Со иста реченица на иста тема, ги издаде средношколците кои најверојатно користеле вештачка интелигенција на полагањето државна матура. Биле откриени кога биле прегледани нивните тестови. Доколку се знае дека темите и насоките ги добиваат на денот на самиот испит тоа е невозможно сите да размислуваат и да пишуваат на ист начин, велат од Државниот испитен центар. На вкупно 226 им беше поништен тестот. Дел се фатени како препишуваат на лице ...

По ланското најниско производство во последната деценија, па и повеќе ЕСМ и годинава со оптимистички план. Прогнозите се дека од домашните капацитети ќе бидат испорачани нешто над 4.300 гигават часови електрична енергија. Бројки кои звучат амбициозно со оглед на тоа дека приближно околу оваа количина е испорачана пред шест години, но и тогаш производството било нешто помало од она кое сега се планира. И за 2025 година од ЕСМ имаа високи ...

Завршени се вонредните инспекциски надзори за лекувањето на деветнаесетгодишната Станка Михајлова од струмичко Баница. Сепак, сѐ уште нема одговори – каде затаи системот и зошто пациентката по породувањето со царски рез во Клиничката болница во Штип остана неподвижна и во инвалидска количка. Министерството за здравство сега најавува детална стручна анализа. Инспекцискиот надзор проверуваше дали биле почитувани процедурите и законските ...

Исти реченици за иста тема, ги издаде средношколците кои најверојатно користеле вештачка интелигенција кога полагала матура. Биле откриени кога биле прегледани нивните тестови,. Од Државниот испитен центар велат дека е невозможно голем број ученици да имаат есеј на тема„ Стереотипи и предрасуди“ со идентични зборови, доколку се знае дека темите и насоките ги добиваат на денот на самиот испит. Нова концепција на полагање со три типа на матура ...

Пациентите со рак на дојка и на дебелото црево изминатиот период останаа без дел од неопходните лекови. Проблемот сега е надминат, а терапијата што доцнеше повторно е достапна. Од „Хема-Онко“ предупредуваат, ако за еден месец повторно се случи истото и не се утврди одговорност, ќе следуваат протести пред институциите и дистрибутерите. – Не можеме да се бориме со ракот, со ад хок решенија, со краткотрајни решенија. Мора да се донесе стратегија ...

До 22 август е последниот рок за истрага против поранешниот вицепремиер Артан Груби од ДУИ и тогаш е можно тој да биде пуштен од куќен притвор, доколку обвинителот не подигне обвинение против него. Од обвинителство за Телма велат дека истрагата е се уште во тек, поради што нови детали за овој случај не може да се споделуваат. Од Кривичниот суд пак велат дека ако нема обвинение постои можност куќниот притвор на обвинетиот да се укине. –Ако ...

Светската програма за храна на Обединетите нации предупреди дека климатскиот феномен Ел Нињо може да доведе до зголемување на бројот на луѓе со акутен недостиг на храна за најмалку 49 милиони. Промените во временските услови можат да предизвикаат суши, поплави и екстремни температури. Од агенцијата посочуваат дека климатските удари дополнително ги влошуваат последиците од војните, економската нестабилност и нарушеното производство и трговија ...

Научници развиваат нов вид вакцини кои би можеле да помогнат во спречување на рак на дебелото црево кај луѓе со Линчов синдром – наследна генетска состојба која значително го зголемува ризикот од појава на ова заболување. Вакцините имаат цел да го активираат имунолошкиот систем за да ги препознае и уништи променетите клетки пред да се развие тумор. Во тек се неколку клинички испитувања во САД и Велика Британија. Една од испитуваните вакцини, ...

Либански и израелски претставници се сретнаа во американската амбасада во Рим на нова рунда разговори за спроведување на договорот постигнат во јуни. Главна тема е повлекувањето на израелските сили од делови на јужен Либан, во замена за разоружување на Хезболах. Ова е седма рунда преговори, според кои либанската армија треба да ја преземе контролата во јужниот дел на земјата и да работи на разоружување на Хезболах, вооружената група поддржана ...

Во претстојната учебна 2026/27 година ќе имаме најмлаку околу 3.000 првачиња помалку, изјави министерската за образование Весна Јаневска. –Во овој момент бројката е 4.900 првачиња помалку од лани. Но, ќе се дозапишуваат и во овој период. Но, бројката ќе стигне најмногу до 3.000. Значи, сигурно ќе имаме 3.000 првачиња помалку од лани – предупреди Јаневска. Во претстојната учебна 2026/27 година ќе имаме најмлаку околу 3.000 првачиња помалку, ...

На 06.08.2026 полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Т.С. (60) од с.Боговиње, тетовско, поради основи на сомнение дека на 05.08.2026 околу 23:00 часот пукал на семејна веселба, а еден од куршумите оштетил покрив на куќа на Б.Л.(66) од с.Синичане, тетовско. По добиена судска наредба, извршен е претрес во дом на Т.С., при што во дворот биле пронајдени три чаури калибар 9 мм и две чаури од гасен пиштол. Во врска со случајот, ...

Украинската војска изврши напади со беспилотни летала врз две руски нафтени рафинерии во регионите Башкортостан и Јарослављ, соопшти претседателот Володимир Зеленски. Во Јарослављ бил забележан голем облак црн чад над рафинеријата по ударите. Локалните руски власти соопштија дека биле соборени десетици украински дронови, но дека дел од објектите за складирање на нафта биле погодени од остатоци. Русија тврди дека пресретнала повеќе од 600 ...

Просечната оценка на матурантите од јунската матурска сесија изнесува 3,66, покажуваат конечните резултати објавени од Министерството за образование и наука по разгледувањето на приговорите. Највисок успех е забележан кај учениците кои полагале државна стручна матура со просек 3,91, додека просекот кај државната матура е 3,62, а кај уметничката матура 3,59. Во јунската сесија биле пријавени 14.587 ученици кои го завршиле средното образование ...

Проблемот е надминат и терапијата, која неколку дена доцнеше, сега повторно им се обезбедува на пациентите. Но, доколку за еден месец повторно се појави ваков застој, а не се открие кој добавувач е одговорен, ќе протестираме пред сите надлежни институции, како и пред дистрибутерите, за директно да разговараме и со нив, изјави Ана Марјановиќ од „Хема-Онко“. Таа додаде дека, иако побарале и добиле зголемен буџет, а тендерската постапка завршила ...

Државата повторно најавува забрзување на изградбата на железничкиот Коридор 8. Со потпишаните договори се обезбедени 149 милиони евра грант од ЕУ и финансиска поддршка од Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој за третата делница Крива Паланка – Деве Баир. – Денешното потпишување претставува продолжување на визијата што ја постави оваа Влада – Македонија да ја искористи својата уникатна позиција како раскрсница на ...

Екстремниот топлотен бран што го зафати Балканот достигна врв и во Дубровник, каде температурите се искачија до 39 степени Целзиусови. Високите температури ги натераа туристите да се засолнат од сонцето во најтоплиот дел од денот и да побараат разладување во сенка. Голем број посетители носеа капи, очила за сонце и постојано се хидрираа, додека плажите во попладневните часови останаа речиси празни и покрај високите температури на водата во ...

Грчката крајбрежна служба го пронајде телото на германскиот турист кој исчезна по инцидент со едрилица во морскиот дел во близина на островот Сими. Со тоа е завршена повеќедневната спасувачка акција што започна во неделата попладне. Според грчките власти, безживотното тело било пронајдено западно од островот Сими и идентификувано како осмиот патник од едрилицата на која се наоѓале вкупно осум германски туристи. Инцидентот се случил откако ...

Двајца израелски војници загинаа во Јужен Либан, а најмалку едно лице од либанска страна е убиено во нова ескалација на насилството долж границата, соопштија израелските и либанските власти. Според Израелските одбранбени сили (ИДФ), војниците загинале откако експлодирала импровизирана експлозивна направа за време на операција во јужниот дел на Либан. Уште четворица војници биле повредени. Либанското Министерство за здравство соопшти дека во ...

Случајот со квалитетот на водата за пиење во Гостивар предизвика нова размена на обвинувања меѓу власта и опозицијата, откако министерот за здравство најави дека конечните резултати од анализата на водата се очекуваат до 20 август. Од СДСМ обвинуваат дека институциите доцнат со официјалните анализи и дека Владата не постапувала навремено за заштита на здравјето на граѓаните. Од партијата тврдат дека власта давала спротивставени информации за ...

Со едноминутен молк и комеморативна церемонија во Меморијалниот парк на мирот, Хирошима ја одбележа 81-годишнината од американското атомско бомбардирање, при што беа испратени силни пораки против нуклеарното оружје и повик за зачувување на глобалниот мир. Градоначалникот на Хирошима, Казуми Мацуи, предупреди дека оправдувањето на нуклеарното одвраќање и употребата на сила може да доведат до нови трагедии како Хирошима и Нагасаки. Тој оцени ...

Грција бележи нов пораст на случаите на вирусот Западен Нил, откако во изминатата седмица беа потврдени 23 нови инфекции. Според Националната организација за јавно здравје, од почетокот на сезоната се регистрирани вкупно 65 случаи, а шест лица починале. Најголем дел од заразените се од областа Атика, поширокиот регион на Атина, а повеќе од 50 пациенти развиле сериозни невролошки симптоми, како енцефалитис и менингитис. Дваесет лица во ...

Иран соопшти дека е во завршна фаза договорот со Оман за воспоставување привремена рута за пловидба низ Ормутскиот Теснец, една од најважните светски поморски артерии за транспорт на нафта и течен природен гас. Според Техеран, договорени се географските координати на рутата, но предупредува дека безбедноста и натаму е загрозена поради американската поморска блокада и воените тензии во регионот. Според иранските власти, привремената рута би ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека цените на нафтата и горивата ќе продолжат да паѓаат по завршувањето на конфликтот со Иран, но додаде дека Вашингтон „можеби ќе мора повторно да ги зголеми“, без да објасни што точно подразбира под тоа. Говорејќи во Лас Вегас, Трамп рече дека цената на нафтата веќе се намалува и оцени дека поевтинувањето на енергенсите ќе придонесе за дополнително намалување на инфлацијата и цените на ...

Транспаренси Интернешнл–Македонија го објави јулското издание на барометарот „Бистро–Матно“, во кое се нотираат клучните случувања поврзани со корупцијата и владеењето на правото. Меѓу „матните“ настани се издвојуваат критиките од Европската комисија за застојот во реформите, падот на довербата во судството, застарувањето на предметите „Талир 2“ и „Тотал“, како и серијата ревизорски извештаи што открија сериозни слабости во работењето на ...

Во изминатото деноноќие до 7:30 часот утрово, регистрирани се вкупно 20 пожари на отворен простор, од кои 18 се целосно изгаснати, еден е ставен под контрола, а еден сè уште е активен, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активен е пожарот во општина Македонски Брод, кај селото Грешница, на локалитетот Стојанова Населба, каде гори ниска вегетација, деградирана шума и грмушки. Под контрола е пожарот кај депонијата во Делчево. ...

Францускиот претседател Емануел Макрон ги осуди најновите руски напади врз Киев и порача дека Европската Унија и нејзините партнери ќе го засилат притисокот врз Русија со нови санкции, но и дека ќе продолжат со воената поддршка за Украина. „Во Киев и неговата околина, Русија повторно одлучи да гаѓа цивили. Таква политика на терор што се спроведува со ракети и дронови е неприфатлива“, напиша Макрон на платформата Икс. Тој истакна дека секој ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека партнерите одбиле да обезбедат дополнителни системи за противвоздушна одбрана на неговата земја. Според него, партнерите официјално го припишале тоа со војната на Блискиот Исток, но смета дека зад таквата одлука би можеле да стојат и политички мотиви. „Тоа е официјалната причина што ја добивме од нашите партнери, пред сè САД, но и од европските. Не знам дали постојат и други причини, ...

Британската организација за поморски трговски операции (УКМТО) соопшти дека била известена за инцидент со танкер на 95 наутички милји југоисточно од јеменското пристаниште Аден. Според капетанот на танкерот имало силна експлозија во близина на бродот. Тој додаде дека ниту еден од членовите на екипажот не е повреден. Британската организација за поморски трговски операции (УКМТО) соопшти дека била известена за инцидент со танкер на 95 наутички ...

Словенечката нуклеарна електрана Кршко соопшти дека од полноќ ќе работи со 80 проценти од моќноста на реакторот поради нискиот водостој на реката на Сава. „Поради продолжување на исклучителните хидролошки и метеоролошки услови на реката Сава, на 6 август, ќе започне со постепено намалување на моќноста на реакторот. Во првиот чекор, моќноста ќе се намали на 80 проценти“, се наведува во соопштението на централата. Последниот пат на работа со ...

Иран и Оман ја договорија географската рута по која бродовите треба да минуваат низ Ормускиот Теснец, објави министерството за надворешни работи во Техеран. Од таму додаваат дека САД не учествувале во договорот, додека американскиот претседател, Доналд Трамп тврди дека „преговорите со Иран напредуваат многу добро“. Според портпаролот на иранското МНР, Есмаил Багеи, двете земји подготвуваат заедничко соопштение кое ќе опфати технички, правни, ...

weather icon

Скопје

35ᴼ / 35ᴼ
2.87
19%
1011
weather icon

Белград

37ᴼ / 37ᴼ
0.89
34%
1012
weather icon

Загреб

38ᴼ / 38ᴼ
0.5
23%
1012
weather icon

Софија

32ᴼ / 32ᴼ
4.43
26%
1012
weather icon

Сараево

37ᴼ / 37ᴼ
4.18
25%
1012
weather icon

Љубљана

37ᴼ / 36ᴼ
1.79
26%
1013
weather icon

Атина

35ᴼ / 33ᴼ
4.47
36%
1010
weather icon

Тирана

36ᴼ / 36ᴼ
3.44
23%
1012
weather icon

Подгорица

35ᴼ / 35ᴼ
6.32
30%
1011
weather icon

Букурешт

36ᴼ / 34ᴼ
4.47
33%
1013
weather icon

Будимпешта

41ᴼ / 38ᴼ
1.79
20%
1013
weather icon

Истанбул

32ᴼ / 30ᴼ
5.56
100%
1011
Currency

61.525

Currency

53.2455

Currency

71.6902

Currency

37.5744

Currency

38.0006

Currency

65.9708

Currency

7.88813

Currency

0.65758

Currency

0.33763

Currency

0.52419

Currency

1.11911

Currency

0.55999

Алуминиум

3.25

Цинк

0.00

Сребро

1994.05

Кобалт

56.29

Калај

56.46

Платина

56135.20

Иридиум

252383.36

Паладиум

43499.96

Рутениум

53852.50

Злато

136962.18

Родиум

274085.11

Бакар

13.51