Скопје
26ᴼ /
26ᴼ
Експлозија се слушнала рано утрово во дел од Скопје, по што избил пожар. Случајот во полиција го пријавил вработен во казино кој и го изгаснал огнот. - На 30.04.2026 во 04:15 часот во СВР Скопје, вработен како обезбедување во казино на ул.„Јадранска магистрала“ пријави дека околу 04:06 часот слушнал експлозија надвор од казиното и кога излегол забележал оган на паркингот до казиното, по што со противпожарен апарат го изгасил огнот, ...
Пензионер бил измамен за сума од 4 000 денари токму на плоштад Македонија. Му пристапиле две лица и му рекле дека бараат пари за лекување на неговата сопруга. - На 29.04.2026 во 11:20 часот во СВР Скопје 73-годишен скопјанец пријави дека околу 10:15 часот на Плоштад Македонија во Скопје, бил измамен од две машки лица, при што бил оштетен за сума од 4.000 денари. Според пријавеното, двете лица му пришле, а едниот од нив му рекол да му даде ...
Во основното училиште „Гоце Делчев“ во Општина Центар денес беа доставени прирачниците за справување со врсничкото насилство, изработени како дел од општествено одговорната кампања на „Макпетрол“ - „Крени глас против врсничко насилство“. Како дел од соработката со Министерството за образование и наука, компанијата почна да ги доставува прирачниците до основните училишта низ земјата, со цел да обезбеди практична поддршка за наставниците, ...
Коалицијата „Влен“ соопшти дека пет политички субјекти ќе се обединат во една политичка сила, најавувајќи нова фаза на консолидација на албанскиот политички блок во земјата. Од „Влен“ порачаа дека, според нив, завршува периодот кога албанската политика била „приватна сопственост на корумпирана клика“ и кога мал број луѓе одлучувале во име на сите Албанци. „ВЛЕН се обединува во една политичка сила. Затоа што само организирана, дисциплинирана ...
Велешката полиција уапси 51-годишен маж кој допирал по тело малолетничка. Инцидентот се случил во близина на градскиот пазар. - На 30.04.2026 во 09:05 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода М.Џ.(51) од Велес, по претходна пријава дека во близина на градскиот пазар во Велес допирал по телото малолетничка. М.Џ. е приведен во полициска станица, информираа од полциијата во дневниот билтен. Известен е јавен обвинител и по ...
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против поранешен претседател на Стоматолошката комора на Македонија и претседателот и четворица членови на Комисијата за стручни стоматолошки прашања поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, а повразано со издавање, обновување, продолжување и одземање лиценци за работа на ...
Полициски службеници од СВР Тетово вчера лишиле од слобода 15-годишник од село Желино, постапувајќи по пријава истиот ден во 16:40 часот од Клиничка болница Тетово дека кај нив биле донесени А.К. (19) и М.А. (18) со повреди од остар предмет. -По преземени мерки, утврдено е дека тие пред средно училиште во Тетово биле нападнати со остар предмет од 15-годишникот, кој исто така се здобил со повреди, вели портпаролот на СВР Тетово, Фатмир ...
Од денес некои банки започнаа исплата на априлските пензии. Во наредните 24 часа ќе бидат исплатени пензии на повеќе од 330 илјади пензионери од страна на Комерцијална, Халк, Тутунска и дел од останатите банки. Со последното линеарно зголемување на пензиите, мартовската просечна пензија изнесува 28.120 денари, објави Фондот за ПИОМ. Во споредба со февруари, таа е зголемена за 1.019 денари (февруарскиот просек беше 27.101 денар). Со цел да се ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) ја информира јавноста дека водејќи се од основните цели на Законот за енергетика за обезбедување на квалитетно снабдување со енергија на потрошувачите и заштита на правата на потрошувачите на енергија ги задолжи ЕСМ Снабдување, ЕСМ Енергетика и Енерџи Еколинк (поранешна Топлана Скопје Север) да продолжат со греење и во следните два дена, на ...
19-годишник смртно настрада во сообраќајка несреќа утрово во Прилеп. - На 30.04.2026 во 06:23 часот во ОВР Прилеп e пријавено дека на ул. „Леце Котевски" во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу автобус со прилепски регистарски ознаки, управуван од Г.К..(62) од Прилеп и мотоцикл „хонда" без регистарски ознаки, управуван од В.Б.(19) од село Големо Коњари, прилепско, информираа од МВР. По несреќата, В.Б. бил пренесен во Градска болница- ...
Општина Илинден успешно ја спроведе првата акција за ларвицидна дезинсекција за 2026 година во рамки на „Програмата за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести“. Согласно елаборатот за превентивна дезинсекција, извршено е третирање на водните површини со цел уништување на ларвите од комарци и намалување на ризикот од појава на вектор-преносливи заболувања. Со акцијата беа опфатени сите водни површини на ...
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека утре со почеток во 11:00 часот во организација на Сојуз на синдикатите на Македонија ќе се одржи протест на 1-ви Мај – Меѓународниот ден на трудот. Протестот предвидено е да започне пред зградата на ССМ на улица „Мирче Ацев“ бр.4 со движење лево по улицата „Филип 2-ри Македонски“, десно по улицата „11-ти Октомври“, право по улицата „Димитрие Чуповски“, десно по улицата „Васил Главинов“, ...
По четири години динамичен раст, Gyro House се позиционира како еден од водечките брендови во сегментот на брза храна во Македонија. Компанијата, која започна како македонски стартап со јасна визија, фокус на квалитет и корисничко искуство, денес прераснува во препознатлив ланец на ресторани со континуирана експанзија и стабилни финансиски резултати. Во изминатиот период, Gyro House бележи значителен раст и развој, поткрепен со позитивни ...
Во време кога дигиталните решенија сè повеќе го обликуваат начинот на кој управуваме со пари, Iute Pay го отвора својот прв студентски иновациски предизвик во Македонија – иницијатива што има за цел да им даде глас на младите во креирањето на иднината на плаќањата. Преку овој предизвик, студентите добиваат можност не само да развијат креативни идеи, туку и да ги претворат во концепти со реален потенцијал за примена. Фокусот е ставен на тоа ...
Македонски Телеком го заврши првиот квартал од 2026 година со раст на бројот на корисници, развој и инвестиции во мрежата, како и со одлични финансиски резултати. Вкупните капитални инвестиции (CAPEX) на крајот на првиот квартал изнесуваат 411 милиони денари. Оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) е зголемена за 2,8 проценти споредено со истиот период минатата година, а нето добивката за 0,6 проценти. Зголемени ...
Цената на нафтата денеска достигна највисоко ниво во последните четири години, откако политичкиот портал „Аксиос“ објави дека американската команда ќе го информира претседателот Доналд Трамп за можни акции против Иран, што ги засили стравувањата од нова ескалација на вооружениот конфликт на Блискиот Исток. Цената на нафтата „Брент“ за испорака во јуни на лондонската берза изутринава порасна за дури 6,84 отсто, на 126,10 долари за барел, а ...
Утрово, теренските екипи од вонградско зеленило на ЈП „Паркови и зеленило“ вршат реконструкција на парковските елементи на Средно Водно. Од јавното претпријатие информираат дека низ парк-шумата се врши замена на оштетените делови, бојадисување за нивна заштита, како и чистење на смет и отпадоци. „Упатуваме апел до сите граѓани да се грижат за парк-шумата Водно, да не го одложуваат сметот било каде во зеленилото на падините и да не ја ...
На социјалната мрежа „Х“ (поранешен Твитер), профилот Kaizen им „асистира“ на македонската полиција во санкционирањето на несовесни возачи. Имено, овој „твитерџија“ сподели две фотографии (скриншот). На едната фотографија, се гледа мотор кој вози со брзина од 271 километар на час, а според натписот на објавата, наводно по автопатот Гостивар-Тетово. На втората фотографија, е споделен Инстаграм профил, за кои авторот на објавата вели дека е ...
Актерката и поранешна функционерка на СДСМ, Софија Куновска, на социјалните мрежи, коментира дека актуелното раководство на СДСМ секојдневно ја „потонува“ партијата. - Секојдневно се прашувам, можно ли е ова раководство уште подолу и подолу да го тоне Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. За жал уште и уште имало… пишува таа на својот Фејсбук профил. Таа и претходно има упатувано забелешки за работата на сегашната опозициска партија. ...
Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски утрово информираше дека продолжуваат активностите за финализација на мостот што ја поврзува улицата „Љубљанска“ со улицата „Скупи“ - значаен инфраструктурен проект за овој дел од градот. Со неговото ставање во функција, Лукровски вели дека се очекува подобра поврзаност меѓу населбите Злокуќани и Бардовци, како и олеснет пристап кон индустриската зона и обиколницата. „Ова решение ќе ...
Познатиот македонски маратонец Игор Јакимовски во објава на Фејсбук реагираше за пораките кои што изминатиов период ги добивал од граѓаните на Илинден и Марино и за неговите апели за побезбедно и претпазливо возење низ улиците, за кои рече дека се уверил пред околу две недели дека се неуспешни. Тој вели дека несовесните граѓани-возачи едвај дочекале први пролетни денови на раздвижување на граѓаните по пешачката патека и најновиот парк во ...
По последните случаи на врсничко насилство во скопската општина Ѓорче Петров, кои ја вознемирија јавноста, просветен работник од Скопје преку објава на социјалните мрежи упати силен апел до родителите и општеството. Во пораката се нагласува дека ваквите настани не смеат да се сведат на краткотрајни реакции и заборавени вести, туку треба да бидат поттик за сериозна саморефлексија. „Вестите за насилството меѓу децата не смеат да станат само ...
Во времето на злочестивиот цар Савориј или Сапор, Симеон беше мачен за Христа заедно со неговите двајца презвитери, Авделај и Ананија. Пред нив пострада и царевиот евнух Устазан, којшто прво се одрече од Христа, а потоа трогнат од прекорот на Свети Симеон повторно пред царот ја исповеда вистинската вера. На губилиштето заедно со Симеон беа изведени уште илјада христијани. Симеон некако се протна за да може да биде убиен последен, зашто ...
Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против 49‑годишно лице осомничено за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, откако при претрес во подрумска просторија во скопската населба Аеродром биле пронајдени марихуана, амфетамин, метадон и предмети поврзани со илегална трговија со дрога. Како што соопштуваат од ЈО, при претрес во подрумска просторија во Аеродром ...
Опозицијата меѓу Месечината во Вага и Меркур во Овен носи ментална напнатост и чувство дека мислите се расфрлани. Photo by Karina Rymarchuk Лесно може да се претера со размислување, анализирање или обид да се најде брзо решение за нешто што бара повеќе време. Ова не е ден за тешки одлуки или интензивна ментална работа без пауза. Потребно е темпото да се намали и да се даде простор мислите да се сместат. Со влегувањето на Месечината во ...
Емотивна и отрезнувачка објава на долгогодишниот просветен работник Наде Молеровиќ предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, отворајќи сериозна дебата за односот родител–училиште и начинот на воспитување на децата. Во својата порака, таа директно им се обраќа на родителите, предупредувајќи дека јавните конфликти со наставниците, особено пред децата, можат да имаат долгорочни последици врз нивниот карактер и однос кон ...
Мај носи промени што не доаѓаат одеднаш, туку постепено се чувствуваат во секојдневието. Photo by Taylor Heery on Unsplash Ова е месец што ве поттикнува да забавите, да размислите што навистина ви треба и да направите мали, но важни чекори напред. Фокусот е на стабилноста, односите и начинот на кој се грижите за себе, со повеќе јасност и помалку притисок. Што го очекува вашиот знак? ОВЕН БИК БЛИЗНАЦИ РАК ЛАВ ДЕВИЦА ВАГА ШКОРПИЈА СТРЕЛЕЦ ...
Нашата позната пејачка Бојана Скендеровски од неодмана стана амбасадор на хуманоста на Домот за деца без родители „11 Октомври“, а сега споделиемотивна објава по посетата на неколку семејства во кои се згрижени дечиња. Вели емоциите ѝ се измешани - и среќа и тага... - Уште си ги средувам впечатоците од денес… Измешани се моите чувства од малку тага и многу среќа….Денес го запознав Алберт, кој со неговата сопруга е згрижувач на две сестрички ...
Управата за хидрометеолошки работи со метео аларм за утре (четврток) Утре под влијание на влажна и постудена воздушна маса ќе биде облачно со врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (од 15 до 20 l/m²). Ќе дува умерен, до засилен ветер од северен правец, кој повремено ќе надминува брзина од 60 km/h. Според прогнозите од петок до крајот на неделава ќе се задржи променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, до засилен ...
Кумановец се здобил со тешки повреди додека работел во каменолом. - На 28.04.2026 во 13:34 часот во СВР Куманово е пријавено дека во каменолом на ул.„Народна револуција“ со тешки телесни повреди се здобил В.П.(57) од Куманово. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување на работни задачи во каменоломот, констатирани во болницата во Куманово, информираа од полицијата во дневниот билтен. Увид извршила екипа од СВР Куманово и ...