Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Во град каде што ракометот не е само спорт, туку гордост и идентитет, се создаде проект што требаше да ја врати Битола во македонскиот врв и на европската мапа. Со силен приватен партнер, со поддршка од општината и со големи амбиции, и од Пелистер бидна Еурофарм Пелистер и беше претставен како модерна приказна за успех. За таа цел, „курбан“ отиде и името на клубот, чекор што сеуште предизвикува силни емоции помеѓу најверните навивачи. После ...
В недела, на 29 март во 02:00 часот по полноќ, почнува летното сметање на времето што ќе трае до 25 октомври 2026 година во 03:00 часот, информираат од Министерството за енергетика. Според Владината одлука, летното сметање на времето започнува на 29 март 2026 година во 02:00 часот, со поместување на стрелките на часовникот за еден час нанапред, односно времето од 02:00 часот се смета како 03:00 часот. Од Министерството за енергетика додаваат ...
Граѓаните оваа година ќе се соочат со повисоки цени на зеленчукот и овошјето во пресрет на Велигден. Растот на цените веќе е започнат. На пазарите насекаде нови цени, зголемени каде помалку каде повеќе. Како и да е, доматите веќе се продаваат по 200 денари за килограм. Влошка јајца по 320 до 350 денари. Ако порано се купуваа три килограми портокало за 100 денари денес цената останува иста, но количината е двојно намалена. За таа цена ќе ...
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (над 20 l/m²), проследени со појава на ретки грмежи. На некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег, а на планините врнежите ќе бидат од снег при што снежната покривка ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец,информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Променливо облачно со повремени локални ...
Растечките цени на горивата поради конфликтот на Блискиот Исток и финансиското оптоварување за граѓаните, ги принуди дел од битолчани да ги паркираат автомобилите и да користат велосипеди или да се движат пешки за да стигнат до работните места и да ги извршуваат тековните обврски. Ги прашавме битолчани дали поскапувањето на цените на горивата ги натера повеќе да пешачат? „Мислам да. Нема да возат. Тој што пешачи, пак ќе пешачи. Тој што не ...
По стапувањето во сила на построгите законски мерки за возење без возачка дозвола, во Битола и регионот е забележан зголемен интерес за полагање на возачки испит од б категорија. Навалија повозрасни шофери кои возат скапи автомобили. Има една стара битолска анегдота за доселеник во Битола кој на комисијата којашто го паднала на возачкиот испит им рекол „дај ти возачка, за возење – ќе научам“. Со текот на годините анегдотата стана неактуелна, ...
Државниот пазарен инспекторат распоредил 30 мобилни тимови кои вршат засилен надзор и врз производителите, се до трговците, за да се спречат евентуални злоупотреби од нивна страна, изјави министерот за економија, Бесар Дурмиши, одговарајќи на пратеничко прашање за поскапувањата на основните производи. До овој момент, како што рече министерот, не се утврдени енормни зголемувања на цените. „Испраќаме јасна порака дека нема да има толерирање на ...
Mодата со помпезни забави да се слават детски родендени во последните години наголемо е прифатена и кај нас. Со планира забавата, се резервира игротека, се нарачуваат торти, декорации со балони и се печатат хартиени покани. Но, каде завршува отпадот откако ќе заврши забавата. Некои се еколошки посвесни па наместо да ги фрлат балоните и декорациите ги донираат за некое друго дете кое исто така би можело да се израдува, без неговото семејство ...
Во 24 коло на Лото7 извлечени беа следните броеви : 3,12,13,18,22,31,36. Добивка со седум погодоци немаше а имаше една шестка вредна 610.560,00 денари. Фондот за седумка во следното коло изнесува : 10.000.000денари. Во ова коло шестоцифрениот џокер број е:8,6,2,0,3,7. На џокерот добивки со шест и пет погодоци немаше . Очекуваниот фонд за добивка со шест погодоци на играта џокер во следното коло изнесува 1.723.000 денари. Во 24 коло на ...
Неизвесноста околу конфликтот на Блискиот Исток и растот на цените на нафтата, има сериозни последици врз светската економија, а експертите предупредуваат дека војната би можела да се одрази во повеќе економски аспекти. Земјоделците деновиве истакнаа дека очекуваат зголемување на цените на земјоделските производи со оглед на тоа што најголем дел од репроматеријалите се набавуваат од Блискиот Исток. Од Министерството за земјоделство, ...
Една од највпечатливите нови авторки на регионалната сцена, Дина Јашари, кон крајот на март ќе одржи мини турнеја во Хрватска, каде што во Чаковец, Риека и Загреб ќе го претстави својот деби албум „Растенија без корен“ – издание кое веќе привлекува сериозно внимание кај публиката и медиумите. „Растенија без корен“ е албум составен од девет песни создадени во текот на последните три години и претставува интимен и искрен музички дневник на ...
Еден од најзначајните македонски музички брендови, Љубојна годинава прославува јубилејни 25 години постоење со голем концерт кој ќе се одржи на 29 март во македонската Филхармонија, а во пресрет на концертот, групата ја претставува својата нова песна – „Врати ми ја Тишината”, во дует со Бранислав Николов. „Врати ми ја тишината” е инспирирана од музичката тема „Танго за тројца” во соработка и дружба со Фолтин. Музиката и аранжманот се на ...
Во кошарката, „жигосани во рекетот“ се оние што постојано ја носат тежината на играта под кошот. Во случајот со КК Пелистер, рекетот освен со играчи, е полн и со многу непознати на кои јавноста засега нема одговор. Формално, КК Пелистер е 100% во сопственост на Општина Битола. Таа е единствен акционер и има формална контрола. Со договорот од јуни 2023 година, како генерален спонзор во клубот влегува компанијата Таскфорс. Со тоа започнува ...
НА ТРОТОАРОТ ПОКРАЈ ГЛАВНАТА УЛИЦА ВО ДЕМИР ХИСАР, ОДНОСНО УЛИЦАТА БИТОЛСКА, ИЗГРАДЕН СО ЈАВНИ СРЕДСТВА МОЖАТ ДА СЕ ЗАБЕЛЕЖАТ ОШТЕТУВАЊА. НА ПОВЕЌЕ МЕСТА СЕ ЗАБЕЛЕЖУВААТ ИСКРШЕНИ И ПРОПАДНАТИ ПЛОЧКИ, НЕРАМНИНИ И ИСПАКНАТИ ДЕЛОВИ КОИ ПРЕТСТАВУВААТ РИЗИК ЗА БЕЗБЕДНОСТА НА ПЕШАЦИТЕ. ИАКО ПРВИЧНО БЕШЕ НАЈАВЕН КАКО ПЕШАЧКА ПАТЕКА, ТЕРЕНСКАТА СОСТОЈБА ПОКАЖУВА ДЕКА ТРОТОАРОТ ЧЕСТО СЕ КОРИСТИ КАКО ПАРКИНГ ПРОСТОР. ВОЗИЛА СЕ КАЧУВААТ ВРЗ НЕГОВАТА ...
21 годишен прилепчанец не само што управувал возило без возачка дозвола, туку и учествувал во сообраќајна незгода со полициско возило по што е лишен од слобода. Од Секторот за внатрешни работи Битола информираат дека на 24.03 2026 во 11:30 часoт во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Е.Ш.(21) од Прилеп. Претходно, на крстосница од ул.„Кузман Јосифоски” со ул.„Ладо Лапецот” во Прилеп, тој со возилото „опел” со ...
По реакција на граѓани, екипа на Тера ТВ го посети стариот пат кон Братиндол и Ротино и затекна поразителна слика. Долж патот се оформени десетици мали диви депонии, со расфрлан отпад од секаков вид. Ова веќе не е изолиран инцидент, туку сериозен проблем што укажува на нефункционалност. Наместо навремена реакција, ЈП „Комуналец“ очигледно дозволува ѓубрето да се натрупува без контрола. Прашањето е едноставно: каде е одговорноста? Граѓаните ...
Тактилната патека за слепи лица во еден дел од Шеталиштето во Градскиот парк во Битола се вкрстува со велосипедската патека. Се работи за делот во близина на Спортската сала во Битола пред која минува тактилната патека. Семејства во кои има членови со слепи лица реагираат дека ова претставува потенцијална опасност за слепите лица кои не можат да го забележат движењето на велосипедистите со што се изложени на опасност. Поради тоа велат дека ...
Во преполната сала на Македонска Филхармонија се одржа долгонајавуваниот солистички концерт на Јоце Панов. Вечерта беше исполнета со бура од силни емоции, позитивна енергија и многу изненадувања. Концертот се одвиваше во динамичен и разигран ритам. Од “Ивана”, преку “Ajmo na more”, па се до најновата необјавена песна “Alkatraz” публиката ги пееше песните во еден глас. Како специјален музички гостин на сцената се појави Наум Петрески. Во ...
Прилеп има сериозен проблем со кучињата скитници. Глутници кучиња сеат страв низ прилепските улици. „Замислете дека се враќате приквечер дома, а шест кучиња лежат на самиот влез на зградата, па дури и пред вратата на вашиот стан, а вие треба да поминете покрај нив за да влезете дома. Замислете пак како се чуствува едно дете во истата оваа ситуација. Оваа слика не пречекува секој ден.“-вели загрижена прилепчанка која ни ги испрати фотографиите ...
ВМРО-ДПМНЕ “крчка” нов Деловник за работа на Советот на Општина Битола. Образложението е да се унапреди транспарентноста и да се модернизира работата на Советот и советниците. Но, откако ќе се прочита внимателно текстот, се отвора прашањето дали тоа е вистинската намера? Документот на прв поглед делува како чекор напред. Воведува дигитализација, обврзува на јавност преку преноси во живо и поставува процедури за функционирање. Но, кога ќе се ...
„Да! можеме да ставиме крај на туберкулозата!“ e годинешното мото за одбележување на светскиот ден за борба против туберкулозата. светот сеуште се справува со неа, а во македонија и битола има мал број заболени. новиот предизвик со кој се соочува медицината е раното откривање на старата болест. Светскиот ден за борба против туберкулозата претставува важна можност за подигнување на јавната свест за влијанието што туберкулозата го има врз ...
Во 23 коло на Лото7 извлечени беа следните броеви : 14,15,16,20,22,30,31. Добивка со седум погодоци немаше а имаше една шестка вредна 663.237,00 денари. Фондот за седумка во следното коло изнесува : 10.000.000денари. Во ова коло шестоцифрениот џокер број е:4,7,3,8,7,1. На џокерот добивки со шест погодоци немаше а имаше една добивка со пет погодоци. Очекуваниот фонд за добивка со шест погодоци на играта џокер во следното коло изнесува ...
Битолчани денеска до нашата редакција испратија кусо аматерско видео снимено од автомобил кој само заради големото внимание застанал пред железничката пруга во близина на населбата Карпош. Без никаква светлосна ниту звучна сигнализација којашто треба да ја има на коловозот кој се вкрстува со железничката пруга, возот си минувал по својата траекторија. За волја на вистината, машиновозачите во последно време низ населените места минуваат многу ...
По реакција на граѓани, екипата на Тера ТВ излезе на терен, односно на влезот од Прилеп кон Битола. Наместо санирано, повторно гледаме закрпени дупки. Кој дозволи вакви крпеници? Кој го контролира ова? Дали ова е самоволие и нестручност. Во отсуство на одговор и одговорност, како што најави претседателот на советот, да гледаме убави работи?! По реакција на граѓани, екипата на Тера ТВ излезе на терен, односно на влезот од Прилеп кон ...
Затворен базен во Битола е ветување на политичките партии во изминатите повеќе од три децении. Во повеќе наврати, особено во предизборните кампањи, политичарите ја ветувале изградбата на затворениот базен. Првото ветување пред битолчани било дадено во далечната 1994 година, за време на изборна кампања кога и свечено беше означен почеток на изградба на затворен базен во едно средно училиште во градот. Во 2019 година, битолчани добија ново ...
Советот на Струшките вечери на поезијата, врз основа на значењето на поетското дело на холандската поетеса Анеке Брасинга, нејзиниот исклучителен придонес во современата европска и светска поезија, како и врз основа на високите естетски вредности и влијанието на нејзиниот поетски опус, донесе одлука наградата „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата за 2026 година да ѝ се додели на Анеке Брасинга за нејзиното севкупно поетско ...
Од гордост на градот до буџетски паразит, приказната за ФК Пелистер денес не се игра на фудбалскиот терен, туку во политичките кругови. Спортските извештаи за победи, ги заменаа финансиските билтени кои откриваат клуб што опстојува, но, не живее. Луѓето од ВИП ложата го чуваат системот во кој нема јасни правила и контрола, а верните навивачи на клубот плаќаат дупло и преку буџетот и на билетарница. Но, резултати нема. Проблемите во клубот ...
Денеска се одбележува Светскиот ден на мечката. Во светот постојат 8 различни видови на мечки, а кај нас се сретнува само кафеавата мечка (Ursus arctos). Kафеавата мечка која што живее во Македонија е најголемиот копнен месојад на европско тло. Овдешната популација на кафеавата мечка е дел од Динарско-пиндската популација која се протега од Словенија на север па сѐ до Грција на југ. Во Македонија ги населува листопадните и мешаните планински ...
Од полноќ цената на дизелот се зголемува за 3,5 денари, додека цената на бензинот останува иста поради намалување на ДДВ од 18 на 10 отсто. Регулаторната комисија за енергетика донесе Одлука за определување на малопродажните цени на нафтените деривати со вклучена повластена стапка на додадена вредност од 10%, со што изврши усогласување со измените од Законот за данок на додадена вредност . Цените на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 ...
Фотографии доставени до редакцијата од загрижени граѓани откриваат сериозно загадување на вештачкото езеро Стрежево, едно од клучните водни ресурси во регионот. Според фотографиите, на две различни локации околу езерото јасно се забележуваат истурени пестициди, празни опаковки од хемикалии, канти од моторно масло, како и различен вид комунален отпад кој плива по површината и е расфрлан долж брегот. Фотографии доставени до редакцијата ...