Белград
11ᴼ /
11ᴼ
Кандидатот за градоначалник на Конче, Златко Ристов ќе направи сè за жителите на Конче, за подобри услови за живот, рече денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на митинг во Конче. Мицкоски укажа дека е вообичаено да се стави акцент на локалните теми, но оти мора да се споменат непринципиелните коалиции. Треба да се гласа така за да се стави крај на корупцијата и корумпираните политичари. Корумпираните политичари кои не бираат ...
Центарот за развој на Југоисточниот плански регион од Струмица доби почесна плакета од Асоцијацијата на југозападни општини на Бугарија со седиште во Благоевград. Признанието беше доделено за успешната соработка на двете организации кои во изминатите години реализираа голем број прекугранични проекти од кои интерес имаат жителите Југоисточна Македонија и Југозападна Бугарија. Здружението на југозападни општини од Бугарија активно работи на ...
Од денес во канцеларијата на Народниот правобранител почна да функционира бесплатна телефонска линија 0800 54321, на којашто граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на нивните права, како за време на одржување на кампањата, така и на деновите на одржување на првиот и вториот круг од Локалните избори 2025 (19 октомври и 2 ноември 2025 година). По пријавите на граѓаните, како што информираат од Канцеларијата на Народниот правобранител, ...
Во сабота во Струмица на плоштадот „Гоце Делчев“ ќе се одржи петото издание на манифестацијата ,, Агросаемн Струмица“ кој го организира здружението Проагро фармери. Над 100 тина изложувачи – фармери, градинари, пчелари, производители и дистрибутернина репроматријали и земјоделска опрема како од земјава така и од странство ќе бидат присутни на струмичкиот плоштад Целта на саемот е да се зајакнат врските меѓу производителите и потрошувачите но и ...
Министерството за образование и наука ги информира студентите дека рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2025/2026 година трае од 1 до 5 октомври 2025 година. Правото на субвенциониран студентски оброк можат да го користат сите редовни студенти на додипломски студии кои имаат месечен приход помал од минималната нето плата, но и студентите запишани на постдипломски студии и на интегрирани студии на ...
Околу 32 милиони килограми црвена пиперка ајварка се откупени од почетокот на овогодинешната сезона. Од нив околу 11 милиони килограми се извезени на странските пазари. Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство велат дека се задоволни од досегашниот тек на откупот. Според МЗШВ годината може да се оцени како успешна, не само поради добриот квалитет на пиперката и стабилните цени, туку и поради зголемената координација и ...
Тимот на Брера Струмица предводена од Мартин Алаѓозовски стаса и до третата победа во шампионатот. На гостувањето во Скопје кај Работнички струмичкиот прволигаш славеше со 4:3 во меч каде двапати имаа предност од два гола но дозволуваа домаќините да се вратат во игра за реми. Струмичани преку Филип Михаилов го отворија резултатот по што Работнички преку Кадриу израмни. До крајот на првото полувреме Брера преку Нзенгуе и Наумчески зголемија на ...
Струмичка Беласица ја забележа и петата првенствена победа. На гостувањето во Јегуновце, синобелите славеа со 1:0 против Тетекс. Стрелец на единствениот погодок беше младиот Александар Коцев кој во втората минута од мечот го надмудри домашниот голман на тетовачни. Со ова победа Беласица е на делба на првата позиција со штипска Брегалница. И двата тима имаат по 16 бода односно по пет победи и едно реми. Штипјани имаат подобра гол разлика додека ...
Нa 27.09.2025 во 20:00 часот на влез во село Мрзенци, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода Р.П.(32) од Гевгелија. При контрола на патничко возило „опел“ со гевгелиски регистарски ознаки, кое го управувал, кај него е пронајдена марихуана. Во Полициската станица Гевгелија бил повикан и А.М.(19) од Гевгелија, кој бил сопатник во возилото и со него бил извршен службен разговор. Запознаен е јавен ...
На десетина печки, уште од раните утрински часови се приготвуваше ајвар, лутеница, чушкарник на годинашнава Ајверијада во Босилово. Околу 20 тина домаќинки и мажи задолжени за огнот испекоа околу 700 килограми црвени пиперки, кој потоа го сомелеа и ги правеа традиционални деликатеси познати за овој струмички регион. Ајверот со се лутеницата, стасаа околу пладне. Освен пиперки се користеше и модар патлиџан но и домати произведени од струмичкото ...
Фолк пејачот Јордан Митев на својот ФБ профил соопшти дека по втор пат станал татко. Неговата сопруга Славица Митева денеска на свет донесе машко дете кое ќе го викат Кристијан бидејки се роди на големиот христијански празник Крстовден. ,,Почитувани фанови и пријатели, денес на овој убав ден Крстовден, се роди нашиот син Кристијан. Господ нека дарува радост во секој дом“, напиша тој на својот Фејсбук профил. Јордан е во брак со Славица, која ...
Повеќе минути траеше аплаузот и овациите за филмот „Диџеј Ахмет“ на режисерот Ѓорѓи Унковски со кој беше затворен фестивалот на филмска камера во Битола „Браќа Манаки“. Како што е познато филмот е снимен и во радовишко а дел од улогите ги толкуваат млади кои се од овој крај. На сцената во полната фестивалска сала излегоа речиси целата фимкса екипа – режисерот Унковски, кинематограферот Наум Доксевски, актерите Ариф Јакуп, Дора Акан- Златанова, ...
На 12 ти октомври треба да стартува Општинската фудбалска лига на Струмица во која ќе учествуваат вкупно осум екипи од струмичко радовишкиот регион. Станува збор за фудбалски тимови од Ново Село, Куклиш, Дрвош, Радово, Балдовци, Пиперево, Добрејци и Злеово кои веќе интензивно се подготвуваат за стартот. Освен што екипите се спремаат, раководствата на клубовите ги подготвуваат и терените на кои ќе се играат мечевите по принципот секој со секого. ...
Денеска почнува примената на измените и дополнувањата на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (ЗБСП), така што, пешаците кои преминуваат пешачки премин и разговараат на мобилен телефон, користат слушалки за разговор во двете уши, смарт часовник или таблет ќе бидат казнети. Истите законски мерки важат и за возачи на велосипед, мопед, мотоцикл, трицикл, и четирицикл кои, според законот, за време на управувањето не смеат да користат ...
На 25.09.2025 во 12:50 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода А.Х.(31) од Струмица. Тој се сомничи дека во Струмица одзел патничко возило „бмв“ со струмички регистарски ознаки. Возилото било пронајдено, а лицето било задржано во Полициската станица Струмица. При преглед кај него бил пронајден и предмет одземен при кражба од возило, пријавена на 24.09.2025. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно ...
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче при денешните средби со граѓани во Струмица и струмичкиот регион, порача дека кандидатот на СДСМ за градоначалник на општина Струмица, Марјан Даскаловски е вистинскиот избор за оваа општина. „Имаме одличен кандидат, Маријан Даскаловски, докажан човек со своите активности, било кои функции да ги извршува секогаш достапен, секогаш отворен, секогаш подготвен да помогне на ...
„После 19 ти Октомври овде во Струмица ќе имаме нов градоначалник којшто доаѓа од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата. Ќе имаме мнозинство во Советот којшто ќе го сочинуваат советниците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата“ Вака кажа лидерот на ВМРО ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски при посетата на Струмица ,,Имаме прилично амбициозна агенда за денот потоа да сè се направи проект повеќе, да се реализира проект повеќе, сето она што до сега беше ...
Државната изборна комисија (ДИК) денеска со жрепка го утврди редоследот на единствената листа на кандидати за локалните избори 2025. Поделена е во три дела, за парламентарни политички партии и коалиции, од 1 до 9, за партии и коалиции кои не се дел од парламентарниот состав од 10 до 33 и за група избирачки од 34 до 153. Влечењето се одвиваше по азбучен редослед. Листата на првите девет броеви на гласачкото ливче ја пренесуваме во продолжениe: ...
Ристе Николов од Струмица е глувонемо лице кое како бебе на 6-месечна возраст го изгубил слухот и гласот. Денес, како сопруг, татко и претседател на Здружение на глуви и наглуви лица од Струмица, храбро се справува со сите секојдневни предизвици и неподносливи бариери. Најголема поддршка е неговата сопруга Неда — еден од двајцата лиценцирани толкувачи во целиот регион во кој живеат скоро 150.000 жители. „Замислете да влезете во општина, а никој ...
ПроКредит во Струмица не е само една од многуте банки во градот, туку е многу повеќе. Таа е дел од традицијата, заедницата и дел од градот повеќе од 20 години. Истовремено, е и синоним за нова ера во банкарството. Без шалтери, без чекање во редици, без непотребни документи, без класичен начин на размислување. Разговараме со Ангел Трајков, Директор на експозитурата во Струмица, за постоењето на ПроКредит во регионот повеќе од две декади, за тоа ...
Реставрираното Рено 4 од Стојаково од страна на Џоко Шуклев и Ѓорѓи Николов е прогласено за најсмело возило на годинашниов четврти по ред Фестивал на Рено 4 во Тоскана Италија додека тандемот Шуклев-Николов кој во Италија е засилен со Петар и Трајче за најдобар екипаж. Двајцата авантуристи и вљубеници во стари возила со акцент на Рено 4, го свртеа вниманието на присутните во Тоскана Италија и во конкуренција на 200 возила од Шведска, Норвешка, ...
Во среда на 24 септември 2025 година во фоајето на Центарот за култура ,,Антон Панов“ Струмица , со почеток во 19:00 часот ќе биде промовирана новата книга поезија на Ристо Маџунков насловена ,,Звуци и зраци” во издание на списанието за литература „Современост“. На промоцијата за поезијата на Ристо Маџунков ќе зборуваат рецензентот Трајче Бјадов и промоторот Ацо Гогов, а свое пригодно обраќање кон присутните ќе имаат и фолкористот Иван Котев и ...
Вчера во 15:00 часот во село Василево, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Е.А.(42) од Василево. Тој се сомничи дека околу 12:00 часот подметнал пожар на место викано „Џидет“, во атар на село Василево, во кој била зафатена нива со сува вегетација. Од страна на Територијалната противпожарна единица Струмица пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид на местото извршиле увидна екипа на СВР Струмица и ...
Добро познатите авантуристи од Стојаково Општина Богданци Џоко Шуклев и Ѓорѓи Николов кои пред половина деценија станаа хит во Македонија со своите потфати со возилото Рено 4 сега старо 45 година, викендов ја преставија Македонија на Фестивалот на Рено 4 во Тоскана во Италија. Станува збор за интернационален фестивал на кој се преставуваат возилата ,,Рено 4“ од целиот свет со кои има и натпреварувачки каракатер. ,, Околу 170 возила ,,Рено 4“ ...
Млади струмичани со велосипеди ја одбележаа Европскаата недела на мобилност во сообраќајот и упатија порака да се користат еколошки транспортни средства и безбедно одвивање на сообраќајот. Тие со дефиле апелираа на одржива урбана мобилност односно граѓаните да стекнуваат здрави животни навики да придонесат за чиста животна средина но и безбеден сообраќај како и поддршка на алтернативни фори на мобилност. ,,Секоја година во третата седмица од ...
Манифестацијата ,,Самун ем Татлија“ во Радовиш која редовно се одржува во есенските месеци, годинава нема да се одржи, објави Канал 77. Одлуката била донесена од страна на Советот на Општина Радовиш на предлог на градоначалникот Ацо Ристов. Во изјавата за оваа радио, првиот човек на Радовиш смета дека неорганизирањето на ова манифестација е поради трагедијата во Кочани а во Буџетот биле планирани пари за оваа намена „Оваа година средствата ...
На 17.09.2025 во 21:00 часот на брана „Водоча“, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода А.Д.(44) од село Рич, струмичко. При контрола на патничко возило „киа“ со бугарски национални ознаки, управувано од А.Д., констатирано е дека во возилото превезува бесправно исечени огревни дрва без соодветна документација. Истиот ден во 22:20 часот на брана „Водоча“ од слобода е лишен и С.И.(45) од Струмица, кој во товарно возило ...
Струмичка Беласица и Детонит Плачковица од Радовиш се среќаваат во осминафиналето од Фудбалскиот Куп на Македонија. Вака посака ждрепката денес во ФФМ каде беа извлечени паровите за следната фаза од оваа натпреварување. Во игра се десет прволигаши и шест второлигаши. Натпреварите од осминафиналето ќе се играат на 24 и 29 октомври 2025 година. Се игра еден меч, а ако дуелот заврши нерешено, директно се шутираат пенали. МАКЕДОНИЈА Ѓ.П. – СТРУГА ...
На 16.09.2025 на регионален пат помеѓу селата Сарај и Петралинци, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода С.В.(59) од село Дабиле, струмичко. Тој се сомничи дека околу 19:00 часот подметнал пожар на арско ѓубре во нива помеѓу селата Дабиле и Петралинци, сопственост на В.С.. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Струмица пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. С.В. е задржан во Полициската станица ...
Во рамки на програмата „Гевгелија – Град на културата 2025“, на 19 и 20 септември годинава ќе се одржи второто издание на АРТ УМ фестивалот, кој има за цел да ја афирмира современата музичка и визуелна уметност, како и да придонесе кон збогатување на културната понуда на градот и регионот. Програмата е распоредена во два дена. На 19 септември, во Домот на култура во Гевгелија, ќе се реализира едукативен дел со работилници за музичка продукција и ...