Белград
12ᴼ /
11ᴼ
Барселона му даде отсуство на дефанзивецот Роналд Араухо поради психолошки проблеми кои негативно влијаат на неговите перформанси во сезоната 2025/26, објави „ESPN“, повикувајќи се на извори од тимот. Дваесет и шестгодишниот Уругваец одигра 15 натпревари за тимот во сите натпреварувања, добивајќи црвен картон во натпреварот од Лигата на шампионите против Челзи (0:3). Потоа го пропушти натпреварот од шпанското првенство против Алавес (3:1), а ...
Судиите во ВАР собата ќе добијат поголемите надлежности на натпреварите на Светското фудбалско првенство 2026 година. Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) ќе ги овласти судиите кои ја користат видеотехнологијата да интервенираат и при погрешно досудени корнери, како и при доделувањето на втор жолт картон. Претставниците на ФИФА сакаат судиските одлуки на Светското првенство да бидат што е можно попрецизни. Инаку, на тековниот Арапски куп се ...
Предводникот на Виљареал, Марселино Гарсија Торал, е прогласен за најдобар тренер на месец ноември во шпанската лига, објави Ла Лига. Во гласањето, 60-годишниот Шпанец ги победи тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, и тренерот на Барселона, Ханс-Дитер Флик. Во ноември 2025 година, Виљареал ги победи Рајо Ваљекано (4:0), Еспањол (2:0), Мајорка (2:1) и Реал Сосиедад (3:2). „Жолтата подморница“ е трета на табелата во шпанската лига со 32 бода ...
Поранешниот финалист на Вимблдон, австралискиот тенисер Ник Кирјос, се обврза денеска да настапи на турнирот Кујонг во јануари во Мелбурн, што е знак оти се надева дека ќе може да учествува потоа и на Австралија опен. Кирјос е надвор од АТП турнирите од март и одигра само шест натпревари во поединечна конкуренција во последните три сезони поради операции на зглобот и коленото. Австралиецот, сепак, се пријави за настап на егзибицискиот турнир, ...
Со одбраната на седмерецот во последните секунди голманот на Алкалоид, Иван Галевски успеа да донесе еден бод за својата екипа на гостувањето кај првакот Еурофарм Пелистер – 26:26. Ова беше последниот дуел од 14.коло од Супер лигата, а два ривала по вторпат во првенството играат нерешено. Почетокот на дуелот беше во знакот на битолчани, но Алкалоид брзо ја врати неизвесноста. На полувреме Е.Пелистер стигна до предност од четири разлика – 17:13. ...
Францускиот фудбалски клуб Ница објави соопштение во врска со нападот на навивачите врз играчите на тимот. – Во неделата, по враќањето од Лориен (тимот загуби со 3:1 во 14. коло од Лига 1), играчите беа пречекани пред тренинг-центарот на клубот од голема група навивачи. Клубот го разбира разочарувањето предизвикано од серијата лоши настапи. Сепак, инцидентите направени за време на оваа средба се неприфатливи. Неколку вработени во клубот беа ...
Бундеслигашот Аугсбург и тренерот Сандро Вагнер го раскинаа договорот, објави прес-службата на клубот. Одлуката за разделба со 38-годишниот германски фудбалски стручњак е донесена по разговорите меѓу Вагнер, извршниот директор на Аугсбург, Михаел Строл, и спортскиот директор Бени Вебер. Вагнер го презеде Аугсбург во јули 2025 година. Под негово водство, тимот победи на четири натпревари, одигра еден нерешен резултат и загуби девет, вклучувајќи ...
Екипата на Лос Анџелес лејкерс, рано утрово го победи тимот на Њу Орлеанс пеликанс со 133:121. За Лејкерс не настапи Леброн Џејмс, кој закрепнува од повреда на стапалото. Калифорнијците ја остварија седмата победа по ред и се искачија на второто место во Западната конференција на НБА-лигата. Последниот пораз на Лејкерсите беше на 13 ноември, против Оклахома Сити. Билансот на ЛА лејкерс е 15-4 (победи-порази). Лидер е шампионот Оклахома со ефект ...
Селекторот на репрезентацијата на Бразил, Карло Анчелоти, официјално потврди дека младиот бисер Естевао ќе биде дел од „селесао“ на претстојното Светско првенство, нагласувајќи дека талентот на офанзивецот е нешто посебно. – Мислам дека Естевао ќе игра на Светското првенство. Тој е многу, многу посебен фудбалер, изјави Анчелоти, со што практично стави крај на сите дилеми околу статусот на младиот напаѓач во националниот тим. Естевао, кој уште ...
Голема драма, тензии и спектакл донесе новото истанбулско дерби меѓу Фенербахче и Галатасарај, кое заврши без победник 1:1, а јунак на домаќините беше Џон Дуран, кој во 95-та минута спречи пораз на својот тим. Галатасарај прв дојде до предност и тоа во 27-та минута, кога Лерој Сане со прецизен удар го совлада голманот на Фенербахче и донесе водство за гостите. До самиот финиш „лавовите“ успеваа да ја задржат минималната предност и се чинеше дека ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе присуствува на жрепката в петок во Вашингтон со која ќе биде одреден составот на групите за Светското фудбалско првенство 2026, потврди денеска портпаролката на Белата куќа Каролин Ливит. „Претседателот Трамп в петок ќе присуствува на извлекувањето на групите за Светското првенство во Центарот Кенеди“, изјави Ливит. Жрепката е закажана за 5 декември во Вашингтон, со почеток во 18 часот по македонско ...
Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Марјан Илиевски, верува дека неговите избраници се на добар пат да постигнат успешно да ги завршат претквалификациите за пласман на Европското првенство 2029. „Црвено-жолтите“ со максимални две победи водат во А-групата по две одиграни кола, ист ефект има и Луксембург. – Победата над Ирска со 12 поени разлика е голема. Игравме во Даблин по меч по кој бевме три дена заедно, се рехабилитиравме ...
Манчестер сити подготвува сериозен трансфер-потег во јануарскиот преоден рок и е подготвен да ја активира клаузулата во договорот на Антоан Семењо, јавуваат англиските медиуми. Фудбалерот на Борнмут игра во одлична форма оваа сезона и со своите настапи го привлече вниманието на шампионот на Англија. Според информациите, клаузулата во неговиот договор изнесува околу 65 милиони фунти, сума која „граѓаните“ се подготвени да ја платат за да го ...
Манчестер јунајтед се подготвува за еден од најголемите трансфери во својата историја, откако англиските медиуми откриваат дека клубот е подготвен да испрати мега понуда за Федерико Валверде, еден од клучните фудбалери на Реал Мадрид. Според најавите, „црвените ѓаволи“ се подготвени да платат сума која може да надмине 100 милиони евра, со што уругвајскиот репрезентативец би станал едно од најскапите засилувања во историјата на клубот од „Олд ...
Трикратната освојувачка на „Златната топка“, шпанската репрезентативка Аитана Бонмати ја скрши ногата за време на тренинг со репрезентација во кампот „Лас Розас“ во Мадрид. Шпанија се подготвува за реваншот од финалето на Лигата на нации на УЕФА против Германија. Бонмати одигра 77 минути на првиот натпревар без голови во Кајзерслаутерн и сега мора да се врати во својот клуб Барселона за да почне со процес на рехабилитација. По спроведените ...
Италијанскиот фудбалски гигант Јувентус ќе биде без српскиот напаѓач Душан Влаховиќ во следните два до три месеци поради повреда на аддукторниот мускул на левата нога. Влаховиќ се повреди за време на натпреварот од Серија А во саботата против Каљари. -Тестовите покажаа руптура на левиот аддуктор. Потребни се дополнителни медицински консултации за да се утврди најдобриот третман‘, објави вечерва Јувентус. Оваа сезона, Влаховиќ постигна шест ...
Фудбалската федерација на Словенија објави денеска дека нема да ја продолжи соработката со актуелниот селектор Матјаж Кек, чиј договор истече на крајот на ноември. -Претседателот на Фудбалската федерација на Словенија и селекторот Матјаж Кек се сретнаа и по разговорот заклучија дека, по седум години многу добра и фер соработка, која донесе исклучителен успех во квалификациите за Европското првенство и пласманот во осминафиналето, соработката ...
Раководството на Ајакс остро го критикуваше „апсолутно скандалозниот“ огномет што го предизвикаа навивачите на клубот од Амстердам, предизвикувајќи до прекин на натпреварот од холандското фудбалско првенство против Гронинген на арената „Јохан Кројф“ во неделата. Судијата Бас Ниехуис им нареди на играчите на двата тима да го напуштат теренот пет минути по почетокот на натпреварот, откако навивачите на домашниот тим запалија огромен број факели и ...
Првиот Италијанец во историја кој освои грен слем турнир, Никола Пјетрањели, почина на 92-годишна возраст, објави денеска Тениската федерација на Италија (ФИТП). Пјетрањели освои две титули на Ролан Гарос во 1959 и 1960 година, а стигна до финалето во Ролан Гарос во Париз уште двапати, во 1961 и 1964 година. Неговиот најдобар резултат на Вимблдон беше полуфиналето во 1960 година. „Италијанскиот тенис тагува по загубата на икона. Единствениот ...
Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, ја образложи одлуката напаѓачот Мохамед Салах да не игра на гостински терен против Вест Хем во 13. коло од англиската Премиер лига (2:0). – Секој пат кога ги изоставувам Вирц, Исак, Екитике или Салах, предизвикува внимание. Тоа е разбирливо бидејќи сите тие се извонредни играчи. Мо имаше неверојатна кариера во овој клуб и ќе има многу светла иднина тука бидејќи посебен играч. Четири натпревари за 10 дена се ...
Македонската женска фудбалска репрезентација до 19 години обезбеди промоција во А дивизијата во Лигата на нации, откако денеска одигра нерешени против Словенија 1-1 во Струмица и заврши првопласирана во квалификациската група 5 од Б дивизијата. Освоениот бод во дуелот со директниот конкурент беше доволен за избраничките на селекторот Кирил Изов да го освојат првото место во квалификациите, благодарение на подобрата гол-разлика од Словенија, ...
Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на денешната седница донесе одлука да не го продолжи договорот со селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски, чиј мандат истече на 30 ноември 2025 година. Во својот мандат на клупата на најдобрата македонска репрезентација, од 1 август 2021 година, Милевски ја предводеше репрезентацијата на 48 натпревари. Под негово водство, беа забележани 18 победи, 14 нерешени и ...
Германскиот фудбалски интернационалец, Томас Милер ги сподели своите очекувања за соочувањето со Лионел Меси во финалето на МЛС купот. – Не е Меси против Милер, туку Мајами против Ванкувер. Можеби противникот зависи малку повеќе од Меси отколку мојот тим од мене, бидејќи имаме многу добар тим… Па, знаете што мислам. Ова е финалето што го посакував. И возбуден сум не само затоа што е натпревар против најдобриот играч што некогаш играл фудбал и ...
Еден од најталентираните европски ракометари, Дика Мем, официјално ќе се пресели во германскиот клуб Фуксе Берлин од летото 2027 година. Мем ќе игра заедно со Матијас Гидсел, создавајќи еден од најсилните двојки на бековските позиции во европскиот ракомет. Според информациите, Мем ќе настапува на десното крило, додека постои опција Гидсел да биде преместен како среден бек. Оваа тактичка комбинација го прави Берлин конкурентен не само во ...
Возачот на Ред Бул Макс Верстапен триумфираше на денешната трка за Големата награда на Катар. Ова за Верстапен е 70.та победа во кариерата и со новите 25 бодови се проби второто место во генералниот пласман. Ова беше седма победа сезонава за светскиот првак Верстапен, а по седум победи имаат и конкурентите за шампионската титула Оскар Пјастри и Ландо Норис. На победничкиот подиум – второ место освои Пјастри од Мекларен, додека Карлос Саинз од ...
Реал Мадрид одигра три нерешени натпревари по ред во шпанското првенство. Екипата на Чаби Алонсо синоќа ги подели бодовите со Жирона (1:1). Во претходните два натпревари, тие не успеаја да ги победат Елче (2:2) и Рајо Ваљекано (0:0). Алонсо даде свое видување по натпреварот со Жирона на гостувањето во 14. коло од шпанското првенство. – Ја подобривме нашата игра во второто полувреме, имавме повеќе шанси. Ни недостасуваше завршницата за да освоиме ...
Тренерот на Рома, Џан Пјеро Гасперини, ги објасни причините за поразот на Рома од Наполи синоќа со 1:0 од Наполи во 13. коло од Италијанското фудбалско првенство. – И ние како и Наполи имавме малку шанси. Разочарувачки е што ни недостасуваше енергија. Плативме висока цена за победата во натпреварот од Лигата на Европа во четвртокот. Ни недостасуваше брзина и не ја движевме топката доволно брзо. Кога играте против толку организиран противник како ...
Возачот на Мекларен Оскар Пјастри ќе стартува од пол позицијата на денешната трка за Големата награда на Катар, претпоследна трка во сезоната. Тој имаше најдобро време во квалификациите пред клупскиот колега Ландо Норис, кој е водечки во генералниот пласман. Ова навестува интересна завршница на сезоната. За да биде уште поинтересно трето време во квалификациите оствари возачот на Ред Бул Макс Верстапен, актуелен шампион кој сè уште има теоретски ...
Македонските кошаркари вечерва во Даблин ја постигнаа втората победа (88:76) во претквалификациите за Евробаскет 2029 во Даблин беше совладана Република Ирска. – Ова е многу важна победа за нас. Натпреварот беше физички тежок, најважно е што останавме до крај како тим. Нашата хемија ни помогна и можам да кажам дека се боревме во текот на целите 40 минути. Имавме проблем со дефанзивниот скок, тоа не стави во ситуацијата во која бевме на стартот, ...
Тренерот на Наполи, Антонио Конте, е задоволен од изданието на неговиот тим на синоќеѓното дерби со Рома.Наполи победи со 1:0 во 13. коло од Италијанското фудбалско првенство. – Задоволен сум бидејќи ги видов момците како покажуваат карактер од самиот почеток. Во исто време, во моментов поминуваме низ многу тежок период – многу играчи се отсутни поради повреда, а тоа ќе продолжи уште некое време. Тоа ме загрижува. Но, се надевам дека ...