Скопје
35ᴼ /
35ᴼ
Министерот за образование на Србија, Дејан Вук Станковиќ, вчера изјави дека можно решение за гимназијата „Јован Јовановиќ Змај“, најстарата гимназија во Нови Сад, би било таа да ѝ се врати на Српската православна црква, која ја основала, објави „Данас“. „Можеби решението е да ѝ ја вратиме на Црквата, која би воспоставила поредок со образовна и духовна димензија и би ја вратила духовната суштина во гимназиското образование во Нови Сад“, ...
Познатиот холивудски актер Себастијан Стен и неговата партнерка, актерката Анабел Волис, станаа родители на своето прво заедничко дете. Веста ја објави „Пипл“, но засега двајцата не откриваат никакви информации за бебето, ниту за полот, ниту за датумот на раѓање. Актерот, кој е препознатлив по улогите во филмовите од светот на „Марвел“ (Marvel) и по филмот „Капетан Америка: Зимскиот војник“ (Captain America: The Winter Soldier), и неговата ...
Продолжува „контаминацијата на терен“ на плаќањето со платежни картички. Трговците (продавачи) наместо да вршат институционален притисок банките да ги намалат провизиите за користење на платежните картички, започнаа во пракса да ја префрлаат провизијата на граѓаните, односно купувачите. Објаснувањето е дека банката земала висок процент на име провизија за наплата со картичка, реагира бизнис-советникот Павле Гацов. Тој посочува дека ова не го ...
По последните случаи со насилство во Гостивар и свадбените веселби со истрели од огнено оружје, Либерално-демократската партија (ЛДП), предлага да се отворат семејни центри во секоја општина. Во видео објава на социјалните мрежи, претседателката на ЛДП и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова и членот на Извршниот одбор на партијата, Бобан Јанкоски, повикуваат на брза акција за намалување на случаите со врсничко насилство. „ЛДП предлага ...
Со ревијална проекција на програмата „Европска панорама“ на 3 август во „Котур“ почнуваат активностите на седмото издание на фестивалот на европски анимиран филм „Флипбук филм фестивал“, чие официјално отворање ќе се одржи на 6 август во Кинотеката. Фестивалот на европски анимиран филм „Флипбук филм фестивал“ секоја година расте, а тоа е многу очигледно со програмата што е подготвена за неговото седмо издание. Во име на тимот на „Флипбук ...
Силен поларен бран го погоди Нов Зеланд, носејќи снег во низинските области, затворајќи многу патишта и училишта и сериозно нарушувајќи ги фериботските услуги. Според „Њу Зеланд хералд“, снегот ги покрил деловите од Јужниот Остров додека студениот временски систем се движел низ целата земја. Полицијата ги повика жителите на јужниот град Данедин да избегнуваат секакви патувања освен неопходни поради снегот и замрзнатите патишта. ...
Поради високите температури кои се очекуваат до 7 август, Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) упатува апел до граѓаните да преземат мерки за заштита од топлотниот бран. Најголем ризик од изложеност на високи температури и директно сонце има во периодот од 11 до 17 часот. Високите температури, особено во комбинација со зголемена влажност на воздухот, го отежнуваат природното ладење на организмот. Како последица може да се појават слабост, ...
Ново засилување ова лето за кошаркарскиот клуб ТФТ АД Скопје е 25-годишниот Американец Тејшон Комер. Станува збор за динамичен бек кој носи цврстина, лидерски квалитети и вистински натпреварувачки дух. Комер има одличен преглед на играта, игра во високо темпо и знае како да го контролира натпреварот. Зад себе има значајно искуство, а од клубот веруваат дека неговата енергија и квалитет ќе бидат огромно засилување за бековската линија. Комер ...
Џани Инфантино е под силен притисок бидејќи фудбалските тела се свртуваат против претседателот на ФИФА поради последиците од неговата неуспешна шема за продажба на Светското првенство. Позицијата на Инфантино како претседател на ФИФА е на работ на неодржливост бидејќи членките асоцијации почнуваат да ја повлекуваат својата поддршка за неговиот реизбор по неговиот катастрофално неуспешен обид за приватизација на Светското првенство. Инфантино ...
Земјотрес со јачина од 2,5 степени по Рихтер вечерва беше почувствуван во Скопје. Според податоците на Европско-медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ), земјотресот се случил во 21:53 минути, со епицентар на околу 11 километри североисточно од Скопје, во пограничниот регион меѓу Косово, Србија и Македонија. Земјотресот е почувствуван од жителите на градот Скопје и околината и со интензитет од три до четири степени според Европската ...
Новак Ѓоковиќ повторно ја отвори темата за промените во тенисот, а овој пат неговата идеја би можела да предизвика големи реакции. Најдобриот српски тенисер на сите времиња смета дека постојниот систем на бодување треба да се промени за мечевите да бидат пократки и подинамични. Ѓоковиќ ја претстави својата визија за време на интервју со инфлуенсерот Ник Кутракос, кој го праша кој контроверзен став во тенисот би го бранел без двоумење. Како ...
Манекенката Џиџи Хадид (31) и актерот Бредли Купер (51) поттикнаа шпекулации дека се венчале откако вчера беа забележани во Париз. Додека шетале низ градот, двајцата носеле прстени на домалиот прст од левата рака, а фотографите ги снимиле насмеани и додека се држат за раце. Тие биле облечени лежерно и носеле очила за сонце, пишува магазинот „Пипл“. View this post on Instagram A post shared by Just Jared (@justjared) Хадид и Купер генерално ...
Американската полиција вчера уапси 37-годишен маж осомничен дека го предизвикал еден од катастрофалните шумски пожари што го зафатија источниот дел на американската сојузна држава Вашингтон, додека многу жители со неизвесност чекаат да дознаат дали нивните домови меѓу стотиците изгорени објекти, пренесува АП. Канцеларијата на шерифот на округот Спокен соопшти дека 37-годишниот Арон Ф. Фариначи е уапсен под сомнение за подметнување пожар во ...
Австрискиот канцелар Кристијан Штокер испрати повеќе важни политички пораки во пресрет на новата парламентарна сезона. Тој порача дека владата мора да најде одржливо решение за недостигот од средства во Фондот за стечајни исплати (Insolvenzentgeltfonds), без повторно да ги зголеми трошоците за работодавачите. Истовремено ја бранеше договорената реформа на воениот и цивилниот рок, нагласувајќи дека двата сегмента мора да останат поврзани, а ...
Претседателот на венецуелскиот парламент Хорхе Родригез вчера објави дека бројот на загинати во разорните земјотреси што ја погодија земјата во јуни се искачи на 6.125 луѓе, пренесува „Ројтерс“. Според податоците што Родригез го објави на „Телеграм“, речиси 61.000 луѓе биле згрижени во болниците, а досега биле отстранети само 16,5 отсто од урнатините предизвикани од земјотресите. Вршителката на должноста претседателка, Делси Родригез, која ...
Грижата за здравјето на срцето и кардиоваскуларниот систем најчесто се поврзува со исхраната и вежбањето. Иако овие фактори се клучни – науката потврдува дека медитеранската исхрана го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести, а редовната активност ризикот од предвремена смрт – тие не се единствените. На здравјето на срцето влијаат и управувањето со стресот, квалитетниот сон, социјалните односи, но и временските услови. Особено важна е ...
Колку навистина чини една топка сладолед не зависи само од цената на менито, туку и од тоа колку време треба да работи просечниот граѓанин за да може да си ја дозволи. Анализата на Евроњуз, која опфати десет европски земји, покажува дека најповолна е ситуацијата во Германија, каде што за една топка сладолед се работи во просек 7,4 минути. Од друга страна, во Грција се потребни дури 20,9 минути работа, што е речиси трипати повеќе. По ...
Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека до 07:30 часот утрово се регистрирани 29 пожари на отворен простор, од кои два се активни, а 27 се изгаснати. Активни се пожарите во Општина Кавадарци помеѓу селата Раец и Ќесендре, каде гори нискостеблеста шума и ниска вегетација, како и во Општина Прилеп на улицата Дебарска, на местото викано Теке (депонија). Другите три правци се изгаснати. Од 6 часот утрово, пожарот во Општина Кавадарци ...
Од правилната техника на доење, преку митовите што сè уште кружат меѓу мајките, па сè до новите соби за доење… Медицинската сестра Кристина Ѓоргева од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ зборува за најважните прашања со кои се соочуваат родителите во првите месеци од животот на новороденчето. Во Светската недела на доењето, која се одбележува од 1 до 7 август, Ѓоргева посочува дека доењето е природен процес, но и процес кој бара време, ...
Европската Унија најави голем пресврт во политиката за сточарство, со кој фокусот ќе биде ставен на домашното производство, намалување на зависноста од увоз и поголема финансиска поддршка за земјоделците. Новата стратегија на Европската комисија има за цел да обезбеди поголема стабилност за секторот кој вработува околу седум милиони луѓе и создава годишен промет од приближно 400 милијарди евра. Производителите со години се соочуваат со ...
Во текот на јули 2026 година, Народната банка, заедно со банките и останатите учесници во МИПС, успешно го спроведе првиот циклус тестирање на новото системско решение, при што беше потврдена неговата функционалност и подготвеноста за продолжување на следните фази од примената. Во рамките на тестирањето беа успешно обработени најголемиот дел од платежните пораки предвидени со проектот, согласно со стандардот ISO 20022. По завршувањето на ...
Легендарниот британски музичар Фил Колинс (75) откри дека пред неколку години бил во животна опасност поради тешка зависност од алкохол и дека лекарите дури размислувале дали да го одржат во живот со апарати. Во интервју за „Сандеј тајмс“, Колинс раскажа дека повторно почнал да пие откако престанал да го зема лекот „Антабус“, кој предизвикува силна реакција доколку се консумира алкохол. „Пиев вино уште на појадок“, призна музичарот. ...
Компаниите што создаваат или користат содржини генерирани со вештачка интелигенција (ВИ) — како пример дипфејкови, слики или текстови од јавен интерес — отсега се должни јасно да ги означуваат, со цел корисниците да знаат дека станува збор за таква содржина, пренесува Еуроњуз. Со новите правила на Европска Унија, целта е Европејците веднаш да можат да препознаат дали содржината што ја гледаат на интернет е вистинска или е генерирана со ...
Руските власти изјавија дека седум луѓе загинале, меѓу кои и три деца, откако дрон погоди плажа во туристичкото место Архипо-Осиповка на рускиот брег на Црното Море, објави руската агенција „ТАСС“. Гувернерот на Краснодарскиот Регион, Вениамин Кондратиев, рече дека бројот на повредени достигнал 40 луѓе, а 17 од нив биле пренесени во болница. Тој ја обвини Украина за „намерен напад врз цивили“. Украина не го коментираше инцидентот. Не е јасно ...
Турција синоќа потврди дека товарен брод во турска сопственост бил погоден од беспилотни летала во близина на руското црноморско пристаниште Новоросијск, при што тројца членови на екипажот биле повредени, објави „Туркије“. Во соопштението на Генералната дирекција за поморски работи на Турција (ДГМ) се наведува дека бродот „Надежда“ бил погоден во напад со дронови на околу 20 наутички милји од Новоросијск. Overnight (AEST time) a Ukrainian ...
Словенечката полиција објави нови детали за сообраќајната несреќа во која учествувала претседателката Наташа Пирц Мусар минатиот петок, враќајќи се од Хрватска. Се наведува дека причина за судирот е неодржување на потребното безбедносно растојание во официјалниот конвој, пишува „N1 Словенија“. Според полицискиот извештај, несреќата се случила кога 52-годишниот возач на „Mercedes V300“, во кој патувала претседателката, не одржувал доволно ...
Пожарот во барот „Ле Констелејшн“ во Кран-Монтана, во кој загинаа 41 лице на почетокот од оваа година, повторно го отвори прашањето за активностите на корзиканската мафија во Швајцарија. Истрагите и сведоштвата покажуваат дека криминалните кланови со децении ги користеле швајцарските банки, компании, луксузни часовници и моторните трки за перење милиони евра. Пожарот ги стави сопствениците на барот, Жак и Џесика Морети, во центарот на ...
Тиквичките се одличен извор на витамин Ц, магнезиум, витамин А, калиум, влакна, фосфор, бакар и витамин Б2. Тиквичките благотворно делуваат на целокупното здравје на нашиот организам и треба да се консумираат додека се млади и на најздрав начин да се внесат во нашиот организам, а од кујната на нашата баба доаѓа предлог за оброк кој е вкусен и здрав. Состојки: – 2 средни млади тиквички – 3 јајца – 100 грaма сусам – 2 лажици кисела павлака – ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, со мала локална облачност и слаб до умерен ветер, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи. Утринските температури ќе се движат од 10 до 19 Целзиусови степени, а максималните ќе бидат од 31 до 40 степени. Во Скопје ќе преовладува сончево и многу топло време, проследено со слаб ветер од променлив правец. Топлото време се очекува да продолжи во наредните денови, а на одделни места ...
Огнената стихија што го зафати кавадаречкиот регион се уште не стивнува, а пожарникарите ќе го гаснат огнот и во текот на ноќта, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Огнот зафатил претежно нискостеблеста вегетација, а силниот пламен што повремено се појавува е резултат на согорувањето на голем број ниски смреки. Ангелов истакна дека кавадаречките пожарникари ќе продолжат со интервенцијата и во текот на ...