Македонската женска фудбалска репрезентација во периодот од 4. до 8. февруари во Дојран ќе одржи тренинг камп со кој официјално ќе ги почне подготовките за настап во квалификациите за пласман на Светското првенство. Избраничките на селекторот Александар Андов ќе ги стартуваат мундијалските квалификации на 3. март со дуелот против Азербејџан на гостински терен, а четири денови подоцна во Битола ќе гостува, Андора. Во вториот циклус, на 14. ...

Шпанскиот фудбалски гигант Барселона, заедно со Градскиот совет на Барселона и Владата на Каталонија, ја достави почетната документација до Европската фудбалска унија (УЕФА) за организација на финалето во Лигата на шампионите во 2029 година, објави денеска каталонскиот клуб. Како што е наведено во соопштението, Барселона официјално изрази подготвеност, во соработка со градските и регионалните власти, да учествува во почетната фаза од ...

Францускиот фудбалски репрезентативец Дајот Упамекано (27) треба да потпише нов договор со минхенски Баерн, со важност до јуни 2030 година, јавија денеска германските медиуми. Германскиот првак веќе некое време е во преговори со францускиот дефанзивец, чиј тековен договор истекува на крајот од сезоната. Медиумите тврдат дека Упамекано наскоро ќе потпише нов четиригодишен договор со Баерн, што ќе вклучува клаузула откупна клаузула од 70 ...

Фудбалерот на Барселона, Ламине Јамал, изјави дека сака целата своја кариера да ја помине во каталонскиот клуб. Јамал игра за главниот тим на „блауграната“ од 2023 година. -Се надевам дека ќе можам да останам тука до крајот на животот, ќе уживам во секој ден, во најдобриот клуб и во најдобриот град во светот, го цитира „Мундо Депортиво“ Јамал. Со Барселона, Јамал стана двократен шпански шампион, го освои Купот на кралот и двапати го освои ...

Ден откако триумфираше на Австралија Опен, најдобриот светски тенисер Карлос Алкараз објави денеска дека нема да ја брани титулата на претстојниот АТП турнир во Ротердам, поради замор. „По консултациите со мојот тим, морав да донесам тешка одлука да се повлечам од „ABN AMRO Open“. Ми треба повеќе време да се опоравам од долгиот престој во Австралија. Разочаран сум што нема да можам да ја бранам титулата од минатата година. Минав одлично во ...

Поранешниот тимски шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер, е еден од инвеститорите кои сакаат да купат удел во Алпин, потврди францускиот тим. Хорнер беше отпуштен од Ред Бул минатото лето, по изненадувачкиот пад на формата на тимот, и речиси две годишните конфликти во тимот. Алпин објави соопштение во кое се наведува дека група инвеститори предводени од Хорнер е меѓу заинтересираните страни со кои се разговара за потенцијални инвестиции. Исто ...

Ѕвездата на Ал-Наср, Кристијано Роналдо, може да го напушти клубот од Саудиска Арабија во летниот преоден рок, објави „Record“. Четириесетгодишниот Португалец е незадоволен во Ал-Наср и размислува да ја продолжи кариерата во Европа или МЛС. Неговиот трансфер наводно вреди 50 милиони евра. Претходно, Роналдо не беше вклучен во составот за натпреварот од 20. коло од Премиер лигата на Саудиска Арабија против Ријад. Според извештаите во ...

Главниот тренер на Ал-Наср, Жорге Жесус, и неговите фудбалери не ги исполнија задолжителните медиумски формалности пред и по нивниот вчерашен пораз од 1:0 над Ал-Ријад во 20. коло од Премиер лигата на Саудиска Арабија. Тие беа спречени да го сторат тоа од страна на раководството на клубот, пишува „А Бола“. Португалскиот тренер не се појави ниту на традиционалното кратко интервју пред натпреварот, ниту на прес-конференцијата по натпреварот. ...

Дваесет и четирикратниот шампион на Грен слем турнирите, Новак Ѓоковиќ, одговори дали планира повторно да игра на Австралија опен. -Искрено, навистина не знам. Ме следите долго време – не се преправам, не играм улога и не го искривувам значењето. Го кажувам онака како што е. Последната година или година и пол велам дека не сум сигурен колку долго ќе играм и во кој формат. Реков дека би сакал да играм до Олимписките игри во 2028 година. Но, ...

Вест Хем го доби фудбалерот на Челзи, Аксел Дисаси на позајмица. Дваесет и седумгодишниот Французин не настапи за првиот тим во сезоната 2025/26. Тој е во Челзи од јуни 2025 година, доаѓајќи од Астон вила. Исто така, играл за Монако и Ремс. Дисаси одигра пет натпревари за француската репрезентација. „Трансфермаркт“ ја проценува неговата трансфер вредност на 15 милиони евра. Неговиот договор со Челзи важи до 30 јуни 2029 година. Фото: ЕПА ...

Екипата на Филаделфија рано утрово го совлада тимот на Лос Анџелес клиперс на гостински терен со 128:113. Со по 29 постигнати поени најефикасни на натпреварот беа, крилниот центар на Клиперс, Каваи Леонард, и бекот на Сиксерси, Тајрис Макси. Филаделфија ја забележа својата четврта победа по ред и 28. во сезоната. Тимот е шести на табелата во Источната конференција. Клиперси (23 победи) се на деветтото место на Западот. На другите два ...

Нови детали за состојбата на Шумахер се појавија во медиумите. „Дејли мејл“ повикувајќи се на повеќе извори, објавува дека седумкратниот шампион во Формула 1, Михаел Шумахер, повеќе не е врзан за кревет. Сепак, тој сè уште не може да оди, наместо тоа, се вози низ својот дом во инвалидска количка. Објавени се и детали во врска со извештаите дека Шумахер страда од „синдром на заклучување“ или псевдо-кома, што се однесува на способноста да ...

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, им се спротивстави на критичарите на стилот на игра на неговиот тим. Шпанскиот менаџер тврдеше дека има „огромен список на луѓе“ кои го сметаат неговиот тим за „највозбудлив во Европа“ и ги отфрли обвинувањата за прекумерна зависност од прекини. Арсенал е самоуверено на добар пат да ги постигне своите цели во сезоната 2025/26. Тие водат во Премиер лигата со шест бода разлика, се квалификуваа директно во ...

НБА-лигата ги објави резултатите од гласањето на тренерите за учество на Ол-стар натпреварот 2026. Суперѕвездата на Лејкерси, Леброн Џејмс, беше именуван во резервниот состав на Западната конференција, продолжувајќи ја својата рекордна серија на 22 последователни Ол-стар натпревари. Тој првпат играше на Ол-стар во 2005 година. Четириесет и едногодишниот Џејмс ја предводи листата по бројот на настапи на Ол-стар натпреварите на која во топ 8 се ...

Досегашниот фудбалер на калчолигашот Аталанта, Адемола Лукман, е нов напаѓач на шпанскиот гигант Атлетико Мадрид, објави денеска италијанскиот клуб. Лукман го напушти клубот од Бергамо по три и пол сезони, во кои кои одигра 137 натпревари и со Аталанта го освои трофејот во Лига Европа, во сезоната 2023/2024. Лукман во финалето против Баер Леверкузен (3-0) ги постигна сите три голови. Италијанскиот клуб не ги објави финансиските детали од ...

Оклахома Сити го победи Денвер сити со 121:111 ноќеска на гостински терен во натпревар од НБА-лигата. Плејмејкерот на Тандер, Шеј Гилџус-Александар, беше најдобар на теренот со дабл-дабл од 34 поени и 13 асистенции. Оклахома Сити ја забележа својата 39. победа, има 11 порази и е лидер на табелата во Западната конференција. Денвер со 33 победи и 17 порази е на третото место. Резултати на другите натпревари од најсилната кошаркарска лига на ...

Репрезентацијата на Данска ја освои европската титула откако во финалето вечерва ја совлада Германија со 34:27. Ова за Данска е трета титула европски првак и воедно го повтори успехот на Франција во ракомет во истовреме да има европска, светска и олимписка титула. Данските ракометари титулата ја прославија со домашните навивачи кои ја исполнија салата во Хернинг. Во првиот дел двете репрезентации се менуваа во водството, а на полувреме беше ...

Македонската ракометна репрезентација Европското првенство го заврши на 14.место, а селекторот на нашата репрезентација Кирил Лазаров во гостувањето во Македонската телевизија во специјалната емисија по повод финалето се осврна и на нашиот настап. – За да имаме подобри резултати потребно е да имаме селекција, која ќе биде физички подготвена за сите предизвици и за ритамот на играње на големо првенство, односно во клубовите да се работи и ...

Лидерот во Премиерлигата Арсенал е заинтересиран да ги засили своите редови со играчот од средниот ред на Њукасл, Сандро Тонали, објави денеска новинарот Флоријан Плетенберг. Истиот извор наведува дека лондонскиот клуб неочекувано ги засилил преговорите за трансфер на 25-годишниот италијански фудбалер, откако првичната понуда до Њукасл беше одбиена. Тонали е во Њукасл од летото 2023 година. Оваа сезона тој има 35 настапи во сите ...

Лондонски Кристал Палас ги засили своите редови со напаѓачот Јорген Странд Ларсен од Вулверхемптон, во трансфер вреден рекордни 48 милиони фунти. Палас ќе плати загарантиран надомест од 43 милиони фунти плус пет милиони фунти во бонуси. Странд Ларсен зад себе има 61 настап во сите натпреварувања во неговите две сезони со Вулверхемптон, постигнувајќи 20 голови. Кристал Палас веќе втор пат го урива клупскиот трансфер рекорд во зимскиот преоден ...

Светската фудбалска федерација (ФИФА) треба да размисли за укинување на забраната за руските тимови да настапуваат во меѓународните натпреварувања. Ова, денеска во интервју за британскиот телевизиски канал Скај, го изјави претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, доведувајќи ги во прашање придобивките од воведените санкции кон рускиот фудбал. „Дали треба да размислиме за укинување на санкциите против руските тимови? Дефинитивно треба. Бидејќи ...

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска ги одреди термините за воведното коло на вториот дел од сезоната во домашното првенство кое ќе продолжи на 10 февруари. Првото коло од пролетниот дел на сезоната ќе биде отворен со дуелите Шкупи – Тиквеш и Шкендија – Струга. Ден подоцна, ќе играат Вардар – Арсими и Силекс – Башкими, додека 17. прволигашко коло ќе го комплетираат дуелите на 12. февруари меѓу Брера Струмица – Македонија ЃП и ...

Нико Вилијамс, навистина нема среќа оваа сезона. Повторно се повреди и мора да направи уште една долга пауза. Шпанскиот репрезентативец страда од повреда на пубалгија. Третманот што му го препишаа лекарите на клубот не донесе никаков напредок и сега ќе мора да ги променат терапиите, бидејќи Нико Вилијамс игра со болки веќе некое време. Исто така, клубот направи ризик поради настапот во Лигата на шампионите, на крајот тој ризик не му донесе ...

Тенискиот рекет со кој српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го освои финалето на Австралија опен во 2012 година е продаден на аукција за 540.000 долари, објави „ESPN“. Оваа цена е рекорд на сите времиња за тениски рекет. Претходниот рекорд беше поставен во 2025 година, кога рекетот што го користеше Шпанецот Карлос Алкараз, оној што му го донесе финалето на Вимблдон во 2023 година против Ѓоковиќ, беше продаден за 173.000 долари. Финалето на ...

Реал Мадрид итно треба да ги реши проблемите во одбраната, а како решение за краткорочна и долгорочна стабилност, раководството на клубот го гледа Кристијан Ромеро. „По низа лоши резултати, вклучувајќи испаѓање од Купот на кралот и неуспех во Лигата на шампионите, претседателот Флорентино Перез одлучи да му понуди на Тотенхем дури 100 милиони евра за аргентинскиот стопер со цел да ја спаси сезоната“, пишува „Fichajes.net“. Долгорочната ...

Талентираниот дефанзивец на Рен, 20-годишниот Жереми Жаке, ќе го носи црвениот дрес на Ливерпул од следната сезона. Како што објавија англиските и француските медиуми, двата клуба го договориле трансферот на младиот француски репрезентативец. Договорот е дека Жаке ќе игра за Рен до крајот на сезоната, а на лето ќе се пресели во Ливерпул. Како што објави Би-Би-Си, англискиот клуб ќе плати 60 милиони фунти (околу 69,30 милиони евра) ...

Марк-Андре Тер Штеген доживеа нова повреда. Тој штотуку пристигна во Џирона, како позајмен од Барселона, а поради повредата тој би можел експресно да се врати на „Ноу Камп“. Каталонски извори денес потврдија дека Тер Штеген доживеал повреда на мускулот што ќе го оддалечи од терените помеѓу два и три месеци. Не е невозможно Џирона да ја прекине позајмицата бидејќи паузата со која се соочува Германецот воопшто не е кратка. Џирона има проблем, ...

Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, одговори на прашање дали тимот е блиску до она што тој сака да биде. Арбелоа го презеде тимот од Мадрид на 12 јануари, заменувајќи го Чаби Алонсо. Под негово водство „Кралевите“ одиграа шест натпревари, победија на четири и загубија на два. – Јас не сум волшебник нели? Она што го сакам од моите играчи е тоа што го гледам – посветеност, став, менталитет и разбирање дека победата на секој натпревар бара ...

Фудбалерот од средниот ред на Арсенал, Микел Мерино, ќе биде подложен на операција поради повреда на стапалото, објави лондонскиот клуб. Дваесет и деветгодишниот Шпанец ја заработи повредата на натпреварот од 23. коло од англиската лига против Манчестер јунајтед (2:3), кој се одржа на 25 јануари. – На Мерино му е дијагностицирана повреда на коската на десната нога. Тој ќе биде подложен на операција во наредните денови, по што ќе започне ...

Најдобриот светски тенисер Карлос Алкараз за првпат во кариерата триумфираше на Австралија опен откако во финалето со 3:1 во сетови го совлада десеткратниот првак на турнирот Новак Ѓоковиќ. На церемонијата тој се обрати прво до српскиот тенисер. – Новак секако дека заслужува овации. Зборуваш дека правам неверојатни работи, но тоа што ти го правиш инспирира. Не само тенисерите, туку сите спортисти, сите луѓе на светот. За мене е чест да ја ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
0.51
93%
1017
weather icon

Белград

4ᴼ / 1ᴼ
8.23
80%
1011
weather icon

Загреб

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
92%
1007
weather icon

Софија

0ᴼ / -2ᴼ
1.54
71%
1019
weather icon

Сараево

-5ᴼ / -5ᴼ
0.36
93%
1021
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 2ᴼ
1.03
95%
1006
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
0.45
87%
1018
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
2.57
71%
1012
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
100%
1013
weather icon

Букурешт

-2ᴼ / -3ᴼ
2.68
77%
1021
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / 0ᴼ
2.06
96%
1011
weather icon

Истанбул

3ᴼ / 3ᴼ
2.57
93%
1022
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Иридиум

221848.72

Цинк

3.37

Сребро

3663.67

Бакар

12.10

Платина

83354.78

Рутениум

45750.51

Паладиум

56617.46

Родиум

339190.38

Алуминиум

3.06

Злато

159322.70

Кобалт

64.04

Калај

49.78