Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Неделата од 2 до 8 ноември носи поволни планетарни аспекти кои отвораат простор за нови можности, подобри односи и важни лични сознанија. Photo by Look Studio on Unsplash Секстилот меѓу Венера во Вага и Јупитер во Лав на 4 ноември е еден од најпозитивните аспекти во овој период, особено за љубовта, соработката и професионалните контакти. Истовремено, конјункцијата на Сонцето и ретроградниот Меркур во Скорпија поттикнува нови идеи и ...
По периодот на дружење и обновување на контактите, сега е време за попрактичен пристап. Photo by Prchi Palwe on Unsplash Наместо да започнувате големи проекти, фокусирајте се на работите што можете да ги завршите брзо: средување документи, планирање на трошоците, организирање на домот или расчистување на заостанатите обврски. Сепак, напнатиот аспект меѓу Месечината и Уран во Близнаци може да донесе неочекувани промени во распоредот и ...
Ноември носи нова енергија, неочекувани пресврти и можности за некои хороскопски знаци. Сепак, еден знак особено ќе се издвојува во текот на месецот, со поволни околности на љубовен, професионален и финансиски план. Photo by Vitaly Gariev on Unsplash Станува збор за Шкорпијата, која во ноември би можела да почувствува дека работите конечно се движат во посакуваната насока. На работното место може да се отворат нови врати, да пристигне ...
На 5 ноември, Месечината преминува во Вага и го насочува вниманието кон односите, личната рамнотежа и потребата да се расчистат прашањата што веќе подолго време создаваат незадоволство. Photo by rebekah baines on Unsplash Ако чувствувате дека некој дел од животот ви е надвор од контрола, денот е погоден да ја пронајдете вистинската причина, наместо само да ги отстранувате последиците. Тоа може да значи искрен разговор со партнерот, промена ...
Влегувањето на Месечината во Вага на 5 ноември носи акцент на љубовта, блиските односи и повторното воспоставување хармонија. За два хороскопски знака денот може да донесе особено убави моменти, пријатни изненадувања и чувство дека работите конечно се движат во посакуваната насока. Photo by Priscilla Du Preez on Unsplash Овен Денеска би можеле да се зближите со личност која ќе ја препознае вашата понежна страна. Иако не секогаш ги ...
Ноември носи една поинаква динамика. Не бара од нас постојано да брзаме, да докажуваме нешто или да имаме одговор на секое прашање. Photo by Ruvim Noga on Unsplash Напротив, астролошката атмосфера на овој месец нè повикува малку да забавиме, да погледнеме што се случувало во изминатиот период и да размислиме што сакаме да понесеме со себе во следното поглавје од животот. Првите денови од ноември се под влијание на ретроградните Венера и ...
Викендот носи интензивни разговори, обновување на стари контакти и можност за нови почетоци. Photo by Sunny Ng on Unsplash Во петок, конјункцијата на Меркур и Венера во Шкорпија ги нагласува љубовта, комуникацијата и искреноста. Некои разговори можат да добијат поинаков тек, а личност од минатото повторно да се појави во вашиот живот. Саботата носи изненадувања и силен поттик за промени благодарение на секстилот меѓу Марс во Лав и Уран во ...
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 19 октомври. Светиот пророк Јоил Втор по ред од малите Пророци, Св. Јоил беше син Ватуилов, од коленото Рувимово. Живееше 800 години пред Христа. Му ја пророкуваше бедата на Израилскиот народ и го предвозвести Вавилонското ропство за гревовите што ги направи Израилот пред Господа. Го повикуваше народот на пост и свештениците на покајни плачни молитви за да се смилостиви Бог. ...
На 1 ноември 1995 година, во Скопје почина Васил Иљоски, македонски драмски писател, есеист, критичар и книжевен историчар, чие творештво остави значаен белег во развојот на македонскиот театар. Роден е на 20 декември 1902 година во Крушево, а најголемиот дел од својот живот го посвети на литературата, образованието и театарот. Иљоски е еден од авторите кои ја развивале македонската драмска литература меѓу двете светски војни, во период ...
Универзитетскиот професор и претседател на партијата Македонски концепт, Петар Богојески, предизвика реакции по изјавите за жените, феминизмот и семејното насилство во телевизиска дебата на ТВ Алфа. Еден од најспорните моменти беше разговорот за неверството и реакцијата на сопругот. Богојески постави прашање дали неверството на сопругата може да се смета за насилство врз сопругот, а потоа изјави: „Тоа неговото не е насилство. Неговото е ...
Хрватска денеска, 3 ноември, одбележува Ден на национална жалост по смртта на пејачот Мате Мишо Ковач, кој почина на 85-годишна возраст. Во знак на почит кон еден од најпознатите музичари во земјата и регионот, државните знамиња се спуштени на половина копје. Последното збогување со Ковач ќе се одржи денеска во Сплит, на стадионот „Пољуд“, со почеток во 16 часот. Навивачите на Хајдук и неговите почитувачи ќе имаат можност да му оддадат ...
Дојран ќе добие ново уметничко обележје посветено на рибарството и традицијата што со векови го поврзува локалното население со езерото. Станува збор за скулптурата „Дојрански рибар“, дело на уметникот Никола Пијанманов, која ќе биде поставена на Езерското шеталиште во паркот во Стар Дојран. Официјалното откривање и промоција на скулптурата се закажани за 5 ноември, во 12:30 часот. Настанот го организираат Центарот за современи уметности од ...
Православните христијани утре го празнуваат Светиот апостол Јаков. Се нарекува брат Господов затоа што му беше син на праведниот Јосиф, свршеникот на Пресвета Богородица. Кога праведниот Јосиф беше на умирање, па сакаше да Му остави еден дел и на Господ Исус, синот на Пресветата Дева Марија, сите браќа се спротивставија на ова, не сметајќи Го Исус за свој брат. Јаков многу Го љубеше Исуса и изјави дека тој ќе го подели својот дел со Него. И ...
Со завршна свеченост во хотелот „Инекс Олгица“ во Охрид, на 6 ноември заврши 17. издание на Школата за млади лидери на поранешниот претседател Ѓорге Иванов. фото: Фејсбук Годинашната програма се одржа под мотото „Нов свет. Ново лидерство. Нов прагматизам“ и собра 40 млади учесници од осум држави: Македонија, САД, Азербејџан, Турција, Египет, Јапонија, Непал и Авганистан. Преку предавања, менторска поддршка, работилници и тимски проекти, ...
Една од најзначајните драми во македонската книжевност, „Македонска крвава свадба“ од Војдан Чернодрински, за првпат била поставена на сцената на 7 ноември, 1900 година. Делото, кое ја прикажува тешката положба на македонското население под османлиска власт, остави длабока трага во развојот на македонскиот театар и стана едно од најпрепознатливите остварувања на македонската драмска литература. Драмата е напишана во пет чина, а нејзината ...
На 7 ноември 1829 година е роден Марко Костов Цепенков, еден од најзначајните собирачи на македонското народно творештво. Иако поради сиромаштијата имал можност да помине само една година во основно образование, тој посветил повеќе од четири децении од својот живот на запишување народни приказни, песни, поговорки, верувања и обичаи, оставајќи зад себе едно од најобемните фолклорни наследства во македонската култура. Цепенков е роден во ...
Модната дизајнерка Ивана Кнез сподели драматично сведоштво за пожар кој вечерва избувнал во непосредна близина на нејзиниот дом, при што, како што вели, само брзата реакција на пожарникарите, полицијата, Стојанче Ангелов и соседите спречила огнот да ги зафати куќите. Според нејзината објава на Фејсбук, пожарот за кратко време зафатил повеќе од половина од соседниот плац, а ситуацијата била критична. „Вечерва да не беше Стојанче Ангелов и ...
Директорот на ТОАРИЛУЦ, Игор Мерџаноски, информира дека и во недела медицинските тимови на Клиниката продолжуваат со операции, како дел од активностите за намалување на листата на чекање. Во објава на Фејсбук, Мерџаноски посочува дека денес лично извршил две операции, а во работата биле вклучени анестезиолошкиот тим и тимот на Клиниката за трауматологија. „И во недела – посветено работиме за нашите пациенти. Денес извршив две операции, како ...
Пред неколку дена бев во Ново Лисиче, во паркот „Авионче“. Додека се движев кон кејот, забележав луѓе од општината како го чистат паркот. Photo by Ariungoo Batzorig on Unsplash Го собираа отпадот, ги средуваа површините и очигледно беа дојдени токму за тоа – да го направат просторот повторно пристоен за луѓето што го користат. Во еден момент погледнав под една од клупите и видов пластични шишиња, догорчиња од цигари и уште куп ситен отпад. ...
Како општество, можеме да кажеме дека имаме прилично опуштен однос кон времето. Photo by Kyle Head on Unsplash Договор за кафе во 18 часот ретко значи дека сите ќе бидат на маса точно во 18 часот. Некој ќе задоцни десет минути, друг половина час, а разговорот ќе започне кога конечно ќе се собере друштвото. Во неформалните односи, ваквото однесување често се прифаќа без многу забелешки. Но, постои разлика меѓу доцнењето на кафе и влегувањето ...
Во престижниот салон на Audi во рамките на Porsche Macedonia, пред бројни претставници на медиумите, деловни партнери и љубители на автомобилската индустрија, официјално беше промовиран новиот Audi Q7. Настанот обедини врвен дизајн, напредни технолошки иновации и супериорни перформанси, поставувајќи нови стандарди во премиум SUV сегментот на македонскиот пазар. Промотивниот настан започна со обраќање на генералниот директор на Porsche ...
Дојче Телеком оствари работна средба во Бон, Германија со високи претставници на македонската влада. Ова е прва официјална посета на македонската влада на Дојче Телеком на која Претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски со владината делегација се сретна со Тимотеус Хетгес, Главен извршен директор на Дојче Телеком и Доминик Лерој, Член на Управниот одбор на Дојче Телеком, ГИД за Европа. Целта на средбата е зацврстување на ...
Прилепска Пиварница, преку брендовите Златен Даб и Златен Даб Амбер, и годинава се приклучува на глобалната кампања Movember, посветена на подигнување на свеста за машкото здравје. Во рамките на кампањата, компанијата ќе донира опрема и средства што се потребни за спроведување на прегледите во Одделот за урологија при ЈЗУ Општа болница Струмица и подготви едукативна брошура за важноста на превенцијата и навременото информирање. Светското ...
Рамстор Македонија не успеа да ја оспори одлуката на Комисијата за заштита на конкуренцијата, со која компанијата беше казнета за наплата на дополнителни надоместоци од Пивара Скопје и ВВ Тиквеш преку посебни договори за размена на податоци. Управниот суд ја одби како неоснована тужбата на „Рамсторе Македонија“ ДОО Скопје и одговорното лице Даниела Адeмoска против решението на Комисијата за заштита на конкуренцијата, со кое на компанијата ѝ ...
Иуте Пеј, дел од дигиталната банкарска групација Иуте Естонија со дозвола од Народната банка на РСМ за издавање електронски пари и давање платежни услуги, официјално започна со работа. Првата услуга што им е достапна на клиентите е iute сметка – лична платежна сметка која се отвора целосно дигитално преку апликацијата MyIute, за помалку од една минута. Со овој чекор, Иуте влегува во нова фаза од својот развој на македонскиот финансиски ...
На 5 и 6 ноември, Македонската филхармонија ќе биде домаќин на два распродадени концерта на Дарко Рундек, „Хаустор“ и Екипа. Со поддршка на ЕКОТИП како главен спонзор, овие музички вечери носат порака што го надминува концертното доживување: „За бистрите извори!“ Партнерството претставува природна средба на уметноста и технологијата, обединети околу заеднички вредности – почит кон природата, слобода на изразувањето и свесност за влијанието ...
Винарската визба „Тиквеш“ продолжува да го потврдува квалитетот на своето портфолио со ново значајно меѓународно признание. Лозовата ракија „Kumova Reserve“ освои златен медал на престижниот „Spirits Selection by Concours Mondial de Bruxelles“, натпревар кој секоја година обединува врвни производители и експерти од светот на жестоките пијалаци. Ова престижно признание е доказ за посветеноста на „Тиквеш“ кон создавање автентични жестоки ...
Горан Марковиќ, Главниот извршен директор на Македонски Телеком, оди на повисока лидерска позиција во Дојче Телеком. Во новата улога – Виш потпретседател за комерцијален раст за Европа – тој стапува на 1 јануари 2027 година и ќе биде одговорен за успешниот раст на комерцијалниот бизнис на девет европски пазари, вклучително и Македонија. Горан беше на позицијата Главен извршен директор од јули минатата година. Во периодот на неговото ...
Македонија има потенцијал да стане дел од европските синџири на снабдување со критични суровини, но за тоа е потребно усогласување со политиките и законодавството на Европската Унија. Ова е една од пораките во последниот Извештај на Европската комисија за земјава, во кој се истакнува значењето на домашните минерални ресурси за индустрискиот и производниот сектор во регионот. Според извештајот, железото, никелот, бакарот и цинкот се меѓу ...
Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје објави два конкурса за доделување вкупно 40 стипендии за студенти на Медицинскиот и Фармацевтскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. Ќе бидат доделени по 20 стипендии за студенти од трета и четврта година на двата факултета, во месечен нето-износ од 7.350 денари. Право да се пријават имаат редовни студенти кои имаат просечен успех од најмалку 7,5 и не повторувале година во ...