Од правилната техника на доење, преку митовите што сè уште кружат меѓу мајките, па сè до новите соби за доење… Медицинската сестра Кристина Ѓоргева од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ зборува за најважните прашања со кои се соочуваат родителите во првите месеци од животот на новороденчето. Во Светската недела на доењето, која се одбележува од 1 до 7 август, Ѓоргева посочува дека доењето е природен процес, но и процес кој бара време, ...

Европската Унија најави голем пресврт во политиката за сточарство, со кој фокусот ќе биде ставен на домашното производство, намалување на зависноста од увоз и поголема финансиска поддршка за земјоделците. Новата стратегија на Европската комисија има за цел да обезбеди поголема стабилност за секторот кој вработува околу седум милиони луѓе и создава годишен промет од приближно 400 милијарди евра. Производителите со години се соочуваат со ...

Во текот на јули 2026 година, Народната банка, заедно со банките и останатите учесници во МИПС, успешно го спроведе првиот циклус тестирање на новото системско решение, при што беше потврдена неговата функционалност и подготвеноста за продолжување на следните фази од примената. Во рамките на тестирањето беа успешно обработени најголемиот дел од платежните пораки предвидени со проектот, согласно со стандардот ISO 20022. По завршувањето на ...

Легендарниот британски музичар Фил Колинс (75) откри дека пред неколку години бил во животна опасност поради тешка зависност од алкохол и дека лекарите дури размислувале дали да го одржат во живот со апарати. Во интервју за „Сандеј тајмс“, Колинс раскажа дека повторно почнал да пие откако престанал да го зема лекот „Антабус“, кој предизвикува силна реакција доколку се консумира алкохол. „Пиев вино уште на појадок“, призна музичарот. ...

Компаниите што создаваат или користат содржини генерирани со вештачка интелигенција (ВИ) — како пример дипфејкови, слики или текстови од јавен интерес — отсега се должни јасно да ги означуваат, со цел корисниците да знаат дека станува збор за таква содржина, пренесува Еуроњуз. Со новите правила на Европска Унија, целта е Европејците веднаш да можат да препознаат дали содржината што ја гледаат на интернет е вистинска или е генерирана со ...

Руските власти изјавија дека седум луѓе загинале, меѓу кои и три деца, откако дрон погоди плажа во туристичкото место Архипо-Осиповка на рускиот брег на Црното Море, објави руската агенција „ТАСС“. Гувернерот на Краснодарскиот Регион, Вениамин Кондратиев, рече дека бројот на повредени достигнал 40 луѓе, а 17 од нив биле пренесени во болница. Тој ја обвини Украина за „намерен напад врз цивили“. Украина не го коментираше инцидентот. Не е јасно ...

Турција синоќа потврди дека товарен брод во турска сопственост бил погоден од беспилотни летала во близина на руското црноморско пристаниште Новоросијск, при што тројца членови на екипажот биле повредени, објави „Туркије“. Во соопштението на Генералната дирекција за поморски работи на Турција (ДГМ) се наведува дека бродот „Надежда“ бил погоден во напад со дронови на околу 20 наутички милји од Новоросијск. Overnight (AEST time) a Ukrainian ...

Словенечката полиција објави нови детали за сообраќајната несреќа во која учествувала претседателката Наташа Пирц Мусар минатиот петок, враќајќи се од Хрватска. Се наведува дека причина за судирот е неодржување на потребното безбедносно растојание во официјалниот конвој, пишува „N1 Словенија“. Според полицискиот извештај, несреќата се случила кога 52-годишниот возач на „Mercedes V300“, во кој патувала претседателката, не одржувал доволно ...

Пожарот во барот „Ле Констелејшн“ во Кран-Монтана, во кој загинаа 41 лице на почетокот од оваа година, повторно го отвори прашањето за активностите на корзиканската мафија во Швајцарија. Истрагите и сведоштвата покажуваат дека криминалните кланови со децении ги користеле швајцарските банки, компании, луксузни часовници и моторните трки за перење милиони евра. Пожарот ги стави сопствениците на барот, Жак и Џесика Морети, во центарот на ...

Тиквичките се одличен извор на витамин Ц, магнезиум, витамин А, калиум, влакна, фосфор, бакар и витамин Б2. Тиквичките благотворно делуваат на целокупното здравје на нашиот организам и треба да се консумираат додека се млади и на најздрав начин да се внесат во нашиот организам, а од кујната на нашата баба доаѓа предлог за оброк кој е вкусен и здрав. Состојки: – 2 средни млади тиквички – 3 јајца – 100 грaма сусам – 2 лажици кисела павлака – ...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, со мала локална облачност и слаб до умерен ветер, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи. Утринските температури ќе се движат од 10 до 19 Целзиусови степени, а максималните ќе бидат од 31 до 40 степени. Во Скопје ќе преовладува сончево и многу топло време, проследено со слаб ветер од променлив правец. Топлото време се очекува да продолжи во наредните денови, а на одделни места ...

Огнената стихија што го зафати кавадаречкиот регион се уште не стивнува, а пожарникарите ќе го гаснат огнот и во текот на ноќта, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Огнот зафатил претежно нискостеблеста вегетација, а силниот пламен што повремено се појавува е резултат на согорувањето на голем број ниски смреки. Ангелов истакна дека кавадаречките пожарникари ќе продолжат со интервенцијата и во текот на ...

Ви го претставуваме дневниот хороскоп за 4 август, прочитајте што ви предвидуваат ѕвездите за денес. Овен Овни, денеска ќе се соочите со предизвици на работа, но вашата упорност ќе ви помогне да ги надминете. Бидете трпеливи и фокусирани. Ве очекуваат емотивни моменти со саканата личност. Покажете ги вашите најдобри квалитети и отворено разговарајте за вашите чувства. Ви треба повеќе одмор и сон. Обрнете внимание на вашето тело и потреби. ...

Бруто-домашниот производ на еврозоната во вториот квартал од 2026 година оствари подобар резултат од очекуваниот. Сепак, зад вкупната бројка се крие сè понерамномерна економска слика меѓу европските земји, пренесе „Јуроњуз“. Се очекуваше економијата на еврозоната да го загуби замавот во вториот квартал од 2026 година. Наместо тоа, растот ги надмина прогнозите. Прелиминарната процена на „Евростат“ покажа дека БДП пораснал за 0,4 отсто во ...

Седумнаесетгодишно девојче од Тангер успеало да доплива до шпанска територија, но нејзиниот помлад брат се удавил во морето, а нејзината мајка исчезнала во хаосот на масовниот граничен премин. Таа е една од околу 860 малолетници кои остануваат во Сеута, каде што, четири дена по големиот мигрантски бран, се соочуваат со тешка сегашност и неизвесна иднина, објавува „ABC News“. „Видов луѓе како газат по мртви тела“ Девојката му рекла на ...

Том Брејди денеска го слави својот 49. роденден, а покрај тоа што засекогаш го промени американскиот фудбал, со години беше во центарот на вниманието и поради својот приватен живот. Неговата љубовна приказна со бразилската супермоделка Жизел Бундшен важеше за една од најубавите во светот на спортот и шоу-бизнисот. Од судбоносниот состанок „на слепо“, преку бракот и создавањето семејство, до разводот што ги изненади нивните обожаватели, ...

Заедничкото патување не е само можност за одмор и нови доживувања, туку и начин партнерите подобро да се запознаат. Иако одморите најчесто се поврзуваат со релаксација и безгрижност, непредвидените ситуации што ги носи патувањето можат да откријат како функционира една врска, пишува „Вајс“. Психијатарот д-р Роберт Дејвис, кој има повеќе од 30 години клиничко искуство, издвојува четири важни работи што партнерите ги откриваат еден за друг за ...

Барселона наводно е подготвена да му конкурира на Реал Мадрид за потписот на фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити, Родри. Каталонскиот клуб е подготвен да потроши до 50 милиони евра доколку Шпанецот е отворен за трансфер. Интересот се засили по долгогодишната повреда на Френки де Јонг, иако Родри не е главен приоритет на Барса. Финансискиот фер-плеј и неговата плата остануваат главни пречки. И покрај интересот на Барселона, Реал ...

„Пред нас се избори, ве молам подгответе се“ – ова е фраза што се слуша на собирите на СНС, кои се одржуваат во шатори, пишува Н1. Парламентарните избори во Србија сè уште не се официјално распишани. Сè уште постојат шпекулации во јавноста за тоа во кој месец би можеле да се одржат. Сигурно е дека нема да се одржат во текот на летото, а според најновите најави на српскиот претседател Александар Вучиќ, можеме да ги очекуваме во октомври или ...

Романската армија минираше карпи во коритото на Дунав за да го пренасочи текот на реката кон нуклеарната централа Чернавода и да обезбеди вода за ладење на нејзините реактори. Операцијата беше започната поради ниското ниво на водата во Дунав, објавија локалните медиуми Digi24. Првите две детонации не успеаја да ја отстранат пречката бидејќи воените инженери ја потцениле нејзината густина. Нуркачи моментално го проверуваат подрачјето, а втор ...

Од 8 до 9 август, во спортската сала „Јане Сандански“ во Скопје ќе се одржи Европскиот јуниорски куп во џудо, еден од најзначајните меѓународни настани за млади џудисти. На турнирот ќе настапат 346 џудисти од 34 држави, кои ќе ги одмерат силите во борба за највисок пласман и вредни бодови на европската сцена. По завршувањето на натпреварувачкиот дел, од 10 до 12 август ќе се одржи меѓународен тренинг камп, на кој учесниците ќе имаат можност ...

Хрватскиот кошаркарски клуб Дубровник денеска објави дека е потпишан договор со Виктор Ташовски, 24-годишниот македонски плејмејкер. Ташовски доаѓа во Дубровник од редовите на ТФТ Скопје, каде што одигра 31 натпревар минатата сезона, со просек од 15,8 поени, 3,3 асистенции и 1,3 украдени топки по меч. Тој играше и во АБА 2 лигата, каде што имаше просек од 14,4 поени и 2,7 асистенции по натпревар. Ташовски е член на репрезентацијата на ...

„Спајдермен: нов ден“ (Spider-Man: Brand New Day) ги надмина и најсмелите очекувања на филмската индустрија, откако за време на првиот викенд од прикажувањето заработи неверојатни 927 милиони долари на светските кино-благајни, пишува „Варајети“. Од нив, 355 милиони долари се остварени во Северна Америка, што претставува второ најголемо отворање во историјата на американскиот бокс офис. Пред него останува само „Одмаздници: крај на играта“ ...

Бугарските пратеници Крсто Врачев и Ангел Георгиев од партијата „Препород“ демантираат дека имале важечка забрана за влез во Македонија, откако беше објавено дека присуствувале на судење во Кочани на 23-годишната кочанчанка Ива Михајлова, која има двојно македонско-бугарско државјанство, иако според судски документи од август минатата година имаат забрана за влез во Македонија. За порталот ВЕСТИМАК.мк. потврдуваат дека биле на судењето во ...

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ беше гостин во подкаст и едно од прашањата беше за најтешкиот момент во неговата кариера. – Тоа беа Олимписките игри во Рио 2016. Никогаш не сум бил доминантен во целата моја кариера отколку тогаш, не можев да пропуштам. Ги освоив сите четири грен слем титули. Размислував, ова е мојот момент, никој не може да ме победи. Сепак, кога почетокот се приближуваше, сè стана комплицирано. – И потоа еден или два дена ...

Фудбалската федерација на Србија ја повлече својата поддршка за Џани Инфантино за нов мандат како претседател на ФИФА. Препорачано 1 Барселона е подготвена да го предизвика Реал Мадрид за Родри 2 Скопје ќе биде домаќин на Европскиот јуниорски куп во џудо 3 Новиот „Спајдермен“ испиша историја — заработи 927 милиони долари за само еден викенд Прикажи повеќе вести – Сакаме да ве потсетиме дека му дадовме писмена поддршка на Инфантино на 25 мај ...

Дел од ракета „Фалкон 9“ на компанијата „Спејс икс“, во сопственост на Илон Маск, би можел на 5 август неконтролирано да удри во површината на Месечината, создавајќи нов кратер и облак од прашина што, според научниците, би можел да биде видлив и од Земјата, објави „Форбс“. Според најновото истражување на научници од Националната лабораторија „Лос Аламос“ и Истражувачкиот центар „Ејмс“ на НАСА, станува збор за неочекуван судир на горниот ...

Аргентинскиот тренер Маурисио Покетино ќе остане селектор на фудбалската репрезентација на Соединетите Американски Држави до 2030 година, објави денес Фудбалската федерација на САД. Во соопштението се вели дека членовите на стручниот штаб на аргентинскиот експерт, исто така, ги продолжија своите договори. 54-годишниот Покетино е на клупата на американската репрезентација од септември 2024 година. Иако со националниот тим го заврши учеството ...

Полицаец од Ресен бил уапсен рано утрово, во 4 часот, во Стар Дојран, откако бил пријавен дека ја нападнал својата љубовница и нејзиниот син. – Полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија лишиле од слобода 35-годишно лице од Ресен (полициски службеник), постапувајќи по претходна пријава дека на 01.08.2026 и 02.08.2026 година, во Стар Дојран, физички нападнал 36-годишна жена од Прилеп со која бил во љубовна врска и нејзиниот ...

Принцот Луис имаше уште еден важен кралски момент. Најмладиот син на принцот Вилијам и принцезата Кејт за првпат им се придружи на своите родители на јавен спортски настан, појавувајќи се на Игрите на Комонвелтот 2026 во Глазгов, Шкотска, пишува „Пипл“. Принцот и принцезата од Велс на настанот ги поведоа сите три деца – принцот Џорџ (13), принцезата Шарлот (11) и осумгодишниот принц Луис. Петчленото семејство следеше повеќе натпревари, меѓу ...

weather icon

Скопје

33ᴼ / 33ᴼ
4.01
22%
1010
weather icon

Белград

33ᴼ / 33ᴼ
6.82
55%
1012
weather icon

Загреб

37ᴼ / 37ᴼ
1.93
22%
1011
weather icon

Софија

30ᴼ / 30ᴼ
3.21
28%
1012
weather icon

Сараево

35ᴼ / 35ᴼ
5.95
32%
1011
weather icon

Љубљана

35ᴼ / 33ᴼ
0.45
35%
1012
weather icon

Атина

34ᴼ / 31ᴼ
6.71
35%
1010
weather icon

Тирана

33ᴼ / 33ᴼ
4.02
30%
1012
weather icon

Подгорица

33ᴼ / 33ᴼ
2.11
32%
1011
weather icon

Букурешт

33ᴼ / 33ᴼ
4.92
33%
1011
weather icon

Будимпешта

40ᴼ / 37ᴼ
1.79
23%
1012
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 28ᴼ
5.88
100%
1011
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.5744

Currency

38.0006

Currency

65.9708

Currency

7.88813

Currency

0.65758

Currency

0.33763

Currency

0.52419

Currency

1.11911

Currency

0.55999

Паладиум

43499.96

Кобалт

56.29

Родиум

274085.11

Злато

136962.18

Рутениум

53852.50

Иридиум

252383.36

Сребро

1994.05

Калај

56.46

Платина

56135.20

Цинк

0.00

Бакар

13.51

Алуминиум

3.25