Вашингтон веројатно нема да постигне договор со Украина за заедничко производство на ракети-пресретнувачи за системите „Патриот“ пред претстојнава зима, изјави американскиот амбасадор во НАТО, Метју Витакер, во интервју за „Фокс њуз“. – Долгорочен договор за производство нема да биде склучен пред зимава. Затоа ќе продолжиме да работиме на тоа – рече Витакер. Тој посочи дека ракетите-пресретнувачи ПАК-3 за системите „Патриот“ и натаму ...

Хрватскиот министер за внатрешни работи, Давор Божиновиќ, најави засилени инспекции низ земјата откако полицијата открила дека работници од Индија и од Непал биле сместени во крајно лоши услови, објави „Јутарњи лист“. Полицијата и Државниот инспекторат спровеле надзор на локална компанија од Чазма и провериле 62 работници од Индија и од Непал, при што откриле сериозни неправилности. Како што откри Божиновиќ, осум работници биле сместени во ...

Итен и целосен надзор над постапката, одговорност за директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева, објаснување од Агенцијата за национална безбедност и од Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, но и произнесување од претседателката Гордана Сиљановска – Давкова, бара Левица, по информациите што ги објави „Слободен печат“, дека разузнавачот Киро Тодоровски, осуден на условна казна за предметот „Титаник“ со ...

Тинејџерки што плачат и се туркаат за да му се доближат, преполн Антички театар и неговата околина, вресоци и публика која пее како во хор, е најдобриот опис за концертот кој Јаков Јозиновиќ го одржа вчера, на 3 август во Охрид. Хрватскиот поп-пејач уште еднаш потврди дека е една од најголемите музички сензации во регионот. Од скопскиот концерт во април до охридскиот во август, Јаков може да се пофали со нов албум со десет песни, кои излегоа ...

Принцот Луис повторно привлече внимание со своите урнебесни реакции, овој пат во текот на посетата на Игрите на Комонвелтот во Глазгов. Осумгодишниот принц ги следеше спортските натпревари со своите родители, принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, како и со постариот брат, 12-годишниот принц Џорџ и постарата сестра, 11-годишната принцеза Шарлот. Во текот на настанот, фотографите ги снимиле бројните гримаси и гестови на Луис, од изненадување и ...

Ајакс постигна договор со Барселона за Марк тер Штеген, 34-годишниот голман следната сезона ќе игра на позајмица во холандскиот фудбалски клуб. Тер Штеген својата професионална кариера ја започна во Борусија Менхенгладбах. По три и пол сезони и 127 настапи за клубот од неговиот роден град, тој потпишал за ФК Барселона во 2014 година. Оттогаш, тој има одиграно 423 натпревари за каталонскиот клуб и освои бројни признанија, вклучувајќи ја ...

Возачите од полноќ ќе плаќаат пониска цена за бензините, но повисока за дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Според новата одлука, бензините поевтинуваат за два денари по литар. Еуросупер БС-95 ќе се продава по максимална цена од 91 денар за литар, додека Еуросупер БС-98 ќе чини 93 денари за литар. Од друга страна, дизелот поскапува за еден денар, па новата цена ќе изнесува 99,5 ...

Според најновите податоци од Евростат, мерено според куповната моќ, вредноста на бруто минималната плата во Македонија во јули 2026 година е повисока во споредба со седум земји членки на ЕУ, таа е повисока од сите земји од Западен Балкан и од Турција. Меѓу 27-те земји, Македонија се наоѓа на 16-то место на листата. Рангирањето е врз основа на стандардот на куповната моќ, односно врз основа на замислена валута ППС и теоретски со еден ППС може ...

Телевизијата „Тера“ од Битола реагира дека се нарушени основните демократски принципи, слободата на медиумите и правото на информирање, со тоа што, како што тврди, нејзин снимател и опрема бесправно се задржани зад затворени врати во просториите на фудбалскиот клуб „Пелистер“. „Екипата на ТВ Тера се наоѓа зад затворени врати, оневозможена да си ја врши својата професионална задача, под блокада на локалното обезбедување. Според информациите ...

Грчките власти отворија кривична истрага откако работници на приватна компанија убиле, испекле и изеле заштитена дива коза од Крит, позната како кри-кри, објави „Ханиотика неа“. Работниците биле ангажирани за да извршат поправки во националниот парк Самарија, а потоа наводно убиле кри-кри коза (Capra aegagrus cretica), вид кој е заштитен според грчките и европските закони. Во извештајот се наведува дека тие го испекле животното на отворен ...

Актерката Тања Кочовска го честиташе Илинден со фотографија од адреналинска авантура, на која заедно со својот сопруг, актерот Предраг Павловски, и група пријатели позираат со големо македонско знаме. „Среќен Илинден“, кратко напиша Кочовска во објавата. На фотографијата брачниот пар е облечен во заштитна опрема за рафтинг, а со нив се и нивни пријатели, додека во прв план е развиорено македонското знаме. Тања Кочовска и Предраг Павловски ...

Минималните плати во Европа значително се разликуваат кога се споредуваат само номиналните износи, но рангирањето драстично се менува кога ќе се земе предвид куповната моќ на граѓаните. Најновите податоци за втората половина од 2026 година покажуваат дека само осум од 29 европски земји ја зголемиле бруто минималната плата од јануари до јули, додека инфлацијата продолжи да влијае врз реалната вредност на примањата – пишува Еуроњуз. Во ...

Полициските службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ во текот на јуни и јули спровеле 44 акциски контроли во водите на Охридското Езеро, насочени кон спречување и откривање незаконит риболов, информираат од Министерството за внатрешни работи. Во рамки на контролите биле откриени и одземени вкупно 25 таканаречени висечки рибарски мрежи, со вкупна должина од 4.900 метри. Станува збор за мрежи кои се строго ...

Слушај ја веста Пазарот е секогаш поевтин, овошје и зеленчук не се купува од маркет. Ова беше непишано правило со години, по кое се водеа купувачите. Но, ако деновиве тргнете со иста листа за пазарење и ги споредите цените на зелените пазари со оние во маркетите, лесно ќе сфатите дека работите веќе не се како порано. За дел од најбараните летни производи разликите достигнуваат и до 50 денари по килограм, а во некои случаи маркетите продаваат ...

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против сопственик на фирма кој затаил данок од над 117.000 евра преку фиктивни книжења од продажба на нафта. Осомничениот, со иницијали М. Д., во 2021 година преку фиктивно книжење присвоил парични средства од продажба на нафта и на нафтени деривати во износ од околу 114.000 евра. Според Управата, тој не пресметал и не уплатил данок на личен доход во износ од 12.714 евра. Дополнително, ...

Ниското ниво на водата на главните европски реки, од Дунав до Рајна, предизвика сериозни прекини во пловидбата и транспортот на стоки, но создаде и дополнителен притисок врз енергетскиот сектор, отежнувајќи ја работата на одредени нуклеарни централи, анализира српски „Јуроњуз“. Рекордно ниското ниво на водата на Дунав, последица на долготрајната суша и топлотните бранови, ги принуди нуклеарните централи кои користат речна вода за ладење на ...

Силвана Костиќ од Скопје, долгогодишна пациентка на дијализа, се жали дека условите под кои од неа се бара да се вакцинира, се невозможни. Поконкретно, вели дека во амбулантата Пролет, нема лифт, а здравствената состојба на пациентите не им овозможува лесна мобилност. Тврди дека се работи за 120 пациенти, дел од кои со сериозни пречки со одот, кои треба да се вакцинираат против хепатит Б. -Од Центарот за дијализа ПЗУ Диамед Македонија, нè ...

Машката кадетска ракометна репрезентација на Македонија забележа убедлива победа над селекцијата на Италија со 33:23 на Европското првенство 2026 во Србија. После првото полувреме нашите ракометни надежи имаа водство од четири голови разлика (17:13). Сите ракометари добија шанса на натпреварот, а меѓу стрелците најуспешен беше крилото Бобан Поповски со девет, додека Стефан Ѓоргиески имаше шест погодоци. Новиот меч за избраниците на ...

Српската диригентка и текстописец Билјана Брун ја загуби битката за живот, а веста за нејзината смрт растажи многу пријатели и колеги кои од неа се збогуваат со емотивни пораки. Со години Билјана беше диригентка на детскиот хор што го водеше заедно со Леонтина Вукомановиќ, а со својата работа остави голема трага на растењето бројни генерации. Покрај музиката, Билјана Брун се занимавала и со гласовна глума, позајмувајќи го својот глас во ...

Општина Аеродром започна со градежни работи за реконструкција на улицата „Ѓорѓи Капчев 22“ во Лисиче, во должина од 221 метар, при што ќе се асфалтира површина од 838 квадратни метри. Паралелно ќе се реконструира и дел од улицата „Божин Николов“, во должина од 268 метри, со вкупна асфалтна површина од 994 квадратни метри. Оттаму велат дека обновата на овие две улици е дел од проектот со кој се планира реконструкции на 18 улици низ општината. ...

Музичарот Горан Папаз и неговата сопруга Наташа го одбележаа Илинден со важен верски чин за нивното семејство. Во водите на Охридското Езеро, во близина на Пештани, тие ги крстија своите три деца, близнаците Лена и Луна и Лазар. Крштевањето на трите најмали членови на семејството се одржа во амбиент кој за многумина има посебно значење – покрај езерото и на еден од најголемите православни празници. Со овој чин децата беа примени во ...

Сирените на амбулантните возила, полициските свирежи, вревата на многубројните млади мажи и смрдеата на измет и на изгорени автомобили – сето тоа доминира со сликата во Фнидек, соседниот град на Сеута на северноафриканскиот брег, пишува АРД. Фнидек вообичаено е мирно приморско одморалиште со поглед кон Сеута, шпанскиот град кон кој минатата недела се упатија десетици илјади мигранти. Денес Фнидек е град во вонредна состојба: плажите се ...

Високите температури веќе предизвикуваат зголемен број повици до Итната медицинска помош. Дневно се регистрираат повеќе од 200 повици поврзани со интервенции на јавни места поради колапси, но и случаи во домашни услови кога кај граѓаните доаѓа до влошување на здравствената состојба, информира за МИА Даниел Георгиевски од Итната медицинска помош (ИМП). Тој посочи дека бројот на интервенции на јавни места е зголемен во однос на периодите со ...

Искусниот српски кошаркар Димитрије Николиќ (28 години, 211 см) е најновото летно засилување на МЗТ Скопје, откако денеска официјално стави потпис на договорот со македонскиот шампион. Станува збор за искусен центар, кој зад себе има богата кариера и настапи во голем број екипи, како во Србија, така и во регионот и пошироко. Кариерата ја почна во Раднички од родниот Крагуевац, по што четири сезони (2017–2021) беше дел од белградски Партизан. ...

Полицијата ги идентификуваше насилниците кои учествувале во суровото тепање во Гостивар, за кое беше објавена видео-снимка на која се гледа како момче паѓа откако е удрено со клоца во глава, а потоа, иако не се помрднува, групата продолжува да го тепа со дрвена прачка, која буквално му била скршена од грбот. Станува збор за двајца малолетници од Гостивар и 20-годишник од Скопје. – Во полициска станица на службен разговор се повикани двајца ...

Преку јавно-приватно партнерство Општина Ѓорче Петров започнува реализација на проект за поставување фотоволтаични системи на сите седум општински основни училишта. Градоначалникот Александар Стојкоски информира дека станува збор за прв проект од ваков вид во Македонија, кој ќе се реализира преку модел на јавно-приватно партнерство и без дополнителен финансиски товар за општинскиот буџет. Притоа, како што вели, Општина Ѓорче Петров ќе ...

Холивудската актерка Кристина Еплгејт е пуштена на домашно лекување по речиси четири месеци поминати во болница, каде што беше примена на крајот од март. Познатата ѕвезда, која од 2021 година се бори со мултиплекс склероза, сега е во својот дом и се чувствува добро, потврди извор за странските медиуми. Сè уште не е официјално потврдено дали престојот во болница бил директно поврзан со нејзиното автоимуно заболување. Во периодот кога била ...

Производството на електрична енергија во нуклеарните централи е намалено или суспендирано во неколку европски земји. Причината е нискиот водостој на реките поради сушата и топлотните бранови, а како последица на тоа и недостигот на вода за ладење. Нуклеарни централи во Унгарија и Романија се затворени, како и реактори во Франција. Нуклеарната централа „Чернавода“ на Дунав има два реакторски блока и е единствениот нуклеарен објект во ...

Руски војник бил приведен откако смртно застрелал свој колега и тројца цивили во село во Крим, а ранил уште четворица, објави „Москва тајмс“. Михаил Развожаев, гувернерот на градот Севастопол, денес соопшти дека во селото Хмелницкое загинале четири луѓе. Меѓу нив бил еден војник и тројца цивили на возраст од 71, 64 и од 59 години. Уште четири луѓе, меѓу кои и еден војник, биле повредени, а Развожаев изјави дека медицинските екипи „прават сè ...

Надлежните власти во Гватемала издадоа тревога на национално ниво по ерупцијата на вулканот Фуего, најактивниот во Централна Америка. Одлуката за подигнување на нивото на тревога на второ највисоко ниво беше донесена вчера, објави Еуроњуз. Со тревогата, веднаш започна евакуација на жителите од две села во близина на вулканот, кој се наоѓа на 35 километри од главниот град Гватемала Сити. Како мерка на претпазливост, властите ја прекинаа ...

weather icon

Скопје

35ᴼ / 35ᴼ
5.07
18%
1010
weather icon

Белград

36ᴼ / 35ᴼ
2.24
37%
1012
weather icon

Загреб

38ᴼ / 38ᴼ
1.46
23%
1011
weather icon

Софија

31ᴼ / 31ᴼ
4.04
27%
1012
weather icon

Сараево

37ᴼ / 37ᴼ
4.07
19%
1011
weather icon

Љубљана

37ᴼ / 37ᴼ
0.89
23%
1013
weather icon

Атина

35ᴼ / 32ᴼ
5.81
36%
1010
weather icon

Тирана

35ᴼ / 35ᴼ
4.57
25%
1012
weather icon

Подгорица

35ᴼ / 35ᴼ
2.31
29%
1011
weather icon

Букурешт

35ᴼ / 34ᴼ
4.92
32%
1012
weather icon

Будимпешта

41ᴼ / 37ᴼ
0.89
20%
1012
weather icon

Истанбул

30ᴼ / 29ᴼ
5.98
100%
1011
Currency

61.525

Currency

53.2455

Currency

71.6902

Currency

37.5744

Currency

38.0006

Currency

65.9708

Currency

7.88813

Currency

0.65758

Currency

0.33763

Currency

0.52419

Currency

1.11911

Currency

0.55999

Бакар

13.51

Цинк

0.00

Кобалт

56.29

Сребро

1994.05

Калај

56.46

Алуминиум

3.25

Платина

56135.20

Родиум

274085.11

Паладиум

43499.96

Иридиум

252383.36

Злато

136962.18

Рутениум

53852.50