Фирмата „Евроградба Инженеринг“ од Владевци Општина Василево го доби тендерот за реконструкција на каналот за атмосферски води на дел од улицата „Крушевска Република„ – втора фаза. Станува збор за потегот од кружниот тек на ЕВН до улицата „Климент Охридски“ или транзитниот пат во должина од околу 573 метри. Вкупно 6 фирми од Струмица и Скопје се јавиле на распишната јавна набавка на Општина Струмица а најниска цена понудила „Евроградба ...

По кратко боледување почина 54 годишниот Тони Јанев од Струмица кој беше еден од основачите и двигателите за изградба на Македонска православна црква во Холандија. Јанев кој со семејството повеќе од две децении живееше во Утрехт Холандија , контуинирано се залагаше за меѓусебно почитување и негување на семејни вредности низ призмата на нашата Православна вера, надвор од својата татковина. Црквата ,,Свети Стефан“ во Холандија го посочи Јанев ...

Без да има статус на правен субјект, физички лица не може да продаваат храна на струмичкото корзо, додека правните во објектите од времен карактер ќе мора да имаат довод и одвод, топла вода но и пристап до санитарни јазли. Вака кажаа од Агецијата за храна и ветеринарство на денешната седница на Локалниот совет за превенција на Струмица во Домот на АРМ, на која се расправаше за и околу поставување урбана опрема на јавни површини за вршење ...

Шест пожарникари-спасители од Територијалната противпожарна единица Струмица утрово извлекле повредено женско лице од профалија под локалитетот Цареви Кули, на местото викано Црвен Дол. Како што објавија пожарниакрите акцијата била на тежок и непристапен терен при што била користена специјализирана алпинистичка опрема, како и носила за безбедно извлекување на повредената. Девојката била извлечена и предадена на екипа на Итна медицинска помош. ...

Во Струмица се одржа вториот управувачки состанок на партнерите вклучени во проектот „CulTour Crossing Borders“ во кој партиципира и Завод и Музеј Струмица. Станува збор за проект финансиран од Програмата за Прекугранична соработка со Грција а со кој ќе се ревитализираат Римските терми кај Бања Банско кои треба да добијат заштитна кровна челична конструкција, потпорни ѕидови, патеки за движење на посетителите во термите и фотоволтаици кои ќе ...

Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија одлучи Струмица да биде домаќин на завршниот турнир во Купот. Градот под „Царевите кули“ ќе ги пречека најдобрите машки и женски екипи во борба за престижниот трофеј. Одлуката за неутрален терен е донесена за да се обезбеди максимална објективност за сите учесници во завршницата. Во машка конкуренција веќе се познати четирите екипи кои ќе ги одмерат силите во салата „Парк“. Вардар ќе ја ...

На 17.03.2026 во 11:15 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода М.У.(52) од Валандово. Тој се сомничи дека во периодот од 10:30 до 11:00 часот од дворно место сопственост на Ј.К.(70) од село Прдејци, гевгелиско, го одзел неговото патничко возило „фиат“ со гевгелиски регистарски ознаки. По преземени мерки, возилото е запрено во Гевгелија и по преземени мерки е констатирано дека го управува без ...

На 17.03.2026 во 23:40 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода С.Х.(26) од Струмица. Тој е затекнат при извршување „тешка кражба“ во католичката црква Успение на Пресвета Богородица, при што одзел пари. Тој со употреба на сила влегол во црквата, а откако било пријавено полициските службеници го затекнале на местото и лишиле од слобода. Со него бил и неговиот малолетен син, по што е известен Центарот за ...

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го објави списокот на граѓани кои ги исполнија условите по Јавниот оглас за поддршка на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година, за добивање финансиска поддршка преку ваучер за купување и вградување инвертер клима уред. Меѓу добитниците на ваучери се и жители од Струмица, Василево, Босилово, Ново Село, Радовиш, Конче, Валандово, Богданци, Дојран и Гевгелија. Кој се има ...

Со поддршка од Словенија, Македонски Каритас во седум општини од Југоистокот ќе имплементира проект со кој се очекува зајакнување на капацитетите на заедниците за имплементација на одржливи решенија за пристп до безбедна вода и чисти водотеци . Паралелно ќе се потикнуваат женски зелени иницијативи и нивно активно вклучувањ е во носењето одлуки. Проектот ќе се имплементира во Струмица, Босилово, Ново Село, Валандово, Богданци, Дојран и ...

На 15.03.2026 во 14:00 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на крстосницата од улиците „Ѓуро Салај“, „Цветан Димов“ и „Атанас Јанев“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл со струмички регистарски ознаки, управуван од 16-годишен малолетник од Струмица и патничко возило „фолксваген“ со струмички регистарски ознаки, управувано од С.Т.(24) од село Куклиш, струмичко. Во несреќата со тешки телесни повреди ...

Средношколци од Струмица во големиот градски парк засадија јавор во чест на починатите од големата трагедија во Кочани. Чинот го иницираа учениците сместени во ученичкиот дом при СОУ ,,Димитар Влахов“ во Струмица а им се приклучија и други средношколци. Тие побараа никогаш да не се заборави настанот а дрвото треба да биде жив спомен на вредноста на животот и човечката солидарност. ,, Сакаме да кажеме дека вакви трагедии не смеат да се ...

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука со која значително се зголемуваат максималните малопродажни цени на нафтените деривати. Од ноќеска на полноќ, бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и Екстра лесното масло за домаќинство, ќе се продаваат по цена повисока за седум денари по литар. Малопродажната цена на дизелот се зголемува за шест и пол денари, додека мазутот поскапува за речиси пет денари по килограм. Според ...

На 14.03.2026 во струмичко село, полициски службеници од СВР Струмица лишиле од слобода 34 годишен жител и 29 годишна жителка на тоа село, постапувајќи по претходни пријави според кои 29 годишната жена најнапред пријавила дека во домот била нападната од нејзиниот 34 годишен сопруг, а потоа и сопругот пријавил дека бил нападнат од неговата сопруга. Лицата се задржани во Полициската станица Струмица и за настаните е запознаен јавен обвинител од ...

На 14.03.2026 во 20:50 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода В.Ј.(47) од село Дедино, општина Конче. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксфаген“ со радовишки регистарски ознаки, кое го управувал В.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1.60 промили алкохол во крвта. Запознаен е јавен обвинител ...

“Ни фали одговорно сопствеништво, кучињата не се играчки – додека се мали се мили а кога ќе пораснат да ги оставиме на улица“. Вака вели првиот човек на ЈП „Стационар Лана“ Томе Михаилов кој кажа дека во иднина ќе се работи токму на овој сегемент со цел да се намали бројот на уличните кучиња во Струмица. Лани ова јавно претпријатие има регистрирано 177 ново или прво заловени кучиња. Повторно заловени кои веќе биле во стационато 50 и кучиња ...

Еразумс + програмата создава реални можности за учење, соработка и развој. Оваа програма нуди можност за стекнување нови вештини, искуства. Вака констатираа присутните на дебата што во Струмица ја организираше Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност насловена како ,, Импактот на Ерзмус +“ што се одржа во Млацинскиот центар. Од страна на корисници на грантови од оваа програма како што е СОУ „Димитар Влахов“, ДСУ-РЦСОО ...

Општина Радовиш ќе го зголемува Буџетот за субвенционирање на младите за добивање возачки во иднина оти годинава се пријавиле огоромен број млади кои аплицирале за општинската поддршка. За оваа година беа предвидени средства во висина од 12 илјади денари да добијат најмногу 40 лица но на повикот се јавиле дури 105 лица што е за околу 2,5 пати повеќе во однос на првичните проценки Минатиот месец градоначалникот кажа дека само за две недели ...

Во наредните 45 дена во Струмица треба да се монтираат нови шест станици кои ќе го мерат квалитетот на амбиенталниот воздух. Вака стои во Договорот меѓу Општина Струмица и скопската фирма „Смарт Флоу“ која ја доби јавната набавка за поставување на Локална мрежа за мерење на загаденоста на воздухот на територијата на Општина Струмица. Вредноста на Договорот изнесува 999 401 денар односно околу 16 илјади евра. На распишаната Јавна набавка се ...

Пратеникот Петар Марков на својата ФБ страна објави дека се донесени законски измени со кои неам нема да се одземаат тракторите и приклучната земјоделс. Измените се во Законот за возила на барање на земјоделците со оглед дека сеуште не е регулиран статусот на тракторите односно на кое име се водат за да имат документ за сопственост па да се регистрираат. „Имајќи во предвид дека постојат тековни предмети за постапките за утврдување на ...

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, учествуваше на настан насловен како: Од политика до практика: зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа, каде го претстави искуството на општина Василево која е пионер во практикувањето на меѓуопштинската соработка во Република Македонија. Поздравувајќи ги присутните меѓу кои и Министерот за локална самоуправа Златко Перински, Генералниот секретар на Владата Игор ...

На место викано „Краварски пат“ во Богданци, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишија од слобода С.E.(62) од Република Турција. При преглед во патничко возило „фолксваген туран“ со албански национални ознаки,кое го управувал, пронајдени се седум лица мигранти од Египет. Мигрантите се сместени во Прифатно–транзитен центар Винојуг во Гевгелија за понатамошна постапка, а лицето е ...

Директорот на ЈПКД Комуналец Кире Синдраковски најави повеќе активности во наредниот период во поглед на хортикултурно уредување на јавните зелени површини и подобрување на урбаната опрема. Тој подвлече дека во соработка со ДСУ „Никола Карев“ и општина Струмица, за месец дена ќе се пристапи кон санација на клупите за одмор. Санацијата ќе биде од страна на средношколците од дрвено-преработувачката струка кои за време на часовите за практична ...

Фондот за здравствено осигурување цели 14 години плаќа кирија за својата подрачна служба во Гевгелија иако во центарот на градот имаат сопствен објект кој со години е напуштен и не го користеле. Вака кажа директорот на ФЗОМ Сашо Клековски во Гевгелија каде изврши увид на реконструкцијата на просториите во кои за три месеци треба да се вселат вработените од подрачната служба на Фондот. ,,Објектот на Фондот во Гевгелија е напуштен повеќе од 14 ...

Струмичанкатa Тина Русева која ги освои симпатиите на македонската и европската јавност со настапот на музичките натпреварувања „Гласот на Германија“ и победата на „Гласот на Европа“ на Youtube платформата го објави својот прв сингл на македонски насловен како СВОЈА. Станува збор за авторска приказна со која Тина упатува порака до сите да останат доследни на своите соништа. Музиката и текстот се на Никола Буџак а аранжманот на Иван Кукиќ. ...

На 09.03.2026 во 21:25 часот во с.Богородица, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица Гевгелија го лишија од слобода И.Д.(43) од Гевгелија. Претходно, околу 21:00 часот во с.Богородица, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица дале знак за запирање на патничко возило „алфа ромео“ со валандовски регистарски ознаки, кое го управувал, но тој не застанал со возилото и веднаш потоа ...

Освен во Општина Ешалан, Македонци се избрани за членови во Советите и на други општини во Швајцарија каде вчера се одржаа Локални избори. Преставници на македонската заедица ќе бидат во Советите на општините Шаван, Екублан, Белфо… Во Општина Шаван советничко столче доби Васе Јованов од Сушица. Тој на Локалните избори беше преставник на Либералната партија. Двајца Македонци ќе бидат дел од Советот на Општина Екублан. Таму ќе бидат Павле ...

Намалување на загадувањето и подобрување на квалитетот на воздухот со поддршка на чиста енергија и одржлив транспорт, промоција и примена на обновливи извори на енергија преку инсталација на фотоволтаични системи и паметно управување со енергијата. Ова се дел од очекуваните резултати од проектот „Зелено за добро“ што ќе се имплеменитра во Југоистокот преку Програмата за прекугранична соработка со соседна Грција. Речиси сите општини од ...

Регулаторната Комисија за Енергетика објави дека од вечерва на полноќ цените на горивата се зголемуваат во просек за 14.27%!Во согласност со методологијата која се користи за пресметување на цените, од вечерва на полноќ значително се зголемуваат малопродажните цени на горивата. Цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се зголемуваат по 5.00 денари, па еден литар 95-октански бензин ќе чини 79.50 денари, додека еден литар „98-ца“ ќе чини 81.50 ...

Сите пет македонски кандидати кои имаат корени од Струмица и регионот станаа членови во Советот на Општина Ешелан во Швајцарија. На денешните Локални избори во оваа држава, како дел од листата на непартиското политичко движење „L’entente Échallens“ ти го добија потребниот број гласови и во наредните пет години години ќе бидат дел од одлучувањето во ова мала општина во Швајцарија – Ешелан. „Ова е историски успех на Македонците во Ешелан“ беа ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
49%
1014
weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
2.06
61%
1015
weather icon

Загреб

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
57%
1016
weather icon

Софија

5ᴼ / 4ᴼ
2.57
51%
1016
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
2.75
79%
1017
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 4ᴼ
0.45
65%
1016
weather icon

Атина

11ᴼ / 9ᴼ
4.12
69%
1011
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
58%
1012
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
40%
1013
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 7ᴼ
3.6
81%
1016
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
2.57
54%
1017
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1009
Currency

61.6238

Currency

53.1629

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.63227

Currency

0.33549

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Кобалт

3.86

Платина

61858.04

Калај

43.91

Цинк

0.00

Рутениум

56199.51

Бакар

10.65

Паладиум

44753.84

Иридиум

258288.78

Злато

144593.23

Сребро

2179.44

Родиум

353658.21

Алуминиум

3.19