До крајот на годианва системот „Безбеден град“ ќе започне да функционира и во Струмица. Вака пред медиумите најавија и градоначалникот на Струмица Петар Јанкво и првиот човек на БЈБ Александар Јанев без да прецизираат кога и официјално ќе отпочне имплементацијата на овој проект. Потенцираа дека до крајот на годинава овој систем ќе биде активен во поголеми македонски градови меѓу кои и во Струмица се со цел подобрување на сообраќајната ...

На 08.04.2026 во 18:50 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека ул „Мирче Ацев“ во Богданци, трактор „фергусон“ со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од Ѓ.С.(64) од Богданци, удрил во бетонски ѕид и се превртел. Од здобиените повреди на местото починал Ѓ.С., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. По насоки на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гевгелија. На ...

На 08.04.2026 во 16:00 часот, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го лишија од слобода З.К.(64) од Радовиш поради сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. Тој е затекнат во близина на местото каде што настанал пожар на планината Плачковица во близина на Радовиш, при што била зафатена шума и една викенд куќа. Поради сомнение дека го предизвикал пожарот тој е лишен од слобода и задржан во полициска ...

Младата Мелани Витанова од струмичко Куклиш прави уникатни дела од глина. Изработува разновидни сувенири и декоративни експонати по нарачка. На Велигденскиот базар во Струмица ја затекнавме со доста интересни креации од глина со христијански декор но и велигденски јајца бојадисани со акрилни бои. Како што кажа, се е од глина која не се пече а паралелно нудеше и уметнички дела. ,, Се е рачна изработка. Со глина работам веќе една година. Прво ...

Општина Струмица го пушти во употреба новиот парк со зелена инфраструктура во населбата Карпош, реализиран во рамките на проектот „Зелен пулс во прекуграничниот регион“, финансиран од Европската Унија преку Интеррег-ИПА Програмата за прекугранична соработка со Република Бугарија, а спроведен од страна на Одделението за меѓународна соработка и европски фондови. Станува збор за современ урбан зелен простор изграден на површина од 12.712 м², на ...

Собранието на Република Македонија со 68 гласа „за“ попладнево го избра Ацо Ристов за нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Ристов доаѓа на позицијата на Марко Бислимовски, кој поднесе оставка во февруари годинава. Ацо Ристов е дипломиран електроинженер со три децениско искуство во секторите енергетика, хидроенергија и инфраструктурни системи. Во неговата богата биографија се наведува дека е експерт за управување со ...

Во организација на Домот на Културата ,,Бранд Петрушев“ а со поддршка на Општина Богданци во Градскиот парк денеска се одржа детката АПРИЛИЈАДА. Голем бој на дечиња организирани од училиштата и градинките ги покажаа своите креации кои носеа силни пораки до сите присутни. Шаренило од бои, интересни маски со ликови од секојдневниот живот, природата, историјата, музиката беа само дел од костимите кои најмладите ги носеа и ги презентираа. Сите ...

Со огромен интерес и рекордна посетеност од над 700 граѓани, денеска во Гевгелија се одржа првиот голем Саем за вработување на „МЕГА Шопинг Парк“. Настанот го означи почетокот на формирањето на тимот за најголемиот шопинг парк на целиот потег од Србија до Солун, инвестиција која се простира на површина од над 20.000 m². Станува збор за дестинација изградена според највисоки европски стандарди, која се очекува целосно да го мапира регионот ...

Воиславци добива регулација на речното корито – повеќедецениски проблем со кој се соочуваа жителите на ова населено место. Со зафаќањето и уредувањето на суводолицата (поројот), кој при интензивни врнежи од дожд претставуваше сериозен ризик, се решава еден од најдолготрајните инфраструктурни предизвици во селото. Градежните активности се во завршна фаза и опфаќаат делница во должина од 156 метри. Во наредната фаза е предвидено започнување со ...

„Сподели дел од својата трпеза“. Под оваа мото Фондацијата Елеуса од Струмица ја реализира кампањата за собирање, подготовка и дистрибуција на прехрамбени пакети за Велигден до социјално загрозени семејства во Југоистокот. Се планира да бидат доделени 220 пакети иако како што велаат од Фондацијата се поголема е бројаката на домакинства кои едвај врзвуаат крај со крај . Речиси цел месец трае кампањата на Фондацијата на која најмногу се одзваа ...

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски соопшти дека Владата донела нов пакет вонредни мерки за ублажување на последиците од глобалната енергетска криза, со кои се намалуваат акцизите на горивата и се продолжува намалениот ДДВ. „Сакам да ја информирам јавноста дека до 20 април продолжуваме со намалената стапка на ДДВ од 18 на 10 проценти, а истовремено донесовме одлука за намалување на акцизите на дизелот за 4 денари, а за безоловните ...

Викторија Цонева од Струмица веќе неколку години се занимава со рачни изработки. Таа прави кретивни дела од епоксдина смола, полимерна глина a паралелно успешна е и во изработка на декоративни миризливи свеќи. Таа е вработена а оваа го работи во своето слободно време. Ја затекнавма на Велигденскиот Базар во Струмица како ги нуди своите експонати во кои има внесено многу љубов, време и имагинација. Вели дека нејзините дела се резултат на ...

Членовите на Ротари клубот од Струмица ја имаа својата годишна Реторијанска забава и Донаторска вечер на која се собираа парични средства кои ќе бидат насочени кон проект кој ќе ги подобри условите во заедницата. Впрочем оваа е втора по ред Донаторска вечер со што членовите упатуваат порака до сите граѓани дека нештата зависат од самите нас и со наш влог може да направиме големи промени во заедницата. ,, Не чекај направи, придонеси“ – ова е ...

Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов по повод празникот Воскресение Христово – Велигден упати порака до верниците. – Како и во претходните години, така и оваа година, за жал, додека се подготвуваме да го прославиме празникот Воскресение Христово, слушаме вести кои ни доаѓаат од еден немирен свет. Светиот отец Лав XIV зборува за овие конфликти како за „рана“ нанесена на целото човечко семејство, која ...

ЈП Македонски шуми на локалитетот кај Цареви Кули над Струмица за дел од шумарите од Југоистокот, организираше вежба како да се справат со појава на шумски пожари. Паралелно беа презентирани и новите заштитни униформи кои вработените од Македонски шуми ќе ги користат при гаснење на пожари. Како што соопшти заменик директорот Кире Михаилов новите одела се набавуваат речиси по една деценија и таа ќе биде користена за безбедно гасење шумски ...

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против Б.П.(68) од Струмица, поради постоење на основано сомневање дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик. На 02.04.2026 во Струмица од страна на полициски службеници од СВР Струмица при преглед на Б.П. и патничко возило со струмички ...

Во пресрет на официјалното отворање на еден од најголемите проекти во регионот, МЕГА Шопинг Парк Гевгелија ги отвора вратите за сите кои се во потрага по нова кариера и професионален развој. Големиот Саем за вработување ќе се одржи во вторник, на 7 април, во спортската сала ДТВ „Партизан“, каде од 09:00 до 17:00 часот, заинтересираните кандидати ќе можат директно да аплицираат за некоја од повеќе од 500-те отворени работни позиции кај ...

За наредната учебна 2026/2027 година намален е бројот на паралелки и ученици што треба да се запишат во прва година во трите средни училишта во Струмица. Лани во двете општински средни училиште „Јане Сандански“ и „Димитар Влахов“ и државното „Никола Карев“ за тековната учебна година можеле да се запишта 1 114 ученици во прва година во вкупно 37 паралелки, додека за следната 2026/2027 учебна година може да се запишат 953 ученици во прва година ...

Денеска (01.04.2026) околу 03:30 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка и СВР Струмица ги лишија од слобода С.М.(31) осуден на казна затвор од пет години и М.М.(38) осуден на казна затвор од четири години, двајцата од Струмица. Лицата беа во бегство од КПУ Затвор Струмица, а претходно осудени поради сторено кривично дело тешки кражби казниво согалсно Кривичниот законик. Лицата се спроведени во Казнено – ...

Во наредните две години Милиеуконтакт Македонија во седум општини во Југоистокот ќе го имплементира проектот „AgriSHIFT – одржливо земјоделство“ кој има за цел да поддршка на земјоделците да се справат со последиците од климатските промени и одржливи практики. Овој прокт кој опфаќа обуки на земјделците, нивна поддршка, делење на грантови за земјоделски иницијативи и помош на жените за отпочнување земјоделски бизнис ќе се импелентира во ...

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Ј.Т.(53) од Струмица поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело „лихварство“. Во периодот од 2023 до 2025 година, пријавената ја искористила тешката финансиска состојба на лица од Струмица, им давала пари на заем, при што за себе договарала и наплатувала несразмерно висока камата, со што стекнала противправна имотна корист. Машко лице во неколку наврати позајмувало пари од неа, но ...

Првиот човек на општина Струмица Петар Јанков во интервју за јавниот сервис соопшти дека Струмица има развиена вело инфраструктура која ќе се надоградува со пари од ЕУ. Тоа се прави во интерес на граѓаните што помасовно да го користат велосипедот не само како рекреативно туку икако превозно средства. Градоначалникот Јанков истакна во Струмица има над 16 километри вело патеки а почнала постапката и за поставување паркинг рампи. Се планира да ...

На 30.03.2026 во 19:10 часот во село Сулдурци, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш ја лишија од слобода А.К.(38) од истото село. Според пријавеното, таа во 17:18 часот отишла во дворното место на нејзината јатрава П.К.(46) во село Сулдурци и физички ја нападнала, удирајќи ја со остар предмет во пределот на главата. П.К. била пренесена во Медицински центар Штип, каде и е констатирана телесна повреда, а А.К. е задржана ...

Мегуопштинската соработка е важна и таа носи бенефити како за општините така и за граѓаните. Посебно е важна за малите рурални општини бидејки тие најчесто немаат ни кадар ни многу пари а со закон имаат надлежности. Вака подвлече првиот човек на Василево Славе Андонов на панел дискусијата на тема „Меѓуопштинската соработка како механизам за премостување на предизвиците при испорака на локалните услуги“. Тој ја престави меѓуопштинската ...

Жители од Дабиље, организирани од месната заедница реализираа еко ација за чистење на централното подрачје на оваа населено мест. Како што обавија, во акцијата се вклучиле граѓани кои сакаат чиста и уредена средина . Освен што го исчистија паркчето од фрлен отпат тие и го уредија просторот. Беа сечени исушените гранки на дрвјата кои го красат центарот на селото а беа средени и одводните канали на овој потег ,,Сакаме јасно да потенцираме: ...

Неопходен е избор на заменик народен правобранител во Струмица кој покрива подрачје од речиси 200 илјади граѓани. Вака смета Славчо Тимов кој до пред два месеци ја извршуваше беше државен советник со овалстување а претодно и заменик народен правобранител а сега пензионер. Според него по неговото заминување жителите од Струмица и Југоистокот нема каде да поднесат претставка за ускратени права од државни институции и органи. Освен во Струмица ...

РКЕ донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на. Од 31.3.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 84,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 85,50 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 95,50 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 92,50 (денари/литар) Мазут М-1 НС 50,410 (денари/килограм) Малопродажната цена на ...

Попладнево на експресен пат Штип – Радовиш, од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Сектор за сообраќајни работи со помош на специјално возило – пресретнувач на Министерството за внатрешни работи измерена е брзина на движење на патничко моторно возило ,,мерцедес” со скопски регистарски ознаки од 178 километри на час надвор од населено место каде што максималната дозволена брзина е ...

Одбојкарките на Наковски Волеј од Струмица не го одбранија КУП трофејот од минатата година. Во големото финале беше совладана од Варадар ЕМ од Скопје сo 3:0 во сетови (25:22, 25:12, 25:22) иако струмичанки важеа за фаворитки Лошиот прием и слабата организација во нападот беа пресудни за избраничките на Хари Наковски и Алекснадар Митев за поразот. Вардар ЕМ беше помотивиран каде доминираа Стојчевска и Гоцевска. Струмичанки сега мислите ги ...

Ученици заедно со наставници од ООУ „Маршал Тито “ од Струмија изработија видеопорака и победија во проектот ,,Направи забава на батерии“ на постапувачот со електронски отпад Нулта Отпад од Скопје. Во конкуренција на десетици училишта од земјава видеото од ООУ„Маршал Тито“ од страна на стручното жири доби најмногу поени бидејки испраќа моќна порака како да се постапува со истрошените и неупотребливи батерии. За таа цел тие добија парична ...

Мвр билтен

10 минути - МИА
weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
2.57
34%
1013
weather icon

Белград

27ᴼ / 25ᴼ
3.6
31%
1011
weather icon

Загреб

20ᴼ / 20ᴼ
1.54
56%
1010
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
2.06
27%
1013
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
1.83
36%
1012
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 14ᴼ
1.54
93%
1010
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
5.66
45%
1015
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
3.09
68%
1017
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
3.6
56%
1017
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 25ᴼ
3.6
37%
1014
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 25ᴼ
7.2
37%
1009
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
3.6
45%
1016
Currency

61.635

Currency

52.685

Currency

71.3764

Currency

37.8674

Currency

38.7062

Currency

67.4505

Currency

7.71675

Currency

0.69812

Currency

0.3343

Currency

0.52622

Currency

1.16515

Currency

0.55412

Цинк

3.35

Паладиум

48883.97

Сребро

2840.84

Кобалт

45.39

Родиум

319899.93

Бакар

12.06

Калај

50.03

Платина

64172.89

Иридиум

253540.09

Рутениум

51376.89

Злато

166450.52

Алуминиум

3.57