Вчера околу 19:00 часот, во село Кучевиште, скопско полициски службеници од СВР Скопје сопреле патничко моторно возило „сузуки“, управувано од М.К.(37) од Скопје во кое се превезувале огревни дрва без соодветна документација за нивното потекло и транспорт, информираат од МВР. Оттаму посочија дека М.К. бил приведен и спроведен во Полициска станица за понатамошна постапка, а известена била и Шумската полиција за преземање понатамошни мерки и ...

Вчера во 00:40 часот во Арачиново, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Р.А.(22) од Арачиново. Како што се наведува во полицискиот билтен, 22-годишникот бил уапсен поради тоа што кај него биле пронајдени и одземени пиштол, две рамки и 26 куршуми. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. Вчера во 00:40 часот во Арачиново, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Р.А.(22) од ...

Познатиот бизнисмен Зоран Азманов, претседател на Надзорниот одбор и директор на градежната компанија „Настел“, утро бил физички нападнат во Основниот граѓански суд во Скопје, пишува порталот „Скопје1“. Според неофицијалните информации на порталот, инцидентот се случил за време на судење, но засега не е познато што му претходело на нападот, ниту дали Азманов се здобил со повреди и од каков карактер. Од Министерството за внатрешни работи за ...

Шеесет и осумгодишен скопјанец е тешко повреден откако бил удрен од товарно возило на улицата „Дижонска“ во Скопје. Според информациите од МВР, несреќата се случила вчера (5 ноември) околу 15 часот, кога 36-годишниот возач на товарно возило „пежо“, со скопски регистарски ознаки, удрил во пешакот. Повредениот бил пренесен во ЈЗУ „Св. Наум Охридски“, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди. Полицијата извршила увид на местото на ...

Вчера во 09:50 часот во Полициската станица Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Љ.С.(36) од Скопје. Како што се наведува во полицискиот билтен, 36-годишникот бил уапсен по претходна пријава од 29-годишна жена дека истиот ѝ се заканувал дека ќе испрати нејзини слики со експлицитна содржина на членови од нејзиното семејство доколку не му даде пари и има сексуален однос со него. По целосно документирање на ...

Владата предлага субвенционираниот студентски оброк да се зголеми од сегашните околу 3.500 на 4.500 денари месечно, а студентите да добијат и дополнителни попусти при купување храна. Предлогот им бил презентиран на претставниците на студентските парламенти на универзитетите, информираше премиерот Христијан Мицкоски. Според најавениот модел, студентскиот оброк би се користел преку посебна услуга „М-студентски оброк“ во апликацијата ...

На судењето за случајот „Државна лотарија“, сведок изјавил дека поранешниот директор на институцијата Перпарим Бајрами му се обраќал на поранешниот вицепремиер Артан Груби како на свој претпоставен, објави „Фокус“. Станува збор за сведочење во постапката во која Груби, Бајрами и уште шест лица се обвинети за злоупотреба на службената положба и овластување. Според обвинението, со дејствијата поврзани со работењето на Државна лотарија на ...

„Додека ЗНАМ е дел од Владата, правосудниот испит ќе се полага согласно закон и Устав, на македонски јазик“, порача претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, на денешниот отчет пред граѓаните во Кочани, каде што заедно со партиското раководство ги презентираше резултатите од двегодишната работа. Под мотото „Две години работа. Две години резултати. Една љубов – Македонија“, Димитриевски нагласи дека за прашањата поврзани со ...

На 8 ноември, Месечината се среќава со Меркур во Шкорпија, поттикнувајќи нè да размислуваме подлабоко и да ги разгледаме ситуациите од поинаква перспектива. Photo by Brett Durfee on Unsplash Разговор што ќе го водите денес може да ви открие информација што претходно сте ја пропуштиле или да ви помогне да разберете зошто некој проблем постојано се повторува. Наместо да се држите до првичниот заклучок, сослушајте ги и аргументите што не се ...

Жителите на Долно Лисиче, во општина Аеродром, се соочуваат со проблем со уличното осветлување поради дефект на системот. Како што информираат од Општина Аеродром преку официјалната Facebook-страница, екипите на ЕВН се веќе на терен и работат на отстранување на дефектот. Според најавите, се очекува уличното осветлување во Долно Лисиче повторно да биде ставено во функција од понеделник. Од Општината посочуваат дека се преземаат активности за ...

Неделата од 2 до 8 ноември носи можности за нови почетоци, обновување на стари контакти и поинаков пристап кон важните животни прашања. Photo by Look Studio on Unsplash Поволните аспекти меѓу Венера и Јупитер отвораат простор за подобри односи, поддршка и неочекувани можности, додека конјункцијата на Сонцето и ретроградниот Меркур во Скорпија поттикнува преиспитување на плановите и започнување активности што ќе се развиваат во наредните ...

Аркин Јахији од Националната алијанса за интеграција (НАИ), предводена од ДУИ, е победник на вториот круг од предвремените локални избори за градоначалник на Општина Брвеница. Според објавените резултати на Државната изборна комисија, по обработката на податоците од сите 24 избирачки места, Јахији освоил 4.442 гласа, односно 50,36 отсто од гласовите. Неговиот противкандидат Стојанчо Радичевски од коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ...

Илијана Јотова победи во вториот круг од претседателските избори во Бугарија, со што ќе стане првата жена избрана за претседател на земјата на непосредни избори. Според 100-процентното паралелно пребројување на агенцијата „Алфа рисрч“, Јотова освоила 57,4 отсто од гласовите, додека нејзиниот противкандидат, поранешниот технички премиер Андреј Ѓуров, добил 39,6 отсто. Ѓуров го призна поразот, а победата на Јотова ѝ ја честиташе и ...

Денеска сме на Водњанска, во дел од Центар каде сè поочигледно се гледаат последиците од урбанистичката негрижа и неконтролираната градежна експанзија. Водно се претвора во бетонска населба, згради никнуваат една до друга, а зеленилото, просторот за деца и условите за нормален живот стануваат сè помалку достапни, вели Стефанија Бојаџиева Марковска, член на ОК Центар на ВМРО–ДПМНЕ. Герасимовски додава таа, треба да одговори дали воопшто се ...

Поддржувачи на ДУИ објавиja фотографии на социјалните мрежи на кои, според нивните тврдења, се гледа како припадници на албанската дијаспора со авиони се враќале од гласањето на предвремените локални избори во Брвеница, одржани вчера. Вечер пренесува дека неколку дена пред изборите, на Фејсбук страницата на здружението „Shoqata për f. Çellopek – Zvicër“ е објавен повик до иселениците да се мобилизираат и да дојдат во родното место за да го ...

Изградбата на Националниот дата-центар би можела да започне во 2027 година, доколку процедурите се одвиваат според планираната динамика. Министерството за дигитална трансформација веќе води разговори со потенцијални меѓународни партнери и кредитори за обезбедување средства за реализација на проектот. Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски најави дека локацијата за изградба е избрана во близина на Скопје, а во соработка со ...

Поранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, ќе биде ослободен од притвор откако Основниот кривичен суд Скопје ја прифатил понудената гаранција во недвижен имот во вредност од 1.140.781 евро. Одлуката ја донел Кривичниот совет при Основниот кривичен суд, постапувајќи по предлог на одбраната за замена на мерката притвор со гаранција. Решението станало правосилно денеска, откако јавниот обвинител и останатите странки се ...

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата останува на непроменетиот став за уставните измени, обвинувајќи ги претходната влада на СДСМ и ДУИ дека со својата политика ја довела Македонија во ситуација да има дополнителен политички услов за напредок кон Европската Унија. Фото: Фејсбук/ Hristijan Mickoski „Поради егзибициите и антидржавната политика на претходната влада на СДСМ и ДУИ, ние сега имаме политички услов, а тоа се уставните ...

35-годишен кумановец ќе одговара кривично поради физички напад врз полициски службеник. Како што се наведува во полицискиот билтен, СВР Куманово поднело кривична пријава против Д.И.(35) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 25.10.2026 во Куманово, пријавениот при обидот да биде лишен од слобода, физички нападнал полициски службеник кој извршувал ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Photo by Mick Haupt on Unsplash По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла, а ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се движи од 1 до 8 степени, додека максималната ќе достигне од 12 до 18 степени. Во Скопје се очекува променливо облачно време со сончеви периоди и слаб до умерен северен ветер. За време на викендот ќе се ...

Жена од Гостивар била измамена од непознато лице кое телефонски ја убедило да уплати 10.000 денари на одредена сметка, тврдејќи дека парите ги бара нејзиниот син, кој наводно се наоѓал во затвор. Според информациите од Секторот за внатрешни работи Тетово, непознатиот маж ѝ се јавил на жената и ѝ рекол: „Син ти бара 10.000 денари, уплати ги на оваа сметка“. Верувајќи дека станува збор за барање од нејзиниот син, гостиварката ги уплатила ...

48-годишен скопјанец се здобил со тешки телесни повреди откако паднал додека управувал електричен тротинет на велосипедска патека на булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје. Photo by Hiboy on Unsplash Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила на 6 ноември околу 17:40 часот, а случајот бил пријавен во СВР Скопје. Повредениот бил пренесен во ЈЗУ „Св. Наум Охридски“, каде што му биле констатирани тешки телесни ...

Малолетен ученик бил физички нападнат од свој соученик во ходник на основно училиште на подрачјето на општина Аеродром. Photo by Nikita Kozlov on Unsplash Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот во полиција го пријавила 42-годишната мајка на детето на 6 ноември во 17:45 часот. Таа пријавила дека нападот се случил еден ден претходно, на 5 ноември, кога нејзиниот малолетен син бил нападнат со тврд предмет од друг ...

Дел од ловечко оружје – затворач, бил пронајден во рачниот багаж на 49-годишен државјанин на Норвешка при контрола на Меѓународниот аеродром во Скопје. Photo by Alexander Andrews on Unsplash Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот се случил на 6 ноември во 14:30 часот, кога при излезна гранична контрола кај патникот бил пронајден и одземен делот од оружјето. Против него е поднесена пријава. Се очекуваат повеќе ...

Против 46-годишен маж од беровско село е поднесена кривична пријава поради сомнение за неизвршување судска одлука, откако не постапил согласно привремените мерки за заштита од семејно насилство изречени во корист на неговата сопруга. Photo by Salah Ait Mokhtar on Unsplash Според информациите од Министерството за внатрешни работи, пријавата ја поднела Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово. Во периодот од 22 септември до ...

Македонскиот народен театар во 2028 година ќе биде домаќин на есенската конференција на Европската театарска конвенција (ETC), на која се очекува да присуствуваат театарски професионалци од повеќе европски земји. Подготовките за настанот беа една од главните теми на средбата меѓу генералниот директор на Македонскиот народен театар, Никола Кимовски, и извршната директорка на ETC, Хајди Вајли, која се одржа во рамките на Меѓународната ...

Жена на 79-годишна возраст се здобила со тешки телесни повреди откако паднала во автобус додека се превезувала како патничка. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 6 ноември во 09:45 часот во СВР Скопје. Несреќата се случила на улицата „11 Октомври“, во автобус управуван од 58-годишен маж. Повредената жена била пренесена во Јавната здравствена установа „Св. Наум Охридски“, каде што ѝ биле ...

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, најави изградба на нова поликлиника во општината. Најавата ја објави на својот Фејсбук-профил, без да соопшти дополнителни детали за почетокот на изградбата, локацијата или роковите за реализација. „Долго се чекаше, но големите работи вреди да се почекаат. Бутел го заслужува ова. И многу повеќе! Историјата допрва ќе се пишува“, напиша Костовски, најавувајќи ја „Нова поликлиника Бутел“. ...

Со доделување на признанијата „Феникс“ за животни постигнувања на истакнати личности од различни области, Општина Центар одбележа 50 години од формирањето на локалната самоуправа. На свеченоста беа наградени личности кои оставиле значаен белег во општествениот, културниот, научниот и јавниот живот, а градоначалникот Горан Герасимовски им се заблагодари на сите кои низ годините придонесувале за развојот на општината. Годинашни добитници на ...

Општина Гази Баба започна со спроведување бесплатен офталмолошки скрининг за учениците во сите општински основни училишта. Со проектот, како што информираат од Општината, Гази Баба е првата општина во Македонија што организира ваков вид превентивни прегледи за сите основци на својата територија. Првите активности се реализираа во ООУ „Крум Тошев“ во Трубарево, кое го посети градоначалникот Бобан Стефковски. Во наредните денови скринингот ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1029
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
0.51
93%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
0.51
64%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
100%
1030
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
3.06
94%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
0.51
87%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
67%
1028
weather icon

Тирана

12ᴼ / 8ᴼ
1.54
72%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
2.57
81%
1026
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
3.13
62%
1032
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / -1ᴼ
0.51
86%
1030
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
3.6
91%
1029
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Родиум

295786.87

Сребро

1670.34

Бакар

12.58

Алуминиум

3.07

Цинк

3.76

Калај

46.54

Злато

130856.75

Паладиум

32279.35

Кобалт

33.53

Рутениум

61086.42

Иридиум

315077.32

Платина

49319.25