Јавен обвинител од Одделението за малолетници при Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Барање за поведување подготвителна постапка до судијата за деца во Основниот кривичен суд Скопје против четири деца во судир со законот, за кои постои основано сомнение дека извршиле кривично дело „Насилство“ од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Како што соопшти Обвинителството, станува збор за три 14-годишни и една ...

Јавен обвинител од Одделението за малолетници при Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Барање за поведување подготвителна постапка до судијата за деца во Основниот кривичен суд Скопје против четири деца во судир со законот, за кои постои основано сомнение дека извршиле кривично дело „Насилство“ од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Како што соопшти Обвинителството, станува збор за три 14-годишни и една ...

Родителите на починатите деца во дискотеката во „Пулс“ ја комнетираа условната казна која вчера ја изрече Судот за обвинетите полицајци за злоупотреба на службената положба. Според пресудата „обвинетите своите службени дејности ги извршиле само привидно. И покрај јасно пропишани обврски, иако констатирале прекршок тие не утврдиле кое правно лице ја врши дејноста, ниту кој е одговорното лице во тоа правно лице, бидејќи не зивршиле увид во ...

Млекопроизводителите од Пелагонија алармираат за сериозен пад на откупната цена на суровото млеко, која некои млекарници ја намалија за два денари по литар, а во споредба со лани и до осум денари. Тие велат дека цената сега се движи меѓу 24 и 29 денари за литар, што за нив значи значителни загуби и доведува многу фарми на раб на опстанок. Дополнителен проблем е што субвенциите за 2025 година се уште не им се исплатени во целост, а премиите за ...

Во пожар во трговски центар во близина на главниот град на Иран загинаа осум лица, а 36 се повредени, соопшти државната телевизија во среда. Пожарот започна во вторник во трговскиот центар Аргаван во градот Андишех во покраината Техеран. Не е јасно што го предизвикало пожарот, а државната телевизија IRIB соопшти дека властите истражуваат. Пожарникари се уште се борат со пламените јазици додека од повеќекатната зграда се издигаат големи облаци ...

Во гостување во емисијата Топ Тема на Телма ТВ, претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, се осврна на заминувањето на пратеникот Миле Цеков, оценувајќи дека станува збор за личен чин кој не ја нарушува стабилноста на партијата. Тој посочи дека оддалечувањето на Цеков било процес кој подолго време бил видлив, нагласувајќи дека ваквиот исход не е изненадување. „Пратеникот Цеков веќе подолго време не учествуваше ...

Тешка сообраќајна несреќа се случила на автопатот А3 кај Среданац во правец на Брегана, кога камион ja пробил оградата, удрил во далновод и се запали. За возачот медиумите пренесуваат дека најверојатно е од Македонија, и истиот останал заробен во возилото. Пријавата за сообраќајната несреќа ја примил Оперативно-комуникацискиот центар на Полициската управа Брод-Посавина во 14:18 часот вчера. Се однесувала за пожар во камион во кој имало едно ...

Денеска во Кривичниот суд во Скопје, продолжува судењето на пратеникот од Левица Сашко Јанчев кој е обвинет за сообраќајната несреќа во која животот го загуби 16 годишниот Матеј Димовски. Несреќата се случи на 14 септември минатата година во скопското село Марино кога Јанчев со возилото свртел без да се увери дека нема да загрози други учесници во сообраќајот и во неговото возило удрил моторот кој го управувал Димовски. Обвинение за ...

Фондот за здравствено осигурување најавува сериозни реформи – контрола на злоупотребите на боледувањата и можност за продолжување на породилното отсуство на 12 месеци. Но, дали системот е подготвен за ваков чекор и кој ќе ја плати цената? И додека се најавуваат нови правила и дигитализација, во реалноста сè по старо – системот сè уште работи рачно, а исплатите доцнат. Во 21 век, надоместоците се обработуваат поединечно, со процедури што ...

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ја отфрли заканата на американскиот претседател Доналд Трамп за зголемување на царините за европските автомобили, предупредувајќи го Вашингтон да се држи до условите од трговскиот договор со Брисел. Зборувајќи за прв пат по објавата на Трамп во петокот дека ќе воведе царини од 25 проценти за автомобили произведени во ЕУ, Фон дер Лајен изјави дека „договор си е договор“. -Имаме ...

Зелен Хуман Град бара затворање на зоолошките градинки во Македонија карактеризирајќи ги како места за тортура кон животните. Ова барање доаѓа откако во ЗОО кон слоновите и нилскиот коњ беа фрлани камења, а млада девојка беше качена до кафезот на мајмуните. – Сето ова претставува типичен пример првенствено за инхерентното насилство кое е вградено, наградувано и пожелно во капитализмот како економски и општествен систем до тој степен до кој не ...

Алијансата на Албанците на Арбен Таравари бара од премиерот Христијан Мицкоски веднаш да побара од Собранието да распише предвремени избори, велејќи дека за Албанците, изборите се единствениот спас од ВЛЕН. –Алијансата за Албанците го поддржува и охрабрува премиерот на земјата што е можно поскоро да го свика Собранието за да свика предвремени парламентарни избори за да се овозможи олеснување и деблокада на процесот на европска интеграција на ...

Aвиокомпаниите ширум светот откажуваат околу 13 илјади летови закажани за овој месец, а тоа значи дека два милиони седишта се отстранети од нивните распореди, пишува „Гардијан“. Порастот на цените на авионското гориво поради конфликтот на Блискиот Исток предизвика авиокомпаниите да ги прилагодуваат своите операции на новите пазарни услови. Аеродромите во Истанбул и Минхен имаат забележано најголем пад на летовите, а „Туркиш ерлајнс“ и ...

Светската здравствена организација верува дека се случило пренесување на хантавирус од човек на човек на крузерот во Атлантикот, изјави епидемиолог на СЗО, Марија Ван Керхове, на прес-конференција во Женева. Тројца патници на крузерот „Хондиус“ – кој моментално е закотвен кај Зелено’ртските Острови со околу 150 патници и членови на екипажот – починаа во сомнителна епидемија. Жртвите се постара двојка од Холандија и еден државјанин на ...

Меѓународниот монетарен фонд предупредува дека продолжениот конфликт на Блискиот Исток и растечките енергетски тензии може сериозно да ја погодат европската економија. Според извештајот, иако Европа сè уште покажува одредена стабилност, таа станува сè поранлива на надворешни шокови, особено поради зависноста од увоз на енергенси. Зголемените цени на нафтата и гасот вршат силен притисок врз индустријата и домаќинствата, што доведува до послаб ...

Oбединетите Aрапски Eмирати соопштија дека нивната воздушна одбрана соборила 15 ракети и четири дронови испукани од иран. Властите во источниот емират Фуџаира изјавија дека едно беспилотно летало предизвикало пожар во клучен нафтен објект, при што биле повредени тројца луѓе. Британската војска објави дека два товарни брода се запалиле во близина на ОАЕ. Министерството за одбрана на ОАЕ соопшти дека реагирал на уште еден ирански напад со ...

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во кој загинаа 63, а над 200 лица беа повредени. Судењето продолжува со изведување на материјални докази предложени од страна на Обвинителството. На минатото рочиште во судницата во Идризово сведочеше директорот на Институтот за судска медицина Александар Станков кој посочи дека труење со јаглероден моноксид е главната причина за смртта кај најголем дел од починатите во пожарот. – ...

Државниот секретар Марко Рубио изјави дека напорите на САД за повторно отворање на теснецот не се офанзивна операција и покрај судирите со Иран во последните неколку дена. Рубио рече дека големата американска воена операција против Иран е завршена, но не рече дека конфликтот е завршен или не може да се продолжи повторно. Тој истакна дека „операцијата Епски бес“ – нападот што САД и Израел го извршија врз Иран на 28 февруари – „е завршена“ ...

Арсенал се пласираше во финалето на Лигата на шампиони по минималната победа од 1-0 против Атлетико Мадрид во реваншот од полуфиналето. На првата средба беше 1-1, па минималниот триумф беше доволен „топчиите“ да стигнат до своето второ финале во елитното натпреварување, прво по 2006 година, кога загубија од Барселона. Стрелец на единствениот гол вечерва на стадионот „Емирати“ во Лондон беше капитенот Букајо Сака во 44. минута, кога од близина ...

Вардар го победи Монпелје со 27-24, но не успеа да се пласира на завршниот турнир во Европската лига на ЕХФ. Македонскиот тим имаше преголема негатива од првиот натпревар во Франција, каде што загуби со 23-33. Избраниците на Иван Чупиќ водеа во текот на целиот натпревар, а по првото полувреме успеаја да анулираат половина од негативата и на одмор заминаа со предност од 17-12. На стартот на вториот дел, „црвено-црните“ стигнаа и до највисоки ...

Додека се очекува најавената реконструкција на Владата која треба да се случи кон крајот на мај или во јуни, од Илинденска број 2 стигнуваат изјави кои отвораат нови дилеми. Премиерот Мицкоски досега повеќепати ја отфрли можноста за предвремени избори, со порака дека парламентарните ќе се одржат во редовниот термин во 2028 година. Сепак, дел од јавноста ја протолкува денешната изјава на претседателот на Владата како најава за предвремени ...

Во Топ Тема интервју со лидерот на ЗНАМ Максим Димитриевски. Како ќе се одрази на ЗНАМ напуштањето на пратеникот Цеков? Дали СДСМ се обидува да ги врати бившите во своето јато? Ќе успее ли министерот за правда да го врати Груевски дома? Колку е стабилна владината коалиција и ќе има ли промени на министри на ЗНАМ во идна реконструкција? Tоп Тема со Снежана Лупевска Созен на Телма Во Топ Тема интервју со лидерот на ЗНАМ Максим Димитриевски. ...

Најмалку 20 луѓе се убиени денеска во руските напади ширум Украина, пред да стапат на сила едностраните примирја кои одделно ги предложија властите во Москва и Киев. Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека пет цивили се убиени кога неколку руски ткн „лизгачки бомби“ биле фрлени врз центарот на градот Краматорск, додека властите во градот Запорожје соопштија дека 12 лица загинале во напад со руски проектил. Жртви има и во ...

Лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, во гостување во „Топ Тема“ изјави дека постапката за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски не е завршена и дека ќе следи ново барање, кое, како што рече, е и институционална обврска. Тој нагласи дека процесот е во тек и дека се чека политички контекст во Унгарија, но обвини дека дел од политичките структури во земјава во минатото не покажале доволна одговорност во случајот со бегството на ...

Растат тензиите во Ормускиот теснец. Откако САД почнаа со помпезно именуваниот „Проект Слобода“ на претседателот Доналд Трамп, односно обидот на американската морнарица да ги придружува трговските бродови и нивните екипажи низ теснецот, иранската револуционерна гарда одговори со напади со ракети и беспилотни летала. Нивна цел биле трговски пловила и бродови на американската воена морнарица, додека проектили биле повторно истрелани и кон ...

Петмина кандидати и бројни прашања за нив. Денеска помина комисиското сослушување во Собранието, на претендентите за испразнетото столче во ДКСК. Поранешната членка Цвета Ристовска си даде оставка откако се утврди дека иако нејзините синови имаат фирми, не пријавила дека едната од фирмите учествувала во изборната кампања на претседателката Сиљановска-Давкова. А, од укажувач денеска стигна писмо до јавноста, во кое се тврди дека кандидатката ...

Жителите на прилепското село Ореовец и околината на Плетвар не се против изградбата на автопатишта, но решително се спротивставуваат на она што го нарекуваат „нелегално и деструктивно“ ископување материјал во непосредна близина на нивните домови. Ѓорѓи Георгиовски од граѓанското здружение „Спас за Прилеп“, како претставник на локалното население, во емисијата „Директно“ на Телма, обелодени низа загрижувачки факти за влијанието на активностите ...

„Секој рудник е голем загадувач, а кај рудниците за метали ситуацијата е страшна. Опасниот отпад останува трајно на локалното население, дури и откако рудникот ќе престане со работа“, предупредува Горан Станишљевиќ од граѓанската иницијатива „Здрава котлина“ во емисијата на Телма „Директно“. Тој изрази сериозна загриженост и остар протест против најавените законски измени кои се носат по скратена постапка, а кои имаат за цел да го олеснат и ...

Во најновото издание на емисијата „Директно“ на телевизија Телма, еко-активистката Марина Томова од организацијата „Change makers“ од Гевгелија упати остри критики кон пратениците и власта во врска со неодамнешните измени на Законот за рудници, кои беа донесени по скратена постапка. Таа го постави прашањето за итноста на овие промени и ги обвини политичарите за непочитување на интересите на граѓаните. Томова потенцираше дека со новите измени ...

„За злоупотреба на службена должност, законот предвидува до 10 години затвор, а денес имаме условни казни – и тоа за утврдена злоупотреба во систем што со години дозволувал незаконитости, чие непостапување создало услови за трагедија со 63 изгубени животи и над 200 повредени“, пишува во Фејсбук објавата на Здружение на граѓани „16-ти Март“. Според здружението овој драстичен несразмер меѓу вина и последици не е случаен – тоа е минимизирање на ...

Мајкл клејтон

31 минута - МРТ

Фини момци

31 минута - МРТ
weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
2.06
31%
1014
weather icon

Белград

27ᴼ / 25ᴼ
3.09
36%
1012
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
3.6
59%
1011
weather icon

Софија

23ᴼ / 22ᴼ
1.54
29%
1015
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
0.81
39%
1013
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 13ᴼ
1.03
93%
1011
weather icon

Атина

25ᴼ / 23ᴼ
5.14
43%
1015
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.54
72%
1017
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
4.12
43%
1016
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
3.13
38%
1014
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 24ᴼ
7.2
38%
1010
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
3.09
48%
1017
Currency

61.635

Currency

52.7074

Currency

71.3764

Currency

37.8674

Currency

38.7062

Currency

67.4505

Currency

7.71675

Currency

0.69812

Currency

0.3343

Currency

0.52622

Currency

1.16515

Currency

0.55412

Паладиум

48883.97

Калај

50.03

Иридиум

253540.09

Родиум

319899.93

Рутениум

51376.89

Сребро

2840.84

Алуминиум

3.57

Бакар

12.06

Платина

64172.89

Цинк

3.35

Кобалт

45.39

Злато

166450.52