Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Американската актерка Хaли Бери претрпе сериозен пораз во судската борба за старателството над 13-годишниот син Масео, кого го има со поранешниот сопруг Оливие Мартинез. Според судската одлука, момчето во иднина ќе живее со таткото, а ноќевањата кај мајката повеќе нема да бидат дозволени, пренесува „ТМЗ“. Со новата одлука истовремено е укината и претходно изречената забрана за приближување што му беше наметната на Мартинез поради претходни ...
Петнаесет ресторани на италијанскиот остров Сардинија ќе воведат правило со кое родителите и децата ќе треба да ги остават мобилните телефони и другите електронски уреди настрана додека јадат. Иницијативата има цел да ги поттикне семејствата повеќе да разговараат за време на оброците и да го намали прекумерното користење екрани кај децата, пишува „Гардијан“. Наместо телефони, повеќе разговори на трпезата Иницијативата е наречена „На маса без ...
Ако сакате вашата градина или балкон напролет да бидат исполнети со расцветани лалиња, вистинското време за подготовка е токму сега. Есента е идеален период за садење на луковиците, а неколку едноставни правила можат да направат голема разлика во изгледот на цвеќињата. Според препораките на британското Кралско хортикултурно друштво, лалињата се садат во есен, додека растението мирува. Најдобро е да се почека температурата на почвата да се ...
За многу луѓе домашните миленици се рамноправни членови на семејството, но нивното присуство може да има придобивки и за здравјето. Според истражување на Американското здружение за срце, дури 95 отсто од сопствениците велат дека се потпираат на своите миленици кога сакаат да го намалат стресот. Животните можат да придонесат и за други психички и физички придобивки кои потенцијално се поврзани со подобро кардиоваскуларно здравје, пишува ...
Кафеава мечка позната како Бекпек со број 89, победи на годишниот натпревар „Недела на дебели мечки“ од Алјаска. Службата за национални паркови на САД го опиша неговиот триумф како „битка на големина, вештина за барање храна и стратешко одмарање“. Бекпек ја победи женката мечка позната само како број 910 во последната рунда на гласање, организирана од Националниот парк „Катмаи“ во Алјаска. Бекпек доби 103.344 гласови наспроти 98.253 на ...
Вашето куче можеби веднаш ги крева ушите кога ќе го слушне своето име или трча кон вратата штом ќе го слушне зборот „прошетка“. Но, дали неговиот мозок може да препознае каде завршува еден, а започнува друг збор кога слуша непрекинат говор без паузи? Ново истражување покажува дека кучињата поседуваат интересна способност за обработка на говорот, која досега била забележана само кај луѓето. Нивниот мозок може да ги следи повторувачките ...
Стотици јазовичари прошетаа по прочуената париска авенија Шанзелизе, каде што се одржа „Прошетката на колбасчињата“ (Sausage Walk) – необичен настан што ги собра сопствениците и љубителите на раса на кучиња јазовичар од различни делови на Европа. Кучињата привлекоа големо внимание со своите шарени костими додека заедно со сопствениците се движеа по познатата авенија, недалеку од Триумфалната капија, пренесеува „Ен-би-си њуз“. Меѓу учесниците ...
Општината Халфинг, во германскиот округ Розенхајм во Баварија, ја презела сметката од повеќе од 10.000 евра за лекувањето на мачорот Муки, откако бил спасен од опасната стапица во која се нашол и бил пренесен во ветеринарна клиника, објави германскиот јавен сервис „Бајеришер рундфунк“ (Bayerischer Rundfunk). Мачорот со часови висел заглавен Муки бил пронајден како со часови виси заглавен во прозорец што бил оставен подотворен. Животното било ...
Со минијатурни заштитни очила, елек направен по мерка, па дури и мала камера поставена на главата, чивавата Командо стана најмалиот член на Националната гарда на Мексико, пишува „Ројтерс“. Иако по големината воопшто не наликува на кучињата што вообичаено ги гледаме во полициските и безбедносните единици, Командо минува низ сериозна обука. Неговата улога не е само да им помогне на униформираните припадници полесно да воспостават контакт со ...
Во Париз се одржа необична церемонија на која учесниците си ветуваа вечна љубов без да стапат во брак. Меѓу нив имаше парови, пријатели, но и една жена која за свој вечен сопатник го избра своето куче Попи, пренесе „Ројтерс“. Настанот се одржа во неделата, во историскиот кварт Монмартр, како дел од традиционалниот фестивал на бербата на грозјето. Десетици учесници се облекоа свечено, а некои ја украсиле косата со цвеќиња, подготвувајќи се за ...
Мачорот Лари, познат како главниот ловец на глувци во британската влада, се врати во „Даунинг стрит“ по операција и успешно закрепнува. Деветнаесетгодишниот мачор се чувствува многу подобро по отстранувањето на бенигна циста, иако сè уште има голема лузна и избричен дел од крзното, пренесува „Телеграф“. Од неговото враќање дома, Лари постепено им се враќа на секојдневните активности во седиштето на британската влада, на адресата „Даунинг ...
Сопствениците кои поминуваат повеќе време во близина на своите мачки имаат подобро расположение и повеќе енергија, а нивото на окситоцин, хормон поврзан со приврзаноста, кај мачките и нивните сопственици се движи во иста насока. Ова го покажало истражувањето на научници од јапонските универзитети во Кјото и Азабу, објавено овој месец во списанието „Ај Саенс“. Сензори на околувратникот Истражувачите во текот на еден месец следеле 19 ...
Во ноември 1957 година, Советскиот Сојуз ја испрати Лајка во вселената. Таа стана првото живо суштество што ја обиколи Земјата, но нејзината мисија немаше среќен крај. Од самиот почеток се знаело дека нема да може да се врати дома, пишува „Би-би-си“. Во времето на Студената војна и трката за освојување на вселената, советските научници барале кучиња скитници низ улиците на Москва. Сметале дека животните кои преживеале на улица се поиздржливи ...
Две минофрлачки гранати од 75 мм од Првата светска војна се пронајдени на локација каде што се работи на изградба на автопатот Битола – Прилеп. Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно ги отстрани гранатите, а местото на минско експлозивните средства (МЕС) прво било обележано, по што, тоа место, но и поблиската околина ги проверува стручно лице за да провери дали има уште такви или други заостанати неексплодирани убојни средства ...
Два нови случаи на семејно насилство се пријавени во Гостиварско и во Кочани, каде мажи физички ги нападнале своите сопруги, соопшти Министерството за внатрешни работи. Во гостиварското село Чајле, 33-годишен маж доби кривична пријава за телесна повреда, откако на 25 октомври физички ја нападнал сопругата. Пријавата против него ја поднела Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар. Друг случај е регистриран во Кочани. Таму, ...
Шеесет и шестгодишник од Липковско доби кривична пријава под сомнение дека впишувал лажни бракови на странски државјани, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според информациите И.З.(66) од с. Слупчане, Општина Липково се товари за „фалсификување службена исправа“. „Во текот на 2021, 2022, 2023 и 2024 г. пријавениот, во својство на службено лице–матичар во Управа за водење на матични книги, месна заедница во с. Слупчане, внесувал ...
Жител на Скопје, на возраст од 68 години, завршил во болница со тешки повреди откако го удрил возач со комбе на улицата „Дижонска“ во Чаир, соопшти МВР. „На 05.11.2026 во 15:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул„Дижонска“ во Скопје, Б.Л.(36) од Скопје управувајќи товарно возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки удрил во пешакот Л.М.(68) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 68-годишниот пешак, констатирани во ...
66-годишен матичар од Општина Липково кривично ќе одговара поради тоа што, според полицијата, неколку години им издавал лажни изводи на луѓе со странско државјанство. „СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.З.(66) од с. Слупчане, Општина Липково поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување службена исправа“. Во текот на 2021, 2022, 2023 и 2024 пријавениот, во својство на службено лице–матичар во Управа ...
На изложбата „Средба во пејзажот“, во рамките на проектот „Несовршен простор 9“, во галеријата „Метаноја“ во Скопје, на 3 ноември му беше доделена наградата „Владимир Георгиевски“ на уметникот Трајче Чатмов. Во составот на овогодинашното жири за наградата беа: Синиша Новески – скулптор, Јасминка Намичева – историчарка на уметноста и Виш кустос – советник и Перо Георгиев – архитект. Пред присутните се обрати Јасминка Намичева, која ја ...
Македонскиот народен театар на 5 ноември ќе го отвори 22. Меѓународен фестивал на актерот – Никшиќ 2026, кој ќе се одржи од 5 до 10 ноември под слоганот „Да играме со срце“. МНТ ќе гостува со претставата „Страв и надеж“, во адаптација и режија на Татјана Мандиќ Ригонат, со која ќе почне шестдневната фестивалска програма посветена на актерската уметност и современите театарски остварувања. Во претставата „Страв и надеж“ играат: Сашко Коцев, ...
Францускиот институт во Скопје и издавачката куќа „Илика“ организираат книжевна средба и промоција на македонскиот превод на романот „Настанот“ од Ани Ерно, добитничка на Нобеловата награда за литература во 2022 година. На средбата ќе говорат Катерина Шекутковска, уредничка во издавачката куќа „Илика“, и Елисавета Поповска, преведувачка на романот „Настанот“ и професорка на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Настанот ќе се одржи ...
Во етнолошката поставка во Музејот на Македонија на 5 ноември (четврток), со почеток во 19 часот, ќе биде отворена ретроспективната изложба на македонското куклено наследство „Тивки актери, гласни приказни“. Секој театарски чин започнува со исчекување во темнината на салата, каде вниманието на публиката природно се фокусира врз физичкото присуство на актерот и експресијата на изговорениот збор. Меѓутоа, уметноста на куклениот театар крие ...
Во галеријата „Остен“ на 5 ноември, во 19 часот, ќе биде отворена самостојната изложба на португалскиот уметник Луис Филипе Родригез со наслов „Од планината до морето“. Преку изложените дела, уметникот истражува апстрактни пејзажи со имерзивен, монументален и медитативен карактер. Овој сегмент од неговото творештво се одликува со дела во голем формат, со чиста монохроматика на графитот. Во оваа тематски заокружена самостојна изложба, Луис ...
Во рамките на програмата на 26. Скопје Филм Фестивал, на 5 ноември во Македонскиот народен театар (МНТ), скопската публика ќе има можност премиерно да го погледне остварувањето „17“, официјалниот македонски кандидат за наградата „Оскар“ во категоријата за Најдобар меѓународен игран филм. Ова остварување го означува долгометражното играно деби на режисерката Косара Митиќ, која со својот прв филм донесува свеж, автентичен и храбар авторски ...
Камерниот оркестар „Профундис“ од Скопје и оркестарот „Камерата“ од Нови Сад ќе настапат како еден голем музички состав, под диригентската палка на маестра Ѓурѓица Дашиќ, на 19 ноември во Скопје. Оркестарскиот звук, силата на заедничкото музицирање и уметничката енергија на двата ансамбли ќе бидат во фокусот на концертот што на 19 ноември ќе се одржи во Македонската филхармонија. Камерниот оркестар „Профундис“ од Скопје и оркестарот ...
На 6 ноември 2026 година во „M.Y. Gallery“ во Гуанџоу, Кина, се одржува културен настан посветен на проектот „Обични и необични приказни“ на ликовна уметница и графичка дизајнерка Христина Зафировска. Настанот опфаќа изложба на илустрации, презентација на книга и видео, обединувајќи ги ликовната уметност, книжевноста и современите визуелни медиуми. Ѓорѓи Крстевски е македонски писател и преведувач, автор на збирката кратки раскази „Обични и ...
Преиспитувањето на односот помеѓу традицијата и современието е темата на новата изложба на Верица Димеска насловена „Чеиз“. Идејата за проектот се раѓа во март 2023 година, кога авторката пронаоѓа отфрлени ткаенини, везени платна и постелнина покрај кејот на Вардар. Спасени од заборавот и распаѓањето, овие предмети, по три години, стануваат основа за ново ликовно истражување во кое личната меморија, културното наследство и современиот ...
Сантијаго Пења, претседателот на Парагвај, е отстранет од функцијата и е уапсен, само неколку дена по пропаѓањето на голема банка во јужноамериканската нација, што остави милиони луѓе без пристап до нивните заштеди, пренесува „Њујорк тајмс“. Пења е под кривична истрага поради неговата врска со банката „Уено“ и неговото справување со кризата. Тој беше приведен и затворен во својот дом во Асунсион, главниот град, во петокот, неколку часа ...
Радошанец е кривично пријавен откако телефонски упатил сериозни закани кон вработени во амбасада на странска држава во Македонија. Според информациите од МВР, 37-годишниот Ѓ. Н. на 4 ноември се јавил во амбасадата и на странски јазик им се заканувал на вработените, загрозувајќи ја нивната сигурност. Настанот бил пријавен следниот ден, по што полициските службеници го пронашле и лишиле од слобода осомничениот. „При службениот разговор, ...
Струга Трим Лум го доби дербито против Шкендија со минимални 1-0 и по 13 одиграни кола се искачи на првото место на табелата во Првата македонска фудбалска лига. Стружани со триумфот на домашен терен не само што им се реваншираа на тетовци за поразот во првата меѓусебна пресметка сезонава, туку и ги прескокнаа на врвот на првенствената табела. Натпреварот започна со големо возбудување уште во третата минута. Судијата Стојанче Трпчевски ...