Младата и перспективна струмичанка Росана Павлова го засили ЖРК Куманово. 19 годишната ракометарка чии почетоци беа во Струмица а потоа се пресли во ЖРК Скопје неодамна стави потпис на кумановскиот клуб кој пролетва има високи амбиции учество во плеј офото борба за Шампионска титула. Павлова игра на позицијата десно крило и е член на младиснката ракометна репрезентација на Македонија „Натпреварите во вториот дел на првенството започнуваат кон ...

Младинскиот центар во Струмица беше претесен за да ги собере сите лубители на пишаниот збор, каде поетесата и новинарка Сузана Мицева ја промовираше својата нова стихозбирка насловена како ,,Одлгас на нечуеното“. Со звукот на тапанот на Димитар Филев, со рециталите на младата актерка Васка Ангелова присутните ги доживеа стиховите на Сузана Мицева за кои професорката Ана Витанова Рингачева кажа дека се како земање земање здив, цитирајки го ...

Општина Струмица во соработка Нула Отпад ДОО Скопје на 12 локации во градот поставија нови контејнери за собирање електронски и електричен отпад и отпадни батерии. Поставувањето нови контејнери се должи поради фактот што досега потавените беа демолирани и во нив беше депонирам секаков вид на отпад. Општина Струмица апелира да се чуваат овие нови контејнери и правилно да се одлага електронскиот отпад во овие контејнери бидејки на истите има и ...

Струмичкиот карневал годинава ќе се одржи на 1 ви март на кој ќе учествуваат околу маскирани лица од земјава и странство. Според објавената програма од страна на организаторите, карневалските денови треба да започнат на 26 ти феврурари со предавањето на клучот на градот од градоначалникот на карневалистите па се до 5 ти март празникот на армасаните Тримери. Со предавањето на клучот предивдени се две изложби на маски. Едната по повод 35 години ...

Просторот од првиот кат во Општинската зграда на Босилово кај Одделението за финанасии е претворен во Етно ќоше кој ја отсликува македонската традиција и начинот на живот од 19 и 20 тиот век. Целиот простор наликува на соба од семејна македонска куќа каде централното место му припаѓа на “русалијата“ облечен во традиционална носија. Паралелно во ова Етно ќоше се наоѓа и синија, неколку глинени бардаци, бутин за биење кисело млеко и скромна ...

Ликовната уметничка Кристина Зимбакова од Струмица која собира габи и лишаи и од нив прави уметнички дела учествуваше на групната изложба во рамките на 20. Меѓународен симпозиум за габи и текстил кој од 12 до 19 јануари се одржа во Лас Палмас на островот Гран Канарија во северозападна Африка. Таа таму имаше и предавање како една од стипендиските на Меѓународниот институт за бои и габи од САД каде се преставија 92 учесника од 19 земји. Нејзиниот ...

Министерството за социјална политика под итно да го донесе Регистарот на лица со трајна попреченост. Вака апелираат од Здружението на лицата со телесна инвалидитет ,,Мобилност“ од Струмица од каде сметаат дека државата мора да има евиденција на лицата и степенот на попречност. Како што вели претседателката на „Мобилност“ Струмица – Дивна Танев, со овој регистар институциите ќе имаат увид колку и кои лица имаат трајна попреченост и нема да ги ...

Денеска во просториите на ОО „Црвен крст“ Струмица се спроведе крводарителска акција која беше реализирана во соработка со Центарот за истражување и анализи Новус и Службата за трансфузиона медицина. Станува збор за прва акција што се спроведува во ова 2025 година на која како што не информираше Живка Муканова стручен соработник, крв дарувале 31 лице од Струмица и регионот. ,,Од срце им се заблагодаруваме на сите хумани граѓани херои на новото ...

Струмичките пожарникари учествуваа во гаснење на куќа во Василево во која избувнала пожар. Веста ја соопштија од ТППЕ Струмиа на својата ФБ страна . Според нив пожарот избувнал околу 13 часот и 30 тина минути при што интервенирале две противпожарни возила со осум пожарникари ,,Денес, (среда) 22.01.2025 година, во 13.40 часот во с.Василево, ТППЕ Струмица со 2 ПП возило и 8 пожарникари-спасители интервенираше на гасење на запалена куќа. Пожарот е ...

Граѓаните на Општина Василево кои присуствуваа на Форумот на заедницата одлучија грантот што општината ќе го добие од Швајцарската влада, УНДП и Министерството за локална самоуправа во висина од околу 50 илјади долари да бидат наменет за набавка на возило за собирање и транспорт на смет. Овој проект доби најмногу гласови на четвртата сесија бидејки според присутните зголемувањето на капацитетите на ЈПКД „Турија“ е една од основите за подобрување ...

Здружението „Од станица до граница“ од Гевгелија го реализира проектот „Моја приказна – мој медиум“ за унапредување на медиумската писменост кај учениците од основно и средно образование. Во пректот се вклучени СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија, основните училишта „Ристо Шуклев од Негорци, „Климент Охридски“ од Миравци, „Кирил и Методиј“ од Стојаково и „Кочо Рацин“ од Нов Дојран. Проектот „Моја приказна – мој медиум“ е насочен кон создавање ...

Васко Дрвошанов од Куклиш беше најбрз и го пронајде Светиот крст во Струмица кој беше положен во водите на базенот Аквариус во Струмица. Тојпо втор пат се фрла во Струмица по светиот крст а претходно шест пати учествувал во фаќањето на крстот во осветени води во неговото Куклиш. Во Гевгелија среќата ги посака Љупчо Трајков и Даниел Анчев. Тие беа најбрзи по Светиот крст во реката Вардар положен од црковните лица. Трајков има 35 години а Анчев 21 ...

Општина Гевгелија на својата веб страна ги објави идејните решенија за изработка на проект за подигање Илија Џаџев познат гевгеличанец професор по географија но и музичар. На конкурсопт пристигнаа 2 апликации под шифри „Еклипса“ и „Софија“ , од кои треба да се избере решението за спомен обележјето што Општина Гевгелија треба да го постави пред Народниот театар во Гевгелија. Џаџев кој е роден во 1926 година има завршено Природно-математички ...

Младата Ангела Маџирова од Богданци неодамна го објави својот прв албум “Bitter Blues” во која се јавува и како автор и како интерпретатор. Инспирацијата за нејзиниот албум ја добива од блуз музиката а планира и понатаму да експериментира нови жанрови. Сака да направи и албум на македонски и да компонира песни и музика за филм и мјузикли Дрнка.МК: Која е впрочем Ангела Маџирова како дојде љубовта за музиката, пеењето Ангела: Јас сум Ангела ...

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ се се зголемува за 2,00 денара по литар, а цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат, соопшти Регулатрорната комисија за енергетика.Н овата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 75,50 денари за литар. За 1,051 денари поскапува и Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе чини 46,336 денари. Од 17.1.2025 година од 00:01 ...

Заврши акцијата „Новогодишна потрошувачка кошничка“ и останува прашањето дали сега прехрабените производи коишто беа на попуст ќе поскапат во наредниот период. Мерката како што наведуваат од Министерството за економија придонела за намалување на инфлацијата за 0,3 проценти во декември. Од денеска можно е цените да се враќаат на старо. Инаку во кошничката беа вклучени 1.178 производи, од 96 производители и дистрибутери. „Податоците од Државниот ...

Струмичка Брера подготвките за пролетниот дел од првенството ќе ги реализира исклучиво во Струмица на терените на СЦ Пандев како и на стадионот Благој Истатов. Паралелнно веќе закажа и пет пријателски натпревари низ кои ќе ја темпира формата за пролетните предизивци. Контролките на ,,реновираната“ Брера под водство на Тони Атансов и Панче Стојанов ќе се играат во Струмица, Радовиш, Штип, Петрич Бугарија. Првиот меч Брера го игра во Радовиш ...

Околу 350 килограми домашни колбаси и качамак се поделија на годинашниве ,,Странчинарски игри’’ во подбеласичкото село Мокриево општина Ново Село. Студеното и ситниот снег не расколеба жителите на подбеласичкиот регион да присуствуваат на ова манифестација. Станува збор за манифестација која започнува од синоќа кога во Мокриево се палат маалски огнови а Странчинарите – маскираните лица со собираат храна како суџуци, брашно за да се прави ...

Во населеното место Мокриево – Општина Ново Село продолжи традицијата. Се одржаа веќе познатите Странчинарски игри кои станаа заштитен белег на оваа подбеласичко село но и на Општината. Маскирани лица од синоќа шетаат по селото и ги истеруваат злите духови со тропањето на ѕвонците – клопотари. Ова е пагански ритуал со кој се прославуа доаѓањето на Новата година но и да имаа здравје и бериќет во истата. Освен од селото на платото пред Домот на ...

За време на вечерната богослужба во црквата Св Кирил и Методиј во Струмица која ја одржа викарниот Еписко Стобиски г. Јаков беа изнесени моштите на Св. Василиј Велики на поклонение пред верниците. Моштите на светецот се изложуваат секоја година во пресрет на големиот христијански празник а ќе бидат изложени во црвката и во текот на денешниот празник да се поклонат. За време на вечерната служба Владиката Јаков на пристуните им подели лепчиња со ...

Во организацијата на Фондацијата „Елеуса“ од Струмица и Општина Босилово во Домот на културата во Босилово се одржа Концерт на добрината за да се помогне на Наце Ристов од Едрениково за кого се собираат средства за негово лекување во Турција. Настапија ансамблот Симбиоза од Скопје и вокално инструменталниот состав Стихири при Струмичката православна епархија кои со своите точки успеа да ја спојата музиката, традиционалните ора со хуманоста. ...

Времето денеска ќе биде претежно облачно и студено со повремени врнежи од снег со слаб до умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. И во Скопје денеска ќе биде претежно облачно и студено со повремен слаб снег и слаб до умерен северен ветер, вели прогнозата на Управата за хидромеетеоролошки работи (УХМР). Температурата денеска е од -9 до 3 степени Целзиусови, и утре ќе биде иста, ќе провејува слаб снег и ќе дува слаб ...

За време на Божиќните празници во Босилово се одржа првиот шаховски турнир организиран од Општината и ШК Цареви Кули од Струмица. Вкупно 18 натпреварувачи се докажуваа на шаховските табли во текот на двата натпреварувачки дена при што се одиграа вкупно 11 кола. Како што информираше Алескандар Јефтимов од ШК ,, Цареви Кули“ на турнирот имало претежно млади а се играше 11 кола по Швајцарски систем од кои првиот ден пет а во вториот ден шест кола. ...

Добро познатите тренери Тони Атанасов и Панче Стојанов од Струмица ќе го предводат првиот тим на Брера Струмица за пролетниот дел од првенството. Атанасов ќе биде прв тренер додека Стојанов негов помошник. Ова е одлуката на Управата на клубот откако спогодбено ја раскинавме соработката со Горазд Михаилов кој ги водеше сениорите во есенскиот дел. Атанасов и Стојанов со Дарко Коцев како кондиционен тренер и Ѓорги Шопов како тренер на голманите ќе ...

Етно инклузивниот ресторан „Кај Виктор“ во Босилово, четврта година по ред организираше Божиќен ручек за лица со попречености благодарение на помошта од повеќе физички лица, фондации и организации. Во празнична атмосфера во ресторанот се играше и пееше, се споделуваа желби и позитивна енергија. ,, Четвртата традиционална средба под мотото ,, Сите сме исти, сите заслужуваме радост“. Ја поминавме како едно среќно семејство“, напиша Коста Тимов на ...

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека УХМР прогнозира за наредните денови дека следува студен бран со врнежи од снег. Конкретно, УХМР прогнозира дека во сабота ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Во недела времето ќе биде облачно и студено со врнежи кои поради спуштање на постудена воздушна маса со засилен северен ветер во поголем дел од земјава ќе ...

Утрово во 01:00 часот по полноќ во Струмица, полициски службеници ги лишиле од слобода С.М.(47) од Струмица и К.Ј.(59) од село Босилово, струмичко. Тие се сомничат дека вчера околу 19:00 часот во селото Старо Коњарево, струмичко, со употреба на сила одзеле пари од Љ.Ј. од Старо Коњарево. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното Јавно обвинителство Струмица, а по документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна ...

Во предвечерието на денешниот празник Свети Стефан, синоќа во Католичката црква Св. Иван Крстител во Струмица, скопскиот бискуп д-р Киро Стојанов ги изложи пред верниците дел моштите на овој светец кои во Струмичката парохија ќе бидат во трајно поседување. По тој повод се одржа процесија и свечен влез на моштите а на проповедта епископот Стојанов кажа дека вербата во човечноста е основана обединувањето и свети мошти ќе бидат донесени и во ...

Учениците од ООУ ,,Гоце Делчев“ од Василево одлучија средствата собрани од Новогодишниот мјузикл што го организираа и реализираа да бидат донирани за лекување на својот сограѓанин Наце Ристов од Едрениково. Станува збор за настан кој учениците со своите наставници го спремаа цели два месеци а го изведоа во пресрет на Нова година во спортската сала во Василево. Над 600 посетители го следеа мјузиклот а парите собрани од продажбата на влезниците ...

За неполни 20 дена, Струмица по трет пат од Министерството за животна средина добива мерки да се заштитат струмичани од екстремно загадениот воздух но и препораки како да се подобри квалитетот на амбиенталниот возух. Вчера и завчера државната мерна станица покажа над 150 микрограми на метар кубен просечни дневни вредности на штетните ПМ 10 честичк, што беше доволно Министерството да алармира. Аерозагадувањето е најизразено во вечерните часови ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
2.06
44%
1017
weather icon

Белград

11ᴼ / 9ᴼ
10.29
60%
1017
weather icon

Загреб

17ᴼ / 14ᴼ
4.63
39%
1021
weather icon

Софија

9ᴼ / 9ᴼ
9.26
43%
1015
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
12.22
48%
1012
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 12ᴼ
0.45
61%
1021
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
7.2
54%
1018
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
2.06
47%
1020
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
50%
1020
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 9ᴼ
7.72
54%
1008
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 11ᴼ
8.75
38%
1018
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 8ᴼ
7.72
57%
1016
Currency

61.535

Currency

56.0037

Currency

71.5311

Currency

33.591

Currency

39.2335

Currency

66.3

Currency

7.57193

Currency

0.64317

Currency

0.3847

Currency

0.52535

Currency

1.46199

Currency

0.64094

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

14262.50

Рутениум

20190.67

Калај

33.78

Сребро

977.48

Злато

99197.17

Бакар

8.49

Паладиум

28678.47

Платина

28984.48

Родиум

170398.96

Цинк

2.61