Белград
11ᴼ /
11ᴼ
Кошаркарите на СТРУМИЦА ФМП по славјето над градскиот ривал во првото коло, забележа висока победа и над БОРЕЦ БАСКЕТ . Во спортската сала „Никола Карев“ струмичани го надиграа велешкиот состав со 88:53 Избраниците на Златко Зетов и Ики Христов победата ја најавија уште во првите 10 минути кои ги добија со 28:14. Во ниту еден момент, гостите од Велес не делуваа како да можат да направат некој резултатски и играчки исчекор. Димитар Пандев ...
Дури 141 апликација стасале во АВРМ Струмица од граѓани од струмичкиот регион за мерката самовработување преку отворање сопствен бизнис, информираа од Министерството за економија за Дрнка МК. Од нив 74 се за млади лица до 29 години. Овие лица може да добијат 7 односно 10 илјади евра неповратни средства за отпочнување свој бизнис а со тоа и да се самовработат. За вработување нови лица, аплицирале и 60 компании од струмичкиот регион. Преку мерката ...
Вечерва или поконкретно во недела наутро на 26 октомври, преминуваме на зимско сметање на времето. Зимското сметање на времето започнува во три часот наутро, кога стрелките се поместуваат наназад, т.е. до два часот. Оваа промена има значително влијание врз здравјето на луѓето. Бидејќи циркадијалните ритми се нарушени, квалитетот на вашиот сон ќе биде нарушен, а расположението ќе биде лошо. Секоја година, зимското сметање на времето почнува во ...
Струмичани го шокираа лидерот Струга Трим Лум во дуелот од 10 тото коло од Првата фудбалска лига на Македонија. Брера со 4:2 славеше над стружани кои немаа решение за одлично поставената игра на тимот на Мартин Алаѓозовски кој успеа да го консолидира првиот тим на струмичкиот прволигаш. Струмичани со брзи два гола на Наумчески и Стојанов во 3. и 7. минута дојдоа до солидна предност. Зенку vво 11 минута намали на 2:1 но Ндзенгуе успеа повторно да ...
На 24.10.2025 во 17:45 часот во село Добрејци, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица ја лишија од слобода Д.В.(47) од село Добрејци. При претрес на нејзиниот дом, извршен со судска наредба, во помошна просторија до куќата пронајдена е марихуана. Таа е задржана во полициска станица и со неа е извршен службен разговор. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по документирање на случајот ќе биде поднесена ...
Младите струмичани кои се дел од преставата ,,Стјуардеси“ го свртеа вниманието на публиката и жирито на 15 –от Меѓународен театарски фестивал за деца и млади ДОПС што се одржува во Јагодина Србија. Тие на сцената преку комичен израз ја пренесоа пораката на преставата а со својата актерска посветеност ја освоија публиката со својата енергија и сценска изразеност. „Стјуардеси“ е динамична комедија која преку духовит текст и современ сценски израз ...
На самиот старт од Првата кошаркарска лига на Македонија, ждрепката посака да има градско дерби меѓу двата струмички клуба „Струмица Ролинг“ и „Струмица ФМП“ кое се одигра во спортската сала Парк. Првото дерби му припадна на Струмица ФМП кој со 80:49 го доби градскиот ривал Струмица Ролинг на нивен терен. Ролинг стартуваше одлично. Момците на Гонев и Цикарски имаа контрола на резултатот во првиот период кој го добија со поен предност (20:19) но ...
Одбојкарите на Струмица претрпеа веројатно очекуван и висок пораз од Динамо Букурешт во три сета (0-3) во првото квалификациско коло за Лигата на шампионите на ЦЕВ. Македонскиот првак во четвртото учество во низа на ова натпреварување гледа кон елиминација, откако ждрепката воопшто не го посака и налетаа на романскиот гигант. Динамо во Скопје го доби мечот во три сета, меѓутоа мора да се нагласи дека во нив струмичани пружија солиден отпор. ...
Во земјава денеска се одбележува 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба. На овој ден во 1893 година во Солун била основана Внатрешната Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО), со цел извојување автономија на Македонија преку револуционерна борба. Кулминација на дејноста на ВМОРО е организирањето на Илинденското востание во 1903 година во Македонија и на Преображенското востание во Одринска Тракија. Основите на ...
На 21.10.2025 во 13:00 часот во Богданци, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода А.Р.(54) од Богданци. Врз основа на судска наредба, извршен е претрес во неговиот дом, при што се пронајдени околу еден килограм и 100 грама марихуана, четири засадени стебла канабис, остатоци од гранки со марихуана и предмети со остатоци од марихуана. Лицето е задржано во Полициската станица Гевгелија, известен е јавен обвинител од ...
Македонскиот шампион Струмица 47&72 утре, во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје во рамките од квалификациите за ЦЕВ Лигата на шампиони го пречекува романскиот клуб Динамо Букурешт. Ова е четврта година во низа како струмичани ќе биде дел од ова натпреварување, но македонскиот првак доби тешка задача во првата рунда – најтрофејниот романски клуб. „Четврта година во низа Струмица е дел од најквалитетното европско натпреварување, но оваа година со ...
ИПАРД програмата е императив и за пчеларите. На неодамнешниот Агро саем во Струмица тие потврдија дека сакаат да го модернизираат своето производство но се соочуваат со недостиг на средства. Тврдат дека им се потребни инвестициии како во осовременување на пчеларството така и во производство на готови пчелни производи со нивно пакување. Ѓорѓи Делев од Штука – Општина Босилово има над 300 пчелни смејства. На паша се на планината Огражден и ...
Актуелниот градоначалник на Богданци Блаже Шапов ќе ја води општината и во следните четири години. Тој прогласи победа во првиот изборен круг од вчерашните Локални избори. Шапов освои 1989 гласа што преставува 50,03% од излезените гласачи доволно да прогласи победа над противкандидатот од ВМРО ДПМНЕ Марјан Пеев кој освои 1806 гласа од жителите со право на глас во Општина Богданци. Што се однесува до Советот во Општина Богданци и таму СДСМ со ...
Досегашниот претседателот на Советот на Општина Босилово, Митко Андонов од Иловица во наредниот период треба да добие пратенички мандат. Вратите во македонскиот парламент за него се отворија откако пратеникот Дејан Проданоски од Прилеп беше кандидат за градоначалник и на вчерашните Локални Избори славеше победа уште во првиот изборен круг. Со назначувањето на Проданоски како градоначалник, во Собранието на Р.Македонија автоматски ќе му престане ...
Кандидатот на ВМРО ДПМНЕ за градоначалник на Ново Село Ѓорѓе Божинов славеше победа во првиот изборен круг и тој ќе ја води општината и во наредните четири години . Тој славеше победа со вкупно 1 080 гласови разлика наспроти неговиот противкандидат Петар Спасов од СДСМ. Божинов освои 2925 гласа додека Спасов 1845. ,,Ова е победа на народот, за Вашите проекти ова е новото време што продолжуваме да го градиме,,кажа Божинов Во Советот на Општина ...
Актуелниот граодначалник на Василево Славе Андонов останува на градоначалничката функција во ова општина. Тој на вчерашните избори доби 4 308 гласа додека против кандидатот од СДСМ Ванчо Новоселски 1 233. “Довербата што ми ја дадовте е огромна и претставува признание за сработеното, но и обврска да продолжиме уште поенергично да работиме во интерес на граѓаните.“ напиша Андонов по победата Во Советот на Општина Василево апсолутно мнозинство ќе ...
Петар Јанков од ВМРО ДПМНЕ е новиот градоначалник на Струмица. Тој забележа победа уште во првиот изборен круг на вчерашните Локални избори со разлика од 5 339 гласа , наспроти својот противкандидат Марјан Даскаловски од СДСМ. На вчерашните избори тој доби поддршка од 15 071 граѓанин со право на глас додека Даскалвоски 9732 гласа. „Струмичани го соборија бастионот на СДСМ во Струмица. Победи волјата на граѓаните. Голема благодарност до нив. Во ...
Гласањето на болните и изнемоштените лица во Општина Ново Село утринава беше привремено прекинато поради техничка грешка во редните броеви на носителите на советничките листи на гласачките ливчиња Исправена е печатната грешка во гласачките ливчиња во Општина Ново Село и материјалот е веќе доставен. Гласањето таму за болните ќе се одвива непречено и сите ќе го остварат своето право на глас до крајот на денот, рече денеска претседателот на ...
Грешка испечатени редни броеви на носители на советнички листи на гласачкото ливче во Општина Ново Село, утринава го спречи гласањето на болните и изнемоштени лица во ова општина. За овие локални избори во Општина Ново село пријавени се 400 лица кои со медицинска документација потврдиле дека неможат утре да излезат на избирачките места да гласат, па согласно законот своето право го остваруваат денеска. Избирачките одбори претпладнево не заминале ...
Доколку в недела, на денот на гласањето од првиот круг на локалните избори, граѓаните се соочат со каква било повреда на избирачкото право, тоа ќе може да го пријават на бесплатната телефонска линија 0800-54321 која ќе биде отворена во канцеларијата на Народниот правобранител. Линијата ќе биде отворена од 7:00 до 19:00 часот. Освен телефонски, граѓаните ќе може да пријават повреда на избирачкото право и лично во седумте канцеларии на Народниот ...
Според изборниот роковник, утре ден пред изборите ќе гласаат болните и изнемоштени лица во земјава за кои имаше рок на пријавување до Општинските изборни комисии. Тој беше до 10 ти октомври за што овие лица мораа да достават соодветна медицинска документација. По извршената проверка ДИК ја објави статистиката на пријавени и одобрени лица по општини кои може да гласаат, за што избирачките одбори ќе ги посетат во нивните домови. Во струмичкиот ...
Петар Јанков, кандидат за градоначалник на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, денеска се заблагодари за огромната поддршка којашто ВМРО-ДПМНЕ ја добива од граѓаните во Струмица. „Секојдневно сме меѓу вас, разговараме, добиваме огромна поддршка, благодарност за поддршката„ рече Јанков. Јанков ги повика граѓаните на 19 октомври масовно да излезат, да го заокружат бројот 9, со цел огромна победа во Струмица. „Ве повикувам на 19 октомври ...
Да направиме промена на 19 ти октомври и конечно да се се прекине црнобелата слика во Струмица. Вака истакна носителката на листата за советници во Општина Струмица од партијата Левица Јасмина Пијанманова која со лидерот Димитар Апасиев имаа средби со граѓаните „Време е да кажеме стоп за бипартизмот што владее веќе 35 години. Време е за нови, борбени луѓе кои ќе покажат дека советник во општинскиот совет значи одговорност, чесност и работа за ...
Ана Касапова, Јован Филев, Симона Петрова и Мартина Митева се наши млади деца од Струмица со талент за музика и полни со емоции. На 16-ти октомври, денот кога Македонија и регионот тагува веќе 18 години заради загубата на Тоше, а денес и за испраќањето на Панчо од ДНК во вечното почивалиште, тие објавија емотивно видео. Собрани се во една соба, полна со постери од Тоше и од Ѓорѓи Ѓорѓиев од Струмица, тапанарот од ДНК, каде ја свират и ја пеат ...
Полицијата приведе 23-годишен радовишанец откако пијан со возилото удрил во банкина на магистралата Радовиш – Струмица. „Во 19:05 часот на магистралниот пат Радовиш- Струмица, во близина на крстосница за село Воиславци, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Радовиш го лишија од слобода Е.В.(23) од Радовиш. Околу 18:40 часот на наведената локација, тој со патничко возило „опел“ со струмички регистарски ознаки, кое го управувал, ...
Александар Гугуљанов од струмичкото село Муртино цел живот се занимава со земјоделство. Почнал уште како дете, заедно со своите родители, а денес тој и неговата сопруга самостојно го водат семејното стопанство. Обработуваат околу 30 декари земја, а производството им е насочено кон пролетна зелка и куртовска капија или популарната црвена пиперка ајварка . ,,Имаме околу 80 пластеници со зелка и исто толку со пиперка. Годишно произведуваме околу 80 ...
Денеска (13.10.2025) во Гевгелија, полициски службеници од ОВР Гевгелија ги лишиле од слобода Ј.Г. и Л.Г. од Гевгелија. Имено, во 14:42 часот, М.П.(25) од Гевгелија пријавила дека влезната врата од нејзиниот дом тропале нејзиниот поранешен партнер Ј.Г., кој користел отсуство од Казнено-поправна установа, заедно со Л.Г., и се заканувале и притоа слушнала репетирање на огнено оружје. Набргу, полициски службеници пристигнале на местото, извршен е ...
Панче Стојанов е назначен за шеф на стручниот штаб на ФК Беласица, откако завчера Беласица и Александар Стоанов спогодбено се разделија. Стојанов е добро познат на македонската фудбалска јавност во земјава и како играч и како тренер. Тој како фудбалер потекнува од школата на Беласциа а во својата кариера има настапувано и за Силекс, Ренова, Хоризонт Турново и Работнички Како тренер Панче Стојанов ja предводеше некогашната Академија Пандев, а во ...
„Ова се избори каде граѓаните имаат две опции. Едната е полуформална коалиција составена од три политички субјекти СДСМ ДУИ и Левица која има е жед за власт по било која цена и патолошка омраза кон ВМРО ДПМНЕ . Втората опција сме ние, нашата коалицијата.„ Вака кажа претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христија Мицкоски на митингот од изборната кампања во Валандово каде подвлече дека првата опција не нуди ништо. Имааа шанса седум години да се грижат за ...
Кандидатот за градоначалник на СДСМ, Марјан Даскаловски, од големиот митинг во Струмица испрати пораки за единство, истрајност и продолжување на развојот на градот. Тој ја истакна потребата Струмица да остане град на сите луѓе, без поделби и манипулации. „Струмица живее, дише, расте, и тоа не е заслуга на еден човек. Тоа е заслуга на сите вас. Секој што дал, секој што верувал, секој што не се откажал, тоа се луѓето што ја пишуваа оваа успешна ...