Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Дупките и раскопаните улици низ Битола водат до единствен заклучок, дека се одраз на кризата во Нискоградба. Јавното претпријатие кое треба да се грижи за инфраструктурата во градот, очигледно не успева ни да ја одржи. Причините се многубројни, но имаат еден заеднички именител, политичко финансиската мрежа која го турка претпријатието во бездна. Бројките покажуваат едноставна, но загрижувачка слика. Пари има, резултати нема. Во 2022 година ...
Мал Париз многу Балкански Граѓани од населбата викана Мал Париз реагираат што три – четири години по асфалтирањето на главниот пат во населбата, улицата Даме Груев, сеуште не се асфалтирани приодите до таа улица. Се жалат на промени во квалитетот на животот и со канализациајта којашто ја правеле од „Нискоградба“. Велат во денови со обилни дождови, „канализацијата враќа“ и се шири неподонслива миризба, што ја дополнува миризбата од Сточниот ...
Фестивалот СиДо оваа година го бележи 30 години од постоењето кој е предпознатлив бренд во нашата држава а посебно во нашиот град од кој имаат произлезено голем број на детски хитови и познати имиња на македонската музичка сцена. Подготовките за секое издание како и за ова се одвиваат преку целата година, со посебен акцент на квалитетот и симболиката на јубилејот кој ќе се оддржи во центарот за култура во Битола на 6 и 7 мај. Изминатиот ...
Битолчани од 10 април ќе мора внимателно да ги планираат своите шопинг денови во Грција. Од 10 април би требало да зпочне целосната примена на процедурите за секој патник од Македонија кој планира краткорочен престој во Шенген Зоната. А тоа подразбира дека на граничниот премин имаат право да ве прашаат каде одите, на колку време и каде ќе престојувате и за тоа да ви побараат доказ. Измените за влез во земјите членки на ЕУ беа најавени пред ...
Ги читаат ли институциите предупредивачките знаци на патиштата кои што го поврзуваат градот со околните села? Ова прашање се наметнува веднаш штом го поминете стариот пат од Битола кон Горно Српци. Пат до село или пат до ризик? Стариот пат Битола – Горно Српци со години предупредува дека постои опасност заради негрижа или недоволно добро планирање. Возењето по стариот патен правец Битола – Горно Српци одамна не е само непријатност, туку ...
Денеска, 2 април, во светот се одбележува светскиот ден за подигање на свеста за аутизмот, ден посветен на почитувањето на правата, достоинството и еднаквоста на лицата со аутизам. Годинава, одбележувањето се одвива под мотото „аутизмот и човештвото – секој живот има вредност“, со силна порака дека различноста не смее да биде причина за исклучување, туку за поголема прифатеност и вклученост во општеството. Светскиот ден за подигање на свеста ...
Денеска на факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола успешно се одржа четвртиот „саем на кариера“ повторно овој факултет од универзитетот Св. Климент Охридски се постави како мост помеѓу академијата и стопанството. Настанот беше организиран со цел поврзување на студентите од ФИКТ со компании од реалниот сектор, како и промовирање на професијата ИТ инженер, која денес претставува една од најатрактивните и најбарани ...
Во 26 коло на Лото7 извлечени беа следните броеви : 2,11,13,21,26,33,36 Добивка со седум погодоци немаше а имаше две добивки со шест погодоци вредни 155.184,75 денари. Фондот за седумка во следното коло изнесува : 10.000.000 денари. Во ова коло шестоцифрениот џокер број е:8,8,5,2,4,3. На џокерот добивки со шест и пет погодоци немаше . Очекуваниот фонд за добивка со шест погодоци на играта џокер во следното коло изнесува 1.788.000 денари. ...
По повод Светскиот ден на книжевноста за деца, „Панили” ја објави „Јатки од зборови” – нова книга од бардот на македонската книжевност за деца, Стојан Тарапуза. Песните што ја сочинуваат „Јатки од зборови” се создавани спонтано и во подолг временски период. Содржински се разликуваат едни од други, но во однос на пораките што ги сугерира книгата се многу слични. Тоа на книгата ѝ дава посебен белег. Нејзините поглавја, дваесет и шест на број, ...
Неколку од проиводителите на леб во Битола веќе најавиле поскапување на векна леб. Од продавниците и маркетите очекуваат нивно писмено обраќање, па потоа ќе одлучуваат што да се прави. Низ битолските продавници и пекарници денеска лебот се продава со иста цена. И не се знае дали или пак кога продавниците кои ги користат услугите на пекарниците ќе ја зголемат малопродажната цена. За поскапување на лебот се зборува од минатата недела, кога ...
Веќе подолго време група коњи се движат слободно низ Нова Битола. По крајот на работното време, кога веројатно нивните сопственици попладневно преспиваат – тие се будни и го превртуваат секој поставен контејнер. сите знаат чии се, никој не пријавил во општина, затоа што, не веруваат дека нешто ќе се промени. Коњи слободно се шетаат во Нова Битола во тревнатата површина секој ден. За време на попладневната, не ретко и на пладне овие ...
Омиленото излетничко место на битолчани Сива вода веќе не наликува на старите добри времиња, каде на ова место во непосредна близина на градот многумина се упатуваа на краток престој во природа покрај шумот на речниот водопад. Граѓаните реагираат на глетката која што сега може да се види на оваа локација. Поразителна глетка на која може да се видат многу пластички шишиња, стари најлони и секаков вид на отпад. Несовесни посетители наместо да ...
Првоаприлски снег го побеле Потпелистерието. Циклонската активност од која е зафатена цела Македонија во Пелагонија донесе обилни врнежи од дожд, а на Пелистер снег. Нашата екипа ја доловува атмосферата по патот до хотелот Молика каде врнежите започнаа од пладневните часови обојувајќи ја планината во бело. Снегот пак донесе и ниски температури кои се спуштија до околу 6 степени. Според УХМР, и во наредните денови Македонија ќе биде под ...
Во Бистрица има бактериoлошки неисправна вода за пиење, која ја нема и во доволна количина. Голем дел од населеното место или село на само 5 км од Битола се соочува со недостиг на вода, особено во летниот период. А за канализација да не правиме моабет, таму се отворени канали, фекалиите течат покрај дворовите на улиците. На овој проблем укажаа од ЛДП со советничко прашање дали е план изведување на канализациона мрежа која ќе го опфати и ова ...
Жестока дискусија меѓу советниците од опозициската СДСМ и мнозинството предводено од владејачката ВМРО-ДПМНЕ се водеше на денешната осма седница на Советот на Општина Битола за Зоолошката градина во Битола. „За гуштери, змии и инсекти ние ќе потрошиме 169 илјади евра. Изградба на објект за копитари во Зоолошката градина ќе не кошта 185 илјади евра. Ова ми личи со анегдотата со Марија Антоанета, француската кралица која живеела во огромно ...
Советникот на ЛДП Димитар Кузмановски денес на седница на Советот предложи од општинскиот буџет да се издвојат по 10 илјади денари еднократна парична помош за граѓаните од најранливите категории, за да можат како што рече на достоинствен начин да ги прослават претстојните празници. „Се предлага Советот на Општина Битола да донесе Одлука за доделување на еднократна парична помошво износ од 10 илјади денари на следните категории на граѓани: ...
Се согласувам дека треба да се стави ред во градот и дека е безредие, но ако најдовте од дечињата кои што продаваат хот дог, кафиња и палачинки во паркот да тренирате строгоча и да покажвате сила, тогаш сме на многу лош пат, рече советникот од Поинаку Иван Чулакоски на седница на Советот на општина Битола. Во продолжение на дускусијата беше побарана поголема транспарентност во распределбата на локации за урбана опрема тезги и трицикла на ...
Во 25 коло на Лото7 извлечени беа следните броеви :2,3,8,10,29,33,34. Добивка со седум погодоци немаше а немаше ниту со шест о пет погодоци. Фондот за седумка во следното коло изнесува : 10.000.000 денари. Во ова коло шестоцифрениот џокер број е:6,8,3,7,5,2. На џокерот добивки со шест и пет погодоци немаше . Очекуваниот фонд за добивка со шест погодоци на играта џокер во следното коло изнесува 1.756.000 денари. Во 25 коло на Лото7 ...
Имајќи предвид дека цените на горивата растат, предлагам субвенционирање на јавниот превоз во Општината Битола, за да им се олесни животот на битолчани. „Воедно прашувам која е стратегијата на Општината Битола за олеснување на животот на битолчани, во ситуација кога сите без исклучок ќе ја почувствуваме кризата што следува, а имајќи предвид дека се поскапи и паркингот во градот“ праша координаторот на советничката група на СДСМ Петар ...
Имајќи предвид дека цените на горивата растат, предлагам субвенционирање на јавниот превоз во Општината Битола, за да им се олесни животот на битолчани. „Воедно прашувам која е стратегијата на Општината Битола за олеснување на животот на битолчани, во ситуација кога сите без исклучок ќе ја почувствуваме кризата што следува, а имајќи предвид дека се поскапи и паркингот во градот“ праша координаторот на советничката група на СДСМ Петар ...
На сцената на Македонскиот народен театар на 1 април, во рамките на роденденското одбележување 81 година МНТ, ќе гостува Словенечко народно гледалиште од Марибор со претставата „Амадеус” од наградуваниот Питер Шафер и во режија на меѓународно признаениот македонски режисер Александар Поповски. Претставата е псевдобиографска комична драма за еден од најславните композитори на сите времиња, напишана од англискиот драматург, сценарист и ...
Огласот за пријавување на кандидати за претседател на СДСМ Битола конечно е објавен. До 7 април, сите што мислат дека се кадарни да го водат партискиот огранок може да се самокандидираат и да се надеваат дека ќе го зграбат кормилото на Титаник. Критериумите кои ги објави централата од Скопје скоро е невозможно некој да ги исполни во целост, па меѓу социјалдемократите во Битола, веќе се во тек анализите и калкулациите кој би требало да го ...
Денеска во малата сала на Центарот за култура, во организација на Државното Средно Училиште Спортска Академија Битола се одржа стручно предавање од областа на ,,Фитнес – Подготвителен период Фудбал“. Стручен предавач Велјановски Саше, ,,Фитнес ,,А“ лиценца на Уефа, професор по физичка култура и кондиционен – фитнес тренер во ФК.Пелистер. ДСУ Спортска Академија од Битола многу често организира стручни предавања од областа на спортот во ...
Во пресрет на Велигденските празници и традиционално зголемената побарувачка на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи, Агенцијата за храна и ветеринарство спроведува засилени контроли кај операторите со храна низ целата држава. Контролите се насочени кон сите сегменти од синџирот на храна од производството, преработката, дистрибуцијата и се до продажбата, со цел да се спречи пласирање на небезбедни производи и да се сузбие ...
Учесниците во неделната анекета на ТЕРА не стравуваат од можен бран на поскапувања и покрај фактот дека во светот има две војни и се опоравува од ковинд пандемијата, кога се беше затворено. На последната анкета 31,11% велат „да, значи стравувам“ 68,89% велат „не, не стравувам“ На ваквите одговори, социолозите и психолозите имаат свој одговор. Двете експертизи се спојуваат во заклучокот дека луѓето веќе живеат во состојба на хронична економска ...
Неконтролирано одлагање на смет и градежен шут има на ридот во населбата Девеани на чиј највисок дел се сместени Германски гробишта и црквата св. Јован. Тоа што во 1936 година била рекреативна патека со изградени скалила за да се пристигне до ридот важен за битолската историска читанка, денеска е дел од ограден простор што укажува на приватен имот, а околината пак е показ за системска негрижа. Градежен шут спакуван во бели вреќи, комунален ...
Голем самостоен концерт на легендарниот македонски бенд Архангел, ќе се одржи на 13 јуни на Стадион на АРМ во Скопје. Концертот ќе биде во знакот на 44 години музичко творештво на Ристо Вртев – четири децении автентичен звук, уметничка доследност и силно влијание врз македонската рок и алтернативна сцена. На сцената на Стадионот на АРМ публиката ја очекува повеќечасовна музичка приказна, раскажана преку антологиските композиции „1.000.000 ...
Синоќа, на 64 годишна возраст почина Зоран Маневски, професор по виолина во Музичкото училиште во Битола. Голем број на ученици своето образование по виолина го стекнале во класата на професорот Маневски. Тој беше автор на три збирки со композиции за виолина, а во 2006 година Здружението на просветни работници го прогласи за најдобар наставник во средното образование, доделувајќи му ја наградата ,,Св.Кирил и Методиј“ за значајни ...
Вештачката интелигенција зема голем замав во светот и се користи речиси на секое поле. Според познавачите, вештачката интелигенција ќе доведе до големи промени кои вклучуваат преквалификација, исчезнување на одредени работни места, како и отворање на нови. Вештачката интелигенција ќе биде дополнителна и помошна алатка во бизнисот а во некои случаи ќе ги замени луѓето, особено во производниот и организациски аспект. Ги прашавме граѓаните што ...
По две децении се враќа средното полициско училиште. Ова го најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на научно-стручна конференција за психофизичката подготвеност на припадниците на безбедносните институции во Македонија“. „Средното полициско училиште, ќе биде темел за рано градење дисциплина, физичка подготвеност, психолошка стабилност и чувство за служба кај идните генерации полицајци“ посочи министерот Тошковски, притоа ...