Четиригодишно дете од Скопје било прегазено од возило на улица во Гостивар по што е пренесено на скопските клиники. – Вчера во 16 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на ул. „Железничка“ во Гостивар се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „форд куга“ со швајцарски национални ознаки, управувано од Г.Џ. (35) од село Чегране, кој удрил во пешак, четиригодишно дете од Скопје. Во сообраќајната незгода детето се здобило со ...

По повод Светската недела на доење, што годинава се одбележува под мотото „Доење за одржлив почеток во животот – да го зајакнеме тоа што функционира“, Министерството за здравство потсетува дека доењето е најприродниот и најбезбедниот начин на исхрана на новороденчињата и доенчињата. -Мајчиното млеко ги обезбедува сите неопходни хранливи материи за правилен раст и развој, го зајакнува имунитетот, го намалува ризикот од бројни заболувања и ...

На мистичниот остров Андрос, Грција, на 1 август беше отворена изложба со наслов „Хербариум на Егејот“, на којашто се претставени дела на уметници од четири земји, меѓу кои и дела на македонските уметници Сергеј Андреевски и Никола Пијанманов. Во текот на јуни 2026 година, здружението за уметност „Амалија Гарденс“ ја организираше својата трета уметничка резиденција на островот Андрос, обединувајќи седум уметници: Сергеј Андреевски и Никола ...

На прв поглед изгледа како фотографија од Санторини, но ова живописно грчко село всушност се наоѓа во дворот на еден дом во Швајцарија, пишува „Лед бајбл“. Четириесет и осумгодишниот креатор на содржини Михаел Шерер од регионот на Боденското Езеро поминал една година и вложил околу 10.000 фунти за да изгради минијатурна реплика на традиционално грчко село. Камените улички, малата таверна, белите фасади и препознатливите сини капаци создаваат ...

ДУИ ја обвини коалицијата ВЛЕН, дека откако влегла во владата овозможувала засилено влијание на „српскиот свет“ во Македонија, со присуство на Иван Стоилковиќ во Владата, приближување до политичките структури на Милорад Додик и договори во енергетскиот сектор со фирми што се врзани за неговите интереси. Две години по ред, извештајот на Европскиот Парламент евидентира загриженост за растот на влијанието на „српскиот свет“ во Република Северна ...

Колона возила која се протега се до црквата „Св. Илија“ на влезот во Стар Дојран претпладнево го блокира сообраќајот на регионалниот пат кој води кон граничниот премин „Дојран“. Застојот трае веќе четири часа, потврдуваат од ГП „Дојран“, од каде велат дека причина е огромниот број на возила за кои надлежните служби од грчка страна веќе немале капацитет да ги примат, па метежот се прелеал од македонската страна на границата. – Застојот е на ...

Косовски државјанин е лишен од слобода откако бил затекнат како управува автомобил со брзина од 220 километри на час на автопатот А1, каде што максимално дозволената брзина изнесува 120 километри на час. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека денеска во 8 часот и 41 минута, на паркингот Милетково на автопатот А1, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го привеле 36-годишниот Ш.З. од Косово. При сообраќајна ...

Полицијата работи на идентификација и пронаоѓање на напаѓачите на момче во Гостивар. Од нападот се појави снимка, каде се гледа дека тоа среде улица е нападнато со клоца во лицето од што паѓа на асфалтот, а потоа еден од групата го тепа со дрвена прачка која се крши од неговиот грб од ударите. На 2 август во 22 часот и 20 минути во полициска станица Гостивар 22-годишниот А.В. пријавил дека претходната ноќ во 2 часот и и 30 минути по полноќ, ...

За разлика од некои минати времиња кога водата во Гостивар не била исправна, а никој не дал препораки и насоки да не се пие, сега согласно резултати се даваат препораките, а за скандалот се води постапка и има одговорност, велат од ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ наместо да се засрами и да повика на одговорност во сопствените редови и од коалиционите партнери, продолжува со хистеријата и демагогијата. Тоа што СДСМ не се навикнати за одредени случаи секој ...

Четириесет и едногодишна кратовка е приведена откако, според пријавата, физички нападнала повеќе посетители на локалитетот Куклица, соопшти денеска СВР Куманово. Од кумановската полиција информираат дека вчера во 19 часот и 30 минути полициските службеници од ОВР Кратово ја лишиле од слобода С.Д. (41) од Кратово, постапувајќи по претходна пријава дека на 2 август околу 18 часот на локалитетот „Куклица“ физички нападнала повеќе лица кои биле ...

Две лица се извлечени од урнатините откако ненадејно се урна зграда во една од централните градски квартови на Сиднеј. Мажите, кои се на возраст од околу 60 години, биле во сериозна состојба по пренесувањето во болница, соопштија во понеделникот службите за итна помош на Нов Јужен Велс, објави Гардијан. Тие се лекуваат од повреди на нозете и вратот по делумното уривање на зграда висока седум метри, според информациите од Службата за ...

Фудбалската асоцијација на Велс стана првата што официјално ја повлекува својата поддршка за реизборот на Џани Инфантино за претседател на ФИФА. Овој потег следи по губењето на довербата во раководството на Инфантино по неуспешниот обид да го продаде својот удел во Светското првенство на приватни инвеститори. Фудбалската асоцијација на Велс (FAW) соопшти. – Со ова потврдуваме дека ја повлековме нашата поддршка за кандидатурата на Џани ...

Денеска со почеток од 14.00 часот во Нион, Швајцарија, ќе биде извлекувањето на паровите за плејофот во Конференциската лига на УЕФА, што е последна пречка на патот кон лигашката фаза за новата сезона 2026/27. УЕФА објави кои се можните ривали на ФК Шкендија во плејофот, а таму тетовските „црвено-црни“ ќе се најдат доколку претходно го елиминираат шкотскиот Хиберниан во третото квалификациско коло. Атрактивни клубови би можеле да се соочат ...

Министерството за здравство ја оценува епидемиолошката состојба во Гостивар како стабилна и континуирано ја следи. Од 4.684 луѓе кои побарале здравствен преглед досега, 1.061 е заведен со пријава за заразна болест, а на 738 луѓе им се изработени епидемиолошки анкети. Вчера и завчера имало 84 нови прегледи реализирани кај граѓани за првпат. Епидемија беше прогласена на 19 јули. Во текот на 2 август се регистрирани вкупно 84 први прегледи, што ...

Вештачките засладувачи речиси постојано се дел од здравствените вести. Ако им се верува на насловите, тие претставуваат сериозна закана за здравјето и се многу поштетни од шеќерот што го заменуваат, пишува „Саенс алерт“. Сепак, ваквите тврдења не секогаш се поткрепени со научни докази. И покрај тоа, ваквите приказни лесно го привлекуваат вниманието на јавноста, па затоа редовно се појавуваат во медиумите, без оглед на тоа што навистина ...

Десеттото јубилејно издание на фестивалот на краток филм „Дрим шорт“ ќе се одржи од 5 до 9 август во Струга. Главната програма на фестивалот ќе се одржи во Паркот на Поезијата, додека останатите настани се распределени во „ЕУ Хаус Струга“, мезе-бар „Кингстон“ и кафе-бар „Дуќан“. „Десет години пловиме… Имавме мирни утра каде што сѐ изгледаше можно, но имавме и бури што нѐ тестираа дали веруваме во она што го создаваме. Секој бран нѐ научи да ...

Министерството за здравство уверува дека темелно ќе го испита случајот на Станка Михајлова од струмичкото село Баница, која после породување со царски рез во штипската болница не може да оди и е во инвалидска количка. Од Министерството преку соопштение до јавноста уверуваат дека јавноста ќе биде навремено информирана за сите наоди. Јавноста стана информирана за состојбата на Станка Михајлова, откако нејзиниот свекор Велибран Стојанов почна да ...

Не постои земја во светот во која министер за надворешни работи јавно кажува дека води тајни разговори за судбината на државата, реагираат од СДСМ по интервјуто на министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски во кое тој вели дека се водат разговори „под радарот“ за деблокирање на европскиот пат на Македонија. Како може иднината на Македонија да биде тајна за нејзините граѓани? Муцунски вели дека за разлика од претходната влада „тие не се ...

Место во идната НБА Европа би можело да чини повеќе од 870 милиони евра, а токму тоа е она што група инвеститори предводени од американскиот технолошки милијардер Никеш Арора е подготвена да го понуди за новиот лондонски тим, објави „Баскет њуз“. Преговорите за продажба сè уште не се завршени, но 58-годишниот бизнисмен веќе составил конзорциум кој сака една од најбараните франшизи во новиот европски НБА проект. Арора е извршен директор на ...

НБА кошаркарскиот клуб Бостон селтикс би можеле да бидат меѓу главните кандидати доколку Стеф Кари некогаш одлучи да ги напушти Голден стејт вориорс, објави „Спортс Илустрејтид“, цитирајќи го новинарот Џон Каралис. Во неговиот хипотетички предлог за размена, Пол Џорџ, Сем Хаузер и два пика од првата рунда на драфтот што Бостон претходно ги доби од Филаделфија би оделе во Сан Франциско, додека Кари би се приклучил во редовите на сегашниот НБА ...

Вознемирувачка снимка од Гостивар пристигна во редакцијата на „Слободен печат“. Поголема група млади лица се тепаат на улица, а едното од нив паѓа во несвест откако е удрено со клоца во главата. И во таква состојба, кога момчето не се помрднува, друго лице му приоѓа и со силни удари крши дрвена прачка од неговиот грб. Повеќе информации очекуваме од МВР. Вознемирувачка снимка од Гостивар пристигна во редакцијата на „Слободен печат“. ...

Само неколку дена по објавувањето на новиот албум „Petal“, претставник на Аријана Гранде соопшти дека пејачката ќе се повлече од јавниот живот по завршувањето на актуелната турнеја „Итернал саншајн тур“. Во изјава за „Пипл“, тој истакна дека Гранде со нетрпение очекува турнејата да ја заврши „здраво, среќно и на најдобар можен начин“, а потоа да земе заслужен одмор од јавните настапи и медиумските појавувања. „Аријана ќе се повлече од ...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека српскиот народ на Косово е изложен на страшен терор и дека Приштина секој ден смислува нешто против нив, додека, како што нагласи, светот молчи за страдањето на православните христијани бидејќи тие самите си го предизвикале тоа, објавија српските медиуми. Тој рече дека на Србите не може да им се припишуваат географски одредници со цел дополнително да се делат, бидејќи не постојат ...

Завршено е овогодинешното издание на Летната серија на Премиер лигата во САД. На крајот, во дуелот за првото место, фудбалерите на Лидс го победија Ливерпул со 4:2 по пресвртот на „Солдер Филд“ во Чикаго. Во првото полувреме, составите на теренот беа претежно составени од играчи кои треба да бидат стартери кога ќе започне сезоната. А во тие 45 минути, Ливерпул беше подобриот противник и го доби тој дел од натпреварот со 2:0. Стрелци беа еден ...

Претседателот на САД Доналд Трамп најави дека денеска попладне ќе почне нови преговори со Иран, и дека ги откажал планираните масовни напади врз земјата, пренесува Би-Би-Си. Тој не откри каде ќе се одржат разговорите ниту кој ќе учествува во нив. Тој на социјалната мрежа „Трут соушал“ објави дека Иран и американските сојузници на Блискиот Исток побарале да се одложи нападот бидејќи постои можност за договор. Подоцна изјави дека саудискиот ...

Во Малезија се води судски процес против тинејџер обвинет за убиство на соученичка, случај што привлече големо внимание во јавноста и поттикна дебата за влијанието на социјалните мрежи врз децата. Момчето е обвинето за убиството на 16-годишната Јап Шинг Ксуен, извршено во октомври минатата година. Девојчето било пронајдено мртво во тоалетот на нивното средно училиште, лоцирано во предградие на главниот град Куала Лумпур. Таа била избодена со ...

СДСМ го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека со тоа што изјавил дека „верува оти за првпат после многу години граѓаните во Гостивар ќе користат вода која е целосно бактериолошки исправна”, всушност признал кривично дело. Со оваа реченица премиерот призна дека повеќе од две години, додека ВМРО-ОКГ има апсолутна власт, водата во Гостивар не била бактериолошки исправна. Две години знаеле, две години молчеле додека граѓаните пиеле загадена ...

Во рамките од 15 коло во најсилното првенство на Узбекистан, фудбалерите на Согдиана на гости со 3:1 триумфираа над Машал Муборак. Стрелец на сите три голови беше македонскиот интернационалец Љупче Дориев кој стрелаше веќе во петтата минута од средбата за водство од 1:0. На стартот од второто полувреме во 48 минута од пенал беше прецизен Дориев за 2:0, а во 60 минута го комплетираше хет-трикот. Дориев е моментно на листата најдобри стрелци ...

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала го погоди подрачјето на 38 километри северно од египетскиот град Суец, 3 часа по полноќ, соопшти египетскиот Национален институт за истражување на астрономија и геофизика. Од Институтот изјавија дека не добиле извештаи за жртви или за материјална штета. Египетскиот министер за здравство, Калед Абдел Гафар, нареди активирање на плановите за итно постапување низ целата земја и упати ...

Во светот на славните личности одекна веста дека Фредерик Арно, 31-годишниот наследник на империјата ЛВМХ, повторно е слободен и со тоа ја потврди титулата најпосакуван ерген. Тој е син на Бернар Арно, основачот, претседателот и извршен директор на Moët Hennessy Louis Vuitton, која е сопственик на некои од најголемите луксузни брендови во светот. Иако врската со глобалната музичка икона Лалиса Манобал, позната само како Лиса (29) од ...

weather icon

Скопје

33ᴼ / 33ᴼ
4.01
22%
1010
weather icon

Белград

33ᴼ / 33ᴼ
6.82
55%
1012
weather icon

Загреб

37ᴼ / 37ᴼ
1.93
22%
1011
weather icon

Софија

30ᴼ / 30ᴼ
3.21
28%
1012
weather icon

Сараево

35ᴼ / 35ᴼ
5.95
32%
1011
weather icon

Љубљана

35ᴼ / 33ᴼ
0.45
35%
1012
weather icon

Атина

34ᴼ / 31ᴼ
6.71
35%
1010
weather icon

Тирана

33ᴼ / 33ᴼ
4.02
30%
1012
weather icon

Подгорица

33ᴼ / 33ᴼ
2.11
32%
1011
weather icon

Букурешт

33ᴼ / 33ᴼ
4.92
33%
1011
weather icon

Будимпешта

40ᴼ / 37ᴼ
1.79
23%
1012
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 28ᴼ
5.88
100%
1011
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.5744

Currency

38.0006

Currency

65.9708

Currency

7.88813

Currency

0.65758

Currency

0.33763

Currency

0.52419

Currency

1.11911

Currency

0.55999

Платина

56135.20

Паладиум

43499.96

Иридиум

252383.36

Калај

56.46

Рутениум

53852.50

Сребро

1994.05

Злато

136962.18

Кобалт

56.29

Алуминиум

3.25

Родиум

274085.11

Бакар

13.51

Цинк

0.00