот во с. Црнилиште, општина Долнени, полициски службеници од ПО Ропотово ги лишија од слобода Т.Т.(33) и Џ.Т.(59), двајцата од с.Црнилиште. Претходно, истиот ден околу 12:30 часот, во атар на с.Стровија, општина Долнени, од страна на полициски службеници од Шумска полиција Прилеп биле затекнати двајцата како , при што агресивно се однесувале кон полициските службеници, а Џ.Т. со моторна пила нападнал еден од ...
Музиката има неверојатна моќ да спојува генерации и да пренесува емоции на начин на кој зборовите често не можат. Вистински доказ за тоа е најновото музичко освежување на домашната сцена – преработката на хитот „Невозможна љубов”, во изведба на нашиот познат пејач Ѓоко Јовиќ и малата, но исклучително талентирана Ива Пауновиќ. Песната, која во оригинал ја изведуваат Пеѓа Јовановиќ и Бресквица, веќе е добро позната на балканската публика. Зад ...
На 7 мај 2026г./четврток/ од 20.00 часот во организација на НУЦК „Марко Цепенков“, во Прилеп за првпат ќе се одржи концерт на клавичембало – еден од најзначајните инструменти на барокната епоха, кој ја обликувал музичката мисла и изведувачката практика на 17 и 18 век, а е исклучително редок инструмент во Македонија, со само два функционални примероци во земјата според достапните податоци. Концертот, под наслов „Музиката на европските дворови ...
Пелистер добива нови инфо табли со нов и модерен дизајн кој има за цел да ја промовира важноста и културно-историското значење на петтоигличестиот бор МОЛИКА или познат како МАКЕДОНСКИ БОР. За почеток нови инфо табли се поставени во најпосетената зона на паркот, а подоцна со истиот дизајн ќе следи и поставување на нови табли на планинарските и на велосипедските патеки. Македонскиот бор кој е пронајден на Баба планина во 1839 година скоро два ...
Претставата „Кокошка“ на Битолскиот театар, вечер ќе биде изведена по 95 пат, токму на сцената во Драмски театар Скопје, а по повод 80. годишнината од постоењето на оваа театарска институција. Оваа претстава носи свет во кој апсурдот и реалноста се мешаат до точка на непријатна препознатливост, а ликовите чекорат по тенка линија меѓу смешното и болното. „Кокошка“ не е само комедија – таа е огледало на нашите карактери, суети, амбиции и ...
Булеварскиот влез во Битола од страната на Прилеп повторно го привлекува вниманието на битолската јавност. Додека граѓаните очекуваат финализација на започнатите работи, наместо тоа на терен се вршат корекции. Исечен асфалт на повеќе места, пропаднат тротоар, оградени делови каде треба да се корегира. Се прави па се преправа. Првата фаза опфаќа 840 метри и таму се вршат корекции на дури 11 позиции, откако надзорот утврдил дека треба да се ...
Општина Битола тонe во долгови од над 186 милиони денари, а паралелно троши огромни средства за плати и надоместоци. Според интернет порталот grado.live, за плата на градоначалникот Тони Коњановски годишно се трошат 1,3 милиони денари, за паушалите на советниците околу 10,6 милиони денари, а за администрацијата во општината годишно се одлеваат 310 милиони денари. Во врвот на општината, платите се следни: • Градоначалникот Тони Коњановски зема ...
Општина Битола “изби” на првото место на листата должници од јавниот сектор во градот со вкупни обврски од околу 186,4 милиони денари. Од нив 137,4 милиони денари се доспеани и неплатени, а 48,9 милиони недоспеани обврски. До 2025 година, оваа неславна позиција ја држеше ЈКП Водовод. Вкупниот долг на битолската локална самоуправа предводена од Тони Коњановски изнесува над 3 милиони евра! ЈКП Водовод сега е на второто место најголеми должници ...
Дуќанџии од старата битолска чаршија бараат уредување на малото паркче кај дрвениот мост. Посочуваат дека на самиот влез во Старата чаршија во Битола малото паркче со неколку дрвја – мал зелен простор со години бил убаво место за одмор и кратко задржување во центарот на градот. По најавата за поставување споменик на битолскиот пејач Јонче Христовски, минатата година просторот беше ограден и раскопан. Но, денес 28 април 2026, паркчето сè уште ...
Битолски ученици низ друштвената игра „Преспа“ имаа можност да учат како се штити живиот свет на Преспанско езеро. Македонското еколошко друштво во соработка со Националниот парк Пелистер организираше едукативна работилница во Основното училиште „Даме Груев“ во Битола, каде учениците ја играа друштвената игра „Преспа“. Се работи за друштвена игра преку која на забавен и креативен начин се мотивираат децата и возрасните да се грижат за заштита ...
Зачувување на популацијата на кафеавата мечка која што живее и во Македонија, вклучително и во Националниот парк Пелистер. Ова е целта е на нов европски проект кој во фокусот ја става кафеавата мечка во Динаро-Пиндскиот Регион. Се работи за прекуграничното управување и зачувување на динаро-пиндската популација на кафеавата мечка преку проектот LIFE DinPin Bear којшто до 2031 година ќе го спроведуваат дури девет европски држави, вклучително и ...
Денеска градоначалникот Тони Коњановски одржа прес конференција на која зборуваше за неколку актуелни проблеми во градот. Големото внимание кон последниот реализиран проект – асфалтирањето на улицата СРУ-5 во Касарната заради фактот што трансформатор го попречува безбедното минување низ улицата. Освен политичко, има и огромно негативно мислење на јавноста. Градоначалникот Коњановски на денешната прес конференција се обрати за многу од ...
Во пробна фаза се подготовките за стартување на планираниот меѓуградски воз меѓу Битола и Прилеп. Во моментов се прават проверки кои треба да го осигураат безбедното движење на оваа релација и осигурувањето на стандардите во железничкиот сообраќај. На релација Битола Прилеп ќе возат два возови, едниот познат како Шпанскиот воз, а другиот е кинески. Според претходните најави со кои беше посочено дека најдоцна од јуни оваа возна линија ќе ...