Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Македонските патници повторно ќе имаат директна авионска врска меѓу Скопје и Дубаи, откако авиокомпанијата „Флајдубаи“ најави дека од 1 април 2027 година повторно ќе ја воспостави оваа линија. Според најавениот распоред, летовите ќе се реализираат трипати неделно – секој понеделник, четврток и сабота. Авионот од Скопје ќе полетува во 14:30 часот и ќе пристигнува во Дубаи во 21:45 часот по локално време. Повратните летови од Дубаи ќе бидат во ...
Берово наскоро ќе добие нов станбено-деловен комплекс, зад чија најава стои познатата македонска модна дизајнерка и претприемачка Елена Лука. Планираниот проект предвидува изградба на три станбени згради со околу 122 станови и вкупно 1.300 квадратни метри деловен простор. Комплексот е предвиден на улицата „Жан Кофол“ во Берово. Инвестицијата, кој ќе се реализира според најавените планови, би можел да донесе нови можности за домување, но и ...
Исплатата на средствата за граѓаните кои имаат платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, а не располагаат со платежни картички, започна утрово и се одвива непречено, соопшти Народната банка. Гувернерот Трајко Славески, на средба со претседателката на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија, Станка Трајкова, и директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, Никола Мемов, истакна дека приоритет при исплатата имаат ...
Граѓаните од 1 декември годинава ќе имаат построги услови за земање кредити, откако Народната банка воведува нови ограничувања за кредитната задолженост и роковите за отплата. Поповолни правила ќе продолжат да важат за оние кои првпат купуваат сопствено живеалиште. Со новите мерки, максималниот однос меѓу вкупните месечни кредитни обврски и приходите на кредитокорисниците ќе биде намален за пет процентни поени. Кај денарските кредити ...
Народната банка најави дополнителни мерки за олеснување на услугите за клиентите на Алта банка АД Битола, која од неделата се наоѓа под привремена администрација на централната банка. Гувернерот Трајко Славески соопшти дека филијалата на Алта банка во Битола денеска ги услужила сите приматели на социјална помош и пензионерите кои претходно не ги подигнале своите средства. За утре, 7 ноември, Народната банка ќе организира автобуски превоз за ...
Политичкото позиционирање против сите не е стратегија што носи успех, туку пристап кој со време создава разочарување, порача првиот вицепремиер Изет Меџити по изборните случувања во општина Брвеница. Неговата реакција следува по изјавата на премиерот Христијан Мицкоски, кој изборниот настап во Брвеница го опиша како „сами против сите“. Иако не го спомена директно Мицкоски, Меџити оцени дека конфронтацијата со сите политички чинители не може ...
Коалицијата ВЛЕН остро реагираше по одлуките за ослободување од притвор на Артан Груби и Перпарим Бајрами, оценувајќи дека станува збор за „невиден скандал“ и сериозен удар врз довербата во правосудниот систем. Од ВЛЕН наведуваат дека јавноста со право бара одговори, особено по информацијата дека Перпарим Бајрами бил ослободен од притвор со гаранција во вредност од над еден милион евра, додека, како што посочуваат, Артан Груби претходно бил ...
Во Собранието денеска продолжува работата на повеќе комисии, кои ќе разгледуваат предлог-закони од областа на медиумите, социјалната политика, пензиското осигурување, земјоделството и други области. На дневен ред на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање се измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во второ читање. За предложеното законско решение е поднесен еден амандман ...
ВМРО-ДПМНЕ реагираше на изјавите на Андреј Жерновски, обвинувајќи го СДСМ дека нема политичка понуда и дека се наоѓа во „интелектуален и политички ќорсокак“. Во реакцијата на партијата се наведува дека СДСМ, под раководство на Венко Филипче и со поддршка од поранешниот лидер Зоран Заев, претставува пример за кадровска неподготвеност, како и за ширење, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, „лаги и шпекулации“. Од владејачката партија го критикуваат и ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, објави записник од седница на Владата од 23 септември 2025 година, за кој тврди дека содржи заклучоци поврзани со понудата за преземање акции од „Алта банка“ АД Белград. Според него, заклучоците биле донесени на предлог на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Филипче побара нејзина оставка, како и отворање истрага од Јавното обвинителство и вклучување на Европското јавно обвинителство за ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска ќе престојува во работна посета на општина Валандово. Како што соопшти владината прес-служба, премиерот ќе присуствува на свеченото пуштање во употреба на третата фаза од системот за наводнување „Страиште“ во населеното место Пирава. Со реализацијата на оваа фаза се очекува дополнително да се подобрат условите за наводнување на земјоделските површини во регионот, што ќе придонесе за ...
Во Владата денеска ќе се одржи панел-дискусија посветена на Извештајот на Европската комисија за 2026 година и реформските процеси на земјата. На настанот, кој е насловен „Извештајот на Европската комисија за 2026 – напредок и реформи“, ќе учествуваат министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерката за образование и наука Весна Јаневска и заменик-амбасадорот на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, Бен ...
ВМРО-ДПМНЕ побара поранешниот претседател Стево Пендаровски јавно да се произнесе за неговата поврзаност со објект во скопската населба Влае, за кој, како што наведуваат од партијата, самиот кажал дека е во сопственост на неговиот близок соработник Еролд Муслиу. Од владејачката партија поставија прашања поврзани со потеклото на средствата вложени во изградбата, имотната состојба на Муслиу и евентуален судир на интереси. ВМРО-ДПМНЕ прашува ...
Иницијативата „Разговори за иднината во 12:05“ повика на усвојување заедничка државна стратегија за забрзување на процесот на европска интеграција, оценувајќи дека членството во Европската Унија не смее да биде предмет на партиски пресметки и политички калкулации. Реагирајќи на последниот Извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија, од иницијативата посочуваат дека европската перспектива претставува долгорочен државен интерес, ...
СДСМ обвини дека лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, со своите настапи му создава алиби на премиерот Христијан Мицкоски за распишување предвремени парламентарни избори. Од партијата тврдат дека актуелната тема околу правосудниот испит намерно се наметнува во јавноста за да се создаде впечаток за судир и тензии во владејачката коалиција, а со тоа да се отвори простор за предвремени избори. Според СДСМ, зад ваквиот развој на настаните стои ...
Женска пресметка се случила во автобус на ЈСП Скопје на подрачјето на Бит Пазар, при што 44-годишна скопјанка била физички нападната од друго женско лице. Според информациите од полицискиот билтен, случајот бил пријавен во СВР Скопје од страна на Ј.П. (44), која навела дека инцидентот се случил на 25 август, околу 17:10 часот, додека се возела во автобус на ЈСП. Засега не се соопштуваат повеќе детали за причините што довеле до физичката ...
Во текот на изминатото деноноќие, заклучно со 7:30 часот утринава, на територијата на државата се регистрирани вкупно 31 пожар на отворен простор, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според последните информации, четири пожари и натаму се активни, додека три се ставени под контрола и надлежните служби работат на нивно целосно локализирање. Активни се пожарите во општините Студеничани и Зелениково – с. Моране – с. Вртекица – с. ...
Епидемијата на ебола во Уганда е завршена, потврди Светската здравствена организација, но во соседната Демократска Република Конго ситуацијата сè уште не е ставена под контрола. Владата на Уганда на 28 јули прогласи дека земјата е ослободена од болеста, откако беа регистрирани 20 случаи и два смртни случаи. СЗО продолжи да ја следи состојбата до оваа недела за да се потврди дека синџирот на пренесување на вирусот е целосно прекинат. Во ...
Голема колона возила е забележана утрово на граничниот премин Богородица, на излез од Македонија кон Грција, каде што уште во раните утрински часови е зголемена фреквенцијата на патници. Според снимка направена околу 6:45 часот, десетици автомобили се наредени во повеќе колони и чекаат за преминување на границата, при што се создадени подолги задржувања. Очекувано, интензитетот на сообраќајот е значително зголемен поради продолжениот викенд, ...
Во Собранието ќе се одржат седници на повеќе собраниски комисии, на кои ќе се разгледуваат прашања од различни области. Седница ќе одржи Комисијата за одбрана и безбедност, а ќе заседава и Законодавно-правната комисија. На дневен ред е и седница на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, како и на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците. Комисијата за прашања на изборите и именувањата има закажано и дополнителна ...
Поради планирани технички интервенции, денеска делови од Скопје ќе останат без електрична енергија и вода. Без струја од 5 до 7 часот ќе бидат корисниците од улиците „Беаз Куле“, „Гостиварска“ и околината во општина Ѓорче Петров. Прекин на електричната енергија е најавен и од 9 до 12 часот за подрачјето на ТС „Подстаница село Драчево“, улица „Сердарот“. Истовремено, поради изведување водоводен приклучок на улицата „Воин Драшкоци“, без вода ќе ...
Најмалку 162 лица загинаа, во катастрофалните поплави што го погодија Непал. Полицијата соопшти дека нивните тела се пронајдени, а се уште стотици луѓе и натаму се водат како исчезнати. Според непалските туристички власти, исчезнати се 579 туристи, од кои повеќе од 400 се странски државјани. Меѓу исчезнатите има најмногу државјани на Индија, а се трага и по десетици туристи од Украина, Австралија, Велика Британија, САД, Канада, Малезија, ...
Директорот на ЦИА, Џон Ретклиф, за време на посетата на Москва ја предупредил Русија да не презема напади врз земјите членки на НАТО, објавуваат „Волстрит журнал“ и „Политико“, повикувајќи се на неименувани извори. Според „Политико“, Ретклиф посебно предупредил на можноста од ескалација на војната во Украина која би можела да ги вклучи источните сојузници на НАТО во балтичкиот регион. Американскиот разузнавачки шеф, наводно, побарал од Кремљ ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност и услови за краткотрајна нестабилност во попладневните часови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, а максималните температури ќе се движат од 31 до 39 степени. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и температура до 39 степени. За време на викендот претпладне ќе преовладува сончево и топло време, но попладне на ...
Колумбиската влада разгледува необичен план еден брод на морнарицата да биде претворен во строго чуван затвор за водачите на најопасните криминални организации. Проектот предвидува криминалните босови да бидат целосно изолирани за да не можат од затвор да организираат изнуди, закани и други криминални активности. На проектот, наречен „Стратегија за специјален поморски затвор со висока безбедност“, работат министерствата за одбрана и правда и ...
Поради планирани технички интервенции, утре, 27 август, делови од Скопје ќе останат без електрична енергија и вода. Без струја од 5 до 7 часот ќе бидат корисниците од улиците „Беаз Куле“, „Гостиварска“ и околината во општина Ѓорче Петров. Прекин на електричната енергија е најавен и од 9 до 12 часот за подрачјето на ТС „Подстаница село Драчево“, улица „Сердарот“. Истовремено, поради изведување водоводен приклучок на улицата „Воин Драшкоци“, ...
Најмалку 103 лица загинаа, а 384 се водат како исчезнати по катастрофалните ненадејни поплави во пограничниот регион меѓу Непал и Тибет. Меѓу исчезнатите се дури 291 странски државјанин, соопшти туристичкиот одбор на Непал. Според досегашните информации, меѓу нив има 105 државјани на Индија и 12 Британци, додека националноста на уште 111 лица сè уште не е потврдена. Поплавите предизвикале огромни штети, а цели села и патишта се затрупани со ...
Во текот на денешниот ден се регистрирани повеќе од 20 пожари на отворен простор низ државата, информира директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов. Најсериозна останува состојбата со големиот пожар на Китка, каде сè уште се активни неколку краци, а во гаснењето се вклучени и „ер тракторите“. Ангелов изрази оптимизам дека во текот на денешниот или утрешниот ден пожарот ќе биде ставен под делумна контрола, иако е проширен на голема територија. Тој ...
Во земјава досега се евидентирани вкупно 53 пациенти кои прележале, имаат или се сомнителни за западнонилска треска, информираше министерот за здравство Сашо Клековски. Од нив, 50 случаи се потврдени, додека тројца пациенти се сомнителни и се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести. Кај вкупно 52 пациенти е регистрирана невроинвазивна форма на заболувањето, а досега се евидентирани пет смртни случаи. Во моментов на Инфективната ...
Македонија ја очекува нов период на многу топло и претежно сончево време, а највисоки температури се прогнозираат за петок и сабота. Во двата дена дневната температура ќе достигнува до 39 степени, додека утринската ќе се движи околу 18 степени, со минимална веројатност за врнежи. Во недела ќе остане претежно сончево и многу топло, но температурата ќе се намали за неколку степени и ќе достигне до 36 степени. Почетокот на следната недела ...