Крум Велков, преку објава на социјалните мрежи, остро реагираше на одлуката на Владата за враќање на концесиите за рудникот Иловица-Штука, оценувајќи дека таа е „суштински нелегитимна“ и „коруптивна“. Во објава на Фејсбук тој наведе повеќе причини за ваквиот став, меѓу кои се противењето на локалните самоуправи и граѓаните на Југоисточниот регион, обвинувања за влијание на рударското лоби и критики кон судските институции и Владата. Велков ...
Девет еколошки здруженија побараа Владата трајно да ги поништи концесиите за рудникот „Иловица-Штука“, оценувајќи дека проектот претставува сериозна закана за животната средина, земјоделството и здравјето на граѓаните. Барањето следува по конечната одлука на Вишиот управен суд со која се отвора можност за враќање на концесиите. Организациите предупредуваат дека, доколку Владата не ги поништи концесиите, ќе организираат поширок граѓански и ...

