Општина Карпош вечерва продолжува со одбележувањето на 50-годишниот јубилеј од своето основање со музичка забава на која ќе настапат Кирил Џајковски и DJ collective – Sempre. Настанот ќе започне во 21 часот и ќе се одржи на отворено, пред платото на Спортскиот центар „Борис Трајковски“. Посетителите ќе имаат можност да уживаат во препознатливиот електронски звук, ритам и енергија на еден од најпознатите македонски музички автори. Од Општина ...

Поради верскиот празник Задушница, утре во Скопје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим со цел да се овозможи непречено одвивање на сообраќајот при очекуваната зголемена фреквенција на возила и посетители околу градските гробишта. Најголеми измени ќе има во близина на гробиштата Бутел, каде од 6 часот наутро ќе биде воспоставен еднонасочен кружен режим на движење. Возилата ќе се движат по улицата „Бутелска“, потоа ќе продолжуваат лево по ...

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска оствари средба со претставници на ГРЕКО (Група на држави против корупцијата), на која се разговарало за спречување на корупцијата и зајакнување на интегритетот и отчетноста на локално ниво. Ѓорѓиевски посочил дека довербата на граѓаните се гради преку одговорно работење и транспарентни постапки, a на средбата било разговарано и за поголема одговорност на службите и градоначалниците, како ...

Камениот мост, едно од најпрепознатливите обележја на Скопје, доби ново декоративно и архитектонско осветлување, кое вечерва свечено беше пуштено во употреба. На свеченоста присуствуваа градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, градоначалникот на турската општина Есенлер, Мехмет Тевфик Гоксу, амбасадорот на Турција во Македонија, Алпер Акташ, извршниот директор на „Халк банка“, Фатих Шахбаз, како и почесниот конзул Ајдован Адемоски. Со ...

Поради одбележувањето на верскиот празник Задушница, денеска во Скопје е воведен посебен режим на сообраќај на улиците што водат кон градските гробишта, информира Министерството за внатрешни работи. Кај градските гробишта Бутел сообраќајот се одвива по еднонасочен кружен режим. Возилата се движат по улицата „Бутелска“, потоа лево по „Александар Урдаревски“, повторно лево по „Боца Иванова“ и десно до влезот на гробиштата. За излез од ...

Претседателот на Парагвај, Сантијаго Пења, денеска објави дека поднесува оставка од функцијата, откако банкарската криза во земјата прерасна во сериозна политичка криза, а во парламентот се водеа расправи за негово можно отповикување. Во видео-обраќање објавено на социјалната мрежа Икс, Пења, кој беше избран за претседател во 2023 година, соопшти дека одлуката ја донел во интерес на државата. „Одлучив да се повлечам од функцијата претседател ...

Полските разузнавачки служби привеле шест лица под сомнение дека набавувале компоненти за производство на оружје и муниција, кои потоа биле испраќани во Русија, соопштија локалните власти. Меѓу приведените се 37-годишна руска државјанка и петмина полски државјани на возраст од 25 до 52 години, информираше министерот задолжен за координација на разузнавачките служби, Томаш Сјемонијак. Според полските медиуми, акцијата ја спровела Агенцијата за ...

Осум лица загинаа, а едно лице е тешко повредено во вооружен напад што се случил во три села во западниот дел на централна Турција. Напаѓачот сè уште не е пронајден, а турската полиција трага по осомничен кој, според сведоштва, избегал од местото на настанот со црвен автомобил. Од канцеларијата на гувернерот на областа Афјонкарахисар информирале дека нападот се случил во раните вечерни часови во рурално подрачје во близина на истоимениот ...

Италијанската влада предлага нова даночна мерка со која би се оданочувале богатите инвеститори што го менуваат даночното живеалиште и ја напуштаат земјата. Според предлогот за буџетот за 2027 година, лицата кои ќе ја напуштат италијанската даночна јурисдикција би можеле да платат данок од 26 проценти на добивката остварена од зголемувањето на вредноста на нивниот имот, дури и ако средствата сè уште не се продадени. Мерката, позната како ...

Соединетите Американски Држави воведоа нов пакет санкции против поединци и компании поврзани со Куба, насочени кон клучни сектори од економијата и структури кои, според Вашингтон, се поврзани со кубанските вооружени сили. Американскиот државен секретар Марко Рубио соопшти дека мерките опфаќаат транспортна мрежа за сурова нафта, државни претпријатија, како и добавувачи со седиште во Кина кои, според САД, ги снабдуваат кубанските воени ...

Италијанската премиерка Џорџа Мелони побара Европската Унија да воспостави единствен и координиран пристап во преговорите за завршување на војната во Украина, оценувајќи дека сегашниот начин на настап ја намалува веродостојноста на европската дипломатија. Во писмо испратено до претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, Мелони предупредува дека одржувањето состаноци во различни формати, без јасно утврдено претставување на Унијата, ...

Републичката изборна комисија (РИК) едногласно ги потврди конечните резултати од изборите за пратеници во Собранието на Србија, според кои најголема поддршка добила листата „Студентска листа – Студентите победуваат“. Според усвоените податоци, студентската листа освоила 2.354.417 гласови, што ѝ обезбедува 140 пратенички мандати во новиот состав на Народното собрание. Листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“ освоила 1.731.323 гласови и ќе ...

Турски суд одреди притвор за поранешната министерка за семејство и социјална политика и висока функционерка на владејачката АК партија, Фатма Бетуел Сајан Каја, во рамки на истрага поврзана со финансиската криза што ги погоди инвестициските фондови во земјата. Одлуката ја донел суд во Истанбул, а Каја е осомничена за прекршување на Законот за пазар на капитал и за членство во организација формирана со цел извршување кривични дела, пренесува ...

Новоизбраниот потпретседател на САД, Џ. Д. Венс, во изминатите две недели бил активно вклучен во индиректни дипломатски контакти со Иран, насочени кон постигнување ново примирје и продолжување на нуклеарните преговори, објави „Аксиос“, повикувајќи се на извори запознаени со разговорите. Според информациите, Венс речиси секојдневно комуницирал со катарскиот премиер шеикот Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани, началникот на Генералштабот на ...

Серија дојави за поставени експлозивни направи во Европа предизвикаа нарушувања во воздушниот сообраќај, евакуации и дополнителни безбедносни проверки во текот на неделата. Иако досега сите пријавени закани се покажале како лажни, инцидентите доведоа до пренасочување на летови, доцнења и ангажирање на безбедносни сили. Според „Си-ен-ен“, само во четвртокот, 5 ноември, најмалку 14 летови биле погодени од закани за бомби. Меѓу нив бил и лет на ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Брисел оствари средба со амбасадорите на земјите членки на групата „Пријатели на Западен Балкан“, на која се разговарало за регионалната соработка и европската перспектива на државите од регионот. На состанокот со амбасадорите на Хрватска, Грција, Унгарија, Италија, Словачка и Чешка, претседателката се заблагодарила за континуираната поддршка што овие земји ѝ ја даваат на Македонија на патот кон ...

Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) ги отфрли тврдењата на претседателот на Здружението на приватни гинеколози и акушери, д-р Георги Костадинов, оценувајќи дека во јавноста се создава погрешна слика за комуникацијата и подготвеноста на институцијата за дијалог. Од ФЗО информираат дека на 28 октомври 2026 година била одржана работна средба меѓу д-р Костадинов, претставници на приватните гинеколози, генералниот директор на Фондот и ...

Триесет и едногодишна жена од Куманово е пријавена за исчезната, информира Министерството за внатрешни работи. Според информациите од полицијата, случајот бил пријавен во СВР Куманово од страна на нејзиниот татко, кој навел дека неговата ќерка се оддалечила од семејниот дом. „На 04.11.2026 во 20:00 часот во СВР Куманово, М. М. (54) од Куманово пријавил дека од домот се оддалечила неговата ќерка М. Џ. (31). Се преземаат мерки за пронаоѓање на ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со вршителот на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави, Никол Варнс, на која во фокусот биле билатералните односи и можностите за дополнително продлабочување на соработката меѓу двете земји. Како што информира Муцунски преку објава на социјалните мрежи, соговорниците ја разгледале динамиката на спроведување на активностите предвидени ...

Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринските температури ќе се движат од 2 до 8 степени, додека дневните ќе достигнат меѓу 12 и 18 степени. Во Скопје се очекува променливо облачно време со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе изнесува околу 6 степени, а максималната ќе ...

Европските институции и земјите членки на Европската Унија го поддржуваат дијалогот што во моментот се води во врска со отворените прашања меѓу Скопје и Софија – истакна денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски и додаде дека македонските позиции се јасни и принципиелни. Тој на прес конференција со швајцарскиот министер за надворешни работи и претседавач со ОБСЕ, Ињацио Касис, повтори дека позициите на ...

Два патнички авиони утрово беа опфатени со безбедносни мерки поради закани за поставени експлозивни направи. Станува збор за лет на „Рајанер“ од Рим до Лисабон и авион на „Визер“ кој летал од Прага кон Рим. Авионот на „Рајанер“ безбедно слетал на аеродромот „Умберто Делгадо“ во Лисабон, откако анонимен телефонски повик за можна бомба бил упатен до контролната кула на аеродромот „Фјумичино“ во Рим. Португалската полиција добила дополнително ...

Независниот синдикат на професионални војници и Координативното тело на пензионирани припадници на Армијата денеска со почеток во 11 часот ќе одржат протест пред Владата. Според организаторите, протестот е резултат на, како што наведуваат, долгогодишното незадоволство поради игнорирањето и нерешавањето на проблемите со кои се соочуваат припадниците на Армијата од страна на Министерството за одбрана. Меѓу нивните главни барања е законско и ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи од минус 1 до 7 степени, додека максималната дневна температура ќе достигне од 8 до 18 степени. Во Скопје се очекува променливо облачно време со сончеви периоди и слаб до умерен ...

Европската комисија констатира „добар напредок“ во областа на дигиталната трансформација и медиумите во Северна Македонија, при што во Извештајот за напредокот за 2026 година е зголемено и нивото на подготвеност на земјата во оваа област. Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски информира дека оценката во Поглавјето 10 претставува значително подобрување во споредба со претходните години. Според него, во периодот од 2021 до ...

Одземањето на дозволата за работа на „Алта банка“ во Србија не значи автоматско одземање на дозволата за работа на „Алта банка“ АД Битола, соопшти Народната банка на Македонија. Оттаму појаснуваат дека одлуката на Народната банка на Србија се однесува исклучиво на работењето на банката во Србија и нема автоматско правно дејство врз македонската банка. „Во врска со одлуката на Народната банка на Србија за одземање на дозволата за работа на ...

Народната банка на Република Македонија воведе привремена администрација во Алта банка АД Битола, поради случувањата поврзани со нејзиниот акционер Алта банка АД Белград, соопшти гувернерот Трајко Славески. Одлуката стапува во сила од 1 ноември 2026 година, а за клиентите физички лица е определен неделен лимит од 10.000 денари за одлив од нивните сметки преку банкарски картички. Мерката е донесена откако во јавноста беа објавени информациите ...

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека разговорите со раководството на Германскиот Телеком во Германија биле насочени кон можностите за нов инвестициски циклус во Македонија, не само во телекомуникацискиот сектор, туку и во области со висока додадена вредност. Тој информираше дека во рамки на посетата на Бон остварил средба со главниот извршен директор на Германскиот Телеком, на која биле разгледани можностите за дополнително проширување на ...

Владината делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари бизнис-средба со претставници на германски компании од Северна Рајна-Вестфалија кои веќе работат и инвестираат во Македонија, информира вицепремиерот Александар Николоски. На средбата биле претставени можностите за нови вложувања, со фокус на натамошно продлабочување на економската соработка меѓу двете земји, како и на отворање нови работни места во Македонија. ...

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, во рамки на работната посета на Германија, остварил средба со премиерот на германската сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија, Хендрик Вуст. Како што информира Николоски преку објава, главна тема на разговорите била економската соработка меѓу Македонија и Германија, со акцент на можностите за привлекување нови германски инвестиции во земјава. Тој посочил дека компании како ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
73%
1029
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
90%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
84%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
64%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1031
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
1.01
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Родиум

295786.87

Цинк

3.76

Бакар

12.58

Алуминиум

3.07

Паладиум

32279.35

Рутениум

61086.42

Иридиум

315077.32

Сребро

1670.34

Кобалт

33.53

Платина

49319.25

Калај

46.54

Злато

130856.75