Скопје
26ᴼ /
26ᴼ
Секој сака да биде среќен, а многумина од нас се подготвени да направат речиси се за да го „остварат“ ова чувство. Среќата е субјективно чувство, но и во тој случај има работи кои се пречка за среќата да тропне кај Вас. Ова се десет работи заради кои среќата „бега“ од Вас. Споредба Вие сте единствени и крајно време е да го сфатите тоа. Не се мерете според стандардите што некој друг ги поставил. Наместо тоа, треба да биде обратно. Сè додека ...
Разговараше: Сара Танаскоска Во светот на рачната изработка, каде што секое парче носи лична приказна, Наталиа Ѓореска од Кичево се издвојува со својата креативност и посветеност. Нејзините уникатни модни аксесоари се резултат на љубовта кон уметноста, инспирацијата од природата и желбата да создава нешто посебно и свое. Во ова интервју, Наталиа ни открива како започнала нејзината креативна приказна, што ја мотивира да создава и кои се ...
Туѓата негативност, расположение и однесување не се твој проблем Болката во човечкиот живот е неопходна за раст и развој Во секоја голема борба, најважен е тој мал, прв чекор Сè во живот е минливо Никогаш не доцна да се бориш за она што го сакаш – ако го сакаш Секогаш обидувај се да „возиш“ напред Биљана Т. Димко Читај бе Со свечена и несекојдневна атмосфера, вчера во Битола започна 27. издание на … Хотел Молика одбележува 32 години постоење ...
На многумина од нас им е тешко да се справат со здравата исхрана од едноставна причина – работиме по осум часа на ден или повеќе, а во тој период обично јадеме „што и да ни дојде при рака“, без да размислуваме дали тоа е во спротивност со нашата исхрана. Навистина нема многу смисла, бидејќи главно поголемиот дел од денот го поминуваме на работа и во тој период треба да размислуваме за своето здравје. Дали ќе ги следиме правилата за здрава ...
Пишува: Сара Танаскоска Марија Самарџиска е млада, храбра и амбициозна девојка која уште од најрани години се соочува со животни предизвици, но никогаш не дозволува тие да ја оттурнат од нејзините соништа. Растејќи во СОС Детско Село, таа пронаоѓа чувство на припадност, љубов и сигурност, што значајно влијае врз нејзиниот личен развој. Денес, Марија е посветена на правото, водена од желбата да се бори против неправдите и да им помогне на оние ...
Ништо не е случајно. Во овој свет, во кој сме поканети да живееме, секоја средба и случајно познанство се случуваат со одредена цел. Понекогаш ни се потребни другите луѓе за да не пробудат и да ни помогнат да ја промениме насоката на нашиот живот, понекогаш да нè инспирираат да нè потсетат која е нашата задача на оваа планета. Понекогаш, имаме само куси средби со некои луѓе. Потребно е да бидеме отворени за сè што со себе носи секое ново ...
Сите знаеме дека појадокот е најважниот оброк. Многу медицински експерти и нутриционисти препорачуваат конзумирање овошје и друга здрава храна за појадок, но дали знаете што ќе се случи со вашето тело ако јадете овесна каша секој ден? Овесната каша е полна со антиоксиданси, вклучувајќи витамин Е, витамин Б1, биотин, молибден, фосфор, бакар и магнезиум, меѓу другите фитонутриенти. Една четвртина од овесната каша содржи речиси 100% од ...
Од првите звуци на виолината во Нижото музичко училиште во Битола, до создавањето на еден од највпечатливите алтернативни албуми на новата македонска сцена – патот на Атанасија Гулевска е приказна за посветеност, тишина, борба и креативна слобода. Музичкиот проект АТА започнува како соло идеја во 2021 година, а денес прераснува во силен колектив со автентичен звук. По три години работа, експерименти и раст, АТА го објави својот деби албум ...
Ентони де Мело низ хумор, сочувство и разбирање им помага на читателите да ја осознаат важноста на „будењето“, за да се спознаат себеси и светот околу себе. Велика Среда, четвртиот ден од Страсната седмица, има длабока симболика и значење … Jazz Factory Festival 2026 | 15–19 април | ги поврзува Битола, Скопје, … Ентони де Мело низ хумор, сочувство и разбирање им помага на читателите да ја осознаат важноста на „будењето“, за да се спознаат ...
Зошто мислам дека зборовите се многу важни кога пишуваме? Бидејќи зборовите имаат моќ да опишат и објаснат некаква идеја, поим, слика, звук, сензација, и т.н. Пример, зборовите добро и лошо имаат човечка емоција прикачена во нивното значење. Исто така, зборовите креација/создавање и деструкција/уништување се фактуелни зборови, чии што морално значење или емоција може да биде обратно пропорционална со некаков чин. Пример, уништување може да ...
Во време кога сè се случува брзо – разговорите, деновите, па дури и односите меѓу луѓето – добрината понекогаш изгледа како да останала некаде во минатото. Но вистината е поинаква. Таа не исчезнала. Само станала потивка. Добрината денес не доаѓа со големи гестови и силни зборови. Таа се крие во малите нешта – во насмевката што ја подаруваме без причина, во зборот што го кажуваме кога некој молчи, во раката што ја подаваме кога некој се бори ...
Често занемарувана како обично печалче, младата коприва (Urtica dioica) всушност е вистинска ризница на хранливи материи. Таа со векови се користи во народната медицина низ светот. Особено во пролет, кога е најнежна и најлековита, младата коприва нуди бројни здравствени придобивки што ја прават вреден сојузник за телото и умот. Богата со хранливи материи Младата коприва е природен мултивитамин, богата со витамини А, Ц, К и неколку витамини од ...
Во секој од нас има една лоша работа. Секогаш гледаме на она што ни недостасува. Оној што не е таму. Она што не можеме да го имаме. И не ги гледаме сите околу нас. Тревата не е секогаш позелена во туѓа градина. Всушност, не се работи за тие што се тука, ниту за оние што не се. Се работи за тебе. За животот во тебе. Чувството на благодарност. Сознанието дека никој од нас и ништо нема да остане тука засекогаш. И дека се може да се смени со ...
Лесно умира тој што не патува, оној кој не чита, оној кој не слуша музика, кој не наоѓа задоволство во себе. Оној што ја уништува сопствената љубов, оној што не прифаќа помош, полека умира. Оној кој се претвора во роб на навиките, поставувајќи ги истите ограничувања секој ден, оној што не ја менува рутината, оној што не се осмелува да се облече во нова боја, оној што не разговара со луѓето не знае, лесно умира. Оној кој бега од страста и ...
Во свет во кој најгласните често добиваат најмногу внимание, тивките луѓе понекогаш остануваат незабележани. Но токму тие, во многу случаи, се оние што најмногу слушаат, најмногу размислуваат и најмногу учат. Тишината не значи празнина – понекогаш значи длабочина. Тивките луѓе најчесто повеќе слушаат отколку што зборуваат. Додека другите се обидуваат да го кажат своето мислење, тие внимателно ги следат разговорите, ги забележуваат деталите и ...
Сите брзаме. Брзаме на работа, брзаме дома, брзаме низ деновите и низ разговорите. Брзаме и кога немаме каде да стигнеме. И колку повеќе брзаме, толку повеќе имаме чувство дека сме заглавени на исто место. Деновите поминуваат, неделите се претвораат во месеци, а чувството на исполнетост сè почесто изостанува. Живееме во време што ја слави брзината. Брз одговор, брза храна, брза информација, брза одлука. Од нас се очекува постојано да бидеме ...
Во една прилика, еден учител ги прашал своите ученици: – Зошто луѓето викаат кога се расправаат? – Затоа што го губат трпението, – претпоставил еден од учениците. – Но зошто викаат кога е друга личност до нив? Зошто се крева тонот во несогласувањата? – прашал учителот. – Не можат да зборуваат тивко? Зошто викаат кога се лути? Учениците ги дале своите одговори, но ниту еден одговор не бил точен за учителот. На крајот тој објаснил: – Кога ...
Цвеклото е едно од најздравите и најпотценети зеленчуци, богато со витамини, минерали и антиоксиданси кои го зајакнуваат имунитетот и ја подобруваат циркулацијата. Иако најчесто го препознаваме по интензивната црвена боја, цвеклото не мора секогаш да изгледа така. Постојат сорти кои се жолти, бели, па дури и пругасти, а сите тие носат слични хранливи придобивки. Пигментот кој го прави црвеното цвекло толку впечатливо има силно антиоксидативно ...
Со оглед на тоа што започна Велигденскиот пост, ви предлагаме рецепт за колач без капка масло. Овој колач е 100% погоден за строг пост (на вода). Состојки: 3 банани 2 јаболка 4-5 лажици суво грозје 1 портокал 10 лажици мелени овесни снегулки 10 лажици бело брашно 1 кесичка ванилин шеќер 1 кесичка прашок за печиво 1 лажичка сода бикарбона Малку цимет 1 лажичка оцет 3 лажици какао 350 мл вода 5 лажици шеќер 2-3 лажици гриз Шеќер во прав за ...
Февруари често се смета за најдолгиот краток месец во годината. Иако календарски има само 28 или 29 дена, многумина го доживуваат како тежок период исполнет со умор, нервоза и недостаток на мотивација. По празничната еуфорија, студеното време, кратките денови и променливите температури создаваат чувство на исцрпеност кое се повторува секоја година. Овој феномен, познат како „февруарска депресија“, за некого звучи како мит, но за многу луѓе е ...
Барајте страсни, силни, среќни луѓе. Тие се како ѕвезди – додека не ја кренете главата, не можете да ги видите. И кога ќе ги потонете очите во ѕвезденото небо, сфаќате дека ги има безброј. Барајте ги своите луѓе. И за нив е тешко. И тие имаат црни денови, грешки и падови. Но, тие се подготвени да поминат низ страв, да влијаат на текот на работите, да го диктираат темпото на живот. Во нешто се подобри, во нешто полоши. Не завидуваат и не се ...
Понекогаш најтешките рани не се раните што ни ги нанеле другите, понекогаш најтешките рани се раните што самите си ги нанесуваме. Тоа се многуте рани во кои ги откопуваме нашите болни спомени, раните во кои ги превртуваме нашите прастари разочарувања и го задржуваме во мислите сето она што ни го нарушува мирот. Најтешки се оние рани од кои ништо не учиме и кои не ни даваат никакво животно училиште, а се повторуваат одново и одново. Но, ние ...
Животот е толку краток и би било штета да го поминете вашето драгоцено време во одредено друштво на луѓе – кои не ви служат буквално за ништо. Не, не зборуваме за тоа како е неопходно да се дружите со другите само заради интерес или само да го пополните времето за разонода – доволно сте зрели да знаете дека некои луѓе се поштетни од другите. Следните десет категории никогаш не треба да бидат дел од вашиот живот, бидејќи тие само ве задржуваат ...
Во животот доаѓа време кога сме уморни од сé. Имаме потреба да се откажеме од сé. Да останеме цел ден в кревет оковани во сопствените мисли. Иако понекогаш е во ред да го направите тоа, сепак во одреден момент треба да станете реални, да се погледнете себеси и да продолжите понатаму. Светот може да биде многу тешко и сурово место, сите го знаеме тоа. Тешките финансиски времиња, емотивните предизвици и неинспиративната работа не се непознати. ...
Разговараше: Сара Танаскоска Христина Христовска е дипломиран економист која ја следеше својата страст кон козметиката и денес е успешна жена-претприемач со сопствен салон за убавина. Нејзината приказна е инспиративна за сите кои сакаат да го следат својот сон – од лична нега и самопочит до создавање место каде клиентите се чувствуваат посебно и негувано. Во овој разговор, Христина открива како започна нејзиниот пат во светот на убавината, ...
„Византиум“ е мрачна метал композиција што ја истражува идејата за изгубената светлина на цивилизациите, распадот на верата и тишината што ја остава историјата зад себе. Преку минималистички, ритуален текст и повторувачка латинска мантра, песната го претставува Византиум не како империја, туку како симбол на духовен пад. Ова е првото авторско издание на Д. Нашоку по албумот Pain, Devour Me. Читај бе Најголем предизвик денес е да се биде ...
Понекогаш заблагодарете им се на луѓето кои ве повредиле. Ви ја отстранија мембраната од очите за да можете подобро да го видите светот. И уште повеќе да разберете дека луѓето не се секогаш онакви какви што се прикажуваат дека се. Ве научија дека треба да дојдете до крајот на една врска за да започнете друга. И сериозно да ја сфатите разликата помеѓу луѓето кои ве заслужуваат и кои не ве заслужуваат. Заблагодарете им се некогаш на луѓето кои ...
Празнувањата се зад нас, а новата година ја започнуваме со атрактивна филмска понуда за сите возрасти. Почитувана публико, драги битолчани, Кино браќа Манаки ве поканува во нова филмска авантура. Во прилог, неделната филмска програма за сите вкусови. Влезници за сите проекции по цена од 150 денари може да набавите на 1 час пред самата проекција. И во оваа година го овозможуваме семејниот пакет, кој ви овозможува за купени 3 , да добиете 4 -та ...
Еден од најважните моменти во психотерапијата е кога клиентот конечно ќе сфати дека никој нема да дојде: никој нема да дојде да му го поправи детството, никој нема да дојде да го израдува, никој нема да дојде и да го спаси. Ако сака да си го подобри животот, мора самиот да направи нешто. Еден ден, за време на групна терапија, клиент со очигледна смисла за хумор забележал: „Постојано ни кажувате дека никој нема да дојде. Но, ти дојде!” „Така ...
Во секојдневниот живот често се соочуваме со предизвици кои нè тестираат и го обликуваат нашиот карактер. Една од познатите поговорки „Човекот е како дрво, кога ќе падне сите бегаат“, носи длабока порака за човечките односи и природата на поддршката што си ја даваме во тешките моменти. Психолозите често ја користат оваа метафора за да ја илустрираат динамиката на човечките односи и важноста на емоционалната поддршка. Дрвото, кое стои силно и ...