На годишниот Концерт на најстариот Ансамбл во Велес со кој што одбележаа 72 години постоење Плакета за пет децении активно учество во негувањето на македонската традиција преку фолклорот му беше доделена на ветеранот Николче Петрушевски. Тој високото признание на матичниот Ансамбл го доби за вредно учество на илјадници проби, настапи кои што „Керамичар“ ги изведе на стотици концерти дома и во странство како и за влогот што го оствари како ...

Ансамбл „Керамичар“ во Велес одбележува 72 години постоење. Тој е најстар Ансамбл во Велес, во кој што 14 генерации со околу 5 илјади играорци и 10-тина состави на оркестри како и пејачи солисти, ги негуваа во изминатите над седум децении македонскиот фолклор, народни ора, песни, обичаи и традиционални носии. На концертот ќе настапат играорците на „Керамичар“ и гостите Фолклорен танцов ансамбл „Веселие“ од градот Симитли, Република Бугарија и ...