Скопје
33ᴼ /
33ᴼ
Судски совет на Република Македонија денеска ја избра судијката Даниела Димовска за претседател на Основен кривичен суд Скопје, по спроведена постапка на јавен оглас на кој се пријавија двајца кандидати – Димовска и судијата Ивица Стефановски. Членовите на Судскиот совет кои гласаа за Димовска како клучни причини ги наведоа нејзиниот акциски план, визијата за раководење со судот, менаџерските способности и резултатите постигнати во периодот ...
Советничката група на Левица во Општина Кисела Вода соопшти дека поднела иницијатива за спроведување вонреден инспекциски надзор во градинката „Весели Цветови“ – објект „Мимоза“, по неодамнешните поплави што го зафатија објектот. Од Левица информираат дека од надлежните институции бараат итно да утврдат дали биле исполнети сите законски услови за безбедно користење на градинката и дали со постапувањето на раководството биле целосно ...
Повеќе од 400 антички монети се пронајдени во текот на петгодишните систематски ископувања на археолошкиот локалитет Градиште кај битолското село Црнобуки. Годинашните истражувања донесоа нови клучни наоди кои помагаат во целосното разоткривање на овој моќен и богат антички македонски град. Проектот го води мешовит македонско-американски тим составен од стручњаци на НУ Завод и музеј – Битола и Универзитетот „Кал Поли Хамболд“ од Калифорнија, ...
Меѓународниот олимписки комитет соопшти дека привремено ја укинува суспензијата на Рускиот олимписки комитет, со што се отвора можност руските спортисти повторно да настапуваат на меѓународни натпреварувања, согласно правилата на поединечните меѓународни спортски федерации. Суспензијата беше воведена пред речиси три години, откако Рускиот олимписки комитет ги вклучи спортските организации од четири поранешни украински региони кои Москва ги ...
Откако ДПМНЕ соопшти дека наводно ќе прифати сè околу кое ќе се договорат опозициските партии во однос на Изборниот законик, со единствен услов да се прифати гласањето на дијаспората по пошта, една изборна единица останува во центарот на дебатата за промените на Изборниот законик. За Левица, една изборна единица е програмска определба отсекогаш и единствената суштинска реформа што ќе обезбеди Собрание кое пореално ќе ја отсликува волјата на ...
Иранскиот политиколог Лотфолах Кавех Афрасијаби поднесе тужба во федералниот суд во Бостон против ФИФА, нејзиниот претседател Ѓани Инфантино и други неименувани функционери, барајќи отштета од една милијарда долари поради, како што тврди, неправедната елиминација на Иран од Светско првенство во фудбал 2026. Тужбата се однесува на контроверзната ВАР-одлука со која беше поништен погодокот на Шоџа Калилзадех во судиското продолжение од ...
Руската делегација на 59. седница на Извршниот совет на Меѓувладината океанографска комисија при УНЕСКО, која се одржа на 1 јули во Париз, ја потврди поддршката за активностите насочени кон развој на системите за предупредување и ублажување на последиците од опасните океански појави. Според соопштението на Постојаното претставништво на Русија при УНЕСКО, руската страна оцени дека системот за предупредување од цунами ја покажал својата ...
На 1 јули 2026 година, Комунистичката партија на Кина (КПК) ја прослави својата 105-годишнина. 77 од тие 105 години, таа владее со најнаселената земја во светот. “Комунистичката партија ја направи Кина голема” е популарен слоган во Кина. Овие 105 години беа предизвикувачки и полни со испитувања, и КПК прерасна од марксистичка група од само 53 луѓе во најголемата партија во светот, со над 100 милиони членови денес. Кинеската комунистичка ...
Палестинска фудбалска федерација соопшти дека палестинскиот голман Салим Ал-Ашкар загинал во израелски напад извршен претходно оваа недела. Според Федерацијата, 32-годишниот голман бил убиен во оружен напад од израелските сили. По трагичната вест, со реакција се огласи и Депортиво Палестино, кој изрази длабоко жалење за смртта на Ал-Ашкар и повика на правда и мир. Ал-Ашкар настапуваше за Хадамат Кан Јунис, а во текот на кариерата беше дел и ...
Мислата на кинескиот претседател Си Џинпинг за градење на партијата претставува нов пристап кон управувањето со политичките партии на глобално ниво, се наведува во извештај објавен во четвртокот од два кинески тинк-тенка. Извештајот, насловен „Современи карактеристики и глобално значење на мислата на Си Џинпинг за градење на партијата“, е заеднички изработен од Националниот висок тинк-тенк на Партиската школа на Комунистичка партија на Кина ...
Обвинувањата на ДПМНЕ за Левица се трагикомични. Тие доаѓаат од партијата која зема најголем дел од колачот и на платеното политично рекламирање, со двоцифрени проценти, и партија со најдебела каса, најимотна, не само во регионот, туку и во Европа, реагираат од Левица. Фактите ги демантираат во целост. Левица во работната група пред сѐ бараше промена на изборниот модел во една изборна единица и како најразумно решение, бараше целосно ...
Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, преку објава на социјалните мрежи ги искоментира за јавните настапи на Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски. Апасиев оцени дека во „нормална држава професори стануваат уставни судии, а не обратно“, притоа доведувајќи ја во прашање академската биографија на Костадиновски. Во статусот, лидерот на Левица тврди дека четири објавени научни труда не претставуваат доволна академска референца ...
До Левица пристигнаа сериозни информации и наводи за можно незаконско користење на државна механизација, уништување на шумски фонд и оштетување на културно наследство на подрачјето на Општина Демир Хисар. Според информациите доставени до Левица, во периодот од 27 до 29 јуни 2026 година, на локалитетот „Бели Камен“, во атарот на селото Церово, со употреба на булдожер во сопственост на ЈП „Национални шуми“, Подружница ПШС „Бигла“ Демир Хисар, ...
Локалниот огранок на Левица во Кисела Вода реагираше на повторните поплави во објектите на градинката „Весели Цветови“, објектите „Мимоза“ и „Сончоглед“, каде што кујните се наоѓаат во подрумски простории кои редовно се поплавуваат при пообилни врнежи. Од таму посочуваат дека станува збор за состојба која трае со години и, според нив, укажува на отсуство на системски пристап и превентивно одржување од страна на надлежните институции. ...
Левица соопшти дека поднела 3.500 амандмани на Предлог-изборниот законик, оценувајќи дека власта се обидува да го донесе законот без вистински политички консензус и без јавна расправа за клучните измени. Од партијата тврдат дека предложените законски измени ги игнорираат, како што велат, суштинските прашања кои директно влијаат врз фер и демократскиот изборен процес, а во текстот се вметнати одредби што никогаш не биле предмет на политички ...
Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, преку објава на социјалните мрежи реагира дека на лидерската средба во фокус била темата за воведување на една изборна единица, а не електронското гласање на дијаспората, кое според него подоцна се појавило како клучно прашање и „црвена линија“ на ВМРО-ДПМНЕ во преговорите за новиот Изборен законик. „Чекај малце премиере… На лидерската средба зборевме за една изборна единица, а не за електронско ...
Од кросовер класици до импресивни специјални гости, италијанската оперска ѕвезда Андреа Бочели ја напушти Венеција воодушевен по неверојатниот настап во чест на 30-годишнината од неговиот пионерски албум „Романца“. Во саботата навечер, Плоштадот Сан Марко беше преполн кога италијанската оперска ѕвезда се качи на сцената за да одбележи 30 години од неговиот светски хит албум „Романсија“ од 1997 година. Ако целта беше да им потсети на сите ...
Во сабота, 4-ти јули, во Куќата на Уранија во Охрид ќе се отвори изложба на мозаици на академскиот сликар и мозаичар Ѓорѓи Томовски. На изложбата ќе бидат прикажани 30 мозаици, симболично претставувајќи ги 30-те години активно творештво на авторот во оваа вековна сликарска техника, a на отворањето свој музички перформанс ќе има професорот Драган Даутовски. Томовски е еден од ретките мозаичари на овие простори кој активно работи во оваа ...
Книгите добиваат нови читатели, а љубителите на читањето нова можност да откријат интересни наслови. Култура Бета ги наполни куќичките за размена на книги на повеќе локации низ Скопје, како дел од иницијативата „Ослободи ја домашната библиотека! Ослободи ја младинската култура!“. Во куќичките се достапни светски класици, македонска проза, поетски збирки, лектири, како и книги за деца и млади. Дел од нив се донации собрани во изминатите две ...
Самостојната изложба „Дама со девет камења“ на уметникот Иванчо Талевски ќе биде отворена во петок, 3 јули со почеток од 20:00 часот, во Нова сцена при НУ Центар за култура – Битола, најавувајќи ново мултимедијално уметничко доживување за публиката во градот. Настанот продолжува и на 4 јули во 19:00 часот со предавање на авторот и промоција на книга што ја обработува темата на изгубените цртежи на Марко Цепенков и поширокото патешествие на ...
Силното невреме што попладнево го зафати Скопје предизвика проблеми и на Клиниката за онкологија, каде што бил поплавен долниот кат на објектот во кој се изведуваат третманите со радиотерапија. Директорот на Клиниката, Игор Стојковски, потврди дека веднаш по настанот биле исклучени сите апарати за радиотерапија, со што, како што изјави, била спречена поголема опасност. Тој нагласи дека Клиниката е во постојана комуникација со Агенцијата за ...
Поплавени булевари, подвозници под вода, заглавени автомобили и автобус на ЈСП заробен во поплавата. За само неколку часа дожд, Скопје повторно престана да функционира. Ова е последица на години запоставување на основната градска инфраструктура, а Орце Ѓорѓиевски, наместо да го прекине тој континуитет, продолжува по истиот пат. Атмосферската канализација е недоволна и неодржувана, одводните системи не се чистат навреме, а наместо системски ...
Очекувано, под водство на министерот Дурмиши, индустриското производство за првите пет месеци од годинава падна за дополнителни 0,3 проценти. Но, не станува збор за изолирана ситуација, не е нов инцидент, туку продолжување на ланскиот катастрофален тренд и сериозен пад. Трендот на тонење продолжува со уште позабрзано темпо! Ако го споредиме само овој мај со минатиот мај, падот е огромни два проценти! Тоа значи дека сегашните резултати се ...
Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, на денешната прес-конференција во Собранието информираше дека пропаднале последните преговори за измените на Изборниот законик, поради што Левица ќе продолжи со филибастерингот и ќе поднесе околу 3.500 амандмани. Апасиев соопшти дека, иако бил постигнат напредок околу најголемиот дел од спорните прашања, договор не бил постигнат поради инсистирањето за воведување електронско гласање на дијаспората. ...
Предлог-изборниот законик што ДПМНЕ се обидува да го протурка претставува опасен обид за ограничување на демократскиот простор и зачувување на изборното статус-кво кое со години им одговара на големите партии, реагираат од Левица. Една од скандалозните новини е и членот 76-ѓ, со кој се предвидуваат глоби до 8.000 евра за содржини објавени на социјалните мрежи за време на изборната кампања, којшто впрочем и воопшто не беше дискутиран во ...
Пратеничката од Јована Мојсоска преку објава на социјалните мрежи упати критики кон власта поради смената на досегашниот министер за земјоделие Цветан Трипуновски во рамки на владината реконструкција, кој пред само три недели беше претставуван како најдобриот министер за земјоделие за време на неговата Интерпелација. Мојсоска потсети дека пред само три недели пратениците од владејачкото мнозинство го бранеле работењето на Трипуновски за ...
Политичката партија Левица изразува сериозна загриженост поради жалбите на пациенти со трансплантиран бубрег и пациенти на дијализа дека во здравствениот систем постои недостиг од еритропоетинска терапија (EPO), вклучително и препаратите „Recormon“ и други еквивалентни лекови, кои претставуваат незаменлив дел од третманот за контрола на анемијата кај пациентите со хронични бубрежни заболувања. Лекот веќе извесен период не е достапен во ...
Борче Серафимовски, кој во 2022 година беше назначен за раководител на огранокот на бугарскиот Великотрновски универзитет „Св. Св. Кирил и Методиј“ во Свети Николе, ќе биде нов министер за земјоделство во Владата. Серафимовски е кадар на Движењето ЗНАМ и претседател на партиската организација во Свети Николе. Неговото име стана познато во јавноста во 2022 година, кога беше поставен за раководител на бугарскиот приватен универзитет, чие ...
Вознемирувачко видео кое се шири на социјалните мрежи прикажува врсничко насилство врз малолетно девојче во скопската населба Аеродром. На снимката се гледа како девојчето, клекнато на колена, моли за милост, додека неколку други девојчиња го навредуваат, му удираат шлаканици и го влечат за коса. Во меѓувреме, присутните не интервенираат, туку го снимаат инцидентот со мобилни телефони и ги бодрат напаѓачите. Случајот предизвика бројни ...
Пелагониските земјоделци денеска протестираа пред Подрачното одделение на Министерството за земјоделство во Битола, изразувајќи незадоволство од, како што велат, ниската откупна цена на млекото, неисплатените субвенции и неизвесноста околу откупната цена на пченицата. Земјоделците посочија дека државата по различни основи им должи околу 70 милиони евра и побараа итна исплата на заостанатата финансиска поддршка, оценувајќи дека доцнењето ...